• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

mojprostor.mk - Бесплатен огласник

  • Ја почнал/а темата
  • #1

mjakimovski

Intern
25 март 2021
8
9
www.mojprostor.mk - Бесплатен огласник

Почитувани, ова е мојот нов сајт за огласување. Ја отварам оваа тема бидејќи ми треба ваша помош. Кој има време да направи еден review и да ми каже што му се доапаѓа, а што не, би му бил благодарен. Иначе, сајтот е бесплатен за регистрација и дозволува бесплатно 60 огласи во рок од 365 дена кои истите се зголемуваат за уште 60 во секоја наредна година. Останатите цени се ставени со цел да можат да го покријат одржувањето на сајтот и годишниот закуп на домен и хостинг, ова е втора година како што сам го финансирам. Цените можам да ги корегирам и да ги намалам доколку мислите дека се прескапи за нашите услови. Исто така ме интересира дали некој знае или може да ми помогне како би го промовирал сајтот за поголема посетеност? Однапред ви благодарам!
 
Psycore

On your way to fame
12 ноември 2013
595
600
Скопје
Вака од технолошки аспект изгледа одлично. Но, тоа не е се што е потребно за еден огласник да функционира.
Треба уште напор во контент и маркетинг. Додади уште категории/подкатегории, градови. И секако најбитниот дел е да привлечеш луѓе кои ќе огласуваат, а тоа ќе си повлече и луѓе кои си купуваат.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

Здраво и ти благодарам за одвоеното време. Во врска со категории/подкатегории и градови, постојат сите само направено е да ги прикажува категориите/подкатегорииите и градови за кои има поставено огласи. Можете да ги проверите и видите сите кога се поставува оглас.
 
Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
694
441
Многу често никнуваат вакви сајтови и не е поентата на овие сајтови само да се технички спремни или да работат и изгледаат убаво. И најлош сајт да е што лошо ќе работи, не им е тоа битно на повеќето луѓе. Поентата е само да има многу огласи и многу посетеност. Во некатегоризирани, спамирани групи на фејсбук има повеќе огласи и трафик каде што не е прегледно, нема лесен search, нема ништо корисно.

„Лесниот“ дел го помина, имаш добар сајт..и сега што правиме со тешкиот? Како ќе го добиеш трафикот и огласите, уствари најбитната работа? :D Две години го имаш сајтов и сеуште не си успеал у тој дел?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Да бидам искрен, кога го пуштив сајтов првите неколку месеци пробав да го промовирам преку ФБ што не донесе некој резултат (повеќе гледаат да стиснат лајк и толку). Подоцна ми излегоа некои работи, со што немав време и средства за да се посветам на истиот. Сега сакам да се посветам малку повеќе на него, затоа побарав помош. Ме интересираат недостатоците кои можете да ги воочите, дали треба нешто да се измени, додаде или одземе. И најбитно од се ми е маркетингот, како да го испромовирам сајтот да би се огласувале на него, начин на промоција освен ФБ, дали тоа би било маркетинг агенции или нешто слично. Бидејќи ова сам го бркам без помош од никој, ќе биде тешко, бидејќи одзема многу време и средства, а времето и средствата се ограничени :) , затоа решив да побарам мислења и идеи од вас. Како и да е, ти благодарам на одвоеното време.
 
Nikola100

Gaining Experience
30 септември 2019
253
163
Skopje
www.mojprostor.mk - Бесплатен огласник

Почитувани, ова е мојот нов сајт за огласување. Ја отварам оваа тема бидејќи ми треба ваша помош. Кој има време да направи еден review и да ми каже што му се доапаѓа, а што не, би му бил благодарен. Иначе, сајтот е бесплатен за регистрација и дозволува бесплатно 60 огласи во рок од 365 дена кои истите се зголемуваат за уште 60 во секоја наредна година. Останатите цени се ставени со цел да можат да го покријат одржувањето на сајтот и годишниот закуп на домен и хостинг, ова е втора година како што сам го финансирам. Цените можам да ги корегирам и да ги намалам доколку мислите дека се прескапи за нашите услови. Исто така ме интересира дали некој знае или може да ми помогне како би го промовирал сајтот за поголема посетеност? Однапред ви благодарам!
Добар е сајтот - функционален и се , но ако сакаш да го унапредиш еве ти добар пример за брзина и функционалност

Специјализирана платформа за огласување и продажба на возила - vozi.com

Едит . Море супер си е - скоро и да нема нешто што може да се забрза и подобри - можеби тоа што пребарувањето го зафаќа пола екран кога пребаруваш не се гледаат доле огласите и сликите...
 
