• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Мислење за лаптоп

  • Ја почнал/а темата
  • #1

pecko95

Gaining Experience
5 април 2018
182
170
Здраво.

Сакам да земам лаптоп, па се надевам некој ке може да сподели мислење (и евентуално да понуди нешто што сум пропуштил). Во главно, лаптопот главна намена ке му биде за работа, програмирање (сега за сега web front-end/back-end, понатака сигурно ке се чепка и друго), и вообичаена секојдневна употреба сурфање, филмови. Во план ми е максимум до кај 80к буџетот да биде. Би сакал да се префрлам на Apple уред за прв пат, меѓутоа не е дефинитивно одлучено, иако би рекол некои 70-30 во предност за префрлање на Macbook.

Лаптопите што ги разгледував и ги имам во предвид се:
  • Macbook Air M1, со 16GB RAM и 256GB SSD (екстерно SSD може да се купи секогаш, за разлика од рамот во овој случај...) - Pro верзијата со 16GB рам веќе фаќа 100к,и искрено не ми се даваат толку пари, а според сите видеа и reviews што ги гледав, нема некоја позначителна разлика помеѓу Air-от и Pro-то со новите чипови, освен батеријата што трае подолго и што има кулер (иако со оглед на тоа дека нема да се користи за render и слични захтевни работи од тој тип, кулер-от може и да не ни затреба). Моментално цената на MBA M1 во iStyle со 16гб рам е 77к. Е сега, знам дека Apple WWDC 2021 е за месец дена, и најверојатно ке биде претставен нов модел на MBP со нов дизајн и 14 инчи, ама сигурно ке кошта и многу повеќе.
  • MSI Modern 15 - поголем екран, можност за надоградување, и се на се би рекол одлични карактеристики има (допрва треба да отидам да го разгледам). По тоа што го имам видено по видеа, делува за добар, не знам build квалитетот каков е, а и батеријата колку држи. Доколку некој го има овој лаптоп или го користел, да сподели мислење ке биде супер :) Линк до лаптопот.
Гледав и некои од Asus ROG моделите, пример (Anhoch PC Market Online - Notebook ASUS ROG ZEPHYRUS M15 i7-10750H/16GB/1TB SSD/RTX2070 8GB/15.6" FHD 240Hz/Bcklit Kb/Win10), ама со 240hz монитор и 2070ка, батеријата сигурно нема да држи долго. Исто така во предвид ми беше и Dell XPS, ама цената му е малку не соодветна за тоа што го нуди, со оглед на тоа дека и тука RAM-от е залемен за плочата и нема можност за upgrade (освен ако не сум грешка).

Како најбитни карактеристики би ги издвоил:
- да биде лесно пренослив (тенок лаптоп, со мала тежина)
- батеријата да држи подолго време (колку подолго, толку подобро)
- да има добар екран и, last but not least,
- да има добар квалитет на изработка.

Сега, сите овие Macbook-от ги има, и би требало да биде лесен избор. Меѓутоа во игра влага дефинитивно и MSI Modern 15-ката од погоре, што е речиси упола цена, пред се заради разликата во цена и можноста за евентуално upgrade да се направи.

Дали вреди MBA за парите? Дали е добар за програмирање од аспект на тоа да може да се користи со сите технологии (во главно прашањенво ми е заради М1 чиповите), знам со Docker има(ше?) проблеми, што друго? Дали би била добра одлука да се оди со 256гб ссд па ако притреба да се земе екстерно, или не (знам дека нема да биде подеднакво брзо како со вграденото ссд)? Што друго пропуштам, а може да биде проблем кај Macbook-от (и од хардвер/софтер аспект, и од аспект на нов корисник на Apple уреди)?

Прашањта ми се насочени најмногу кон Macbook-от, додека за другиот лаптоп, МSI-то, прашањата ми се насочени кон:
- колку долго држи батеријата
- квалитетот на изработка
- екранот.

