• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

MKD.NET прашања и одговори....

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Проблеми со mkd.net хостинг
Забележав на mkd hostot оваа порака
Дирекно кога ке одам на www.mkd.net се појавува оваа порака
Fatal error: Failed to connect to the DB server in /var/wkscript/db.php on line 28
сите работи што ми беа на страната со базата не ми работат
не можам да се логирам
пробав и од друг компјутер истото
дали и некој друг има вакви слични проблеми?

Да имаше 3-4 пати мислам.. MySql на МКД.NET. Извинете за downtimе... Не се случува повеќе но тогаш се случи... Не беше ништо сериозно само МySqlот беше привремено исклучен

Има еден куп проблеми, јас не можев воопшто да се регистрирам.
Да стотици успешно ја завршија регистрацијата. Но понекогаш генерираниот клуч (url activation link) вади грешка. Но и тоа не треба да биде некој проблем со брз контакт до некој од админите корисникот ке ви биде активиран веднаш.


Стварно многу ме мачеше на крај се избришав од тој хостинг си направив бекап и сега ако најдам некој подобар хостинг(бесплатен)можеби ќе ги обновам страните
Се дешава... MKD.NET не нуди совршен сервис, никој и не нуди. Но сепак сме закон во МК....


И јас имав искуство ама избегнав да го напишам, чисто информативно, се обидов да се регистрирам уште кога ја отворивте темата за хостингот и беше безуспешно..

Пробав со [email protected] и [email protected] и уште други два кои не би ги кажувал јавно.

Хостингот имаше проблеми со датабазите (незнам како е сега), лично се уверив бидејќи двајца момци ми покажуваа на ирц каналот на it.com.mk
Како админ регистрацијата правам секој ден поради тестинг и слично. И искрено ниту еднаш немав проблеми. Но не велам дека никој друг нема. Едноставно некои емаил сервиси ги филтрираат маиловите од MKD.NET како SPAM или JUNK....

Како админ на MKD.NET тврдам дека MKD.NET нема проблем со датабазите. Едноставно ако не ти сече дека датабазата треба да ја напишеш како korisnickoime_imenadatabaza корисникот исто korisnickoime_uservodatabaza и некои слични ситници не треба да покажуваш со прст и да обвинуваш од незнаење!
Зошто го тврдам ова... Затоа што 99% од техничките прашања од корисниците на MKD.NET се сведуваат на ова...

Е сега некој тврди дека неможе да се инсталира ова она.. Е да бе да... Јоомла има на 100 сајтови ти сега тврдиш дека не може да се инсталира.. Или форумите, или другите CMS


Проблеми со регистрирање се јавија и кај мене. Исто така имав проблеми и при upload на некои HTML датотеки, ги примаше по неколку обиди.
Не сум сигурен што мислиш, дали екстензијата не е била додадена во системот(недозволени екстензии неможе да прикачиш). Или пак имаш проблем со FTP клиентот со ASCII - BINARY модот за префрлање....



Првично испратено од ivvan Види мислење
...
(Системот на MKD.NET e способен да хостира преку 100000 корисници, така да оптеретување или нешто слично нема да има во скоро време...) ...

ХЕХЕ Претеруваш 100,000 СЕ ЕКСТРЕМНО МНОГУ. Колку за информација и 600 се многу . Кој е тој сервер што може квалитетно да хостира 100.000 корисници ??? Инаку 600 корисници на еден просечно квалитетен сервер е максимумот. Подобар сервер може да издржи и до 1.000.
Не јас знам што зборам... Оној што ме цитираше во претходниот пост незнае... Cpanel со модерниот и комплексен контролен панел може да подржа 600 корисници, 1000 преку сила. Но MKD.NET не е на Cpanel па за перформансите на серверот и контол панелот може само да прашаш а не да тврдиш!
Плус дали сте слушнале за "server clustering". Епа MKD.NET го може...
Па MKD.NET може да подржи 100000 корисници. И перформансите на серверот на MKD.NET се далеку од искористени...



Првично испратено од ivvan Види мислење
MKD.NET нема проблем со датабазите. Едноставно ако не разбираш нешто или ако едноставно незаеш, прашај! Затоа има и форум и тикети, емаил... Од искуство на админ, 99% од прашањата и "проблемите" се сведуваат на синтаксата во конфигурацијата на CMS скриптата со датабазата.


