1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мислење за конфигурација за 3д рендеринг

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Lazarus, 17 Мај 2020.

  1. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    108
    28
    10 ноември 2009
    Машко
    Здраво на сите!
    Во процес сум на составување на конфигурација која би се користена за 3д рендеринг(3ds Max + Corona rendering), на која би се работеле проекти од помал размер(претежно визуелизации на ентериери-рендери, VR тури и анимација), евентуално по некоја игра.
    Го имам следното:
    Seznam produktů new PC rev.2
    *Графичка карта за прво време имам, не доволна знам, EVGA GTX 1050 SC
    *Процесорот не би се оверклокувал, па затоа одам со stock кулер.
    Би ве замолил за одговор на следните прашања:
    1. Дали евентуално има некоја некомпатибилност помеѓу компонентите?
    2. Дали можеби RAM-от е несоодветен во однос на капацитет? Не ми е јасно зашто за избраната плоча на официјалниот сајт на MSI стои дека поддржува макс 128Gb ram, а каде и да гледам(CZC.CZ, Amazon, Newegg, PCpartpicker) стои 64Gb. Алтернативно ја гледав оваа плоча од ASUS, истата недоумица.
    Планот ми беше да ставам два рам модула од по 32Gb(2x32Gb), за да имам простор за апгрејд во иднинa до 128Gb. Не се разбирам многу од хардвер, можеби еден рам слот не поддржува повеќе од 16Gb ram?
    Фала!
     
  2. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,115
    1,370
    26 Март 2016
    Даскал
    Здраво другар,

    Работам професионално како 3д артист неколку години и сум tech ентузијаст што значи имам искуство во спремање адекватни системи специфично за оваа работа. Во оваа тема имам напишано 2-3 исцрпни коментари за тоа кој ресурс од компјутерот се троши за какви 3д операции:

    Конфигурација за 3D modelling

    Инаку 64gb RAM е непотребен во 99 посто од случаите (сѐ уште):

    Сум пробал со 8, 16, 32 и 64 гигабајти да увидам која бројка ми нуди најдобри перформанси за 3д моделинг и рендеринг workflow. 16 е минимум, а 32 е sweet spot бидејќи користам повеќе програми во позадина. 64 се залудно потрошени пари. Ако имаш специфични прашања, слободно пиши ми ПП.

    TLDR: Повеќе РАМ ти е потребен само ако ти снемуваат RAM ресурси во системот. А 32 гига рам ќе потрошиш само во огромно огромни сцени со број на објекти, светла, камери, хелпери коишто во ниеден случај не би ти требале. Ако ти е потребен побрз рендер, тогаш појак CPU (ако рендаш со CPU-based rendered). Ако сакаш побрз апдејт на viewport тогаш појако GPU. Оваа карта што ја наведе и самиот знаеш дека не е доволно. Денес сите модерни рендеринг енџини доаѓаат со GPU-acceleration, така што процесорите донекаде им се намали импактот во крајниот продукт. Јас би почекал до крај на година да земам Ampere 3080 Или 3080ti за ептеМ брзи и квалитетни рендери (гејминг перформансите настрана). Мене лично тоа ми е планот. Гледај да ги оптимизираш финансиските ресурси. Џабе потрошени пари ти се за 64гига рам. Плус, ampere веќе излегоја информации кочлку се побрзи од сегашнава серија. spoiler alert: МНОГУ.

    Еве ти тест за тоа рамот каков ефект има во рендеринг брзини:


    View: https://www.youtube.com/watch?v=sQz-EKd8TlA
     
    Последна промена: 17 Мај 2020
    Psycore, Astro и на Alek7 им се допаѓа ова.
  3. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    108
    28
    10 ноември 2009
    Машко
    @Rikimaru,
    Ти благодарам за одговорот и сугестиите!
    Сега кога го повторно го читам мојот пост, и со оглед на мојот статус тука можеби оставам впечаток дека сега почнувам да навлегувам во оваа проблематика. Но познавајќи некои членови од форумот и нивната компетенција за хардвер јас сум само аматер.
    Исто така работам професионално како 3д артист веќе 7-8 години, од кои последните 4 во 3д студио фокусирано на архитектонска визуелизација со седиште во Прага. Работам на Threadripper 2990WX со 128Гб рам, и gtx 1060.
    Ајде да споделам и јас мислење од лично искуство во однос на RAM меморија и побарувања во мојот workflow. Работам примарно со 3ds max и Corona renderer(cpu based render), и секојдневно се борам со max сцени кои содржат огромен број на полигони и објекти, и покрај оптимизација(инстанцирање, колапсирање на модифајери, проксија)користење на алатки за дистрибуција и параметричко моделирање како Forest pack i RailClone, при рендерирање на 5К рендер со преку 10 рендер елементи искористеноста на меморијата глатко оди преку 60-70Gb рам. Нормално улога игра големината на проектот, што е видливо во кадар итн. Некогаш после цел ден правење пробни рендери max-от едноставно го "таложи" ram-от и мора да се исклучат сите маx инстанци за да се ослободи меморија. Програми во позадина се најчесто и други инстанци од 3ds max, Photoshop, Bridge, Chrome, евентуално Premiere.
    Околу графичка како што реков, таа што ја имам е слаба, но не и некомпатибилна за системот што сакам да го склопам. За таа графичка 3080ti сигурен сум дека ќе биде брза за рендеринг...работиш со Оctane, Fstorm?
    Баш ми е мило што можеме да размениме мислење за некои теми бидејќи сме во иста бранша!

