Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Мислење за Телеком Хибрид?

krstevski.m

Intern
5 декември 2017
32
36
Здраво на сите,
како што вели насловот, барам мислење и искуства со хибрид рутерите на телеком. Моментално сум во реон надвор од град и имам ADSL на телеком. Брзината е ок за адсл(12-13 mbps), но поради далечината знае понекогаш да закочи или падне. Се размислував дали да сменам/побарам хибрид опција за рутер? Кои се очекуваните брзини и латентност? Каква е стабилноста?

4G покриеноста е супер и на телефон вадам лесно преку 60-70 mbps up/down со 17мс пинг на speedtest.

Секое мислење е добредојдено
 
undergrounde

Gaining Experience
11 декември 2009
522
396
Хибрид даваат ако утврдат дека преку адсл не добиваш брзина според договорот
Доколку договорот ти е 12/1 и при мерење се добива толку, тогаш нема да стават хибрид
Ххибрид е само да дополни брзина, нема да добиеш поголеми брзини од тие во договорот, можеби малку побрзо или ако заборават да го ограничат
 
krstevski.m

Intern
5 декември 2017
32
36
Хибрид даваат ако утврдат дека преку адсл не добиваш брзина според договорот
Доколку договорот ти е 12/1 и при мерење се добива толку, тогаш нема да стават хибрид
Ххибрид е само да дополни брзина, нема да добиеш поголеми брзини од тие во договорот, можеби малку побрзо или ако заборават да го ограничат
Значи ако ми е стабилна брзината воопшто да не се замарам да прашувам и да барам..
 
orce66624

Gaining Experience
13 август 2016
101
70
Значи ако ми е стабилна брзината воопшто да не се замарам да прашувам и да барам..
Јас бев на хибрид околу 2 години,исто надвор од град сум каде сто имаше само бакар
на магента пакет сум
значи брзината на интернетот ке ти зависи колку е оптеретена базната станица(кај мене идеше од 20 до 50),а ако користиш и телевизија пак ке си ги имаш проблемите со сецкање али не како претходно
 
Aowek

On your way to fame
14 април 2012
1.036
900
4г рутер се дава ако нема техничка можност за адсл линија, најчест во селата има вакви рутери и брзината да, зависи од колку е оптеретена базната станица.
 
orce66624

Gaining Experience
13 август 2016
101
70
побарај и пиши дали ќе добиеш :)
Тешко дека ке дадат,ептен треба линијата да ти е крш т.с да ти паѓа и да дежураш на 122,е тек тогаш ваљда ќе дадат и ке се подобри интернетот ама телевизијата за нијанса ќе е подобра
 
olikomerc

Unstoppable
11 декември 2008
4.797
3.705
Поднеси барање за L пакет за интернет, ќе ти дадат одма.
 
Pilsator

Gaining Experience
15 мај 2012
500
139
Доколку имаш некој познаник од техничарите побарај го и пробај преку него да направиш договор за пакет. Мислам дека имаат некаков бенефит ако направат договор. Бидејќи бараш хибрид претпоставувам се работи за помал реон кој има еден техничар, односно секогаш истиот ги зема налозитр и тоа е најчесто некој што работел телефонија во поштата во старо време. Околу квалитет, е добар доколку имаш 4г покриеност. Околу оптеретување на базна станица најчесто не е оптеретена со исклучок ако има многу корисници на хибрид што не е чест случај.

Испратено од SM-A320FL преку IT.mk форум апликација
 
Базната станица се оптеретува од сите мобилни не само од хибридните рутери
 
Pilsator

Gaining Experience
15 мај 2012
500
139
Базната станица се оптеретува од сите мобилни не само од хибридните рутери
Дополнителен товар се рутерите кои не се приоритет и различна е големината и интензитетот на сообраќај. Сакам да кажам дека направени се пресметки за мобилни уреди и има просотор за варијација ама ако нагло се зголеми бројот на хибрид рутери ќе треба да прават промени што доколку сакаат тоа да го направат ќе го прават побрзо со бакарот. И јас користам хибрид и брзината на почеток ми беше околу 30мбпс бидејќи немав ограничување на базна станица но по неколку месеци тоа се промени и сега имам 15мбпс, стабилно е, нема разлика голема во однос на временски услови, телевизијата е супер, сменети се ,,париците" ама беше океј и додека бев на бакар, сега е подобро. Како и да е, доколку има можност добар е хибридот за рурално подрачје. Горе наведеното е за телеком ао 4г покриеност магента со Л нет. Пробај да ги замолиш техничарите да ургираат за брзината бидејќи ја ограничуваат на мин. кај хибрид за да не се оптеретуваат базните.
 
krstevski.m

Intern
5 декември 2017
32
36
Фала ви на одговорите, ќе пробам да се распрашам и по техничарите да ми дадат мислење од нивна страна.
Во летното време пооптеретена е базната станица, па и затоа се мислам дали ќе биде добра опција воопшто.
Интернетот на бакар во моментот е океј, кабелот бил лошо врзан, ги споив од ново и е постабилен. Единствено нешто што ми смета е високиот пинг(80ms до www.google.com) споредено со 60мс на 4Г на телефон. Али тоа и се очекува од бакар и од одалеченост.
 
Cigo

Intern
30 јануари 2008
49
0
DAvOR.info
Јас утре одам истото ќе го барам за Хибрид нет без ТВ на L пакетот - ќе видиме што ќе бидне.

Мерено е достапност макс до 10 мб/с што значи да не се оптеретуваме директива ќе барам хибрид
 
undergrounde

Gaining Experience
11 декември 2009
522
396
Јас утре одам истото ќе го барам за Хибрид нет без ТВ на L пакетот - ќе видиме што ќе бидне.

Мерено е достапност макс до 10 мб/с што значи да не се оптеретуваме директива ќе барам хибрид
Ништо нема да бидне, нема да ти дадат. Хибрид е само за дополнување на брзината во најниската тарифа, Л пакетот е само преку оптика
 
krstevski.m

Intern
5 декември 2017
32
36
za sto se raboti ?daj kazete...
Не знам дали го имаат пишано негде на страната, не можам да го најдам во моментов. Инаку станува збор за хибриден рутер кој може да се поврзе со кабел(DSL) но во случај да не ја постигнува пропишаната брзина се поврзува на 4Г или можеби и 3Г за да ја дополни брзината.
Претпоставувам ако имаш линија 12 Мбпс и од кабел добиваш 7, другите 5 ги влече преку 4Г. Нека ме поправи некој ако сум грешка.
 
Ts011

Gaining Experience
31 март 2020
705
376
Не знам дали го имаат пишано негде на страната, не можам да го најдам во моментов. Инаку станува збор за хибриден рутер кој може да се поврзе со кабел(DSL) но во случај да не ја постигнува пропишаната брзина се поврзува на 4Г или можеби и 3Г за да ја дополни брзината.
Претпоставувам ако имаш линија 12 Мбпс и од кабел добиваш 7, другите 5 ги влече преку 4Г. Нека ме поправи некој ако сум грешка.
Pa taka kazete *
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.088
Мислења
955.117
Членови
34.493
Огласи
2.303
Најнов член
tonipeder
На врв Дно