Од лично искуство како корисник, 95% од моите проблеми поврзани со датабазите биле проблем на хостинг компанијата, не на конфигурацијата на скриптата.
Е кај добар хостинг провајдер, скоро и не постои такво нешто ко проблем со датабазите. Ако некој од техничката подржка е љубезен со тебе не значи дека си ти во право. 99% од овие проблеми се сведуваат на погрешна синтакса или грешка во креирањето на датабазата од твоја страна... Ова го тврдам за добрите платени хостови.. Ти ако зимуваш хостинг на килограм ... твоја загуба...

Првично испратено од ivvan Види мислење
Веќе има доста објаснувања во форумот на MKD.NET за датабазите...
Луѓето освен на вашиот форум, бараат помош и тука, исто така како што дознаа за хостингот тука.
Да така е... Но не значи дека секогаш ќе го добие точниот одговор... И не значи дека јас ке го видам постот...

Првично испратено од ivvan Види мислење
Сепак системот на MKD.NET хостира повеќе од 600 корисници во моментов, секој има по 2 датабази... Да речеме 1200 дата бази. И има веројатност да се појави некој проблем но 99% се од причина неправилно конфигурирање.
(Системот на MKD.NET e способен да хостира преку 100000 корисници, така да оптеретување или нешто слично нема да има во скоро време...)
Претеруваш со цифрите, секој кој е барем малку повеќе упатен во овој правец, знае дека ова не е точно. (Може да е точно под услов корисниците воопшто да немаат посети на нивните сајтови)
Овде сакам да нагласам дека целосно се согласувам со sumi.

Да претпоставиме дека навистина е способен толку корисници да услужи серверот.. Може ли да знам каков е тој сервер? Каква конфигурација има и на кој провајдер е поврзан?
Серверот на MKD.NET е доста солиден, лоциран во USA... MKD.NET подржува server clustering... А перформансите сега за сега се далеку од искористени....

Првично испратено од ivvan
Не е дали некој лаже или не... едноставно од лично искуство како webmaster сум имал 21323123 ситуации на фрустрација и слично дали од хостингот, доменот и слично (мислам на платен хостинг кај хостинг компании). Но 99% се сведуваше на мое незнаење или грешка...
Уште еднаш, твоите искуства и фрустрации во врска со хостинг компании не се соодветно мерило за претпоставки со какви проблеми наидуваат корисниците на хостингот.
Да моите искуства не се мерило. Но конкретно за проблемите во врска со MKD.NET моето искуство и искуството на другите 2 админи е се! Но сметам дека сум и поминал доста... и реално се сведува на ова... Ако имаш добра хостинг компанија се разбира...


Првично испратено од NoLander Види мислење
за другите пробелми си има место каде да се пише
Ова е едно од тие места
Реално на ова место тешко да добиеш стручен совет за MKD.NET... Во претходниот пост имаше директно прашање од некој корисник... Никој не му одговори точно....

Accountот на Hostmonster/Bluehost им е привремено суспендиран, најверојатно затоа.
Грешка во Hostmonster... се случувало и таму... Сервисот е online, сите ваши слики се таму...


Јас имав ужас проблеми со регистрација на mkd.net пробав со 4 емаил адреси и ни една не ми успеа на крај мораше преку трето лице да ме регистрира
Тупаш во место.. Контактирај ги админите, корисникот ке ти биде активиран веднаш... Доста корисници ме контактираа се беше во ред. Немало потреба да се мачиш толку но...


Слушнав дека еден човек го одржава сервисов така што не ви препорачувам да го користите mkd.net поготово за професионален web, портфолио и сл.
Имате 1.000.000 добри FREE хостинг солуции, сигурно ќе се регнете на некој асален без банери, паѓање на сервер итн.
И јас мислев на овој но еве + и читам дека не работи некад, noway!
MKD.NET има 3 админи. Но што има тоа пак да ти е битно. Хостингот и нема ни потреба од повеќе админи... Како функционира системот ни само ние знаеме така?


Кога се работи за професионален WEB воопшто не препорачува користење на било каков free хостинг.

Ако е работи за префесионален WEB, може клиентот (или вие) да оделите 20тина Евра годишно за платен хостинг.

Free хостинг препорачувам за WEB designers почетници на кои у принцип не им е битно 99% uptime.
95% од сајтовите во МК и немаат потреба од платен хостинг... Реално повеќето немаат трафик немаат ни систем за рекламирање... Ама ова е посебна тема не ми се ни навлегува таму.......