    Меѓутоа моето оригинално прашање стои. Дали би можел некој да ми даде мислење зошто двете матични плочи кои ги назначив, на официјалната страна стои макс 128Гб рам, а во секоја онлајн продавница 64Гб? дали можам да ставам 2x32gb, со можност за уште 2 плочки во иднина?
    Фала!
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,115
    1,370
    26 Март 2016
    Даскал
    QVL листа ќе тргниш за матичните што те интересира и таму детално и прецизно ќе биде напишано каков и колку рам поддржува. Изгуглај QVL "maticnata"

    ЕДИТ: Работам визуелизација на продукти. Рендам во Корона како тебе. Моите сцени не се толку огромни, ама се годи с времена на време некоја таква страшна што го впрегнува системот. Во позадина имам Substance Painter + Designer, Photoshop, Дота, музика, филм, Chrome итн. Короната не ми ја турка меморијата мене многу. Рендам на процесор моментално и сум немал такво искуство да ми е потребна меморија. Ама и не работам во повеќе макс инстанци, најчесно на една сцена работам. Ќе се префрлам на Vray GPU кога ќе излези Ampere. Дава одлични резултати.

    Исто така, многу голем процент од моите колеги веќе се префрлени на GPU-Based rendering. Баш пред некој ден инсталиравме 2080ти кај еден другар и ја тестиравме. Многу побрзи рендери без губиток на квалитет. Тоа е иднината.
     
    Последна промена: 17 Мај 2020
  5. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    875
    856
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Уф, ова не ти требаше баш. Се зависи од какви сцени работи и на која резолуција рендерира.
    И јас работам со корона, и повеќе пати имам исполнето 64гб рам кај што корона ми даде ерор дека нема доволно рам, и дека ќе се успори рендерот. Ова поготово се случува на denoising pass.
    Што поголема резолуција на рендерот и тоа повеќе рам си бара.

    ОТ
    Ако користиш корона, графичката нема да ти игра некоја улога за рендерирање, јас сум уште на gtx760 и немам гајле, ама затоа повеќе пати ми се има случено да морам да вадам рам од вториот ПЦ за да средам некој рендер до крај.

    Немој В450 да зимаш сега, ептен лош момент е затоа што ништо од наредните процесори нема да работи на таа матична, плус ограничен си на 64гб рам само. Едино со БИОС апдејт ако не смениле нешто.
    Ако ти влегува во буџетот гледај Х570 да земеш.
     
    На Speedster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,115
    1,370
    26 Март 2016
    Даскал
    Само јас не сум начекал таков проблем изгледа.
     
  7. Astro

    Astro
    Guru

    6,684
    9,382
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Гледај на страната на производителот.
    B450 ти е entry level чипсет, не е наменет за толку многу меморија според мене. Ако правиш нешто што ќе биде многу оптеретено со многу РАМ тогаш гледај X570 чипсет.
     
  8. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    108
    28
    10 ноември 2009
    Машко
    Фала за одговорите! Знам дека X570 е подобар избор, но со буџетот сум плафон, и PC-то ќе се користи за помали приватни(side) проекти и генерална употреба.
    @FiC DoGG Сакам да прашам кои наредни процесори не би работеле на таа матична? За евентуален апгреjд планирав Ryzen 9 3900x/3950x, и според ревјуа што гледам плочава од MSI може да се носи добро со нив.
    https://i.redd.it/2iwdy5wrrly31.png
    Ryzen 9 3950X on Good and Bad B450 Motherboards

    View: https://www.youtube.com/watch?v=ITf_SqgAVCI

    За капацитетот на рамот во детална спецификација стои "4 x DDR4 memory slots, support up to 128GB *ComboPI 1.0.0.3-based and above BIOS are required." Најверојатно е средено со најнов BIOS...
     
