1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мислење за приватните факултети во Македонија?

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Стефан Кметовиќ, 6 Септември 2019.

  1. Стефан Кметовиќ

    Стефан Кметовиќ
    Intern

    4
    2
    22 Август 2019
    Машко
    Може да споделите какво мислење имате за приватните факултети во македонија?

    Имам слушнато дека Универзитетот на Југоисточна Европа и Американ се едни од најдобрите рејтирани тука кај нас,

    Дали мислите диплота од приватните факултети, е помалку вреднувана него од државните?
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,094
    8,393
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Уффф, темава.

    Hold my beer..... тоест чек да се вратам дома па ќе се фатам за пљукање.
     
    Chiron, Sherminator и на mdeni им се допаѓа ова.
  3. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,321
    3,029
    24 Септември 2012
    Влези им со сајленс у база, како што и заслужуваат.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gamon

    gamon
    Gaining Experience

    392
    398
    15 Септември 2014
    bekrija
    имаш нешто за продавање или онака прашуваш?
     
    ТАТА_МАТА, mdeni, pavlestyle и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Стефан Кметовиќ

    Стефан Кметовиќ
    Intern

    4
    2
    22 Август 2019
    Машко
  6. Elenaaa

    Elenaaa
    Intern

    22
    16
    13 Август 2013
    Женско
    My 2 cents: ако сакаш да научиш, ќе научиш секаде, и на државен и на приватен. Ако одиш со мисла дека факултетот е добра животна школа и ќе те научи како да учиш и да се снаоѓаш, бегај подалеку од приватните.
    Во државава, голем дел од професорите на државните, предаваат и на приватните факултети. (Во смисла, исти професори добиваш во најголем дел, без разлика на цената што ја плаќаш на приватниот) И материјалот кој го предаваат е сличен ама најчесто не се исти критериумите за оцени и тоа е најголемиот проблем со државно вс. приватно.
    Е сега, во приватно претпоставувам подостапни се професорите и можеби порасположени за консултации и сл. Евентуално тоа ако те убеди.
     
    На farkizz и Ficiani им се допаѓа ова.
  7. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,863
    1,396
    10 Август 2010
    Машко
    [​IMG]
     
    На JasSum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Scofield

    Scofield
    Intern

    32
    24
    23 Август 2019
    Машко
    Студент
    Сфати го како сакаш: За мене е факултет она место каде си приморан да испотиш гс. Без труд и притисок, нема ништо.

    Испратено од SM-N9005 преку IT.mk форум апликација
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sherminator

    Sherminator
    Intern

    20
    8
    3 Јули 2018
    Машко
    Приватен и државен факултет не се ставаат во иста реченица...
     
    На Vlatzki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trtka

    Trtka
    Intern

    23
    25
    11 Април 2018
    Баш така , дури на државните лечат комплекси , на приватните предаваат како што треба. А денеска и на едните и на другите ќе ти пишат 6ка.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    83
    131
    6 Мај 2019
    Женско
    Ок, вака:
    - За што ти треба одредена диплома/факултет?
    - Имаш ли вишок пари за фрлање?
    - Која ти е целта поради која ти е битен одреден рејтинг?
    - Направи ли истражување дали се веродостојни рекламите на дотичните колеџи?
    ...?
     
    На Elenaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,321
    3,029
    24 Септември 2012
    Нема некој што не завршил или се отпишал од што било тешко од приватен.
     