Ron26

Intern
4 мај 2019
19
24
друже домејнот игра исто улога, мој простор апсолутно не ме асоцира на нешто со купи продај. Мој простор делува више како за агенција за недвижности да речеме. Тебе ти треба нешто друго, као реклама и пазар што се.
 
Nikola100

Gaining Experience
30 септември 2019
253
163
Skopje
Многу често никнуваат вакви сајтови и не е поентата на овие сајтови само да се технички спремни или да работат и изгледаат убаво. И најлош сајт да е што лошо ќе работи, не им е тоа битно на повеќето луѓе. Поентата е само да има многу огласи и многу посетеност. Во некатегоризирани, спамирани групи на фејсбук има повеќе огласи и трафик каде што не е прегледно, нема лесен search, нема ништо корисно.

„Лесниот“ дел го помина, имаш добар сајт..и сега што правиме со тешкиот? Како ќе го добиеш трафикот и огласите, уствари најбитната работа? :D Две години го имаш сајтов и сеуште не си успеал у тој дел?
Абе што се секираш ти па толку за неговиот сајт? Дечкото не замоли да шернеме на ФБ и да кажеме дали е добар сајтот и дали функционира. Ако можеш да помогнеш со промовирање - помогни - другото е негов проблем . Исто и ако нешто ти се допадне таму - купи си :D (y)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

mjakimovski

Intern
25 март 2021
8
9
Добар е сајтот - функционален и се , но ако сакаш да го унапредиш еве ти добар пример за брзина и функционалност

Специјализирана платформа за огласување и продажба на возила - vozi.com

Едит . Море супер си е - скоро и да нема нешто што може да се забрза и подобри - можеби тоа што пребарувањето го зафаќа пола екран кога пребаруваш не се гледаат доле огласите и сликите...
Здраво Никола, сајтот одлично рангира на сајтовите за брзина и функционалност (можеш да го споредиш на www.gtmetrix.com со останатите ), немам никакви замерки во врска со тоа, презадоволен сум од тимот кој го дизајнираше. Во врска со пребарувањето, фала на забелешката. Моментално заглавив со промоцијата :)
 
Ile bocev

Gaining Experience
15 ноември 2015
291
232
Мило ми е што не водиш инает како повеќето од луѓето кои имаат вакви сајтови и пробуваат да успеат.
Добар почеток е тоа што прашуваш.

Незнам дали мојов совет е правилен што ќе ти го дадам, но да сум на твое место би пробал да се рекламирам на youtube банер (или како и да се вика таа лентата доле додека гледаме видеа)

Според мене мислам дека тоа е најдобар начин за промоција во моментов.

Се сеќавам пред 15 години на почетоците на Пазар3, беше релативно непознат и набрзо потоа одеа реклами на Телма телевизија, онака бомбастични по неколку пати во денот и народов почна се повеќе да збори меѓу себе, абе огласи ја колата или ххх стока на пазар3, веднаш ќе ти испадне огласот.

Имаше и тогаш конкуренција Пазар3, ама дефинитвно рекламата го издвои да биде во тоа време на врвот.

* Денес мислам дека оваа идеја со телевизија не е баш добра, поради тоа што многу луѓе со кои сум зборел не гледаат воопшто телевизија.
Исто и радио мислам дека не е баш најдобра опција.

Сајтот vipmarket5 многу време се вртеше на радио па бидејќи еден период доста често бев во кола, знам дека често одеше реклама на некоја станица
Но според мене, мислам дека тоа не му помогна да ја стигне популарноста на реклама и пазар3.

Голем дел од младата популација е на интернет, а од неа најголем дел е на youtube.

Oд таму мислам дека тоа е избор за најдобра промоција.
Можеби за почеток би било добро да издвоиш и некоја наградна игра, каде што ќе даваш некои помали награди.

Ова е нешто како јас би се обидел да сторам

А да и фејсбук би го исклучил од агенда за рекламирање, бидејќи има високи трошоци и релативно слаб одзив на рекламата која би ја поставил
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Ти благодарам на советите и одвоеното време.
Вака, Р5 и П3 се пионири во огласувањето на мак. пазар, така да, моето мислење е дека нема сајт што би излегол пред нив (не во блиска иднина), и да сака некој би потрошил богатсво на реклами за да излезе пред нив, бидејќи тешко се менуваат навиките на луѓето. Искрено, и јас попрво би пуштил оглас кај нив (што и тоа го правам :) ), него на mojprostor.mk, бидејќи сигурно секој би се огласувал на сајт каде што има по 10.000 посети дневно, него на сајт каде што едвај има по 100 посети месечно :) . Бренд се гради со години, навиките на луѓето неможеш преку ден да им ги смениш, до денес се рекламирале на Р5 или П3, а од утре на МП. Мојата цел е да постигнам доволно посетители/огласувачи, со што би ми ги покриле годишните трошоци за одржување на сајтот, закуп на домен и хостинг. Останатото, се во свое време.

