1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мислење за факултетиве

Дискусија во форумот 'Факултети' започната од Martin1992, 27 Август 2019.

  1. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    68
    121
    6 Мај 2019
    Женско
    Не знаеш што кога ќе ти притреба, но ако примарно учиш нешто што не ти се допаѓа поради некоја надеж за повеќе пари, тоа ти е експрес пат до нервози. Ма не знам колку труди се, не се вели попусто со сила убавина не бидува.
    Најискрен совет ако сакаш да тераш по еден пат, спремај си пасошот. Тука е игра на среќа во државава, освен ако немаш вујко владика, тоа е веќе друг муабет.

    Лично мене буквално ми се посреќи со работата, и тоа случајно се најдов на место да изигравам дежурен преведувач од англиски (онака си го знам), германски(одев на курсеви) и италијански(баба ми знае и од неа научив), а факултетот (дизајн) како бонус ми дојде бидејќи сет муабет беше за техничко цртање. Едноставно се најдов на право место во право време.

    Лотарија на Македонија. Инаку не ми бегаше ни мене Странција.
     
    На Martin1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,276
    1,022
    2 Јануари 2012
    Машко
    Пошто тие од кои што не им свети на луѓето дипломирани се сите. Се оди чирак 1-2 години и после сам работиш ако имаш средства да го направиш тоа. На моторни возила ништо нема да научи што ќе му користи да биде автомеханичар или уште помалце автоелектричар.
     
  3. Martin1992

    Martin1992
    Intern

    52
    29
    30 Јуни 2019
    Машко
    Се согласувам со све што напиша.. Во државава само со вујко владика можеш да живееш асален живот, без нервози и без многу труд :) Ја па ко за баксуз... Немам ниеден кој би ми помогнал и би ме бутнал да успеам, јбг таква среќа сум имал. А иначе... Годинава завршив курс по Англиски 10ти ( ако не сум грешка у броењето :D ) степен ( CAE ) и треба уште да го полагам некаде Октомври-Ноември имале термини, не знам точно.. Се надевам и на него за понатака дека ќе е од корист нешто, да не биде само џабе фрлани парите 10 години..
     
  4. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,250
    277
    1 Мај 2008
    Е па ако е така, тогаш рачунај дека си примен на моторни возила, пошто веќе со години има дефицит на машински. Само да се паднеш во државна квота и на коњ си.

    Ако треба нешто помош околу предметите (90% од предметите на сите смерови се исти во првите 2 години), кажи па што можеме ќе ти помогнеме.

    Голема заблуда е дека во денешно време само информатика треба да се запишува.

    „Пристојна плата“ е релативна работа. Ако може да објасниш што поточно подразбираш под пристојна плата ?

    Машински инженер може лесно да стигне до 500 евра плата во првите 3-4-5 години. Колку години му треба на програмерот за да стигне до истата плата ?
    Апсолутно гледано, разликата е во тоа што просечниот програмер на крају крајева ќе има нешто ситно поголема плата отколку просечниот инженер.

    Кога веќе го зимаш братучед ти за пример, земи ги за пример и другите успешни инженери (и тоа со послаб просек и се само додипломци) кои изградиле кариера и веќе со години заработуваат плата пристојна според твоите критериуми.


    Бабин, зашто вака збориш. :)
    Машински инженер по моторни возила може да работи како инженер во авто сервис (официјален), во станица за технички преглед, во фабрика за конструирање и производство на моторни возила како автобуси (Ванхол на пример), камиони, виљушкари итн., може да работи во фирма за испитување и атестирање на моторни возила итн., итн.
    Моторни возила не се само нашиве прости аута, туку цела лепеза на шасија со мотор и тркала (па дури и без тркала). Професиите поврзани со моторни возила не се сведуваат само на шофер, лимар, механичар и електричар.
    Нарочито, ако го бива дечкото и е снаодлив, ќе се снајде во секоја област од машинството без разлика на смерот (освен можеби ИИМ...).
     
    Последна промена: 29 Август 2019
    На Martin1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Martin1992

    Martin1992
    Intern

    52
    29
    30 Јуни 2019
    Машко
    Здравје.. Да отидам утре да предадам документи па ако ме примат ќе му ја мислам после и ќе прашувам за помош А друго ме интересираше, ова што е државна квота и приватна.. Зборевме у друштво ама секој различно кажува... Плаќањето е за цела година 200/400е или по полугодие.

    Испратено од SNE-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
  6. SpiritBond

    SpiritBond
    On your way to fame

    256
    530
    21 Август 2015
    Машко
    Програмирање
    200/400е по година.
     
    На Martin1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,384
    935
    8 Декември 2009
    200 евра семестар државна, 400 приватна.
     
  8. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,250
    277
    1 Мај 2008
    Грешка си, 100 евра е по семестар во државна, 200 евра е во приватна квота.
    Или на годишно ниво, 200 евра државна квота, 400 евра приватна.
     