    На FiC DoGG му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Astro

    Astro
    Guru

    6,684
    9,382
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    нема да ги поддржи новите Ryzen 4000 процесори, но ќе ги поддржи сите Ryzen 3000 вклучувајќи и 16 јадрен 3950.

    Ако не ти се брзаможеш да почекаш до крајот на јуни ќе има нова платформа B550, која ќе поддржи Ryzen 3000 и Ryzen 4000 процесори.
     
    На FiC DoGG му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,115
    1,370
    26 Март 2016
    Даскал
    Ова да. Точно е на хартија. Но, кога ќе видиш колку струја треба да течи низ VRM-ot... си бара поквалитетна плоча. Нема воопшто да му буста таков процесор на ефтина плоча.
     
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,684
    9,382
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Тоа во теорија може да е точно но не значи дека е. Сепак треба да се погледнат ривјуа.
    Затоа реков, за конфигурации што не се заебанција, како 16 јадрени процесори и 128Gb RAM меморија препорачливо е да се користи High end наместо entry level матична плоча.

    Исто така не заборавајте кај entry level плочите кои држат B450, ако има 2 x NVME слотови и 6 SATA слотови, нема да работат сите во исто време. Ако ставиш 1 NVME драјв веднаш губиш 2 SATA слота. Ако закачиш и втор NVME диск губиш уште два SATA порта. Да не се заебете да ставите 2 NVME драјвови па да се чудите зошто третиот и четвртиот SATA диск не ви ги гледа.
     
    На Lazarus му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    875
    856
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Како што кажа астро, новите 4000 рајзен нема да бидат поддржани.
    И јас сум во план да правам апгрејд на 3900х и од она што читав на нет, В450 е hit and miss за 3900/3950, поготово со РАМ на сите слотови. Така да јас би идел на Х570, и да ми е мирна глава.
    Нз колку се брзаш поарно почекај уште некој месец да собереш пари за појака матична. Јас за сега работам на анимации повеќе па праќам се на фарма, така да се одлучив да почекам до септември да видам рајзен 4000 како ќе се покажат.
     
    На Lazarus му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,648
    13,007
    2 Август 2012
    Машко
    Seagate диск во никој случај. Строго WD и тоа Green затоа што ќе ти служи само за складирање.

    MSI плоча исто така не. По можност Asus а потоа на веб страната од плочата види ја Memory QVL листата за таа плоча и земи РАМ што го има на таа листа.

    Тебе ти треба стабилност. Немаш време да се занимаваш со "мушици" од меморијата и сл.

    Да не бидам погрешно сфатен, не е закон меморијата да мора да биде од таа листа ама така отклонуваш потенцијални проблеми.
    И нема да бидеш изненаден од рандом плави екрани.

    Asus плоча затоа што како бренд се ажурни во издавање на нови BIOS-и и имаат далеку подобра подршка за разлика од другите производители.
     
  14. Astro

    Astro
    Guru

    6,684
    9,382
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ехеее, тој мит дека Асус биле далеку пред другите е debunked многу од дамна. Зависи од плоча до плоча затоа е неисправно да се генерализира дека ако е од Асус дека е далеку пред другите. Тоа е апсолутно неточно. Асус има модели плочи кои се тешка катастрофа, as a matter of fact на Асус им ги бива само скапите плочи, ефтините се на исто ниво како и останата конкуренција.

    Многу подобро е да земеш High end MSI плоча отколку Asus Entry level.
     
  15. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    44
    83
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    [​IMG]
    Не би рекол дека 64гб рам се залудно потрошени пари, особено во твојот случај за archviz. V-Ray Benchmark | Chaos Group Не е баш корона, туку VRay, ама ако приоритет ти е CPU render time, можеш тука да видиш бенчмарк тестови за сите релевантни процесори. На крај се' се сведува на more cores=better, добра матична, 64гб рам, NVMe SSD за се' освен еден голем хард драјв за бекап на проекти. Мој предлог е задржи ја 1050ката засега, секако нема многу да ти помогне ниту во вјупорт, ниту во рендер тајм и инвестирај повеќе во добар процесор и водено ладење(не ради оверклок, туку трајност и конзистентност), па кога ќе се префрлиш на VRay Next GPU евентуално :D, да се надеваме дека ќе бидат излезени RTX 3000 серија за да ја смениш дури тогаш.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  16. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,648
    13,007
    2 Август 2012
    Машко
    Баш ме заинтригира со ова и реешив да проверам. Пошто сеуште сум заглавен на Z87 (Sabertooth Z87) ги проверував Z87 плочите и видов дека за ентри моделите ваделе BIOS-и точно уште 2 години а за поскапите модели уште 4 години од датумот на лансирање (барем спрема датумите на BIOS-ите)

    Истото важи и за драјверите и помошните програми (како на пр. AI Suite кај кој лани издадоа некаква закрпа за Windows 10, пошто шугавиот OS ја осакати главната програма за контрола на вентилаторите)

    Истата приказна е и кај Z97. Понатаму не истражував.