    На ТАТА_МАТА и cipiripi им се допаѓа ова.
  13. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    А зошто сметаш дека треба на овој начин да функционираат факултетите? Па нели целта е да си го подобриме животот и да научиме, а не да се изживуваат, да лечат комплекси и преку правење на безвеза тестови и комплицирање на процесот за положување да задржуваат подолг период база на студенти колку да ги одржуваат финансиските приливи?
    И точно е, истражувањата тврдат дека експоненцијално расте кривата која го изразува растечкиот стрес кај студентите. Тоа не е крајната цел на образовниот процес. Целта е да се зголеми знаењето, а не да ми даваат на тест што пишувало во фуснотата или да учам формули на памет без задачи или да набројувам елементи по ред и слични глупости. Универзитетскиот учебник е неопходно да биде напишан со најконкретните работи и максимално да биде разбирлив, текот на материјата да биде поврзан, а не од еден поим да прелетуваме на друг па по неколку страни понатаму пак да се враќаме со дообјаснување, пошто од него треба да се учи под претпоставка дека студентот претходно не се стекнал со познавања на материјата. Хронолошки напишан универзитетски учебник е од исклучително значење за мене. Останатото комплексно и пошироко изразување на материјата треба да биде скоцкано во научни трудови. Па дури веќе во современиве општества и немаат баш време луѓето да читаат книги по илјадници страни, битно е суштината да се изрази во што помал обем на делото.
    Труд секако дека треба за да се научи и апсолутно се согласувам, ама тој труд да се вложи во материјал кој вреди да се научи и повторува по неколку пати. Учењето само колку да се положи е безвредно.
     
    На Trtka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Иди на државен факултет на тие тригодишните и плаќаj како за приватен. После плати си за 2 години последипломски ако сакаш :crazy::rolleyes:

    Или шурувај со Н. Димитров, ќе ти плати стипендија од 40000 евра на странски универзитет на товар на државата :p

    Јас бев на државен на четиригодишна програма. Приватните не ги познавам дека никогаш не ме занимале. Но од она што слушам од луѓе што биле, е дека плаќаш само пари, а после тоа не си баш обучен o_O
     
    Последна промена: 7 Септември 2019
  15. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Ниту приватните ниту државните се тоа што треба да бидат, кажано со една реченица. :)
     
    На mkiptv и JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  16. Scofield

    Scofield
    Intern

    32
    24
    23 Август 2019
    Машко
    Студент
    Точно
    Кај го прочита ова во мојот коментар?
    ---
    Моето мислење е: ако не дадеш напор повеќе од својот "максимум" не можеш да очекуваш големи резултати. Секој минута повеќе труд носи повеќе потенцијал.
     
  17. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,064
    3,387
    7 ноември 2014
    Машко
    Храбро тврдење...сепак, ултимативно неточно. :)
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Само се изразив како стојат работите на факултетите.
    Од исклучителна важност е во каков материјал (квалитет на материјалот) се вложува тој напор, колку е применлив во практиката и дали е актуелен во современи околности.
     
  19. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    753
    188
    22 Јули 2009
    Машко
    Просто, било што кога правиш па дури и да учиш, додека не излезеш од комфорната зона и да се помачиш малку повеќе за да успееш ништо не си направил. Животот што ќе те научи е честопати излегување од комфорната зона, справување со различни критериуми, приоритети и карактери за понатаму да можеш да функционираш како самостоен човек без мама и тато (или било кој). Обратната ситуација е за секоја потешкотија да си плачеме и да мислиме дека тие што не тешат ни прават добро.

    Ти на тоа што треба да се насочиш освен ова горенаведеното е 1. програмите што се изучуваат на приватните и на државните, 2. квалитетот на професорите и нивните квалификации да те научат одредена тематика, 3. квалитетот на начинот на образовниот процес. Добри и лоши студенти има на сите факултети. Пошто нели знаење на крај сакаш да имаш се надевам ме сфати добронамерно.
     
    Psycore, Astro и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  20. Стефан Кметовиќ

    Стефан Кметовиќ
    Intern

    4
    2
    22 Август 2019
    Машко
    Да тоа во право си ако не излезеш од comfort zone, нема никогаш да се надоградиш и да успееш.

    Но ме интересира дали работодавците ги ценат дипломите од приватните факултети исто колку државните?
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  21. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Little less conversation, little more action baby :p

    Жално е што во Макаронија, не учат како да бидеме подобри филозофи и поети, наместо работници...

    Зависи што целиш другар.

    На Макаронија и требаат работници кои што ќе го испотат газот добро од работа, а не „Шоиќу“ личности.
    Ако ти се работи ќе најдеш работа, факултет не ти е пресуден било да е приватен или државен. Дали ќе бидеш плочкар или електро инжењер во работата што ја работиш, зависи од тебе и тековните околности.
    Башка тука имаш и лоши политики кои ги водат нашите „вешти“ политичари, па квалитетот нема желба да седи тука, туку фаќа џаде.

