1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мониторирање на потрошен интернет (WAN Brainstorm)

Дискусија во форумот 'Интернет провајдери' започната од ARMac, 3 Април 2020.

  1. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,476
    7,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Сите не мучи ова. За домашни потреби нема едноставен (и сигурен) начин да се изведе да речеме имаш толку и толку потрошено на WAN кабелот овој месец и крај.

    Ако одиме по патот на SNMP, има триста алатки, секоја од нив бара 24/7 сервер на мрежата кој би правел pooling (ntop, ntopng на пример). Освен на Cisco и можеби некои други понапредни уреди кои можат ова да го изведат локално, нема друг начин.

    Проблемот со SNMP и се околу него е што освен логирање на пакети (месечно, дневно ИТН) прави уште 500 други работи и стварно не е за лаици (на пример CDP, па еден vlan, па per-application статистики итн.). Башка сака рутер со правилно конфигуриран traffic flow/SNMP и инсталација и сетап на клиент во мрежа.

    Ајде предлози за нај нај нај едноставен монитор што едноставно логира пакети и пресметува календарски колку пакети прошле (вкупно) на тој интерфејс.

    Не сум по скриптите ама верувам дека може да се постигне. Идеја ми треба пред се. Можда мал проект со Arduino/Pi?

    Или споделете искуства со SNMP. Јас имам искуство со алатките на solarwinds, ама ако почнам да ги објаснувам ќе отиде темата во она што баш пробувам да го избегнам.

    A1 не мери бендвит, Телекабел којзнае (ако работи, добро е), Телеком мути работи 100% можда и во наша корист, ама сепак мути.
     
    stefan_off, G4M3R и на Avid им се допаѓа ова.
  2. stefan

    stefan
    Gaining Experience

    359
    139
    13 Април 2007
    Машко
    Пред едно 10 години Tomato firmware го користев на wrt54gl и даваше добра статистика за потрошен интернет .
     
  3. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,599
    4,068
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Кај мене по дифолт го има ...
    Screenshot_111.png
     
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,686
    9,387
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Од левата страна оптички кабел од ѕид, од десната страна RJ45 CAT5e кабел директно у WAN порта.

    [​IMG]
     
    На xCorbe и Deksa им се допаѓа ова.
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,476
    7,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер

    И ќе добиеш свет(л)а вода :)
     
  6. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,157
    3,299
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Сочуствувам со тебе.
    Еве до кај стигнав јас: Начин да се мери потрошен интернет на MikroTik? и уште не успеав.
    @HardCorec ми се фалеше дека има многу добро решение, ама со SNMP и дигната машина, сервер што јас сакам да го избегнам.
    Јас го јадам курот и преку Unifi AC AP PRO зашто таму ми мери и трансфер од NAS серверот така да се е за у вода од тоа.
    Ставив на машината сега GlasWire Network Security ама тоа ми е чисто импровизорно за да гледам колку сум поебал од торенти.
    Сега за сега не најдов чаре.
     
  7. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,282
    4,817
    4 ноември 2013
    Машко
    Сега за сега само со Paessler (на виртуелна машина), понатака ако изнајдам уште некое (нормално) решение ке ве пингам :)
     
  8. xCorbe

    xCorbe
    Gaining Experience

    208
    160
    1 Мај 2014
    Машко
    ddwrt исто мери потрошен down и up
     
  9. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    358
    299
    29 oктомври 2009
    Фотограф
    Кај мене си има на рутерот ZYXEL Armor Z1, 914gb за последните 30 дена... не е лошо за карантинов ;)

    upload_2020-4-3_15-18-9.png
     
  10. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,282
    4,817
    4 ноември 2013
    Машко
  11. G4M3R

    G4M3R
    On your way to fame

    605
    573
    26 Јуни 2012
    Машко
    Јас на телеком сум, и на страната за проверка како прегледувам somewhat точно е. Знам кога сум надминал 1TB дека одма прекинувале, инаку горе доле секогаш точно ми излегувало по симнувањето игри/филмови/серии.

    Друго што имав пробувано на почетокот кога ја земав конфигурацијата, барем за Гигабајт плочава имаше алатка да симнеш за QoS воедно и други опции за пинг-минг, направен сообраќај, конекции, итн.. Па со тоа да водиш евиденција. Малку чурук софтвер беше па го избришав :). Би го симнал сега повторно баш да пробам.

    За другото како што кажа знае да е комплицирано, SNMP е малку килав за подесување. Може со PRTG да се проба, бесплатен е до 100 конекции ама бара 24/7 да работи. Се мислам за нешто што има помал footprint, па да се стави во некој контејнер и таму да праќа инфо компјутерот. А тоа како што пиша хостирано да е на RPi.
     
  12. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,476
    7,466
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Сакав, не ми остана уште едно Pi. Две 2Б и едно 3 имам и сите се оптеретени. Пак претпоставувам на SNMP работи?

    Гледам имало и х86, ќе пробам ама пак е комплицирано за лаици.

    Што рутери користите што мерат WAN traffic. Баш рутери се или комбинација на рутер/модем. Знам дека TPLink знаат да мерат ама пакетите и сообраќајот не се поклопуваат со тие од телеком (повеќе покажуваат). Затоа мислам дека телеком нешто не мери. Што незнам.
     
  13. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,282
    4,817
    4 ноември 2013
    Машко
    Ај ке го истестирам јас па ке ти кажам дали е ок или не.

    Јас користам MikroTik rb2011uias-2hnd-in, имам инсталирано PRTG на vmware и таму си "следам", не дека следам ама ајде... повеќе од мерак се маткав со овие работи бидејќи немам потреба од тоа. SunWireless (каде што работам и имам нет од нив) дава таква можност на корисниците да можат да си следат кој колку има потрошено сообраќај.

    btw, споредено графиконите на SunWireless и PRTG кај мене, не се исти, кај мене секогаш има некој 2-3gb помалце.

    Untitled.jpg
     
    Последна промена: 3 Април 2020
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,750
    3,849
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да не се работи за споредување бајти со битови?

    OpenWrt треба да е компатибилен со подоста рутери. Еве со Gargoyle фронтенд (не е мој скриншот):
    [​IMG]
     

Сподели

Вчитување...