Слободно цитирајте, коментирајте... Поздрав:bravo:
 

neW1

Gaining Experience
10 мај 2007
679
146
<offtopic>
Ти ако зимуваш хостинг на килограм ... твоја загуба...
Не разбирам...демек хостинг за зимница ? Зимување? Маврово? :))

Aко веќе спамираш направи го тоа на покреативен начин и не се реплицирај дрско на сите.</offtopic>
 

D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
Ivvan,

Морам да кажам дека имаш малку лош пристап кон твоите корисници.
Настапуваш со оправдувања, а тие повеќе би сакале ветувања дека такви работи нема да се случат.

Проблеми имало, има и уште многу ќе ги има во тоа сум 100% сигурен, а тие ќе бидат иницирани од мал милион фактори кои ќе бидат земени во обзир или не.

Оствари ефективен начин на поддршка каде што нема да ги караш клиентите затоа што ќе се пожалат. Објасни им со факти.
Во твојот пост не гледам ниту еден факт.

Велиш твојот сервис е способен за сервер clustering, а не објаснуваш како.... велиш може да поддржува 100,000 сајтови, на што се базира оваа бројка?

Како админ на MKD.NET тврдам дека MKD.NET нема проблем со датабазите. Едноставно ако не ти сече дека датабазата треба да ја напишеш како korisnickoime_imenadatabaza корисникот исто korisnickoime_uservodatabaza и некои слични ситници не треба да покажуваш со прст и да обвинуваш од незнаење!
Зошто го тврдам ова... Затоа што 99% од техничките прашања од корисниците на MKD.NET се сведуваат на ова...
Пак проценти и тврдења и всушност ги обвинуваш корисниците за тоа што се пожалиле.... сигурно го имаш чуено "клиентот е секогаш во право". Има голема логика зошто е тоа кажано.

Лично ме интересира кога тврдиш дека на 95% од сајтовите во Македонија не им е потребен платен хостинг затоа што немаат начини да се рекламираат или немаат трафик, на што го базираш твоето тврдење? Велам тврдење а не мислење бидејќи истакнуваш конкретен процент. :)
 

sumi

On your way to fame
8 април 2007
1,127
754
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4710HQ
Storage
SAMSUNG 840 500GB SSD Evo
RAM
2x8GB DDR3 1600MHz
Video card
nVidia GTX860 4GB GDDR5
Case
Notebook Lenovo Y50-70
Mouse
Logitech M705
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 7 Home Premium 64bit
Човече јас ти реплицирав дека претеруваш со бројката од 100.000 корисници!
Еден сервер да нема ниту CPANEL ниту било каков друг кориснички панел туку рачно да ги внесуваш сајтовите, MySQL базите па и да имаш сервер clustering пак се ЕКСТРЕМНО МНОГУ! Не претерувај со бојка поголема од 1000 за супер сервер или 600 за просечено добар сревер.

И + дека 95% од сајтовите бо Македонија дека немаат потреба од платен хостинг?! Човече те молам, ако мислиш дека платен хостинг е само заради Traffick и Space тогаш многу си се излажал.
Јас би ти реплицирал дека само 5% немаат потреба од платен хостинг.

Те молам размисли пред да пишуваш, со твојата несериозност и лаење во празно само докажуваш дека платениот хостинг е далеку посериозна работа.
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
vaka platen host go koristat site koi mislat poseriozno da se fatat okolu toj biznis dodeka free go koristat sekakvi "decista"
pogolem del za da se falat ej jas imam sajt ova ona

jas koristam nekolku free hostovi samo za da pravam backup
oti spored toa se samo koristi


a toa 100k korisnici
coece sonuvas nesto
apsolutno e nevoznozno da ima tolku mnogu korisnici

sto server ti e

i kako sto rece D klientot e sekogas vo pravo

pozz i nastavi da sonuvas
100k korisnci kekekeke
 

Pepsi Man

Intern
1 март 2008
171
21
pepso.blog.com.mk
Искрено да ти кажам ич не сум задоволен од хостингот. Пробав да инсталирам една скрипта од тие што ги имате на хостингот, сите фајлови не се во целост. На пример што е wp-config.php од ворд прес скриптата. Кодот е до половина и неможе чоек да ја инсталире скриптата. Исто така пробав да инсталирам и phpBB форум, неможеше да ја прочите датабазата, гледав да не имам грешка некаде во подесувањата при инсталирање, гледав и си мислев да не ја имам утнато некаде... но не... пробав и со други датибази, ништо...
 

