Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Мислење/Предлог за конфигурација

Demonhead

Intern
7 декември 2013
33
15
Во наредниве денови конечно ќе склопувам нова конфигурација, па доколку можете да ми кажете мислење / препораки. Бидејќи константно сакам да испробувам различни работи, сакам машината да ме служи за повеќе области како машинско учење, програмирање, видео едитирање и во малото време што би останало за гејминг.

Идејата ми е да склопам се освен графичка, а за неа би побарал нешто користено пр. 3090ка или доколку паднат цените и стане исплатлива 4080ка.
За процесор мислев да земам 13700к, но секако сум отворен за сугестии.
Околу буџетот не би ставал некој лимит, но секако не би преплаќал делови за мали придобивки во перформанси.
 

JamesKirk

Practice makes perfect
12 февруари 2015
2.103
1.847
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
MSI
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO
Шо не си го прашаш gOJDO
 

StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
466
728
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Во наредниве денови конечно ќе склопувам нова конфигурација, па доколку можете да ми кажете мислење / препораки. Бидејќи константно сакам да испробувам различни работи, сакам машината да ме служи за повеќе области како машинско учење, програмирање, видео едитирање и во малото време што би останало за гејминг.

Идејата ми е да склопам се освен графичка, а за неа би побарал нешто користено пр. 3090ка или доколку паднат цените и стане исплатлива 4080ка.
За процесор мислев да земам 13700к, но секако сум отворен за сугестии.
Околу буџетот не би ставал некој лимит, но секако не би преплаќал делови за мали придобивки во перформанси.
MSI PRO Z690-A (DDR4 или DDR5 како сакаш)
13700K
32GB рам каков сакаш (200 евра поевтино иди ДДР4 рам+матична)
Liquid freezer II 240 (или 360)
SSD Nvme (Samsung 970, TForce C440, Firecuda 520, Kioxia Exceria Pro, кое било)
ROG Strix 750W(850W), Corsair RM850, bequiet straight power 750 (или Pure power).
Ова од мене во куси црти, графичка земи од Pane 3080ka или нешто слично и терај (4070ti ќе е наводно $800, значи $1000 за AIB модел)
 

StalkeR

Guru
5 декември 2009
5.449
6.623
Само не му кажавте на човекот и да си планира 200 евра за куќиште. :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Godlike

On your way to fame
11 октомври 2014
771
886

Demonhead

Intern
7 декември 2013
33
15
Извините вака на промени ама сепак се решив да одам со АМД платформа АМ5 и нова 4090ка и или 7900X или 7950X чисто ради ефикасност со потрошувачка посебно во ECO mode и дека AM5 ќе има подолг рок на подршка. Е сега кога почнав да читам дека има проблеми со конекторот во многу куќишта и се загрева доколку не се остави 35мм, тука веќе се изгубив и стварно не знам да пресметам колку вишок ќе имам.
Не најдов едно убаво куќиште кај што ја собира без проблем без да се зема некој custom кабел или мод (не знам ни дали може да ги набавам за кај нас).

За куќиште се мислев да одам со Fractal Torrent Full Size и да го нарачам преку ComputerUniverse: https://www.computeruniverse.net/de/p/90918500 ама не знам дали ќе можам да ја затворам пластиката без да го виткам конекторот.
Со Fractal куќиштето како што знам тераат повеќе без водено ладење, па што мислите дали би можел да терам со следнава конфигурација: https://pcpartpicker.com/list/tcG778 (PSU-то сакав да биде барем 1000W, ова го најдов во Сетек, што го ставив во конфигурацијата, матичната исто ќе ја нарачувам од странство и не сум сигурен дека ќе одам баш со таа плоча, и графичкава читав дека е евтина на изглед но дека генерално добро си функционира и дека во главно повеќето 4090ки се слични.)

За да сведам на поедноставни прашања дека пишав доста:
  1. Што би смениле на конфгурацијата на pcpartpicker?
  2. Дали ќе ја збере графичката во Fractal Torrent куќиштето без custom mod или додатен кабел? Доколку не дали знаете од кај може да се нарача или па да препорачате друго куќиште?
  3. Дали е безбедно за нарачување од ComputerUniverse?
 

Godlike

On your way to fame
11 октомври 2014
771
886
Дали е безбедно за нарачување од ComputerUniverse?
Да, овде можи да видиш позитивни/негативни искуства итн Нарачки од Computer Universe
Дали ќе ја збере графичката во Fractal Torrent куќиштето без custom mod или додатен кабел?
Веќе има 3 луѓе со 4090ка со истото куќиште, нема да имаш проблем со кабелот ако си го ставил правилно до крај да не варничи.
Мислењето е автоматски споено:

Ако буџет не е проблем стави некоја подобра матична со сите нишани како оваа
4090ка ја гледаш таа во Сетек gigabyte? Имаш и Asus TUF 4090ка во сетек поефтина е
 
Последна промена:

Demonhead

Intern
7 декември 2013
33
15
Веќе има 3 луѓе со 4090ка со истото куќиште, нема да имаш проблем со кабелот ако си го ставил правилно до крај да не варничи.
Видов повеќе конфигурации, вклучувајќи ја и оваа: https://ca.pcpartpicker.com/b/WpBcCJ.
Искрено се двоумам дали да одам без водено ладење со 7900X или 7950X. Гледам дечково направил физички измени на куќиштево, направил мал засек на лимот и вметнал ARCTIC Liquid Freezer II 420 RGB а фановите на куќиштето ги сместил под графичката.
Генерално ми се допаѓа куќиштево само ми е дали е ок да одам со пристап како дечково што направил или е лош пристап за ова куќиште?


