• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Мониторирање интернет за по дома (Windows)

ARMac

Guru
2 октомври 2010
8,182
9,848
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Бидејќи неколку членови ме прашаа што/како се мониторира интернет проток, uptime (стабилност) и брзина, еве еден краток туторијал што и како се користи. На ниво на цела мрежа дома, за Windows.

Хедс ап, сите овие алатки (особено ако се користат заедно) знаат да го оптеретат системот прилично, а знаат и да зафатат доста простор со логовите. Препорачано е компјутерот да биде барем некој i3 од Ivy/Sandy со 8гб рам и доволно простор, како и да се намести автоматски (а може и рачно) да брише стари логови. Ќе работи и целерон ама ако е на 100% usage, realtime ping на да речеме 500ms може да утне. Може и Raspberry Pi4 да поднесе таков терет (со усул) ама јас не сум експериментирал.

И една напомена, иако јас службено ги имам со платена лиценца, PRTG и Emco имаат non-commercial freeware со лимитации што не би требало да ви претставуваат проблем. PRTG бесплатната верзија подржува до 100 сензори (подоле за nodes), додека Emco има лимит на 1ms пинг (што е сосема доволно за дома), user/groups и 1 клиент т.е. само админот. Solarwinds алатките се друга приказна.

Nodes или Ноди се запирни точки во мрежата (и LAN и WiFi). Секој уред мора да има барем една или повеќе точки. На пример рутер на 192.168.1.1 е нода, компјутер на 192.168.1.2 е исто нода, но може да има повеќе сензори на таа адреса на различни портови (80, 443, 3389 итн) или уреди. Пример :

1634232446282.png

PRTG мониторирање на проток на месечно ниво.

PRTG може да има до 100 сензори во бесплатната верзија.

ВАЖНО, рутерот каков и да е, мора да има SNMP (Simple Network Management Protocol) подршка за PRTG воопшто да работи. Добра вест е што 90% од поновите рутери имаат каква-таква подршка (барем верзија 1), па дури и релик како TP-Link WR841 видов дека има опција за тоа. PRTG користи датабаза (proprietary) и би требало да биде инсталирана заедно со програмот автоматски.

Се инсталира како и секој друг програм. LINK. По инсталацијата се пристапува од бровсер од истиот или друг уред на мрежата. За истиот уред може и https://127.0.0.1 се креира user/pass и ќе ве дочека интерфејсот каде веќе треба да ги има сите ноди прикачени. Најдете го WAN портот (за мониторирање на цел интернет) и кликнете на тој сензор.

Веќе треба да има прикачени виџети од страна меѓу кои е и Live Graph. Ако во нејзе течат пакети, се е во ред. Со кликање на settings се подесуваат дополнителни работи како на пример scanning interval кој би требало да биде 30 или 60 секунди. Ова не е пинг па да ви треба 1 секунда или подоле (објаснето тука). Priority ставе те го на 5 ѕвезди, Show down status when disconnected, ignore when deactivated за да дава и downtime, останатото се на дифолт (access right inherit итн.)

Ако запнавте одма после логирањето и не се појавуваат нодите, клик на root па тука на settings, сменете Credentials for SNMP Devices од SNMP V2c во SNMP V1.

1634232662461.png

Исто скрол надоле и под Channel Unit Configuration може да специфицирате што да прикажува килобајти, килобите итн. Јас користам гигабајти за приказ на трансфер со килобајти во сек. KB за трансфер брзини. Тоа би било на кратко за мерење трафик на дневно/месечно/годишно ниво. Само оставете го компјутерот уклучен 24/7, пошто ако не е уклучен нема да мери ништо.

Се што останува е да го најдете WAN сензорот и него да го гледате колку троши.

Нормално ова се основни работи, може многу повеќе детали и параметри да се штелуваат, ама за да видите колку сте потрошиле на телеком/а1/телекабел/неотел доволно е ова.

EMCO Ping Monitor за детектирање падови на интернет конекцијата

Иако PRTG има ping sensor, целата работа е покомплицирана за местење отколку инсталирање на уште едно мало програмче. EMCO PM симнете си го од официјалната страница LINK. При инсталацијата одберете Complete

1634232740871.png

Create new website with default settings.

1634232755763.png

Откако ќе заврши инсталацијата пуштете го програмот

1634232769044.png

Следен чекор одбирате Evaluation trial (и по истекот ќе работи), па Up to 500 hosts, па на следното поле Regular ping interval во секунди од 1 до 3 (1 за најголема прецизност), а останатите полиња на дифолт 1,1,3, next. Ping RAW data 100% не е потребен за дома, па може да се исклучи комотно. Најдоле е полето на колку време да ги брише логовите, добра пракса е на 3 или 6 месеци.

1634232811127.png

Следен чекор е SMTP односно известување по e-mail (не сум сигурен дали ова работи во бесплатната верзија), ако не ви треба, configure mailbox later.