NoLander

Intern
11 ноември 2007
216
15
Pepsi Man
Кога тоа ќе ти се случи следниот пат те молам пиши на мсн. има и систем за помош на корисниците.

Кога некој корисник незнае да да инсталира нешто се обраќа на админите тоа е и тука вака и секаде

Имам инсталирано на многу кориснци скрипти за 5 мин искрено досега јас сум немал проблем.

Нека не ти биде срам да питаш нешто така се учи .
Кој пита не скита
Благодарам што прочита
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
<offtopic>


Не разбирам...демек хостинг за зимница ? Зимување? Маврово? :))

Aко веќе спамираш направи го тоа на покреативен начин и не се реплицирај дрско на сите.</offtopic>

фразирам... се секаваш Цацко кога зимаше пентиум на кванташки?

Ivvan,
Морам да кажам дека имаш малку лош пристап кон твоите корисници.
Настапуваш со оправдувања, а тие повеќе би сакале ветувања дека такви работи нема да се случат.

Проблеми имало, има и уште многу ќе ги има во тоа сум 100% сигурен, а тие ќе бидат иницирани од мал милион фактори кои ќе бидат земени во обзир или не.

Оствари ефективен начин на поддршка каде што нема да ги караш клиентите затоа што ќе се пожалат. Објасни им со факти.
Во твојот пост не гледам ниту еден факт.

Велиш твојот сервис е способен за сервер clustering, а не објаснуваш како.... велиш може да поддржува 100,000 сајтови, на што се базира оваа бројка?



Пак проценти и тврдења и всушност ги обвинуваш корисниците за тоа што се пожалиле.... сигурно го имаш чуено "клиентот е секогаш во право". Има голема логика зошто е тоа кажано.

Лично ме интересира кога тврдиш дека на 95% од сајтовите во Македонија не им е потребен платен хостинг затоа што немаат начини да се рекламираат или немаат трафик, на што го базираш твоето тврдење? Велам тврдење а не мислење бидејќи истакнуваш конкретен процент. :)
А јас мислев на прво место се извинив во постот и реков дека вакви проблеми нема да има повеќе?

Да во право си, проблеми ќе има а тимот на MKD.NET е тука да ги решава и да предпазува од истите..

Карам клиенти? Прво јас имам корисници, не клиенти... Ти од друга страна во хостингот ви имате клиенти...
Карам некого? Чекај како SUMI i Andrievki (или како беше) станаа мои клиенти? Јас колку што знам SUMI има хостинг... Andrievski директно или индиректно соработува со вас...

Иронија на сето ова е што повеќето реплики се лица инволвирани директно или индиректно со платен хостинг компанија?!

За корисниците кои се мои, а и ваши... Да има грешки, од наша но и од ваша страна. Едноставно јас овде одговорив на негативни критики. Доколку нив им се бараше решение ќе не контактираа нас админите.

Ефективен начин на поддршка...
Вака MKD.NET има 3 системи за техничка поддржка.
Тикет система
Форум
Емаил до [email protected]

Освен ова MKD.NET гради форум со технички проблеми и решенија. Туториали за некои скрипти и слично. И има доста што се уште во изработка...

MKD.NET ги промовира и помага сајтовите кои се хостирани на MKD.NET
бесплатни банери за промовирање на сајтовите, додавање во пребарувачите. Директно банер линкување на MKD.NET. За доста од нив и зголемување на трафикот и простор, smtp, и ...

Освен што вршиме техничка поддржка, админите ги помагаат корисниците со инсталации на CMS (за оние евентуално што незнаат, или им требаат додатоци, теми и слично...)

Јас за моите корисници се грижам мислам и повеќе од доволно имам директни емаил - IM контакт со 30тина. Секојдневно им помагам, советувам, решавам проблеми со нив... Дали некој ќе го потврди тоа и не е битно...
Дали некој друг хост го прави ова за вас?


100000:
# Coded in php - Not a slow cgi script
# No user limits - Take your webhost to 100,000+ users, dont get limited by coding flaws in ALL the other panels
# Custom panel (instead of cpanel) - More secure, zero errors under heavy load and host 95,000+ more users
# Exclusive server clustering - Let your free host grow forever
# Cron Jobs, Emails, Full pop3, PowerDNS management and lots more!