Секако, доколку имате и некој друг модел што сметате дека би можел да биде подобар, наведете го. Фала.
 
Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
694
441
Екранот на МСИто види го убаво во живо. Според мене е темен, ама баш други некои на форумов рекоа тоа било подобро за графички дизајн. Звучниците на МСИто се од доле и не знам дали е позицијата или самите звучници, ама не сум задоволен од звукот. За другите работи не можам да коментирам многу, немам со што да споредам. Тенок е лаптопот и лесен, квалитетот на изработка мене ми изгледа дека е супер. Задоволен сум со се освен дисплејот и звучниците, иако дури и тие две работи се ок, не се катастрофа.
 
Aka1458

Intern
18 февруари 2020
55
6
Мислам дека мек ке те служи доста добро. За екранот мислам дека подобар екран од мековите тешко дека би нашол (квалитет на бои,убава остра слика),истото мислење го имам и за батеријата за разлика од сите други држи и ке држи многу долго,ладни се како лед, новиот М чип е ненормално добар. За материјалот нема шо да се збори убава изработка,предобар дизајн,тенок,пренослив и лесен е. Едина работа за ссдто зависи од тебе ама најверојатно ке ти е доволно. Така да препорака моја ти е мек за тие пари.
Но ако сакаш погледни ги и Асус зенбук.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
И

Избришан член 18474

Гостин
Асус zephyrus g15
АМД 5800h
3060 nvidia.
Мојов Леново сум задоволен со хибриден мод батерија трае 5 часа.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,709
11,031
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Сигурен си дека ти е потребен толку скап хардвер за програмирање? Или повеќе ти е за проектирање и сатисфакција?
 
И

Избришан член 18474

Гостин
За курчулук му е повеќе :)
 
draganamon

On your way to fame
24 јануари 2016
474
621
Skopje
draganamon's setup  
Processor & Cooler
i7-6700HQ
Storage
250 SSD & 1TB HDD
RAM
16gb DDR4
Mouse
Logitech G9
Keyboard
Logitech G Pro
Audio
Logitech G51 5.1 & Creative Sound Blaster X-Fi 5.1
Monitor
Dell U2419H
OS
Windows 10
За курчулук му е повеќе :)
За млад дечко како него тоа и не е неважна работа :)
Друго е кога ке седнеш со колешките на кафе, да и покажеш нешто, и извадиш Мас...

Пецко, ако имаш пари не му ја мисли, земи си Мас со М1 чип.
За некоја година ке дојдат денови кога ке треба сам со свој пари да го платиш компјутерот, и тогаш ке му ја мислиш.
 
И

Избришан член 18474

Гостин
Тоа што нема никаква подршка за софтвер и хардвер е голем недостаток. Не е само да го купиш...
 
Ако не се лажам некој тука продаваше мекбук чунки не е таа машина за програмирање баш погодена, освен ако не програмираш за иОС.
 
Astro, да му требаше за програмирање немаше да прашува дали да купува Мас :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

pecko95

Gaining Experience
5 април 2018
182
170
Асус zephyrus g15
АМД 5800h
3060 nvidia.
Мојов Леново сум задоволен со хибриден мод батерија трае 5 часа.
Фала на перпораката, ама во Анхоч и Сетек не успеав да го најдам G15 моделот. Ако го има тука некаде локално, и не е многу над предвидениот буџет, тогаш влага и тоа во игра, иако чисто сумњам дека со 3060-ка ке биде до кај 80к :)

За курчулук му е повеќе :)
Крајно непотребен коментар, поготово што не се познаваме лично, па да процениш онака од еден пост на форум, кај што човек бара мислење за лаптоп, дали му бил за курчење или за нешто друго. Најголеми пацери од луѓе се тие што купуваат производи само за да добијат некакво си “одобрување“ од околината, и голем противник сум на тоа, така да не се секирај, не купувам со намера марката да ја покажувам и да се „курчам“ :)
Мислењето е автоматски споено:

Сигурен си дека ти е потребен толку скап хардвер за програмирање? Или повеќе ти е за проектирање и сатисфакција?
Па во право си, мислам од аспект на програмирање, поготово што се работи за web програмирање барем во моментов, брендот не е пресуден. Би рекол многу повеќе влијание има личната сатисфакција во овој случај, ама баш заради големата разлика во цена споредено со MSI-то пример, го зимам и тој во предвид, па затоа и прашувам за мислења од некој што има искуство со нив :D
Мислењето е автоматски споено:

За млад дечко како него тоа и не е неважна работа :)
Друго е кога ке седнеш со колешките на кафе, да и покажеш нешто, и извадиш Мас...

Пецко, ако имаш пари не му ја мисли, земи си Мас со М1 чип.
За некоја година ке дојдат денови кога ке треба сам со свој пари да го платиш компјутерот, и тогаш ке му ја мислиш.
Види ако ти се што си можел да им понудиш на „колешките“ кога ке седнеш на кафе, е да им извадиш Macbook или iPhone, па да се гледа јаболкцето, тогаш јебига, што да правиш. Не знам што е поентата со коментаров што си го оставил, прашав за мислење за лаптопите и сугестии, а не да пренесуваш зажлопојки како се што си имал да им понудиш на луѓето било да им се “курчиш“ со марки, мислам беше јасно прашањето? :D Башка, гледаш да се направиш паметен во коментари, а некако математиката не ти иде да собереш колку години има некој, па дали сам си го купува или мама и тато му го купуваат... ама кој си ја има мувата на капата...

Astro, да му требаше за програмирање немаше да прашува дали да купува Мас :)
Пак, која е поентата на коментарот мајсторе? Не се користел Macbook за програмирање, дај жити се просветли ме и мене и други што ке читаат...
Мислењето е автоматски споено:

Тоа што нема никаква подршка за софтвер и хардвер е голем недостаток. Не е само да го купиш...
Дефинирај нема „никаква поддршка за софтвер и хардвер“. Знам дека има(ше) проблеми со Docker - со што друго? Токму затоа и прашувам, препрочитај го оригиналниот пост. Не е само да коментираш... :D
 
Последна промена:
И

Избришан член 18474

Гостин
Јас бев во Анхоч и дечкото беше доста љубезен ми ги зеде парите со милина.
Најдобро иди во премиум салон објасни им што ти е целта јас си зедов Lenovo Legion 5. Има и про верзија не знам кога ќе стигнат но бенефитот е 10-15% за 50% поголема цена.
 
nashio

On your way to fame
14 јануари 2011
528
668
Bitola
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 3.8GHz & DeepCool IceWind Pro
Motherboard
B350 Gaming Plus
Storage
256 SSD EVO
PSU
EVGA Bronze 600
RAM
Ripjaws V DDR4-3000 64GB
Video card
Radeon RX 580
Case
DeepCool
Mouse
MX Master
Keyboard
G.SKILL KM570 MX
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Dell UP2716D, Dell U2414H
OS
Windows 10
Кои дебилски коментари има погоре... И да му е за курчење, шо ве вас к*р боли?
Ако има пари и суперкомпјутер ќе купи и ќе програмира на истиот.

Пак истото, упорни трујачи шо не знаат шо да пишат па јадат на секоја тема за џабе.
И после кога ќе се пожали некој дека заедницава е токсична, го напаѓате.