Во врска со инаетот, зашто би го водел? :D Овде сум дојден да побарам ваше размислување и помош, не да ве убедувам како мојот сајт е најдобар и ред други работи, бидејќи постојат десетици вакви сајтови кои единствено во дизајнот се разликуваат. Топлата вода за ова е одамна измислена :).

Во врска со промоцијата.
Дали мислите дека преку СМС и Вибер би добил поголем сообраќај? Како оди целата таа работа? Бидејќи и на мене ми пристигнуваат реклами на СМС, мислам дека е интересен начин на рекламирање, предноста ја гледам во тоа што додека ја читаш пораката, имаш директен линк до сајтот, каде веројатноста за да огласи некој е многу поголема него одзивот преку реклама на ФБ или Инста, а да не зборам реклама на ТВ или радио. За рекламирање преку Youtube не сум размислуавл, звучи интересно и не бара огромни средства за рекламирање, може да се размисли во таа насока, би пробал. Едиствено што би чинело е ПиАр-от и видеото кое би го изработил некој што се разбира во тоа.
 
dddragan

Gaining Experience
12 август 2014
323
383
Искрено, и јас попрво би пуштил оглас кај нив (што и тоа го правам :) ), него на mojprostor.mk, бидејќи сигурно секој би се огласувал на сајт каде што има по 10.000 посети дневно, него на сајт каде што едвај има по 100 посети месечно :) . Бренд се гради со години, навиките на луѓето неможеш преку ден да им ги смениш, до денес се рекламирале на Р5 или П3, а од утре на МП.
Сам си одговори. За да изградиш бренд треба баш тоа - да градиш. Со тапкање во место ништо не праиш. Ти ни сам не би огласил на твојот сајт, зошто би огласил друг?
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #14

mjakimovski

Intern
25 март 2021
8
9
Сам си одговори. За да изградиш бренд треба баш тоа - да градиш. Со тапкање во место ништо не праиш. Ти ни сам не би огласил на твојот сајт, зошто би огласил друг?
Да, тоа и ми е планот, затоа барам идеи и мислења од други. Да не заглавев со маркетингот, немаше да има потреба од твојов одговор :D Иначе да, имам поставено огласи на МП, поентата беше дека сеуште нема посетители и како да се дојде до нив. Ако имаш одговор сличен на тој претходниот, поштеди се и не враќај. ;D Поздрав.
 
bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,292
1,380
За да успееш можеби ти треба и нешто ново, на пример аукции (мислам дека некој спомна претходно на форумот), best offer или слично, инаку како би мотивирал некој да огласи во твојот огласник кога постојат огласници со долга традиција и голема публика.
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
5,192
5,752
Мелмак
За да успееш можеби ти треба и нешто ново, на пример аукции (мислам дека некој спомна претходно на форумот), best offer или слично, инаку како би мотивирал некој да огласи во твојот огласник кога постојат огласници со долга традиција и голема публика.
Како некој ќе ги енфорсира тие аукции? Ако на Петко не му одговара дека на аукција победил некој со минимална понуда нема да го продаде. Не си правно обврзан пошо нема договори. На ибеј ова е понекогаш проблем дури а не пак на нов огласник во мк.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,292
1,380
Во право си, далеку од тоа дека е лесно, но нема ништо инвентивно во уште еден огласник со категории и градови.
 
dddragan

Gaining Experience
12 август 2014
323
383
Да, тоа и ми е планот, затоа барам идеи и мислења од други. Да не заглавев со маркетингот, немаше да има потреба од твојов одговор :D Иначе да, имам поставено огласи на МП, поентата беше дека сеуште нема посетители и како да се дојде до нив. Ако имаш одговор сличен на тој претходниот, поштеди се и не враќај. ;D Поздрав.
Можеме уште две недели да вергламе со муабети "јави се у Антена 5, дели флаери во ГТЦ, пушти банер на ЈуТјуб", ама ако ни сам не веруваш во твојот сајт, зошто би друг? Тука е проблемот. Нема простор у оваа област за нешто половично. Или веруваш и имаш капацитет да им го собереш трафикот на пазар3 и реклама5, или идеш на нешто друго. Има уште едно 30 огласници што само така фигурираат, нит ги отворил некој нит па планира оглас да пушти.

Извини што не го прочита тоа што сакаше да го прочиташ. Со среќа со сајтот. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

Да не излегувам од темата, фала на одговорот
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,804
Мислења
850,745
Членови
29,490
Најнов член
cadi1
На врв Дно