• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Мислење за лаптоп

  • Ја почнал/а темата
  • #26

pecko95

Gaining Experience
5 април 2018
182
170
Заедницата си е таква каква што е, и за критикување е ама и за пофалба. Коментарот на Драганмон не е каков што го претставуваш, прво не рече дека е курчење туку курчулук и после тоа имаше смајли или такозвано „хехенце“ со цел да не се сфати сериозно.

Поентата на мојот пост пред неговиот беше да му се даде идеја на ОП да размисли втор пат дали му треба Мекбук за програмирање или не е баш разумно да се фрли толку азно во проклето време на корона. Драганмон само се надоврза на мојот пост во форма на шала но сепак со доза сарказам и јас не го сфаќам тоа како лош пример. Верувам дека и ОП нема да го сфати тоа навредливо бидејќи беше во контекст на мојот пост.

И во корист на темава, јас работам во голема и комплицирана компанија со 400 луѓе во software development, од кои 100-тина сме сениори. Ниту еден од нас не е привилегиран со мекови, со процесори, со графички картици со пичке материне. Повеќето од нас работиме со i5-7500U на Dell Lаtitude 5590 и сет од по два 27“ монитори. Со ваквиве машини правиме чуда од софтвер од кои 30.000 луѓе земаат плата, 600 возила се движат самостојно без возачи на приватни а наскоро и по јавни патишта, цели фабрики 100% роботизирани, муабетите за 100-јадрени процесори на седум милиони гигахерци за програмирање можете да ги сервирате ан некој јуниор средношколец.

Затоа прашав, дали стварно му треба компјутер за работа или за лезет? Ако е за лезет тогаш у реду е, и дијаманти и ролекси се купуваат за лезет, не дека се убави или функционални. За сериозна работа не ви требаат такви компјтери, особено не за програмирање. За работа треба 99% памет, 1% компјутер. Моите 50 дени ги дадов на темава, понатаму вие продолжете како сметате дека треба да продолжите.
Твојот коментар си беше на место, и ти одговорив - изборот помеѓу наведените лаптопи повеќе се сведува на карактеристики кои не се однесуваат на перформансите, како тие што ги наведов, отколку на тоа колкави перформанси ке вади, и повеќе ке испадне за лична сатисфакција. Затоа и прашав за споредба со MSI-то, затоа што и тој делува добар, ама сакам нешто што ке трае и ке биде од добар квалитет, па ако MSI-то го нуди истото, за упола цена, тогаш нема потреба воопшто да се размислува.

Воопшто не ми е за курчење, или за на кафе кога ке сум отишол па да го покажувам Macbook-от, тоа беа крајно непотребни коментари и крајно нерелевантни на поставеното прашање...

Сепак, како што нема потреба воопшто и да се спомне дека и ти самиот знаеш, се гледа од авион, за web програмирање воопшто не е потребно некое чудовиште во поглед на перформансите што ке ги вади. Kога почнував, работев на лаптоп со i3-ка и 4гб рам што беше во фаза на распаѓање, па пак си беше ок. Web програмирање е, не е нешто захтевно. Никаде не реков дека го купувам лаптопот исклучиво за работа. Да, ке се користи и за работа, ама и за се друго. Затоа “најбитните карактеристики“ што ги наведов, не беа поврзани со процесорот, рам-от итн., ако ми беше само тоа битно, ке барав таков лаптоп. Битно е да биде квалитетен и да трае, а воедно ете и мерак да прави. Прашањето беше чисто за споредба помеѓу двата наведени лаптопи (и некоја плус сугестија), и воедно, мислење дали MBA-то вреди за парите, како и информации дали покрај Docker-от, има и други проблеми. Ништо повеќе, ништо помалку.

Факт е дека има доста непотребни коментари (не твојот Astro), крајно неповрзани со темите што се отвараат, a не носат никакви информации кои биле побарани во оригиналниот пост.

Како и да е, фала за препораките што беа наведени.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,709
11,031
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
@pecko95 за да трае лаптопот најбитно е да се третира внимателно. Да се чува заштитен од удари, да не се остава на сонце, да не се фаќа само со една рака што предизвикува торзија и ја слабее пластиката, еднаш во две години да се чисти од прашина и еднаш во 5 години да се менува термална паста. Исто така важно е да не се користи лаптопот за гејминг освен ако не е гејминг лаптоп и чат-пат да се достегнат штрафчињата но да не се престегнуваат.

Ако немаш проблем со ваков третман тогаш се исплати да купиш поубава конфигурација која ќе биде future proof и ќе го користиш до 10 или повеќе години. Што и да избереш со здравје да ги го користиш и многукратно да си го исплатиш ;)
 

tupacan

Unstoppable
10 септември 2007
1,598
2,098
Иако не сум фан на macOS, штом ти е за програмирање, препорачувам MacBook.
Нов/половен/модел, зависи колку ти дозволува буџетот, сепак гледај да е со ретина.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,009
Мислења
854,585
Членови
29,637
Најнов член
petarS10
На врв Дно