Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Многу (HDD)простор за малку пари

DeJaVu

Practice makes perfect
21 ноември 2010
935
1.200
Скопје
Несакајќи ми улета муабетов за SAS дискови и ептен позитивно ме изненадија цените, па викам може да му се најде на некој информацијава, пошто верувам има доста жедни за сториџ на форумов.
Не ми е најмногу позната проблематикава и лично не сум пробал и се што ќе пишам тука е резултат на некој саат читање, така да ако некој веќе има искуство со истите нек ме исправи ако сум згрешил нешто.
Покрај тоа што дотичниве SAS дискови се наменети за ентерпрајз, може да се користат и на обична Windows машина со инсталирана соодветна картица.

Изволте линкови од картица и кабел:
Картица - LSI 9211-8i 8-port 6G IT Raid Card ZFS JBOD HBA SAS SATA6.0 2008-8I NICE UNIT ! | eBay . Може да се врзат до 8 диска.
Кабел - 6.75€ |Mini SAS 36 Pin SFF8087 Zu 4 SAS 29 Pin SFF8482 Kabel Anschlüsse mit 15 Pin SATA Power Stecker Controller| | - AliExpress . За 4 диска.

И дискови:
6TB - Seagate ST6000NM0054 6TB 12Gb 7.2K SAS HDD HARD DRIVE | eBay , Seagate ST6000NM0034 6TB 7.2K 3.5" 12Gbps Cache 128MB 6000 GB SAS Hard Drive | eBay
8TB - HGST HUH728080AL4200 | 3.5" 8TB SAS 7.2K Enterprise Hard Drive HDD | eBay
10TB - NEW Seagate Exos WL 10TB SAS 12G 3.5" Server JBOD Storage Hard Drive Dell HP 728072361651 | eBay

Со првата опција од 6ТБ и картица + кабел, се прават 24ТБ за некои 15000 ден. а најефтиниот 12ТБ што го видов кај нас е околу 20000 ден. Што му доаѓа отприлика 3х поефтино.
 

DeJaVu

Practice makes perfect
21 ноември 2010
935
1.200
Скопје
Тие драјвови нови ли се?
Читај описите, не ги продавам јас. Линковите се како пример, можеш слободно да побараш други листинзи на ибеј или на друго место "SAS drive (и големина)" па и да споделиш ако најдеш некоја подобра понуда.

Едит:
И пак да напоменам, саат читање имам на темава... Така да не е лошо да се препровери делот со картицата и кабелот, можда има различни типови на конектори што не одговараат на сите дискови/картици.
А најубаво ако некој веќе знае да ни каже, или некој јунак да проба па да сподели искуство.
 
Последна промена:

teokitan

Gaining Experience
11 октомври 2017
173
134
Колку што знам/разбирам јас, овие драјвови (и контролери) се теоретски доста поскапа опција. Меѓутоа се користат само во enterprise околина и нема побарувачка од надвор, па на старо и драјвовите и опремата може да се добијат за џабе. Прилично паметна опција е, единствен проблем е што често се многу користени (месеци/години во power-on hours), ама од друга страна се и поиздржливи и траат подолго од „обичните“, баш поради тоа што се предвидени постојано да работат.

Во однос на картицата и кабелот, не дека сум пробал, ама колку што знам би требало да се универзални (пак, кој пробал нека дообјасни).
 

dekomote

Скептик
11 ноември 2014
2.354
5.330
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 5900x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI MAG X570 Tomahawk
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 920+
PSU
Cooler Master V750 Gold v2
RAM
2x16GB G-Skill 3200 CL16
Video card
EVGA RTX 3080Ti FTW3 Ultra
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Basilisk v3 Pro, Logitech Master MX 3
Keyboard
Мало е полето за набројување
Audio
Presonus Eris 3.5, Mackie CR8S
Monitor
Dell S2721DGF 165Hz HDR
OS
KDE Neon

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.550
Мислења
964.777
Членови
34.921
Огласи
2.634
Најнов член
Natalija Canevska
На врв Дно