1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мислење за Ryzen конфигурација

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Marjan Talevski, 9 Мај 2019.

  1. Marjan Talevski

    Marjan Talevski
    Intern

    15
    12
    24 Јануари 2019
    Машко
    Здраво пријатели,

    треба да склопам budget конфигурација за пријател кој сака да работи примарно AutoCAD, а во иднина сака да учи можеби и 3Ds Max. Цената на конфигурацијата без графичка треба да биде до кај 20тина илјади денари, потоа планирав да му понудам да купи графичка од форумов.

    Јас гледав делови од Анхоч бидејќи има шанси да сака да го купи на рати, така да мора да можиме деловите да ги набавиме или од Анхоч или Сетек тука во Битола каде би имал таква можност.

    Ова е тоа што му го предложив јас:

    Куќиште: ATX Midi Tower Case Deepcool Tesseract BF Black/Blue
    Напојување: 550W Deepcool DN550 (New Version) 80Plus Black
    Матична: MB Gigabyte A320M-H AM4
    Процесор: AMD Ryzen 3 2200G Quad-Core 3.5GHz
    ССД: SSD 2.5" Gigabyte 120GB SATA3 500/380 MB/s
    РАМ 2 x 8GB: 8GB DDR4 3200Mhz Kingston CL18 HyperX Fury Black
    ХДД: веќе има од стариот PC
    Графичка: RX570 или RX580 oд форумов

    Цената доаѓа околу 21.000 плус минус.

    Избрав АМД бидејќи цените се попристапни за budget конфигурации
    550 вати напојување поради графичката која би ја ставил
    Матична, таа беше најевтина со AM4 сокет и има М.2 интерфејс за во иднина
    ССД, просто поевтино е ова од М.2, а нема да му смени многу
    РАМ избрав одма 16 GB поради AutoCAD и два стика поради dual channel - исто избрав брз рам бидејќи прочитав дека тоа е прави голема разлика кај овој процесор
    Куќиште можеше и поевтино, но сепак нема многу поевтини и ова го имам видено во живо, не би сакал тоа да го менувам со друго во конфигурацијава

    Прашањето ми е прво дали се е меѓусебно компатибилно и второ дали можеби имате некој предлог како нешто би се подобрило.

    Однапред Ви благодарам,
    Марјан
     
    На Picolo и Karanfilovski им се допаѓа ова.
  2. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,798
    1,170
    28 ноември 2015
    Машко
    Се е добро али таа матична нема апгрејд пат ако во иднина сака да земе Зен2 процесор нема да може зашто таа серија од матична не е подржана. А аутокад со таа интегрирана графичка за кад не би знаел како би перформирало.
     
    На Picolo и Marjan Talevski им се допаѓа ова.
  3. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    738
    1,076
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Пријателски совет, тој сокет е катастрофа, стисни заби за 1000че и земи б450 матична.
    Второ е изборот на процесор, за парите е неверојатен но нема хајпертрединг, 4 јадра со 4 нитки. разгледај r5 2400g. 4 јадра 8 нитки. 2700 денари е поскап или вкупно 3700 за двете надоградби и добиваш мнооогу повеќе! особено ако веќе плаќаш на рати, разликата во ратата е смешна.
     
    На gremlin и Marjan Talevski им се допаѓа ова.
  4. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,573
    4,005
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Исто од форум да си земеш некое PSU 650-750w за да си немаш маки.
     
    На toshex и Marjan Talevski им се допаѓа ова.
  5. Marjan Talevski

    Marjan Talevski
    Intern

    15
    12
    24 Јануари 2019
    Машко
    Фала Ви многу за советите, дефинитивно ќе ги земам предвид. :)
     
  6. Marjan Talevski

    Marjan Talevski
    Intern

    15
    12
    24 Јануари 2019
    Машко
    Колку би била цената на такво напојување на форумов во споредба со ново? И има разлика дали ќе биде DeepCool или некоја поквалитетна марка како Corsair и CM?

    Може линк од Анхоч? Затоа што гледам за 1000че плус ја има само B450M верзијата во Анхоч од МСИ и Гигабајт, или баш на нив мислеше?
     
  7. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,573
    4,005
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Prodavam PSU 650,750,1000 i 1250w
    Исто и за графичка ке се најде некоја 570ка.
     
    На Marjan Talevski и toshex им се допаѓа ова.
  8. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,467
    4,784
    18 Септември 2013
    Машко
    Ова шо ти го кажа пане. Земи си асално напајање на старо - најчесто се под гаранција уше година две.

    За 3000ки можеш 80+ GOLD да си најдеш а не ова на дипкул шо е испод BRONZE (не дека е лошо ама квалитетот е светлосни години разлика ако земеш CM Gold наспроти DeepCool шо си го линкувал).

    Очекувам дека за некоја година DeepCool ќе одвои буџет да користи некоја платформа од OEM шо ја користат или користеле и други квалитетни брендови и ќе се етаблира као квалитетен бренд на напајања по троа пониска цена од конкуренцијата... али се уште е рано за тоа.
     
    На Marjan Talevski му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,686
    14,284
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Понуда од мене:

    1) Custom PC 1:
    Mainboard: Asrock B360M-HDV
    CPU: Core i3 8100 + Intel Stock Cooler
    RAM: 2x8GB DDR4-2133 CL15 (Kingston + Samsung)
    SSD: Kingston UV500 120GB
    HDD: Toshiba 500GB
    Case: DeepCool Smarter
    PSU: Cooler Master MWE650 650W 80+ Bronze

    Матичната плоча, процесорот и SSD-то се нови и имаат ~2 години гаранција. Останатите делови се комплетно исправни и одлично сочувани. Цена за овој систем е 20000 денари.