Знам десетици сајтови кои имаат некаде 40000 - 50000 членови, знам неколку што имаат 100000+ еве пример чисто за вас www.110mb.com

Да реплицирав грубо... Но да објаснувам нешто по 3 пат. SUMI не е прашање дали 1 сервер може да издржи 100000 членови... Туку колку сервери може да се поврзат преку server clustering за да се достигне бројката од 100000 членови. MKD.NET со сегашната конфигурација на серверот ни подржува ~6000 за нормално функционирање. Јас реков дека MKD.NET може да подржува и 100000 и може!

И + дека 95% од сајтовите бо Македонија дека немаат потреба од платен хостинг?! Човече те молам, ако мислиш дека платен хостинг е само заради Traffick и Space тогаш многу си се излажал.
Јас би ти реплицирал дека само 5% немаат потреба од платен хостинг.
Да? Колку од сајтовите хостирани кај вас користат 50% од трафикот и просторот? Колку од сајтовите ви имаат посетеност? Тоа дали сакаш и имаш да дадеш за платен хостинг не треба да го бркаш со потреба. Но сепак платен хостинг си е платен хостинг.. Пак и јас го сакам Cpanelot како интерфејс.

Океј вака ке го формулирам: Реално во Македонија 95% од сајтовите немат потреба од платен хостинг. Зошто? Затоа што иако земеш платен хостинг, немаш стратегија за рекламирање, немаш начин за промовирање на тој сајт... Што ке го ставиш на визитката? МК нема изградено пазар-размена на информации преку интернет... Болна вистина... Едноставно посетеноста на сајтовите хостирани кај вас го докажува тоа... А на крај има и pagerank... Колку од вашите сајтови имат добар ранг?
Океј ова е мое мислење...


vaka platen host go koristat site koi mislat poseriozno da se fatat okolu toj biznis dodeka free go koristat sekakvi "decista"
pogolem del za da se falat ej jas imam sajt ova ona
Да? А ти со што почна? Јас мислам дека и уште си на тоа...

jas koristam nekolku free hostovi samo za da pravam backup
oti spored toa se samo koristi
Да да секако... Какви ти се сајтовите? Какви ти се успесите? Дај линкови...

a toa 100k korisnici
coece sonuvas nesto
apsolutno e nevoznozno da ima tolku mnogu korisnici
Реков може не реков дека ќе имам... Не ни очекувам ние да имаме толку... Пак и во МК... ха ха


i kako sto rece D klientot e sekogas vo pravo

Токму тоа! Во случајот на MKD.NET корисниците се секогаш во право а и така ги третираме... Се она што правиме за корисниците го има наведено погоре...

pozz i nastavi da sonuvas
100k korisnci kekekeke
:metal:



Искрено да ти кажам ич не сум задоволен од хостингот. Пробав да инсталирам една скрипта од тие што ги имате на хостингот, сите фајлови не се во целост. На пример што е wp-config.php од ворд прес скриптата. Кодот е до половина и неможе чоек да ја инсталире скриптата. Исто така пробав да инсталирам и phpBB форум, неможеше да ја прочите датабазата, гледав да не имам грешка некаде во подесувањата при инсталирање, гледав и си мислев да не ја имам утнато некаде... но не... пробав и со други датибази, ништо...
Навистина жалам што не си успеал во замислата... Знаеш секогаш може да прочиташ нешто повеќе пред да почнеш или евентуално да не контактираш би ти помогнале секако. Доста не контактираа, сега имаат сајтови (портали,форуми,блогови). Доста и го направија сами:bravo: Сепак слободно контактирај не сега, со задоволство би ти помогнал... Критиката ти е океј... Си можел да не контактираш но како и да е..


Еј ова е ИТ форум, овде сме да дискутираме... Жалам што реплицирам вака... Не дека имам одговор за се.. Не дека знам повеќе од вас. Но се трудам да ви одговорам... Поздрав!
 

Pepsi Man

Intern
1 март 2008
171
21
pepso.blog.com.mk
Pepsi Man
Кога тоа ќе ти се случи следниот пат те молам пиши на мсн. има и систем за помош на корисниците.

Кога некој корисник незнае да да инсталира нешто се обраќа на админите тоа е и тука вака и секаде

Имам инсталирано на многу кориснци скрипти за 5 мин искрено досега јас сум немал проблем.