    На Martin1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,384
    935
    8 Декември 2009
    Да да, во право си, отидов на приватна квота одма.
     
    На Martin1992 и Vlatzki им се допаѓа ова.
  10. kolesk

    kolesk
    Gaining Experience

    111
    95
    6 Февруари 2016
    Машко
    @Vlatzki Како е на ЕЕ, трета и четврта година? Како што можеш да се вработиш со овој смер?
     
  11. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,250
    277
    1 Мај 2008
    @kolesk Јас сум по стариот ЕКТС (2012) на ЕЕ, од тогаш па до сега повеќе работи се променија, по некои предмети сега предаваат тогашните асистенти бидејќи некои професори отидоа во пензија, има нови предмети итн... Ќе срочам на кратко:

    - професорите се сите добри, некои подобро некои полошо објаснуваат, ама сите ќе излезат во пресрет ако негде заглавиш или ти треба помош. Секако со усул, нели.
    По стручните предмети од смерот ЕЕ нема самобендисани, егоистични и горделиви професори, така да, да не се грижиш за тоа.

    - кај Шешо обрни повеќе внимание на задачите, Филкоски дозволува полагање на тестовите со збирката по задачи (теоријата мора да ја учиш), кај Шаревски мора да имаш присуство, Даме е ептен кул професор, кај Марков мора да имаш знаење дури и на предавањата (пошто испрашува), Виктор е цар (свака му част како објаснува), кај Лазаревска мораш да бидеш професионален и одговорен студент итн., да не ги набројувам сите сега.

    Значи од тебе се бара само професионален пристап, одговорност и учење. Ништо друго.

    За вработување, со овој смер кадарен си да работиш во електрани (хец, тец), термоелектрани-топлани (те-то), топлификација, па натаму во фирми за енергетска ефикасност (изолација, топлински загуби), греење и климатизација, инженерство на грејни и ладилни тела, обновливи извори на енергија (фотоволтаици, ветерници итн.), гасификација, па со еколошкиот дел можеш да работиш во постројка за третман на отпадни флуиди, во постројка за пречистување на отпад, добивање енергија од отпад, рециклирање итн., итн.

    А ако навистина те бива во машинството, ќе се снајдеш и во другите области. Предметите од прва и втора година воопшто не се за потценување, пошто тие се основа на целото машинство (статика, јакост, термодинамика, елементи, механика на флуиди, техничко цртање, материјали....).

    Се надевам дека бев од помош. :)
     
    Последна промена: 31 Август 2019
    На kolesk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,913
    2,464
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Факултетите се бизнис, зимаат пари, продаваат дипломи.
    Толку многу не практично "знаење и вештини" нудат што да ви плаќаат они 500 евра месечно да студирате кај нив, не вредат за неверојатни цели 4 години неповратливо изгубено време.
     
  13. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,753
    1,824
    8 Мај 2007
    Машко
    па па па па...
    Ова сигурно ќе го поткрепиш со некој убермаестрален факт?
    На пример дека разни опинци возат бесни коли и прават купови пари тука? Тоа се вика криминал и за тоа се што е кадарно и паметно бега од тука. Бега каде знаењето се плаќа, тој со факултет вози бесна кола а тој копукот е ситен криминалец што повеќе време е во затвор него надвор.
     
    Crazy, Gaston, smole и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,913
    2,464
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Знаење, вештина, искуство, едноставно кажано дали можеш или не можеш некоја работа да ја сработиш нема врска со факултет, дипломи, пари, каде живееш, у која држава си итн.
    Едноставно знаеш или не, можеш или не можеш.
    А воспитувањето од дома уште од мали што не осакатува е друга трагична приказна.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,287
    2,975
    24 Септември 2012
    Возење бесна кола е добар показател за многу слабо финансиско образование.
     
    На DrMTR, Scofield, Vlatzki и уште 2 други им се допаѓа ова.
  16. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,753
    1,824
    8 Мај 2007
    Машко
    Каде се учи, каде се запознаваат колеги и каде се стекнува со искуство?
    Некоја работа ќе можеш да ја завршиш ако си научил како функционира тој систем, какви проблеми може да генерира системот, кого се можеш да побараш за мислење....
    Докториве се лудаци што учат факултет. Тоа треба да се укине. Бајачки му е мајката.
     
    Melisandre, marv и на smole им се допаѓа ова.
  17. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,281
    2,310
    9 Февруари 2011
    Ignorance is bliss.
     
    JasSum, Costigan_Jr и на marv им се допаѓа ова.
  18. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,250
    277
    1 Мај 2008
    @goranzoran пријателе, како би се осеќал ако треба да те оперира некој со средно медицинско ?
    Како би се осеќал ако зградата/куќата во која живееш ти е проектирана од обични ѕидари ?
    Ако колата ти е конструирана од обични маалски „чепкачи“ ?
    Ако водата што ја пиеш од Рашче ја одржуваат недоволно стручни луѓе ?
    Храната што ја јадеш е произведена од некои си баби во Украина и не е контролирана од стручни институции ?

