1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Монитори-Генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од dejan_str, 28 Јули 2014.

  1. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
    Гледам повеке теми отвараме за многу работи, а подобро е да има една генерална тема за тој вид на хардвер, па најдобро би било сите теми поврзани со монитори да се префрлат во оваа тема.
    Темава ке ја започнам со еден прекрасен но многу солен монитор со ТН панел, но може да се каже дека е најдобриот ТН панел на пазарот и е чист 8битен(според ривјуа)
    Се работи За ASUS ROG Swift PG278Q кој е прв монитор од ваков тип, прв што ги содржи овие спецификации:2560X1440p резолуција, 144херци, 3D, G-Sync,Прекрасна изработка, можности и изглед што значи мониторов е наменет за гејминг и е прекрасен но цената е навистина голема, но сепак е единствен па и затоа си приуштува и таква цена.
    Многу од нас би го избрале Dell U2713HM Пред овај кој дури е и поевтин а има IPS панен и прекрасен е за секаква намена, дури и wide gamut моделот U2713H е скоро иста цена со ASUSot но не можеме да ги споредуваме пошто се ептен различни монитори за различна намена. Како и да е мене ми прави доста чеиф АСУСОТ.Иако е ТН панел има доста добар квалитет на бои,нивна распореденост за разлика од другите ТН панели.Погледнетего па процените
    TFT info: http://www.tftcentral.co.uk/reviews/asus_rog_swift_pg278q.htm
    Guru3D info: http://www.guru3d.com/articles-pages/asus-rog-swift-pg278q-gsync-gaming-monitor-review,1.html
    [​IMG] [​IMG]
     
    На omegaRED и gokica им се допаѓа ова.
  2. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    605
    330
    9 Февруари 2008
    како да го калибрирам екранот на лаптопот?
    На сликава не ни ги гледам линиите освен ако не го спуштам многу мониторот
    [​IMG]
    пробав со опцијата од Windows-от, но освен што намалив малку Gamma, други промени не приметив дека треба. А и сега само многу мала разлика се приметува, а линиите пак тешко се гледаат.


    помош нешто?
     
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,730
    24,791
    4 Септември 2008
    Никако. На лаптопите, обично екраните се од просечно - лош квалитет. Каков лаптоп е? и дали проба со lagom тестовите?
     
  4. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    605
    330
    9 Февруари 2008
    Lenovo G500
    Сега ќе пробам со lagom..
     
  5. abraxass

    abraxass
    Gaining Experience

    66
    87
    15 Декември 2012
    Машко
  6. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Калибрацијата на монитор многу погрешно се толкува во последно време.
    Случка што ми се деси пред две недели. Доаѓа типче на работа со "припрема" за печат на каталог и ми вика еве ја припремата ( гледам готов темплејт ) ве молам да се испечати потполно исто пошто мене дома ми е калибриран мониторот и така сакам да излези - се надевам дека и вас ви се калибрирани мониторите.
    WTF???? Го прашувам спрема што ти е калибриран мониторот - тој сиот прашалници. Хах.
    Заклучок:
    Доколку мониторот го користите за филмови и игрици најдобро е да си го подесите според сопственото око. Све друго е муда у тетрапак - секое око ги преработува боите различно така да фабричката калибрација ( реперот според кој се калибрираат новите монитори би требало да ги задоволува потребите на поголемиот дел од потрошувачите ).
    Доколку пак мониторот го користите за дизајн на печатен материјал повторно не попалувајте се - 100% печатницата работи според сопствени стандарди - така да џабе се сите трудови.
     
    На dramallama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,345
    10,050
    13 Јуни 2009
    А според кои стандарди работи твојата печатница односно како сте ги дефинирале вашите стандарди?
     
  8. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Најчесто се оди според cmyk палета , веќе испринтана со различни проценти. Најважно е да се доведи машината за печат и мониторот да даваат исти бои - но сепак кај различните добавувачи на репроматеријали - хартија , фолија, боја и др. имаат различен квалитет, така да повторно целиот процес на калибрација оди по вода.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
    Едно прашање кое баш не ми е јасно!
    ЗНачи на 144хз монитор со G-sync како во случајов ASUS ROG swift ако уклучам G-sync фрејмновите ке ги ограничи vs рифреш рејтот? т.с на 144фпс? Или на 60 Фпс.По некоја логика мислам дека на 144 фпс ке биде но неколку изјави на нет начекав каде некој од корисниците викаат дека ако уклучиш G-Sync ке си играл со 60фпс иако мониторот е 144херцен :confused:. Па ме збуни малку тоа и реков да си прашам .
    Значи муабетот ми е доколку графичката дозволи 144 фпс.
     
  10. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,285
    2,557
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Ако јас сум ја сфатил технологијата, тогаш освежувањето на мониторот е тоа што ќе се прилагодува на графичката, т.е. ќе биде 60, 85, 120, 100, 144 Hz итн. Е сега не сум 100% сигурен што кога графичката ќе продуцира повеќе фрејмови отколку што мониторот може да прикаже - веројатно ќе биде комбинација па до лимитот на мониторот ќе варира освежувањето, а кога ќе се надмине лимитот на освежување ќе се вклучи класичниот VSync.

    upload_2014-7-31_11-28-45.png
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,345
    10,050
    13 Јуни 2009
    На 144 херцен монитор ќе бидеш ограничен на 144 херци а не на 60.

    Со G-Sync бариерите од 60, 30, 15 херци итн. немаат логика зашто сега нема потреба да се лимитира графичката туку се менува херцажата на мониторот согласно бројот на фрејмови кои ги испорачува графичката во секој момент.

    Не случајно го ставиле G-Sync на 144 херцен панел за да синхронизира до 144 херци. Електрониката е свесна за можностите на мониторот и така ги адаптира FPS во реално време до 144.

    Да. Нема класичен v-Sync туку сега границата е максималната можност на мониторот. Инаку 60, 85 итн. се сетинзи за 2D. 3D веќе може да биде 30, 31, 32, 33, ...., 143, 144.
     
    Последна промена: 31 Јули 2014
    На shifty и omegaRED им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...