1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мислење за конфигурација

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од pecko95, 2 Јуни 2019.

  1. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    111
    76
    5 Април 2018
    Машко
    Во план ми е да склопам компјутер во скоро време (можда најдоцна до Август), па би сакал да прашам за мислење / сугестии за тоа што го имам во план:
    Моментално ценава ми се движи околу 58.000, ама затоа што ке ми треба и монитор, би било супер ако можам да заштедам на некои од деловиве, поготово ако не ми е добро комбо некој дел.

    Најмногу би го користел за гејмање и за програмирање (најмногу веб и можда нешто како хоби Unity да чепкам, ама ништо што бара премногу ресурси и пребрзи SSD-а од типот на 970ка EVO). План ми е на ново да ги купам деловите (не сум богаташ некој, далеку од тоа :) едноставно мерак да си склопам сам свое PC), единствено за графичката се мислам, бидејќи видов дека се продаваат тука 1060ки за <10.000ден. што е и повеќе од добра цена.

    Е сега, што се однесува на ѕвездичките:
    - Процесорот го пишав Ryzen 5 2600, затоа што уште немам идеја колку би коштале новите матични за новите Ryzen процесори (на изглед делуваа ко да ке бидат поскапи каде каде) ама можда сум грешка, па ако не се премногу скапи во споредба со оваа што ја имам сега одбрано, можда да идам со Ryzen 5 3600.
    - Графичката, пишав RTX 2060-ка ама уште треба да ја размислам, затоа што може на крајот да не ми треба толку моќна, па би ми завршило работа 1060ка, а цените за 1060/1660/1660ti во споредба со RTX 2060-ка ми делуваат во најмала рака смешни, затоа што испаѓа ке доплатам 3-4.000 повеќе за RTX 2060-ка а ке добијам каде каде повеќе перформанси и ке биде на некој начин future proof (освен ако не земам половна графичка од тука).

    Целта ми е да биде што би се рекло future proof, барем за наредниве 3 години, без да имам потреба да мењам пола компоненти како матична или процесор (графичка е веќе друга тема :D), а да можам да ги играм поновите игри што ке искачаат (не мора на ултра додуша).

    Фала однапред :D
     
    На architect му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Arkturus

    Arkturus
    Gaining Experience

    296
    234
    17 Јануари 2013
    Машко
    Би скратил буџет на плоча или куќиште за сметка на подобро напојување.

    Sent from my T10(E3C6) using Tapatalk
     
    На stefan_off и pecko95 им се допаѓа ова.
  3. FreakyDroid

    FreakyDroid
    On your way to fame

    507
    534
    21 Август 2008
    Машко
    3D Visualizer
    Почекај за Ryzen 3600, би требало да ги има почеток на Јули овде. RTX 2060 е картица што не вреди многу за тие пари, би идел или на GTX 1660 или RTX 2070, @gremlin продава скоро нова за убава цена Gigabyte GeForce RTX 2070 WINDFORCE 8GB

    Купи си РАМ и напојување од форумот, често гледам многу добри понуди.
     
    На pecko95 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    111
    76
    5 Април 2018
    Машко
    За Ryzen-от во секој случај ке причекам, еве го Јули каде е, само матичните можат да бидат скапички, па затоа разгледувам и опција со Ryzen 5 2600. Што се однесува на графичката, 2070-ката па ми доаѓа некако скапичка, поготово што не сум „луд“ по тоа се да мора да ми биде на 4К и ултра графика, па затоа се мислам меѓу 2060 и 1660/1660ti, за да вадам барем 60 FPS стабилни во наредниве 2-3 години (нормално не на ултра) :D
     
  5. toplel

    toplel
    On your way to fame

    575
    617
    18 Август 2016
    Машко
    Почекај си најдобро. Аку се прескапи X570 матичните пак ќе земиш X470 за поефтино. Ама мислам дека ќе имат добри „ентри-левел“ Х570 опции за 9-10к. Само немој да земаш VENTUS верзија од која и да е графичка. Дизајнот е лош и температурите одат над 73 степени, а со тоа автоматски ја намалува фрекфенцијата на јадрото. Подобро би одел на поквалитетен модел од 1660ti, како Gaming X.

    Патем, штом планираш да почекаш да излезит Zen 2, слушнав од каналов (insider leak) дека Nvidia е можно да ти намалат цените на RTX графичките (RTX 2070) за да бидат компетитивни на пазаров против AMD RX 5700 шо се претпоставуват дека ќе е на ниво од RTX 2070, а со цена од 399$. Догледај го и видеото аку имаш време дават предлози за конфигурации.
     
  6. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    111
    76
    5 Април 2018
    Машко
    Фала, ке го изгледам видеово :)

    Тоа за графичките, сигурно ке ги потспуштат, ама кај нас... кај нас е друга приказна, разлика во цена од 7-8000 денари на графичка (мислам беше 1060ка на Амазон и 1060ка во Анхоч)... и сигурно не е царината толкава, за толкава разлика :D
     

Сподели

Вчитување...