• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Мојот прв сајт, EnjoyTheFlavors

  • Ја почнал/а темата
  • #1

bobipp

Gaining Experience
13 ноември 2009
327
180
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Задоволство ми е да ви го претставам мојот прв официјален сајт, башка од личниот
Enjoy the flavors Со помали и поголеми паузи, поради други обврски се работеше од почетокот на годината. 2-3 недели само изгубив додека да одберам соодветен домен, се што ми беше во прв план зафатено упм :D али и ова испадна добро и со време го засакав.
Темата е готвење
:) Засега само на англиски. Се е мое лично дело, секако со помош и до сопругата
Разгледајте и споделете секако. Добредојдени се совети од поискусните во веб дизајнот, пошто мене примарно занимање ми е графичкиот дизајн, но сакав сам да направам нешто за две-во-едно хобито, готвење и фотографија. Планот засега е да се освежува со нови постови/рецепти на неделна база. Би требало во блиска иднина да има и блогче. Како ќе заладува времето
:p, повеќе време ќе посветувам на сајтов, а можно е да отворам уште еден, од друга тематика, кој би бил само на македонски јазик.

Прво прашање за почеток: дали може со google translate да се преведува сајтот на македонски или друг јазик и колку точен би бил тој превод?
 

Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,306
1,393
127.0.0.1
petrov.mk
На преводот не обрнав внимание, другото за таков тип на сајт ми изгледа океј, само едно ми падна во очи.
Брзината на отварање.
Го отворив артиклот Chard And Cheese... 3 слики тежат 1.58MB, а по мое би требале да бидат нешто помалку од 700KB.
Пробај сите слики што ќе ги прикачуваш да ти бидат компресирани, но нека останат иста резолуција.
Сајтов од мобилен ми го вчитуваше повеќе од 10 секунди.
compr.png

БТЊ и немој вака насабајлечки со вкусни храни, држам строга исхрана уште ова ми требаше :D :D
 

Атачменти

Vampo

Gaining Experience
24 октомври 2010
358
240
@bobipp одлична ти е идејата. Сајтови за рецепти се евергрин, ги има многу ама секој има шанса да заземе дел од колачот секако. Имам креирано неколку сајтови со рецепти за клиенти и топло можам да ти го препорачам WP Ultimate Recipe, секако платена верзија каде што рецептите ќе ти бидат прикажани малку по професионално.
Други сугестии, може да ставиш видеа од рецептите, целосно видео на сајтот а кратки видеа на ФБ и Твитер како Тејсти што имаат
Блогот да го активираш и да се фокусираш на текстови со одредени клучни зборови, пример macedonian recipes има околу 110 пребарувања месечно во US.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid

PandaBomber

Gaining Experience
13 јуни 2012
391
498
Храната ако можеш да ја сликаш на подобра/поприродна светлина. Или ако немаш можност обработи ги сликите малце во Lightroom или Photoshop. На пример вака..
 

tonidn

Intern
13 март 2016
28
19
Ќе се сложам се PandaBomber, обрни многу внимание на презентација. Откако ќе го средиш сајтот да си се лоадира брзо тогаш почни да работиш и сликите. И највкусната храна ќе изгледа бедно со лошо осветлување. Ако немаш саглам DSLR тогаш ќе може да пројдеш со поновиве смартфони, и сликите да ги обработиш у Snapseed,Darkroom etc. ако немаш PS или LR.

Искрено сајтчево у комбинација со сликите ми изгледа ко сајтоине на локалниве скопски домаќинки кога после еден "семинар" кај Чешелкоски почна да штанцаат сајтови за храна, и нормално спамирај на Фејсбук. Ако имаш слична намера подобро заборави.

Твојот тип на сајтови ги има мал милион и ако зирнеш на Pinterest ќе видиш дека конкуренцијата е огромна. Секоја втора домаќинка у USА си има вакво сајтче.
 

dddragan

Gaining Experience
12 август 2014
300
359
Нека ти биде приоритет брзината на отварање на сајтот. Каков сака контент нека има, не планирам да чекам +10 секунди да ми се отвори.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

bobipp

Gaining Experience
13 ноември 2009
327
180
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Благодарам на мислењата и сугестиите. Го ценам секое мислење па накратко ќе се обидам да одговорам на сите:

@kirev Знам :D не ни очекував нешто екстра, само потајно се надевав дека имало напредок на тоа поле. Не е ни битно толку, примарната идеја е сајтот да биде на англиски и како таков да се промовира.

@Pulse Во право си, свесен сум за ова уште од почетокот. Сакав сликите да се што поквалитетни, затоа и ставам “потешки“ во МВ ама мислам може да помине и со покомпресирани слики, нема да биде до толку проблем, сепак се за web preview не за печат.