Следното прашање е каква датабаза да користи, сосема е во ред SQLite со дифолт сетинзи, значи некст.

Последниот чекор е кои адреси да ги мониторира за да детектира дека нема интернет. Добра пракса е да се стават google.com, facebook.com како и други веб страни што ретко паѓаат комплетно, како и веб страната на провајдерот t-home.mk, telekom.mk, telekabel.mk или може и IP адреса на DNS серверите (пример 62.162.32.5, 62.162.32.6 за телеком).

1634232837821.png

Додека пишував видов дека а1.мк не одговара на пинг, сосема нормално за некои веб страни. Може нешто друго на негово место.

Главниот прозор се отвара одма после сетапот и изгледа од прилика вака:

1634232871795.png

Клик на некој од додадесните хостови и од десна страна Statistics, па State intervals. Одма под тоа јазиче одберете период на почеток нема да има податоци на повеќе од 5 мин., но ќе се полнат како проаѓа време.

1634232933831.png

При снемување на конекција (или во мн. Ретки случаи комплетен крах на гугл) одма појавува

1634232886272.png

На увид датмум, час и колку време траел прекинот.

И тоа би било тоа. Нема потреба во повеќе детали да идеме. Овие две работи се за по дома, а ако сте мрежни ентузијасти и за по работа Мислам дека попросто од ова неможе
ping @Magical
 
DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,431
1,855
Јас имам прашање поврзано со ова, на Асус рутер има опција самиот рутер да пинга одредена страна или днс ама не знам каде да ги најдам логовите. Некој да помогне во врска со ова?
 
ARMac

Guru
2 октомври 2010
8,182
9,848
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Јас имам прашање поврзано со ова, на Асус рутер има опција самиот рутер да пинга одредена страна или днс ама не знам каде да ги најдам логовите. Некој да помогне во врска со ова?

Мислам дека нема простор да чува, пробај telnet/ssh па после cd /var/logs види што има таму,.
 
lynx

Unstoppable
4 септември 2008
3,560
3,298
 
Lokomotiva

Intern
10 јуни 2018
39
12
Бидејќи неколку членови ме прашаа што/како се мониторира интернет проток, uptime (стабилност) и брзина, еве еден краток туторијал што и како се користи. На ниво на цела мрежа дома, за Windows.

Хедс ап, сите овие алатки (особено ако се користат заедно) знаат да го оптеретат системот прилично, а знаат и да зафатат доста простор со логовите. Препорачано е компјутерот да биде барем некој i3 од Ivy/Sandy со 8гб рам и доволно простор, како и да се намести автоматски (а може и рачно) да брише стари логови. Ќе работи и целерон ама ако е на 100% usage, realtime ping на да речеме 500ms може да утне. Може и Raspberry Pi4 да поднесе таков терет (со усул) ама јас не сум експериментирал.

И една напомена, иако јас службено ги имам со платена лиценца, PRTG и Emco имаат non-commercial freeware со лимитации што не би требало да ви претставуваат проблем. PRTG бесплатната верзија подржува до 100 сензори (подоле за nodes), додека Emco има лимит на 1ms пинг (што е сосема доволно за дома), user/groups и 1 клиент т.е. само админот. Solarwinds алатките се друга приказна.

Nodes или Ноди се запирни точки во мрежата (и LAN и WiFi). Секој уред мора да има барем една или повеќе точки. На пример рутер на 192.168.1.1 е нода, компјутер на 192.168.1.2 е исто нода, но може да има повеќе сензори на таа адреса на различни портови (80, 443, 3389 итн) или уреди. Пример :

Погледнете го атачментот 105185

PRTG мониторирање на проток на месечно ниво.

PRTG може да има до 100 сензори во бесплатната верзија.

ВАЖНО, рутерот каков и да е, мора да има SNMP (Simple Network Management Protocol) подршка за PRTG воопшто да работи. Добра вест е што 90% од поновите рутери имаат каква-таква подршка (барем верзија 1), па дури и релик како TP-Link WR841 видов дека има опција за тоа. PRTG користи датабаза (proprietary) и би требало да биде инсталирана заедно со програмот автоматски.

Се инсталира како и секој друг програм. LINK. По инсталацијата се пристапува од бровсер од истиот или друг уред на мрежата. За истиот уред може и https://127.0.0.1 се креира user/pass и ќе ве дочека интерфејсот каде веќе треба да ги има сите ноди прикачени. Најдете го WAN портот (за мониторирање на цел интернет) и кликнете на тој сензор.

Веќе треба да има прикачени виџети од страна меѓу кои е и Live Graph. Ако во нејзе течат пакети, се е во ред. Со кликање на settings се подесуваат дополнителни работи како на пример scanning interval кој би требало да биде 30 или 60 секунди. Ова не е пинг па да ви треба 1 секунда или подоле (објаснето тука). Priority ставе те го на 5 ѕвезди, Show down status when disconnected, ignore when deactivated за да дава и downtime, останатото се на дифолт (access right inherit итн.)