    Кај MSI, пак, работите стојат вака:
    Уште две години за топ моделите (2013-2015)
    Уште една година за не-топ. Слична/иста состојба со драјверите.
     
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,684
    9,382
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Не капирам зошто е тоа уопште битно. Вадат поише биоси зошто им се слаби плочите па треба да ги поправаат или? БИОС, зошто се вади? Или за решавање на проблеми или за компатибилност со процесори и мемории така? Епа која е поентата да е битно дали биос ќе има 3 или 4 години? тотално тривијално, пошто сите произведители вадар микрокод апдејти и поддржуваат процесори, а производителите на РАМ мемории секако сакаат да им се продаваат мемориите па ги прават компатибилни. Кога ќе се стабилизираат биосите и драјверите после тоа излегуваат нови генерации на хардвер, старите на никаков начин не можеш да ги подобриш, тоа е тоа и крај. Драјверите ги издаваат производителите на чипови а не производителите на плочи.

    Јас никогаш не сум видел матична плоча да е нестабилна а да е исправна, од ниеден производител. Порано Асус беше поим за оверклокување и вадење екстра 100 мегахерца, денес истото го можат сите, зачукај азотно ладење и плоча од секој производител ќе ти извади 6 гигахерца или слично.

    Муабетот ми е колку пари толку музика. Скапа плоча ќе биде одлична без оглед на тоа кој е производител. За нас кои бараме бест бенг фор бак најпаметно е да се најде класа на плоча од различни производители и да се види ривју, барем денес имаш ривјуери еден куп, редит-медит, тестови колку сакаш. Умре времето на глорифицирање на брендови и генерализација.
     
    bobipp, goce03 и на mdeni им се допаѓа ова.
  18. bobipp

    bobipp
    Gaining Experience

    315
    176
    13 ноември 2009
    :rolleyes:

    Него не видов буџет колку имаш определено за конфигурацијава?
     
  19. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    108
    28
    10 ноември 2009
    Машко
    Фала на сите за одговорите! И покрај тоа што го делам вашето мислење дека x570 e подобар избор на плоча и нуди можност за апгрејд со Zen3 процесор во иднина, сепак морав да пресечам и нарачав конфигурација со b450 плоча. Како што напоменав претходно морам да направам апгрејд пошто кубурам со стар I7 процесор и 16Гб рам, и ова ќе биде верувам доволно јака машина за повремена посериозна работа.
    @bobipp Фала за видеото! Ете можеби b450 и не е таков "dead end" :)
    Буџетот не беше стриктно дефиниран, но се изнад 1000 евра ги надминуваше моменталните можности и финансиска оправданост. Исто така сум во ситуација кога веќе 2 месеца работам од дома, и со оглед на природата на работата не можев повеќе да работам на 23 инчен монитор, па земав 32 инчен AOC Q3279VWFD8 монитор. Накрај излегува 1200 евра(со монитор) и без графичка карта. Спецификацијата:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Меморијата ја проверив на страната на МСИ во QVL секцијата и ја има. За плочата гледав доста добри ревјуа, па да видиме како ќе се покаже.
    Уште еднаш фала за мислењата и времето!
    Поздрав!
     
    На hpetrovski, Mao, gOJDO и уште 5 други им се допаѓа ова.
  20. smole

    smole
    Unstoppable

    3,209
    3,732
    18 Април 2007
    B450 и X470 ќе можат со апгрејд на биос да возт рајзен 4000 ама после нема да може да се враќа биосот за да се стави рајзен 2000/3000.
     
  21. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,695
    14,340
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Супер машина и супер избор на компоненти. Со здравје да ја рендаш! :)
     
    На Lazarus му/ѝ се допаѓа ова.
  22. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    44
    83
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Со здравје да се користи!
     
    На Lazarus му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Lazarus

    Lazarus
    Intern

    108
    28
    10 ноември 2009
    Машко
    Фала, да си купите поубава! :)
     
    На goce03 и hpetrovski им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...