• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Мислење за напојување

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Имам едно прашање. Денес за прв пат заприметив дека напојувањето наместо 12V пушта напон од 15.94V. Дали е ова нормално и во границите на дозволеното или да преземам мерки додека не е касно? :zbunet3:

Еве ги напоните според Еверест:

CPU 1.59 V
+3.3 V 3.25 V
+5 V 5.03 V
+12 V 15.94 V
+5 V Standby 5.25 V
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
WOooooooooooooohooooowwwww NAD normalno e. Za sekoj slucaj vidi shto vika hardware monitorot vo biosot. Ako e isto tolku menjaj napojuvanje... Kaj mene na 3te PCa 12V variraat od 11.85 - 12.30 toa e +- 30 stavi neka e ... ova e 16V kaj tebe za 4V povekje od dozvolenoto.


Da kje raboti PCto ama nekoj del moze da rikne ako nema ubava stabilizacija na naponot.
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,077
27,209
kalco.ru
Многу е!!!! ако еверест ти дава точни информации тогаш ова не е на добро...максимум што може да е 12,5
Преземи нешто бидејќи можеш да изгориш нешто
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Ок. И сам приметив дека е сомнително толку висок напон. Се консултирав и со еден другар иначе дилер за компјутери и најверојатно во Понеделник ќе земам ново напојување. Се надевам дека до понеделник ќе издржи.

Ај баш сега ќе го рестартирам и ќе проверам во BIOS каква волтажа ќе покаже.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Дефинитивно напојувањето не е во ред. Имам и едно програмче од плочата MSI Core Center за следење на температурите и волтажите. После рестарт кажа 11V и по 2 минути почна да пишти алармот и напонот падна на 9.8V.
Веќе утре ќе добијам ново напојување.

Вече пишти нон стоп алармот. Да не напраам беља со хард дискот идам на Shut down. :plachko2:
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,077
27,209
kalco.ru
Па можеш да направиш да го заебеш хардот или некој цд ром
исклучи си го одмори се едно 12 саати без компјутер:))
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
На ризик го уклучив уште еднаш. :D
Барам уште еден совет. Претходново напојување беше 400W и сега се мислам да порачам појако. Ваше мислење какво напојување да земам за оваа конфигурација:
Motherboard : MSI K8N Neo3-FSR (MS-7135)
CPU: AMD Athlon 64 3000+
RAM: 1G DDR
VGA: Ati radeon X550 256 Mb
Sound: Realtek
HDD: 80 Gb
DVD-RW, CD-R

Мислам дека оптимално ќе биде напојување од 500W. Или? :rolleyes:

П.С. Имам фора од 1 саат за да го порачам за да ми стигне за утре. Ќе проверам за 1 саат ако евентуално има некоја препорака од вас.
:bye1:
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,077
27,209
kalco.ru
Па 500 можеш али ако не мислиш да штедиш на пари јас би ти препорачал CoolerMaster eXtreme Power 650W...СО ова немаш смрт го имам тестирано и одлично е барем спред мене може некој нема да се сложи.Иначе цената му е околу 4500 така нешто
позздрав
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
so 500W teraj... kje imash moznost ushte eden hdd da mu zalepish
Заборавив да спомнам дека наредно што ќе купам е уште еден хард диск и CD-R то да го заменам со LG DWD-RW. Со овие работи плус мислам дека 500-ка ќе брка работа. Не дека штедам пари на напојување, но зошто да трошам непотребно за напојување кое никогаш нема да ги искоритам до максимум. :ha:
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,077
27,209
kalco.ru
ОК ти си знаеш јас само дадој нешто како по добро али 500 е и повеќе од добра...а за хард мислам дека два хард диска ќе ти го цедат многу компјутерот,затоа земи си еден на пример 250ГБ и 80-та чувај си ја резерва...ако не сакаш да си го мачиш многу компјутерот