Ако запнавте одма после логирањето и не се појавуваат нодите, клик на root па тука на settings, сменете Credentials for SNMP Devices од SNMP V2c во SNMP V1.

Погледнете го атачментот 105186

Исто скрол надоле и под Channel Unit Configuration може да специфицирате што да прикажува килобајти, килобите итн. Јас користам гигабајти за приказ на трансфер со килобајти во сек. KB за трансфер брзини. Тоа би било на кратко за мерење трафик на дневно/месечно/годишно ниво. Само оставете го компјутерот уклучен 24/7, пошто ако не е уклучен нема да мери ништо.

Се што останува е да го најдете WAN сензорот и него да го гледате колку троши.

Нормално ова се основни работи, може многу повеќе детали и параметри да се штелуваат, ама за да видите колку сте потрошиле на телеком/а1/телекабел/неотел доволно е ова.

EMCO Ping Monitor за детектирање падови на интернет конекцијата

Иако PRTG има ping sensor, целата работа е покомплицирана за местење отколку инсталирање на уште едно мало програмче. EMCO PM симнете си го од официјалната страница LINK. При инсталацијата одберете Complete

Погледнете го атачментот 105187

Create new website with default settings.

Погледнете го атачментот 105188

Откако ќе заврши инсталацијата пуштете го програмот

Погледнете го атачментот 105189

Следен чекор одбирате Evaluation trial (и по истекот ќе работи), па Up to 500 hosts, па на следното поле Regular ping interval во секунди од 1 до 3 (1 за најголема прецизност), а останатите полиња на дифолт 1,1,3, next. Ping RAW data 100% не е потребен за дома, па може да се исклучи комотно. Најдоле е полето на колку време да ги брише логовите, добра пракса е на 3 или 6 месеци.

Погледнете го атачментот 105190

Следен чекор е SMTP односно известување по e-mail (не сум сигурен дали ова работи во бесплатната верзија), ако не ви треба, configure mailbox later.

Следното прашање е каква датабаза да користи, сосема е во ред SQLite со дифолт сетинзи, значи некст.

Последниот чекор е кои адреси да ги мониторира за да детектира дека нема интернет. Добра пракса е да се стават google.com, facebook.com како и други веб страни што ретко паѓаат комплетно, како и веб страната на провајдерот t-home.mk, telekom.mk, telekabel.mk или може и IP адреса на DNS серверите (пример 62.162.32.5, 62.162.32.6 за телеком).

Погледнете го атачментот 105191

Додека пишував видов дека а1.мк не одговара на пинг, сосема нормално за некои веб страни. Може нешто друго на негово место.

Главниот прозор се отвара одма после сетапот и изгледа од прилика вака:

Погледнете го атачментот 105192

Клик на некој од додадесните хостови и од десна страна Statistics, па State intervals. Одма под тоа јазиче одберете период на почеток нема да има податоци на повеќе од 5 мин., но ќе се полнат како проаѓа време.

Погледнете го атачментот 105194

При снемување на конекција (или во мн. Ретки случаи комплетен крах на гугл) одма појавува

Погледнете го атачментот 105193

На увид датмум, час и колку време траел прекинот.

И тоа би било тоа. Нема потреба во повеќе детали да идеме. Овие две работи се за по дома, а ако сте мрежни ентузијасти и за по работа Мислам дека попросто од ова неможе
ping @Magical
Edno golemo blagodaram za infomacijava.
 
gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,829
1,404
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Јас лично користам telegraf и influxdb (кои afaik работат и на windows па не сум премногу off-topic :)).
  • influxdb е timeseries база на податоци (т.е метрики), која во верзијата 2.0 има и вградена компонента за цртање графици (слично на графана) и подесување dashboard-и, а дури и компонента за аларми т.е. за реагирање на одредени вредности или тенденции. Така да one-step shop :)
  • telegraf е алатка која собира податоци од сѐ и сешто, вклучително icmp пакети, http request-и, dns request-и итн итн. и ги складира како метрики во influxdb (и други).
у принцип во повеќето Linux-и коа ќе ги инсталираш двете веќе работат заедно аутоматски - но дури и да не, 3-4 конфиг линии се доволни да ги врзеш. Ако некој сака да проба или има проблем, ќе отвориме друга тема.

пс.
да, слободен софтвер се, и не треба да го плаќате :)

ппс.
telegraf може да собира информации и од рутер, switch (преку snmp или collectd рецимо) или од IoT уреди (mqtt е популарен, или сл.)
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,806
3,139

Еве, напиши слично на ОТ, како со бесплатниве алатки да мониторираме интернет квалитет, падни стани, пинг ова она. Тука Windows, а може нова тема со сличен наслов у заграда (Linux).

Sent from Телефон using Tapatalk
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44,069
Мислења
871,240
Членови
30,405
Најнов член
FenomenX
На врв Дно