    Да не беше вишото образование, ќе бевме технолошко заглавени во 60тите години на минатиот век. И после факултетите биле институции за перење пари.
    Ама ок...
     
    На Zippo, Martin1992, JasSum и уште 2 други им се допаѓа ова.
  19. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,913
    2,464
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Нашето факултететско образование произведе луѓе кои незнаат да сменат осигурувач. Цела провинција се пресели во скопје да читаат теоретски скрипти, комплетно неупотребливи во пракса кои благе влезе немаат со реалноста.
    Го уништија земјоделството, сточарството, индустријата, занаетчиството, ја поебаа државата.
    Сега сите имаат диплома за бришење гз.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  20. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,913
    2,464
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Баш така друже, на памет зборам јас со 9.7 просек и стипендија бев на факултет. Незнам како функционираат.
    Прати ги децата три факултета да завршат. После фали се по комшиите.
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    68
    121
    6 Мај 2019
    Женско
    "If you want to destroy a country, no need to bomb it, simply destroy their education". Повистинито нешто нема. И жално, ситуацијата кај нас е веќе во замав. Сепак, не сум сосем против факултетите, бидејќи ти нудат некоја насока, а и утре можеби ќе ти се најде таа диплома. Не може човек сите професори да ги става во ист кош.
    Фала богу живееме во време на информации, човек може да научи ама баш што сака, ако сака.
     
    На Martin1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,281
    2,310
    9 Февруари 2011
    Вака кога го кажуваш да, така е, ама не генерализирај, има и деца кои учат за себе зашто знаат дека тоа е инвестиција. Друго е што баш тие ќе фатат магла од овде. А таму кај што ќе одат, ќе успеат ради факултетот и нема да перат садови или кречат или лепат плочки, него као господа на дворцу боц виљушком.

    Бре ама го тупиш еј. Ако сега имаш добар и сигурен приход без оглед што можда работиш скроз различно од тоа што си студирал, голем дел од успехот и снаодливоста ги црпиш од факултетот. Има луѓе родени да бидат мангупи, улична школа и се снаоѓаат, ама не се сите толку итри. Недостатокот на итроштина се надоместува на факс.
     
    Banjifiko, Vlatzki и на Scofield им се допаѓа ова.
  23. Scofield

    Scofield
    Intern

    28
    23
    23 Август 2019
    Машко
    Студент
    Ме интересира како некој без факултет може (воопшто) да дискутира за моќта на C, теорија на релативитет или правна суфлација? (Евентуално за материја/антиматерија)

    Испратено од SM-N9005 преку IT.mk форум апликација
     
  24. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    167
    200
    3 Јануари 2019
    Машко
    Со оглед на тоа што имам колега, кој е доста слаб студент, зборува скрешен Македонски, а не знае ни да собере два со два. А од друга страна, се фали дека од партија му рекле да студира тој смер, зашто фалело стручњак во министрерство, а морало да се поплни квота според рамковен договор... Ова ја покажува целата слика за високото образованието и кадарноста на 'професионалците“ во Македонија.
     
    Последна промена: 31 Август 2019
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,250
    277
    1 Мај 2008
    Образованието не ни е најсјајно, во тоа се согласувам. Ама па најмногу сме криви ние самите, што најголемиот дел од младината кај нас не сака да учи и иде на факултет пошто од дома така им рекле, или дека било кул, или дека си бил сељак без факултет итн.
    Ретко кој иде на факултет за да научи.

    Истите луѓе кои ви ја створиле негативната слика за факултетското образование наместо на предавања иделе на кафе. Наместо да правеле проектни задачи со парите од мама и тато плаќале некој друг да го работи тоа. Наместо да се потрудат самите да положат испит, прават малверзации (препишуваат, плаќаат некој колега да полага место нив итн.).

    Сум сретнал едно 10тина машински инженери во текот на 3те месеци додека работев во една алатница. Само двајца, еве тројца нека се, имаа појма од основните работи во машинство. Другите не знаеја дека F=m*a на пример. Викаат заборавиле или воопшто не научиле пошто препишувале, „што ќе ми е тоа у живот“ им беше оправдување. А токму тоа го работат.
    Сите луѓе со кои што сум разговарал ми велеле дека имало недостаток на инженери во земјава. „Инженери“ со лопата да ги ринеш, ама за инженери навистина има дефицит.
    Сосема слично ако не и исто е и со другите струки.

    После факултетите биле бесполезни. А проблемот сме ние самите, што уште со векови сме научени да сме најмрзливата нација на Балканот. Затоа низ историјата не е*еле кои стигнале.
    Партиските вработувања се општо позната тема на муабет, и за нив не вреди да се прави муабет... Токму заради тој партиски систем тапкаме во место како држава.
     
    На Martin1992, JasSum, Gaston и уште 2 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...