1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Mobile World Congress 2009

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од светот' започната од the.Escapist, 19 Февруари 2009.

  1. the.Escapist

    the.Escapist
    Intern

    266
    20
    21 Јануари 2009
    Како што годинешниот Mobile World Cogress привршува, редно е да се споменат новитетите кои беа представени во изминатите три дена.

    Како што се очекуваше, централно место завземаа мултимедијалните мобилни телефони опремени со екрани на допир и камери со високи резолуции кои беа најавени од скоро сите поголеми и помали производители, со некои исклучоци.

    Nokia иако не претстави некои егзотични модели, сепак успеа да го привлече вниманието на публиката со неколку солидни телефони. Прв е N86 8MP, опремен со секакви функции кои некогаш ќе ви затребаат па и повеќе: 2.6" OLED екран, 8 GB меморија плус microSDH слот, 8 мегапикселна камера, Wi-Fi, GPS, TV out, FM трансмитер... Беа претставени и два бизнис модели од Е серијата, Е75 и Е55 и некои други помалку интересни модели (6720 Classic, 6710 Navigator)

    Samsung сепак понуди нешто повеќе: i8910 Omnia HD, опремен со 3.7" OLED екран на допир, 8/16 GB меморија плус microSD слот, 8 мегапикселна камера која снима HD (720p) видеа, и стандарден сет на функции (Wi-Fi, GPS...), два иновативни музички телефони (M7600 Beat DJ и M6710 Beat Disc), како и помалку интересните S7350 Ultra S и S7220 Ultra b. Но сепак најпопуларен се очекува да биде S8300 Ultra TOUCH, наследникот на U900 Soul.

    Sony Ericsson само ја потврди својата стратегија за повторно вкрстување на Cyber-shot и Walkman брендовите со својот W995 модел. Но најголемото изненадување беше таканаречениот Idou телефон кој сеуште е во почетна фаза но ветува многу: 3.5" екран на допир и 12 мегапикселна камера.

    LG традиционално претстави најмногу телефони со екрани на допир, но немаше некој диверзитет како кај другите производители.

    Од другите помали производители треба да се спомене HTC, кој ги апдејтира своите Touch Diamond и Touch Pro во Touch Diamond2 и Touch Pro2, и го претстави својот втор Android-базиран телефон - Magic.

    Исто така вредат да се споменат и некои телефони кои што не се очекува да станат бестселери, но поседуваат прилично интересни техологии како LG GD900 кој поседува буквално проѕирна тастатура, Toshiba TG1 кој е опремен со 4.1" екран и процесор кој работи на френквенција од 1 GHz, Samsung I7410 кој има вграден проектор, како и неколку модели на телефони-рачни часовници.
     
  2. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    138
    10 ноември 2007
    Машко
  3. the.Escapist

    the.Escapist
    Intern

    266
    20
    21 Јануари 2009
    Се е тоа ок, али ако некој сака да остави коментар, таму не можи. А и самиот знаеш колкава е посетеноста на порталот :)
     
  4. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    138
    10 ноември 2007
    Машко
    Да, знам дека посетеноста на порталот е се поголема, и да, знам дека таму не може да се оставаат коментери. Само сакав се надоврзам на темава и да дополнам. Затоа ги наведов линковите од порталот. Не мислев ништо лошо. :)
     
Слични теми
  1. StarBuck
    Одговори:
    32
    Прегледи:
    3,971
  2. D
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    1,644
  3. Decibel
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    1,622
  4. Branchez
    Одговори:
    19
    Прегледи:
    1,373
  5. Arabian
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    709
Вчитување...

Сподели

Вчитување...