• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Млади се самоубиваат за ин мемориам на интернет?

Статус
Затворена за нови мислења.

Marko

Баниран/a
16 јануари 2008
106
1
Млади се самоубиваат за ин мемориам на интернет?

Бизарен самоубиствен тренд на млади луѓе го зацрни гратчето Бриџенд во јужен Велс. Полицијата таму истражува можна поврзаност меѓу седумте самоубиствата на млади луѓе, кои се случија во градот во минатава година, со веб-страницата „Бебо“. Но не е сигурна дека причината ќе ја најде таму.
Последната жртва на „самоубиствениот култ“ во овој град е 17-годишната Наташа Рендал, која е пронајдена обесена во својата соба. Неколку часа по нејзината смрт е креирана страница на нејзино сеќавање на „Бебо“ и за многу кратко време таа била посетена 2.100 пати.
- Ме загрижува што младите луѓе кога влегуваат во виртуелниот свет го губат контактот со реалноста. Освен тоа постои и можност некои од тие страници да го романтизираат самоубиството - вели Медлин Мун, претставник на власта во Бриџенд.
Таа вели дека е загрижена поради извештаите, кои велат дека постои можност самоубиствата да бидат мотивирани од желбата на младите по нивната смрт пријателите да постават ин меморијам веб-страница со нивните фотографии, видеоснимки или пораки.
Самоубиствата почнаа уште во јануари лани, кога се обеси 18-годишниот Дејл Крол. Еден месец подоцна истото го направи 19-годишниот Давид Дилинг, а потоа се обеси неговиот пријател, 20-годишниот Томас Дејвис.
Во август, исто така, обесен беше пронајден 17-годишниот Захари Барнс, а минатиот месец на ист начин умре 20-годишниот Лиам Кларк, кој бил пријател на Дејл Крол. На почетокот на оваа година е пронајден обесен 27- годишниот Герет Морган, пријател на Лиам Кларк. Наташа си го одзеде животот пред неколку дена. Во период од 24 часа од смртта на Наташа, се обиделе да се самоубијат и нејзините две пријателки. Едната се уште се наоѓа на апарати за одржување во живот, а другата успешно се опоравува откако си ги пресекла вените.
- Ова е како некоја глупава потреба да се имитираат еден со друг и да сакаат да умрат - вели мајката на Томас Дејвис.
Бебо, како и другите интернет-мрежи за комуникација, неверојатно брзо се здоби со популарност, посебно меѓу младите луѓе. Но во исто време нема вистински доказ за поврзаноста на Бебо со самоубиствата, тврди Тим Џонс, шефот на локалната полиција.
- Овие страници се популарни глобално, не знам зашто би имало проблем само во градот Бриџенд. Нема начин да се истражи поврзаноста меѓу самоубиствата и оваа страница - вели тој.

Влијаат и медиумите

Американската професорка Медлин Гулд од универзитетот „Колумбија“ вели дека е можно медиумите или интернет-страници да ги поттикнуваат младите луѓе. Таа проучува 52 „гроздови“ на самоубиства како она во Велс и вели дека обично жртвите не се најдобри пријатели, но се знаеле или, пак, прочитале за самоубиствата на претходниците.
- Согледуваме дека колку посензационално се третираат самоубиствата во медиумите и колку повеќе детали се пласираат за нив, многу поверојатно е да има и нови самоубиства. Доколку жртвата на самоубиство се појави во медиумите или причините за самоубиството се пласираат на убедлив начин, самоубиството на ранливите луѓе им станува попривлечно - вели Гулд.

Извор: Шпиц

- Сајтови како hi5, MySpace, Facebook не се ништо подобри, иако не сум ја посетил страната "Бебо" ( нема ни да ја посетам ), сигурно станува збор за таква страна. Треба да се поработи на случајот, страната да се забрани и да се лупне доживотна казна на креаторот.
 

''TcM>>

Intern
6 јануари 2008
961
39
ccc e zabegana rabota da. Ali taa bebo ne e nisto posebno porazlicna od hi5 i tie ostanatite, voglavno toa e toa, i bas e cudno so li tolku bi gi nateralo na samoubistva...
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Леле греота да не е некоја секта !? има такви глупи секти... стварно незнам што може да ги натера да си го одземат животот така млади ? бизарно !!!
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3.646
139
Не знам што би кажал за оваа работа. Навистина бизарно! :isplashen:
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
На сајтот на Дневник и во Дневник пишува - Се самоубиле седум тинејџери на возрасто од 17 и 27 години :)))))))
Еве гледам од постов само тинејџери се :)))))))))
 

gOJDO

Illuminator
23 јануари 2008
10.650
16.649
Skopje
www.insomnia.mk
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Motherboard
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&#BGP5555PGBB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Storage
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#G5YY5PB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
PSU
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&GY!^:~7JJJJ??77777??JJY5PGB#&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
RAM
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@#5!: ..:^~~!7??JYYYYJJJJJJYYPG#&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Video card
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&5!. .^!?YPB&&@@@@@@@@@#B#@@@@@@@@@@&&&@@@@@@@@@@@@@@@@@
Case
@@@@@@@@@@@@@@@@@@@&P7. :?5G#@@@@@&[email protected]@@@@@@@PPP&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Mouse
@@@@@@@@@@@@@@@@@G7:.~. ^[email protected]@@@@@@@&P5P#@@@@@@[email protected]@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Keyboard
@@@@@@@@@@@@#&@@@@@@@@@@@@@@&BY7~^^!7YPGBBB#&&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Audio
@@@@@@@@@@@@@@#Y~~JG&@#Y^ .7G&@@@@@#PPPGB#BBP5PG&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Monitor
@@@@@@@@@@@@&PJ5#@@@@@@@@BY~. :75B&@@@&BGPPPPGB&@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@@
Ако на 27 години тие биле тинејџери, оправдано се самоубиле! :muahaha:
 

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
а што е со нашава страница prijateli.com.mk 13/14 годишни деца ставаат свои слики и даваат мсн, уште цена да си напишат. Тоа ти е рај за педофили и за секти најлесно се влијае на тие деца, како смее да се дозволи дете од 13 години да става свои слики на интернет кога ќе наполнат 18 нека се сликаат и голи ако сакаат. Ама и родителите се најчесто информатички необразовани и не внимаваат, а ако админите на пријатели не се доволно способни и ажурни да внимаваат кој што прави нека ја затворат страната. Здравје боже јас кога ќе имам деца има компјутерот во дневна да седи да гледам што прават.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2.514
90
Ако не го образуваш детето и не му ги кажеш ризиците од таквото однесување, нема што да прават админите од пријатели. Ако не на тој, ќе ги стават сликите на некој друг сервис. Се зависи до родителот.
 

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
Дете нема шанси да те свати пак ќе си тера по свое, знам и јас бев дете :) мора строга контрола барем за такви работи. Едно е кога детето е изложено на опасностите кога си игра пред зграда, а друго кога е изложено на опасностите од разните интернет предатори од целиот свет, не мора да се педофили еве самата оваа тема покажува што може да се случи којзнае што им се чинело дека вечно ќе живеат еден виртуелен живот преку ин мемориам блогови, ќе ги заборават по една недела и никој нема никогаш да ги спомне. Мора строга законска рамка да постои и нормално родителска контрола, барем денес се нудат милион апликации за контрола на содржините на интернет
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44.556
Мислења
926.075
Членови
33.172
Огласи
1.278
Најнов член
Roci
На врв Дно