Па еве погоре чист доказ дека е токисчна заедницава, и многу јасно е кои се тоа токсични.
 
draganamon

On your way to fame
24 јануари 2016
474
621
Skopje
draganamon's setup  
Processor & Cooler
i7-6700HQ
Storage
250 SSD & 1TB HDD
RAM
16gb DDR4
Mouse
Logitech G9
Keyboard
Logitech G Pro
Audio
Logitech G51 5.1 & Creative Sound Blaster X-Fi 5.1
Monitor
Dell U2419H
OS
Windows 10
Друже, мала шала, немој одма толку сериозно.
Секое прашање, дали да купам iOS или Windows е тешко да се одолее да не се коментира.
Си имаат посебни намени продуктите, и ако не знаеш за што ти треба лаптоп-от, тогаш сигурно нема некој тука да одлучи за тебе.
Да прашаш кој Мас, или Intel vs Ryzen, па да ти пишеме сериозен коментар.
Пример, јас ви зел Интел, и тоа i7-10750H пред 1165G7 кога би можел да бирам, но за тоа што го бараш и 1165G7 ке заврши работа супер.
Не ти треба повеке од 16гб рам. ССД мин 512гб гледај, 256 е премалку.
Графичка ти знаеш дали ти треба или не.
Јас на пример користам Dell, и нареден лаптоп ке ми биде Dell XPS, Lenovo ThinkPad или MSI. Asus како марка не го сметам дека постои, и добар дел од членовите на форумот нема да се сложат со тоа, но ок е.

За моментот со колешките, што да ти кажам, да ти треба за сериозна работа со програмирање не поврзана директно со iOS, како што пиша " (сега за сега web front-end/back-end, понатака сигурно ке се чепка и друго) ", нема да си 70:30 за Мас, туку обратно ке е.
Ти во твојот пост, како битни карактеристики имаш наведено:
"
Како најбитни карактеристики би ги издвоил:
- да биде лесно пренослив (тенок лаптоп, со мала тежина)
- батеријата да држи подолго време (колку подолго, толку подобро)
- да има добар екран и, last but not least,
- да има добар квалитет на изработка.
"
Единствен лаптоп кој ке го задоволи ова е Мас, и сам го знаеш тоа. Вuild quality на Мас е супериорен кон другите, немa дискусија.
Единствено што ти е важно е да го пренесеш некаде лаптоп-от, како Public Room или слично, да потрае батерија додека си таму, нели?
Ниту една карактеристика не е поврзана со перформанси кој ти требаат за работа. Мислам, планираш да купиш лаптоп без кулер и викаш дека ти треба за програмирање, што повеке да ти кажам... знае Astro што коментира.

И да, ако можеш да си дозволиш да купиш Мас, слободно. Стварно се убави и долготрајни. Може кошта дупло од MSI, но и ке трае дупло.

Со среќа да си го користиш Мас-от :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

Друже, како што си пишал “Секое прашање дали да купам iOS или Windows е тешко да се одолее да не се коментира“ - прашањето воопшто не беше за оперативниот систем (и во овој случај би било MacOS нели, ако веќе бараме влакно во јајце), туку за лаптопите како целина. Многу добро знам за што ми треба лаптопот, наведено беше во постот, барав мислење за самите лаптопите и нивна споредба, и евентуално сугестија за некој друг лаптоп што не сум го имал во предвид. Не знам за какви „посебни намени“ што си ги имаат продуктите (и двата наведени се лаптопи, и на двата може буквално истото да се прави и работи) зборуваш... не е дека наведов лаптоп и суперкомпјутер па да се споредат посебните намени, нели..?

За моментот со колешките, и јас не знаев што првично да ти одговорам на тоа, крајно непотребен коментар си оставил :)

Што подразбираш под “сериозна работа со програмирање“, во контекст на web програмирање (што беше наведено) и евентуално нешто од mobile програмирање што би се чепкало? Од кај да знам, можда за година дена ке сакам да се префрлам на iOS апликации (мали се шансите, ама зошто да не размислуваме и за во иднина?).