Со здравие да си ги користиш новите делчиња:))
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Pozdrav no sega pisuvam od NOKIATA. Pri prethodnoto uklucuvanje povtorno padna naponot na 9.8V i hardot se iskluci a komp. zamrzna i go iskluciv od steker. LOL Ne znam dali hardot samo se iskluci ili pak rikna. Ke vidam utre.
Fala za mislenjata pa se citame utre. Inaku poracav 500W napojuvanje.
Pozdrav!
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,762
14,837
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Провери со волт/мултиметар колку стварно с напонот. Можно е и погрешно да ти покажува. Обично 12v линиите се 14.4v, па со стабилизатор се дотерува на 12v. Ако е рокнат стабилизаторот, тогаш ќе имаш напон кој варира, поголем од 12v, а помал од 14.4v. Значи ако ти покажало 9.8v, може и грешно да се отчитува. Е сега, ако ти е рикнат и некој кондензатор, покрај стабилизаторите за напон, тогаш е можен и помал напон од 12v. Таква комбинација на изгорени делови е малку веројатна.

Што се однесува до новото напојување, било кое ќе ти заврши работа. Но, јас би земал некое поквалитетно 300W~350W.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Еве сум со новото напојување конечно ама за жал нешто не е како што треба повторно. Само што го монитрав новото напојување на првото вклучување компјутерот не сакаше да се стартува. Значи, пркулучено е напојувањето како што треба, сите кулери работеа ама компјутерот воопшто не стартува. Го изгаснав директно од кабелот позади бидејќи на дугме не се гасеше. Прво на што се посомневав - хард дискот. Го исклучив напојувањето од хардот и повторно пробав да го уклучам компјутерот и се беше ОК. Се стартува до дискета. Го исклучив на дугме и повторно го приклучив хард дискот. Овој пат нормално се подигна Windows-от.

Е сега доаѓаме на стариот проблем. На MSI Core Center мониторот гледам волтажите се ОК. Отварам Еверест гледам пак ми покажува 15,94V и веднаш почна и алармот да пишти од Core Center со волтажа од 9,8V. Истата работа како претходно. :lut2:
Го рестартирав компјутерот и повторно истата работа. Се додека не го отворам Еверест се си е ОК. Штом го отворам Еверест и одма се појавува Core Center со алармот и волтажа од 9,8V. :lut2:
Значи не беше до напојувањето, али нема врска, и онака беше старо напојувањето. Или се работи за конфликт меѓу двата софтвери или пак хард дискот е при крај.

Немам волтметар при рака за да проверам директно дали е до напонот. Она што ме натера за да земам ново напојување беше тоа што ми исклучи хард дискот во работа (со старото напојување) и компјутерот замрзна.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
BTW
Еве скоро 40 минути го работам компјутерот без да го гибнам Еверест и се си работи нормално. Чекам да видам дали хардот ќе направи некоја глупост како вчера.

Ако некој има некој совет што може да е проблемот....... кажувајте.
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
Иди бре у BIOS види кои се вистинските напони што му веруваш на некои програми кои не се секогаш точни во врска со напонот и температурите. Штом е ОК напонот, фурај си уште 5 години со новото напојување. Ај со среќа да го користиш. :))
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,077
27,209
kalco.ru
Еве сум со новото напојување конечно ама за жал нешто не е како што треба повторно. Само што го монитрав новото напојување на првото вклучување компјутерот не сакаше да се стартува. Значи, пркулучено е напојувањето како што треба, сите кулери работеа ама компјутерот воопшто не стартува. Го изгаснав директно од кабелот позади бидејќи на дугме не се гасеше. Прво на што се посомневав - хард дискот. Го исклучив напојувањето од хардот и повторно пробав да го уклучам компјутерот и се беше ОК. Се стартува до дискета. Го исклучив на дугме и повторно го приклучив хард дискот. Овој пат нормално се подигна Windows-от.