    Само знам дека бар во државниве установи, за нијанса поголема плата зимаш ако завршиш 4+ академски години, наместо 3те приватно платени студии.

    Да и еве да ти повторам, пошто не читаш. Моја колешка беше на Американ Коледзх. Ми вели, само пари даваш. Еве ја сеа дудук издуван за тоа што учела. АЛОООО!!! Ме читаш ли?

    А да, и повеќе те ценат ако завршиш од технички факултети, пошто на Макаронија и треба добро развиен производствен сектор, што произведува и продава тука и надвор, сектор што прави БДП да падне или да се качи.

    Услужни струки се презаситени со кадар, економисти, уважените правници и слични.

    Извини, многу бурек изедов.
     
    Последна промена: 16 Септември 2019
  22. Sherminator

    Sherminator
    Intern

    20
    8
    3 Јули 2018
    Машко

    Секако дека предност имаат државните.. нормално и стекнатото знаење е неспоредливо, како и квалитетот на наставата. Имам многу блиски луѓе на ФОН и Американ и искрено незнам дали да се смеам или плачам за тоа како ги полагаат испитите. А за останатите приватни нејќам ни да помислам.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  23. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,321
    3,029
    24 Септември 2012
    Баш за тоа и дискутираме.
     
    На Sherminator му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    753
    188
    22 Јули 2009
    Машко
    Помалку но да, нема што да се цени или не, признаени се од МОН, а дискриминација теоретски не е дозволена по тој основ или по било кој друг, теоретски. Но сите ќе проверат колку знаење имаш и по тој основ дипломата како диплома магично не ти ги отвара вратите. Дипломата од државните особено поради помачниот процес на учење, ако навистина учиш, ќе ти го развие мозокот генерално. Предметите на факултет сфати ги како индивидуални курсеви кој ти го креираат курикулумот во некоја сврзана целина (теорија, логика, практична работа, истражувања, презентации, пристап до професори, асистенти итн. 40 предмети на факултет чинат на државен во просек 2000 евра (мислам дека уште е 250 евра по семестар). 40 курсеви Microsoft, Cisco, итн ќе те чинат во просек 500 евра по курс. Исто е ама не е исто. А полесно е да се надоградиш после факултет со 3-4-5 обуки за тоа што ќе го работиш. Во други земји академското образование е важно за нормална позиција и наоѓање на подобра работа.

    За да не филозофирам еве пример: Доаѓаат луѓе на интервју и секогаш ама баш секогаш интелигентните и тие што размислуваат сами за себе и даваат рационални одговори во моментот се способни аналитички да пристапуваат кон работите и со тоа да ги раситнувааат проблемите и решаваат. Почетници може само по теоретските знаења да ги оценуваш и способноста за логичко размислување. Што значи, овој тип на луѓе ако им треба обука понатаму на пример за SQL се насочуваат на тоа недела две, завршуваат, полагаат добиваат сертификат и понатаму го работат тоа и градат искуство. Најчесто обуките ти ги покажуваат можностите на технологијата и понатаму за да станеш експерт треба да работиш XXX месеци/години. Сертификатот не те прави експерт сам по себе како што ни дипломата не ти гарантира вработување сама по себе само затоа што си завршил факултет.

    Она што мене на пример ми е важно е луѓето да можат да размислуваат, да имаат генерално систематско (поврзано) разбирање на работите, да се реални во своите способности и квалификации и да сакаат навистина да го работат тоа. Лесно се филтрираат таквите луѓе.

    На факултетот ќе добиеш систематски / опширно занење, по малку од се. Со обуки, курсеви, академии ќе добиеш малку подлабоко знаење за темата но тоа е тоа. Треба после нов курс, обука за се посебно за да ја добиеш големата слика од се после Х години. Нема рецепт за успех, како и да ги комбинираш овие работи ако сакаш да бидеш успешен ќе бидеш со тек на време и повеќе искуство.

    Sry за долгиот пост.
     
    На Vlatzki и Psycore им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...