Нека не ти биде срам да питаш нешто така се учи .
Кој пита не скита
Благодарам што прочита
Нема од што да ми биде срам за да прашам, туку работата е тоа што при инсталацијата неможе да ја пронајде датабазата... :chudenje:
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Еј ова е ИТ форум, овде сме да дискутираме... Жалам што реплицирам вака... Не дека имам одговор за се.. Не дека знам повеќе од вас. Но се трудам да ви одговорам... Поздрав!
ИТ форум е, ама искрено, ИТ одговор во твоите постови не видов.

Кога видов дека си ја отворил темава, мислев дека ќе го исправиш тоа што го истресе NoLander во претходната тема, ама за жал се разочарав.
Пак сума сумарум, според вашите постови испадна дека корисниците на хостингот и тие што пробале да се регистрираат не се во право и незнаат како да го користат, а вие сте најдбори и серверот нема никакви проблеми.

Намерно избегнав да коментирам на оваа тема бидејќи ако почнам да цитирам, ќе треба секој ваш збор да го искоментирам. Премногу си контрадикторен во тоа што го пишуваш и изнесуваш многу неточни работи. Дури ги искривуваш моите зборови и даваш неосновани претпоставки за мене и за членовите.

Не планирам во иднина ни да ја читам темава, ни да реплицирам на неа. :ua:

Поздрав
 

vetarvomagla

Intern
22 јуни 2007
55
1
Зошто нема јоомла 1.5 на мкд.нет. Инаку браво,за тие што се позади овај проект.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
NoLander, ај те молам договори се со Ivvan дали тука треба да има тема за прашања и одговори на МКД.нет или не.
Ако одговараш во вид на линк, подобро целава тема да има само едно линкче до вашиот форум за поддршка и крај.
Нема потреба од приватни пораки до мене ни ништо.

Од една страна, сакате ваква тема на форумов, а од друга страна во истата одговори давате со линк до вашиот форум.
Make up your mind.
Разбирам дека сакате да си направите реклама, ама мислам дека малку драматизирате :)
 

GeNeRaToR

Intern
20 јануари 2008
538
7
Видете вака.

Се регистрирав на мкд.нет (makart) ама не ми стигна e-mail за потврда. Пробам да се регистррам на вашиот форум со 4 различни e-mail адреси ама нешто не бива.

Ај ако може некој од админите да ми го активира рачно

Член: makart
Лозинка: ficko1994 (гајле ме е кој ке виде која е лозинката (секако ке ја сменам))

ИЗВЕСТИТЕ МЕ КОГА КЕ СЕ АКТИВИРА
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Лелее колку погрешно место за барање на активација.. Контактирај ме по е-маил [email protected] со корисничко име и лозинка (се разбира не оваа...). Ке ти го активирам веднаш и известам по емаил :)
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
@ivvan postojat edna posebna grupa koi se vikaat testeri

mislam deka treba da sostavis eden takov tim i da gi otkriete i ako sakate/mozete da gi popravite site bugovi koi postojat a gi ima puno jas samo setajki vidov nekolku
 

bidikov

Intern
8 април 2007
50
19
vladislav.bidikov.com.mk
Pepsi Man
Кога тоа ќе ти се случи следниот пат те молам пиши на мсн. има и систем за помош на корисниците.

Кога некој корисник незнае да да инсталира нешто се обраќа на админите тоа е и тука вака и секаде
1) македонскиот јазик не познава „ТИКЕТ СИСТЕМА“

2) МСН не е метод за помош на корисниците ...

3) Корисникот е секогаш во право ...

4) Кога корисникот ќе се пожали на проблем - покажи со факти доколку не е проблем, ако не реши го ВЕДНАШ ...

5) Не претерувај со бројки и претпоставки, може да те прочита некој кој работел хостинг и мрежи 10 години и знае дека 100000 корисници со „сервер кој подржува кластери“ е гаф на деценијата ...

За понатамошни консултации на проблематиката прати ПП ќе добиеш повластена цена за консултански услуги (15% од сумата ја давам на лугето кои го работат it.com.mk за да им помогнам)...
 

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2,667
183
www.zeroscience.mk
Mislam deka ne bi trebalo da se prakjaat lozinki za hostingot na e-mail do nekoj od vasite administratori poradi aktivacija ili pak pri nekoj problem m? Prasuvam dali vi e takva polisata ili ?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
1) македонскиот јазик не познава „ТИКЕТ СИСТЕМА“

2) МСН не е метод за помош на корисниците ...