Е сега доаѓаме на стариот проблем. На MSI Core Center мониторот гледам волтажите се ОК. Отварам Еверест гледам пак ми покажува 15,94V и веднаш почна и алармот да пишти од Core Center со волтажа од 9,8V. Истата работа како претходно. :lut2:
Го рестартирав компјутерот и повторно истата работа. Се додека не го отворам Еверест се си е ОК. Штом го отворам Еверест и одма се појавува Core Center со алармот и волтажа од 9,8V. :lut2:
Значи не беше до напојувањето, али нема врска, и онака беше старо напојувањето. Или се работи за конфликт меѓу двата софтвери или пак хард дискот е при крај.

Немам волтметар при рака за да проверам директно дали е до напонот. Она што ме натера за да земам ново напојување беше тоа што ми исклучи хард дискот во работа (со старото напојување) и компјутерот замрзна.
Нај веродостојно е да му веруваш на БИОСОТ што ќе ти каже.Можно е да е до програмите ама сигурно не е до хардот бидејќи температурата и волтажата што ја мери биос иде преку плоча а хардот и плочата немаат многу заеднички точки.А тоа што не ти се подигнал системот на прво палење и не е така страшно,ако не ти прави ист проблем во иднина нема гајле.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Vidisi najubavo vo BIOS. Ako tamu varira na golemo voltazata, mozno e da se rignati voltmetrite na maticnata ili nekoj kondenzator pa ne ochituva dobro. Prvo vidi vo BIOS, pa najdi od nekade voltmetar (po moznost da e analogen so strelka) i izmeri go naponot megju Zoltata i Crnata = +12V.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Во BIOS воопшто не го покажува напонот од 12V. Сите други напони (3.3V, 5V, 1.5V) се во ред и ги покажува BIOS-от, само од 12 го нема воопшто. Денес ги измерив напојувањата и старото и новото со волтметар. Сите напони се добри на двете напојувања. Изгледа дека е рикнат волтметарот на плочата. Можеби и затоа различни програми за проверка на хардвер различна волтажа покажуваат за 12V.
Друго не знам што би можело да биде.
Со хард дискот пак имав проблем со првото стартување кога ги менував напојувањата денес, ама освен тоа нема други знаци. Засега нормално си работи.

П.С. Има чаре за волтметрите на плоча или да терам вака?
 

dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
Абе тебе сензор чипот на плочата да не ти подржува 12V како кај мене.
Зависи што плоча имаш. На мојата плоча пишува сега во еверест 8.7V кај 12V :D.

И погоди што и кај мене во биос сите напони ги покажува освен 12V.

Значи можеби ти е како кај мене, ама можеби и не испитај со волтметар.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Претходно никогаш не сум имал проблем со волтажата и не сум побарал во BIOS. Пред 2 дена прв пат приметив на Еверест 15,94V, а по некоја случајност и хард дискот ми се исклучи во тој момент и компјутерот замрзна и затоа сменав напојување.
Плочата е MSI K8N Neo3-FSR (MS-7135) socket 754
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,077
27,209
kalco.ru
ако во биос не ти дава волтажа значи дефинитивно плочата нема сензор чип.

колку што успеав да видам се работи за оваа плоча и неможам да заприметам што како има.Али мислам дека нема никој проблем туку едностав само не мери волтажа...не гледам каде би можел да е проблемот кога има ново напојување:hmm:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #25

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Да таа е плочата и не сум сигурен дали има чип за мерење за волтажата. Само знам дека овој проблем го немав порано. Core Center мониторот за волтажите и температурите е софтвер од CD-то од плочата и никогаш порано не се уклучуваше алармот за волтажата. Најверојатно плочата има чип за волтажата ама рикнал.
Како и да е..... ќе терам вака, па ќе видиме што ќе биде. Барем знам дека напојувањето е ново и напоните се во ред.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,542
Мислења
822,904
Членови
28,057
Најнов член
Iamdantes10
На врв Дно