@Vampo Па имав првично идеја да користам некој плагин за прикажување на рецептите, да има опција за принт, постирање на пинтерест на сликата итн...ама пробав со неколку и искрено не ми се допаднаа баш. Не ми се вклопува некако во look&feel на сајтот. Вака напишани рецептите класично мислам е попристапно за читателот без табели, непотребни информации и сл.. Состојките си се состојки, напишани на еден или друг начин. Она што е побитно мислам е самото објаснување на постапката на готвење. За видеа, засега не можам да го правам тоа, пошто прво немам соодветна опрема, а под тоа секако се подразбира подобар фотоапарат и секако статив. За ова второво можда и можам да набавам скоро, пошто се најдува и за сликање. Баш откако го објавив сајтот и го раширив по фб ваму-таму ми контактира една девојка која отприлика во исто време почнала нешто слично вака, со готвење ама само со yt видеа и фб страна, но не и веб страна. Ми кажа дека си купила Nikon D3300 баш за проектот и видеата и се одлични Go Delicious. И тој најосновен DSLR апарат е околу 400 еур, трошок што засега не можам да си го дозволам. Здравје во иднина ако се пружа прилика, штом обезбедам добар апарат можно е и идејата за видеа да заживее.

@PandaBomber Ја ценам забелешката и можда може да се поработи на начинот на кој ги сликам јадењата...ама, финтата е што сега заесенува и малку светлина добивам во станот пошто е на исток. Светлина имам само до кај 10 на сабајле, после тоа е сенка. Инаку во никој случај не би ги обработувал сликите до тој степен како што направи ти. Така се губи природната боја на јадењето, што во никој случај не го сакам. Такви екстремни обработки можда може да поминат на пинтерест или инстаграм ама овде сакам поприродно. Работам графички дизајн така да знам со фотошопот :cool: што и како треба.

@tonidn Знам дека кај ваквите сајтови најмногу палат сликите. Можда ќе пробам да направам некое импровизирано студио за сликање, посебно за зимата, кога има ептен малку светлина во станов. А за тоа што го рече за другите сајтови, знам дека конкуренцијата е огромна, ама ја ова го правам од љубов кон готвењето и фотографијата. Ни сум бил ни на семинари, ни на предавања ни ми го полнел некој друг мозокот. Како што кажав се е мое лично дело и планирам сајтот да го наполнам со мои јадења и ќе го правам тоа додека ми дозволуваат времето и обврските ;). Можда има илјадници како мене што прават нешто слично, но исто така има и милиони читатели ;).

@dddragan Сајтов е хостиран на македонски хост. Се мислев дали да одберам странски или македонски, па за почеток се одлучив за македонски. Ќе пробам да направам оптимизација на сликите, но не верувам дека секаде брзината на отворање зависи само од содржината. Еве на мозила го отворив сега, броусер што не го користам воопшто и плус исчистив кеш и хистори...се отвори за 5-6 сек, што мислам е сосема ок. Али секако ќе поработам на сликите ;).
 

Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,306
1,393
127.0.0.1
petrov.mk
@Pulse Во право си, свесен сум за ова уште од почетокот. Сакав сликите да се што поквалитетни, затоа и ставам “потешки“ во МВ ама мислам може да помине и со покомпресирани слики, нема да биде до толку проблем, сепак се за web preview не за печат.
види ја архивата што ја прикачив во постот, ќе забележиш дека квалитетот и е исти но помалку тежат.
 

tonidn

Intern
13 март 2016
28
19
@tonidn Знам дека кај ваквите сајтови најмногу палат сликите. Можда ќе пробам да направам некое импровизирано студио за сликање, посебно за зимата, кога има ептен малку светлина во станов. А за тоа што го рече за другите сајтови, знам дека конкуренцијата е огромна, ама ја ова го правам од љубов кон готвењето и фотографијата. Ни сум бил ни на семинари, ни на предавања ни ми го полнел некој друг мозокот. Како што кажав се е мое лично дело и планирам сајтот да го наполнам со мои јадења и ќе го правам тоа додека ми дозволуваат времето и обврските ;). Можда има илјадници како мене што прават нешто слично, но исто така има и милиони читатели ;).

За сликање храна не треба многу, прозор и маса ќе ти завршат работа:) Еве ти пример тукa

Но како што рекоа некои членови погоре, среди си ја брзината на сајтот (5,6 сек. се цела вечност) па после сликај:)
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,587
2,921
Сајт со рецепти за готвење мора да има пребарување по намирници. Внесуваш имам тоа и тоа, не сакам тоа и тоа и да ти ги излиста сите рецепти што одговараат на критериумите.
Ако правиш видеа, прави ги како на delish. Најдобар начин за приказ на рецепта.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,572
Мислења
820,930
Членови
28,238
Најнов член
$КИКО$
На врв Дно