“Планираш да купиш лаптоп без кулер и викаш дека ти треба за програмирање“ - па да, пак, web програмирање во моментов, и евентуално mobile. Нема игри да правам во Unreal Engine, или да работам на научни проекти со симулации и што ти ја знам кај што стварно ке ти биде преоптеретен лаптопот, па ке доаѓа до thermal throttling па да имам некоја огромна корист од кулерот. На крајот на краиштата, баш заради тоа и прашувам дали MBA-то е добар, и ако не, зошто не. Кога веќе го спомна коментарот на Астро, не се сомневам дека знае што коментира, ама јас барем му го разбрав коментарот од аспект на поддршка на софтверот, а не дека ако немал кулер не бил добар за програмирање... :)

Разбирам и шала и се, иако повеќе делуваше како некој вид на осуда и мудрување за тоа кој ке ми го купел лаптопот, и дали ке ми требал за курчење пред околината дека се гледа јаболкцето, онака ептен балкански коментар, отколку на шала, ама нема врска :) Се што прашав беше за мислење и споредба меѓу двата лаптопи, и евентуална сугестија. Ти со последниов коментар, пак ми делува како да не си ми го прочитал целосно оригиналниот пост, ама нема врска. Фала на сугестијата што ја остави (не беше толку тешко и првично истото да се направи нели?), и фала за Маc-oт, ако го купам. Поздрав :)
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,709
11,031
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Кои дебилски коментари има погоре... И да му е за курчење, шо ве вас к*р боли?
Ако има пари и суперкомпјутер ќе купи и ќе програмира на истиот.

Пак истото, упорни трујачи шо не знаат шо да пишат па јадат на секоја тема за џабе.
И после кога ќе се пожали некој дека заедницава е токсична, го напаѓате.

Па еве погоре чист доказ дека е токисчна заедницава, и многу јасно е кои се тоа токсични.
Каков падобранец си ти друже, улетуеш гол како на предна врата на cs_mansion. Тоа што ти не ги капираш коментарите од погоре и ги нарекуваш дебилни тоа е твој loss, судејќи по речникот и минати искуства на форумов нема да ти објаснувам понатака, терај си така.
 
Dinamit

Gaining Experience
25 мај 2013
382
445
Погледни го Huawei matebook x pro.
Ако не се лажам треба да е потенок од Macbook.
Незнам за перформанси до каде е сега, дека добија бан и незнам воопшто дали имаат нов модел
Но во периодот кога испадна,
Имав прилика да работам. Искуството е врвно. Huawei share е особено добра опција.

Незнам дали има нов модел од matebook, нели дека беа под бан од САД, и не сум во тек. Незнам дали можеш сеуште и да го најдеш моделот што се продаваше, но слободно ќе кажам дека
Дека е класа на маcbook, а во некои нијанси и подобар.
Барем кога испадна беше подобар од таа генерација на macbook

Па ете совет разгледај го и тој ако имаш прилика.
 
Другар има (незнам точно модел 40к ден е),пре задоволен е.И мене лично ми се допаѓа.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
7,709
11,031
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Во Анхоч како да гледав Хуавеи и мене ми се допаѓа
 
Dinamit

Gaining Experience
25 мај 2013
382
445
Другар има (незнам точно модел 40к ден е),пре задоволен е.И мене лично ми се допаѓа.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
Да супер е и тој од 40к ден. Но ова за што пишав погоре е друг модел на huawei x Pro. Премиум модел им е x pro на Huawei, а се согласувам дека и тие од 40к се исто добри.
 
Последна промена:

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,659
2,889
Тој од 40 илјади е веројатно Huawei D15. Го имав на кратко за рецензија, не е лош кога станува збор за изработка ама е далеку од MacBook или било што друго во таа ценовна класа.

Инаку on topic, ако веќе ти е во буџет, мислам дека ретко кој лаптоп ќе ти ги исполни барањата ко MacBook Air. Јас лично користам Asus ZenBook скоро три и пол години, ги исполнува сите критериуми ама е пластичен - тоа ми е единствена забелешка. Моментално Air-от што го гледаш е намален како што гледам, инаку Air со 16GB и 512GB SSD беше околу 2-3 илјади поефтин од Pro 13" со 16GB и 256GB SSD, така Pro-то беше подобар deal бар за мене.