    2) HP EliteDesk 800 SFF(Small Form Factor) со лиценсиран Windows 10 Professional X64:
    Mainboard: HP H87 OEM
    CPU: Core i7 4790 + HP OEM cooler
    RAM: 16GB (2x8GB) DDR3-1600
    SSD: Samsung 850 EVO 250GB
    HDD: Western Digital 1TB Blue
    ODD: DVD-RW x24
    PSU: HP OEM
    Case: HP EliteDesk SFF
    OS: Windows 10 Pro x64 licensed

    Хард-дискот е користен неколку месеци и е под гаранција. Цена 21500 денари
     
    architect, Marjan Talevski, GGTT1 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,467
    4,784
    18 Септември 2013
    Машко
    Првата конфигурација шо ја предложи @gOJDO е топ, плус дупло повеќе рам има од тоа ти шо го имаш ставено во првиот пост, подобро напојување, плус хард диск 500гб повеќе, и во буџет.

    Плус @gOJDO е реномиран член и се што продава е гарантирано одлично зачувано и проверено.

    Втората конфигурација (ХП) мислам дека не одговара @gOJDO пошо сакаат опција да може да стават графичка понатака, а у тој систем поправи ме ако грешам ама нема простор за референтна графика така?

    У секој друг случај втората конфигурација е подобра на спецификација (исто ако не се лажам).
     
    GGTT1, Marjan Talevski и на gOJDO им се допаѓа ова.
  11. Marjan Talevski

    Marjan Talevski
    Intern

    15
    12
    24 Јануари 2019
    Машко
    Дечки фала ви многу за деталните одговори, да се чујам со човекот денес и ќе има апдејт од моја страна особено на понудата на гОЈДО! Многу ви благодарам уште еднаш.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    3,063
    4,352
    28 oктомври 2008
    Ако не е доцна и се уште размислуваш: од препораките погоре, втората конфигурација од Гојдо ти е најдобар избор за тие пари (според мене). Јас имам слична таква на работа (види слика). Иако не мој прв избор, поради потребите да се купи ОЕМ машина, дојде до тоа да користам HP elitedesk и сосема сум задоволен од перформансите. Не е точно дека не можеш да користиш графичка во тоа куќаре, има скоро од сите производители наменски low profile gpu. Настрана фактот дека во моментов врие од графичките одкако престана да се копа, па следствено на тоа на форумов прва препорака е 570/580.

    IMG_20190211_123836.jpg

    Инаку, за 3Ds Max System Requirements ти е CUDA, што значи без разлика за што ќе се решиш, изборот води кон Nvidia (Tesla или Quatro). Но бидејќи правиш машина со помал буџет, размислувај околу 1660/1070.
     
    Последна промена: 10 Мај 2019
    GGTT1, Marjan Talevski и на SiPy` им се допаѓа ова.
  13. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,686
    14,284
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    @Banjifiko
    Се слагам со тебе дека за парите под 2) е доста помоќна опција. Исто така се согласувам дека не е невозможно да се стави графичка на таа конфигурација, сепак изборот на low profile графички картички е минорен во однос на нормалните. Low profile RX570/RX580 до сега не сум сретнал ни на слика, не знам дали воопшто постои такво нешто. Но дури и кога би постоеле невозможно е да се вгради во тој компјутер и да фукнционира бидејќи напојувањето кое го носи со себе EliteDesk-от е преслабо за RX570/580, а покрај тоа во куќиштето нема ни соодветно ладење за да може да се одведе топлината која таквата картичка би ја генерирала. Евентуална опција за EliteDesk e low profile GeForce GTX 1060, но и тоа е практично невозможно да се начека, па најверојатно е дека ќе треба да се оди со low profile 1050ti.

    Како и да е, се договоривме со човекот за варијантата под 1 со мали измени.
     
    toshex, GGTT1, Marjan Talevski и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    3,063
    4,352
    28 oктомври 2008
    Сега гледам дека лошо сум го срочил делот со 570/580-те... Сакав да кажам дека препораките што ги доби, (а се случува во скоро секоја слична тема во последно време) се насочуваат кон процесот на расчистување на огромниот лагер на картичкиве останати после мајнинг лудилото. Тоа секако не е моја препорака. Како и да е, нека му е со среќа новата машина:)
     
  15. Marjan Talevski

    Marjan Talevski
    Intern

    15
    12
    24 Јануари 2019
    Машко
    Купена првата конфигурација која ми ја понуди Кирил. Фала за препораките на сите, наредно ќе контактирам некого кога човекот ќе се одлучи за графичка картица.
     
    На RagingDemon, SmartGuru, toshex и уште 4 други им се допаѓа ова.
  16. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,467
    4,784
    18 Септември 2013
    Машко
    За графика АМД контакт на Пане, а за Нвидиа контакт на Кирил. It is known :D
     
    На Marjan Talevski му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,686
    14,284
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    и АMD може од Кирил. :D само за тоа шо му треба AMD не ги брка работите.... :)
     
    barneymk, Marjan Talevski и на toshex им се допаѓа ова.
  18. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,573
    4,005
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    За скоро и Нвидиа ке може од кај мене , АМД на кирил му ги отстапувам :D
     
    highflyer, Marjan Talevski и на toshex им се допаѓа ова.
  19. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,467
    4,784
    18 Септември 2013
    Машко
    Океј вие вака спонтано или планирано сеа ме буните тука? :D

    ЕДИТ: У секој случај и двајцата овие членови продаваат графики по топ цена и топ зачувани и одржувани и со целосно инфо за како биле користени и се тоа.
     
    На PC_GAMER и Marjan Talevski им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...