1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мислење за ТВ

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од Hercules, 10 Јуни 2018.

  1. Hercules

    Hercules
    Intern

    5
    1
    10 Јуни 2018
    Машко
    Здраво сакам мислење за Sony kd 55 xe 7005?
     
  2. Delta111

    Delta111
    Gaining Experience

    111
    115
    23 Мај 2010
    На сите форуми што читав доста се задоволни корисниците затоа што е VA панел (важно ако гледаш во затемнета просторија односно посупериорен контраст во однос на IPS панел) и се смета дека за цената и класата нуди одлична слика со доста верни бои во Cinema Pro кои секако ќе ги подесиш според свое осветлување/ амбиент. Условни мани му се 50 Hz панел (на многу не им смета и не гледаат разлика со 100 Hz) и немање на Андроид значи не е вистински смарт, количината на апликации е ограничена така да ќе ти треба андроид бокс или евентуално маг. Сликата во СД е доста добра (што е за пофалба) а во хд од многу добра до одлична.

    Беше мој втор избор после Sony KD-55XE8505 кој е посупериорен модел со 100 Hz панел и андроид (тој го земав) а се разбира повисока класа и подобри се XE9005 и уште поновиот модел XF9005.

    Инаку за парите за кои сега се нуди (без смарт опции) 55XE7005 е одличен избор.
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hercules

    Hercules
    Intern

    5
    1
    10 Јуни 2018
    Машко
    Моделов 55XE7005 има можност го видов во Сетек едино со не ми се допадна е тоа што има слаб звук некако не задоволително,а во сите спецификации што читав пишува 2 x 10W
     
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,066
    8,366
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Па фала богу, на него закачуеш сараунд, греота е да го гледаш со тие тртуфчињата што прдат.
     
    На Ragnar, viktorce, Psycore и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    339
    249
    13 Март 2015
    Машко
    Oдличен телевизор. Поубава слика и квалитет нема да добиеш ниту на една друга марка. Дизајнот им е исто така врв.

    Пред 1 месец телевизорот беше над 45000 денари. А сега 55xe7005 е под 35000 денари што е стварно одлична цена.

    Јас се мислев да го земам тој, но тогаш сеуште не беше намален па го зедов 55xe8096 моделот со андроид бидејќи тогаш само што го беа намалиле од над 60000 на 53000 и дополнителен попуст имав околу 7000 денари на цената па ми дојде околу 46000 денари.

    Иначе јас прво земав филипс со андроид, па не бев задоволен и го вратив па ги вратија парите. На крај се мислев преку член на форумов мислев за 7005, но се стегнав малку и го зедов 8096.

    Презадоволен сум со телевизорот, а верувам дека и со 7005 ќе бев ако го земев
    Delta моделот 7005 има смарт опции и доволно опции како и конкурентите кои не се андроид. Тоа што нема вграден Андроид, не значи дека телевизорот нема смарт опции.

    Разликата е тоа што твојот и мојот имаат смарт и плус вграден андроид , а 7005 има само смарт.

    Мене звукот ми е добар и квалитетен бидејќи е кристално чист што е многу важно. Двои од филипсот на пример. Се осеќа дека се работи за квалитет и тоа во секој поглед.
     
    На Delta111 и Hercules им се допаѓа ова.
  6. Hercules

    Hercules
    Intern

    5
    1
    10 Јуни 2018
    Машко
    Последно колку што видов беше 38000 денари во нептун
     
  7. Hercules

    Hercules
    Intern

    5
    1
    10 Јуни 2018
    Машко
    Фалави на сите што ми помогнавте и ми олеснивте некои работи јас го земав телевизорот Аирлиа нека е :D
     
    На olikomerc му/ѝ се допаѓа ова.
  8. krema

    krema
    Professor

    9,248
    8,978
    24 Јуни 2009
    Машко
    Честито нека е, па да се гледат многу 4к харкдор филмови :)
     
    На Hercules му/ѝ се допаѓа ова.
  9. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    339
    249
    13 Март 2015
    Машко
    Си направил супер работа. Со здравје да се користи.
     
    На Hercules му/ѝ се допаѓа ова.
  10. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,532
    3,443
    11 Декември 2008
    Машко
    Одличен телевизор со супер цена моментално. Тоа што имав да го кажам го напишал Delta111 пред мене погоре :)

    Со здравје да се служиш, па пиши импресии по неколку дена.
     
    На Hercules му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    824
    1,755
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Значи овде за секое гомненце ново темиче да се отвоти, па така некој совет да се собери... јас кога прашував за телевизори во тема за телевизори, штурци, само брукање на Сони-то добив, а овде сѐ најдобро:
    Телевизори (искуства, препораки, совети, мислења...)

    И вие сте ми биле некои другари :)
     
    Krkac, Delta111, olikomerc и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,171
    3,515
    26 oктомври 2012
    Машко
    XE7005, користи IPS панел. VA Користи XE85xx, па нагоре, а од 2018, само XF90XX е со VA панел.
    Пристоен ТВ е, ако се земе сумата предвид, е одличен.
    Jaс лично би избрал Самсунг варијанта, само ради VA панелот.
    Во најмала рака минимум 4x подобар контраст има почетниот модел со VA панел, додека па Сони-то е измислено од дизајнерска гледна точка.
     
    На Hercules му/ѝ се допаѓа ова.
  13. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,532
    3,443
    11 Декември 2008
    Машко
    49kata e IPS a 55kite se so VA panel kolku sto se sekjavam koga gi istrazuvav pred nekoj mesec. Ke pobaram posle

    Sent from my SM-A520F using Tapatalk
     
    На Delta111 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Delta111

    Delta111
    Gaining Experience

    111
    115
    23 Мај 2010
    55XE7005 е со VA панел, проверено и со око и со нокт.
     
    На olikomerc и Војвода им се допаѓа ова.
  15. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,171
    3,515
    26 oктомври 2012
    Машко
    Eве гледам едно Полско ривју, они исто велат дека е сo VA.
    Мада, пак слабо ми е некако 2500:1, како за VA.
    Самсунговата почетна серија 61xx веќе има 4800:1 контраст.
    Kако и да е, многу подобро е од бедните 1000:1 што може да ги понуди IPS панелот.
    Инаку како проверуваш со нокт ?
     
    На Delta111 и olikomerc им се допаѓа ова.
  16. Delta111

    Delta111
    Gaining Experience

    111
    115
    23 Мај 2010
    Нежно се повлекува со горната страна на ноктот по панелот и ако остане треил е VA панел, ако нема треил е IPS панел.
     
  17. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    248
    182
    15 ноември 2015
    Машко
    Кога ја гледам ценава на сони 55xe7005, a особено Сони 55Xe8096. Ми оди по вторпат да го купам.
    Sверотина од телевизор. Ова андроидот никогаш не здосадува. Секој ден нешто ново. Плус со сониво пс4 кога ќе го уклучам добивам лудост дома.

    Единствена мана на ова е што времето ми лета. Кој купува тв и сака повеќе од обичен телевизор да добие, а притоа и квалитет препорачувам некој од овие два модели

    Сони 55xe8096

    4k UHD SMART LED TV SONY KD55XE8096, 400Hz Motionflow, Android TV

    Или 55xe8505 за 10000 денари повеќе.
    Кој и да земете нема сигурно да погрешите. Далеку пред конкуренцијата

    Слика, дизајн, опции и можности.

    Вреди секој денар вложен во нив
     
    На olikomerc и Delta111 им се допаѓа ова.
  18. Hercules

    Hercules
    Intern

    5
    1
    10 Јуни 2018
    Машко

Сподели

Вчитување...