И чим веќе викаш дека размислуваш за иднина, а работиш mobile development, имај на ум дека ако евентуално почнеш iOS девелопмент, тоа не оди на Windows машина :)

Како Windows алтернативи јас би ти рекол да ги разгледаш и ThinkPad од Lenovo, макар што не знам каква конфигурација би ти влегла во буџет. XPS се прескапи, ZenBook се солидни ама MacBook имаат подобра изработка.
 
nashio

On your way to fame
14 јануари 2011
528
668
Bitola
www.zdravkovski.com
nashio's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 3.8GHz & DeepCool IceWind Pro
Motherboard
B350 Gaming Plus
Storage
256 SSD EVO
PSU
EVGA Bronze 600
RAM
Ripjaws V DDR4-3000 64GB
Video card
Radeon RX 580
Case
DeepCool
Mouse
MX Master
Keyboard
G.SKILL KM570 MX
Audio
Wharfedale Diamond 8.1 Pro Active
Monitor
Dell UP2716D, Dell U2414H
OS
Windows 10
Каков падобранец си ти друже, улетуеш гол како на предна врата на cs_mansion. Тоа што ти не ги капираш коментарите од погоре и ги нарекуваш дебилни тоа е твој loss, судејќи по речникот и минати искуства на форумов нема да ти објаснувам понатака, терај си така.
TL;DR поправена верзија од то шо пишав претходно:

@Astro дали верваш дека коментар од типот „за курчење му е“ е соодветен на ваква тема, во ваква заедница?
 
Последна промена:

Astro

Epic
20 јуни 2012
7,709
11,031
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
TL;DR поправена верзија од то шо пишав претходно:

@Astro дали верваш дека коментар од типот „за курчење му е“ е соодветен на ваква тема, во ваква заедница?
Заедницата си е таква каква што е, и за критикување е ама и за пофалба. Коментарот на Драганмон не е каков што го претставуваш, прво не рече дека е курчење туку курчулук и после тоа имаше смајли или такозвано „хехенце“ со цел да не се сфати сериозно.

Поентата на мојот пост пред неговиот беше да му се даде идеја на ОП да размисли втор пат дали му треба Мекбук за програмирање или не е баш разумно да се фрли толку азно во проклето време на корона. Драганмон само се надоврза на мојот пост во форма на шала но сепак со доза сарказам и јас не го сфаќам тоа како лош пример. Верувам дека и ОП нема да го сфати тоа навредливо бидејќи беше во контекст на мојот пост.

И во корист на темава, јас работам во голема и комплицирана компанија со 400 луѓе во software development, од кои 100-тина сме сениори. Ниту еден од нас не е привилегиран со мекови, со процесори, со графички картици со пичке материне. Повеќето од нас работиме со i5-7500U на Dell Lаtitude 5590 и сет од по два 27“ монитори. Со ваквиве машини правиме чуда од софтвер од кои 30.000 луѓе земаат плата, 600 возила се движат самостојно без возачи на приватни а наскоро и по јавни патишта, цели фабрики 100% роботизирани, муабетите за 100-јадрени процесори на седум милиони гигахерци за програмирање можете да ги сервирате ан некој јуниор средношколец.

Затоа прашав, дали стварно му треба компјутер за работа или за лезет? Ако е за лезет тогаш у реду е, и дијаманти и ролекси се купуваат за лезет, не дека се убави или функционални. За сериозна работа не ви требаат такви компјтери, особено не за програмирање. За работа треба 99% памет, 1% компјутер. Моите 50 дени ги дадов на темава, понатаму вие продолжете како сметате дека треба да продолжите.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,009
Мислења
854,585
Членови
29,637
Најнов член
petarS10
На врв Дно