3) Корисникот е секогаш во право ...

4) Кога корисникот ќе се пожали на проблем - покажи со факти доколку не е проблем, ако не реши го ВЕДНАШ ...

5) Не претерувај со бројки и претпоставки, може да те прочита некој кој работел хостинг и мрежи 10 години и знае дека 100000 корисници со „сервер кој подржува кластери“ е гаф на деценијата ...

За понатамошни консултации на проблематиката прати ПП ќе добиеш повластена цена за консултански услуги (15% од сумата ја давам на лугето кои го работат it.com.mk за да им помогнам)...
ха ха ова ви е контрата за постот за пиратерија или не... или чекај овој немаше ништо со вас, овој е од платен хостинг.

македонскиот јазик не познава „ТИКЕТ СИСТЕМА“ <---- ако тргнеш од ова македонскиот јазик не познава и збор хостинг...
патем неколку други хостови користат тикети за техничка подржка ова ептен не ти е на место...

2) МСН не е метод за помош на корисниците ...
Ха ха MKD.NET оди до таму што директно им помага на корисниците, инсталирање на компоненти, и слично. Директен контакт е MSN, многу други хостови користат skype и слично, ние MSN но за одредени корисници кои на еден начин или друг имаат потреба од директен контакт со нас. Немаме телефонски број имаш проблем?

3) Корисникот е секогаш во право ...
Јас моите корисници ги третирам одлично, незнам од кај оваа идеја дека MKD.NET ги понижува корисниците. Овде едноставно им дадов сугестии за што им е грешката. А Андриевски и ссссс... ако ги сметаш за корисници.... си само во заблуда...
Пак и MKD.NET направи толку многу за ова ИТ општество.

4) Кога корисникот ќе се пожали на проблем - покажи со факти доколку не е проблем, ако не реши го ВЕДНАШ ...
Да? Едноставно маил активацијата не стига на некои маил сервиси или е во спам. Од моите тестови на Yahoo, Gmail, Hotmail пристигнува во inbox или спам, за оние корисници што имат проблем со регистрацијата со контакт до админите се активират нивните хостинг акаунти. Проблемите се решаваат.

5) Не претерувај со бројки и претпоставки, може да те прочита некој кој работел хостинг и мрежи 10 години и знае дека 100000 корисници со „сервер кој подржува кластери“ е гаф на деценијата ...

Оште еден од толпата што само отвараше уста.. Алоо оди прочитај малку... Ова горе на англиски што е напишано не го напишав јас... Ти консултантски услуги давај кај сакаш, бев доследен пишав 100000 и одговорив каде и како. Е по 5 пат исто прашање да одговарам...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
Mislam deka ne bi trebalo da se prakjaat lozinki za hostingot na e-mail do nekoj od vasite administratori poradi aktivacija ili pak pri nekoj problem m? Prasuvam dali vi e takva polisata ili ?
Таква е полисата. И пред се е поставено барањето да се праќаат привремени лозинки. Тоа е најбрзиот начин за да се постигне она побараното да биде поправено или инсталирано. И се докажа добро до сега, не сме имале никакви поплаки освен благодарност од доста членови.
 

bidikov

Intern
8 април 2007
50
19
vladislav.bidikov.com.mk
Ivvan, извини ама твоиве одговори се во стилот на он.нет (ние се знаеме ама има некакви чудни проблеми и сецки - ќе се решат)

Јас поставив 5 прашања, а ти „одговори“ со 5 гафови ... заклучот - нема поента што да дискутираме ... нема поента.

Бидејќи имате вие се функционално предлагам на форумов да не дискутираме бидејќи имате вие форуми на MKD.net.

П.С: ај те молам по ПП прати податоци да знам до кој да ја адресирам фактурата ...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

ivvan

Баниран/a
11 ноември 2007
52
2
www.pic.mkd.net
ha ha ha...

Ti iskazuvas licen stav... Bas i ne me interesira tvoeto mislenje. Ti ako imase za sto da se poplaces ke go napravise toa na forumot na mkd.net.
Jas pak smetam deka ti postavi 5 gafovi.

Cekaj ti korisnik si na MKD.NET? Imas napraveno sajt?
Imas napraveno nesto? Imase problemi so MKD.NET?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,565
Мислења
823,434
Членови
28,072
Најнов член
josimovskii
На врв Дно