Ако буџет не е проблем стави некоја подобра матична со сите нишани како оваа
За матична гледам повеќе опции, што мислиш за Asus PRIME X670E-PRO како во неговата конфигурација?


4090ка ја гледаш таа во Сетек gigabyte? Имаш и Asus TUF 4090ка во сетек поефтина е
Да да, знам дека има и ASUS TUF ама прочитав негде дека има гласен coil whine: View: https://imgur.com/a/HFkibtS
, а за Gigabyte гледам попозитвни коментари иако многу ефтино делува со пластичните делови.
 

Godlike

On your way to fame
11 октомври 2014
771
886
Видов повеќе конфигурации, вклучувајќи ја и оваа: https://ca.pcpartpicker.com/b/WpBcCJ.
Искрено се двоумам дали да одам без водено ладење со 7900X или 7950X. Гледам дечково направил физички измени на куќиштево, направил мал засек на лимот и вметнал ARCTIC Liquid Freezer II 420 RGB а фановите на куќиштето ги сместил под графичката.
Генерално ми се допаѓа куќиштево само ми е дали е ок да одам со пристап како дечково што направил или е лош пристап за ова куќиште?
Твој избор дали 7900x или 7950x, ама ако ти се чека некој месец Февруари треба да излезат AMD Unveils Ryzen 9 7950X3D, 7900X3D, and Ryzen 7 7800X3D, Up to 128 MB of L3 Cache And 5.7 GHz Boost ќе ги има во CU секогаш брзо.
Можиш и ти да си експериментираш со засек ако сакаш 420мм радијатор.
Имаш многу куќишта на пазарот, тоа што го гледаш дека тебе убаво ти изгледа и е компатибилно со сите работи што ќе ги ставаш внатре тогаш терај така.
За матична гледам повеќе опции, што мислиш за Asus PRIME X670E-PRO како во неговата конфигурација?
Е сеа викам со сите нишани ти даваш класа подолу од таа што ја спомнав, од Asus се поскапи ASUS ROG STRIX X670E-E GAMING WIFI иди со таа што ја спомнав X670E AORUS MASTER.
Или оди си по твој избор како сакаш.
Да да, знам дека има и ASUS TUF ама прочитав негде дека има гласен coil whine:
Има coil whine но не би требало да го слушаш кога куќиште е затворено, @The_Witch_Hunter тој можи да ти кажи од прва рака како што е со ASUS tuf.
 

TheGamerTeacher

On your way to fame
9 декември 2016
444
513
Скопје, Ѓорче Петров
www.twitch.tv
Бидејќи и јас сум во слична ситуација, ќе ти посочам само како размислувам, шо не значи дека е правилното решение. Моментално ќе одам со 7700 или 7600х, бидејќи сосема доволно се моќни за она шо мене ми треба, а по 1-2 генерации ќе скокнам на најдобрата можна х3д варијанта на процесор. Чисто поради фактот шо ова е прва генерација на АМ5, ама и 7950 е лудила процесор. Сепак во најмала рака почекај додека да ги најават цените на х3д верзиите на процесорите за да можиш да одлучиш.
 

The_Witch_Hunter

Unstoppable
23 мај 2012
1.366
3.130
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D | ROG Ryuo III 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade 2TB | Samsung 970 EVO 1TB | WD Purple™ WD20PURX 2x2TB
PSU
Corsair HXi Series™ HX1000i
RAM
Kingston FURY™ Beast DDR5 32GB 6000MT/s CL30
Video card
ASUS TUF Gaming GeForce RTX® 4090 OC Edition 24GB GDDR6X
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro
Keyboard
ASUS ROG Claymore
Audio
Creative A250 | ROG Strix GO Core
Monitor
Dell AW3821DW 3840x1600 144Hz G-SYNC ULTIMATE
OS
Windows 11 Pro 23H2
Е сега кога почнав да читам дека има проблеми со конекторот во многу куќишта и се загрева доколку не се остави 35мм, тука веќе се изгубив и стварно не знам да пресметам колку вишок ќе имам.
Не најдов едно убаво куќиште кај што ја собира без проблем без да се зема некој custom кабел или мод (не знам ни дали може да ги набавам за кај нас).
Old news е тоа. Откако сите дечиња научија дека (замисли) требало до крај да се гурне конекторот, магично исчезнаа и проблемите со него. Custom кабел секако сакаш без разлика, затоа што адаптерот е гломазен и грд, а бидејќи ќе купуваш и напојување всушност најдобро е да земеш native ATX 3.0. За куќиште гледај да има внатре бар 20 сантима дубина и 40 сантима должина, бидејќи сварно големи се картите.
Да да, знам дека има и ASUS TUF ама прочитав негде дека има гласен coil whine: View: https://imgur.com/a/HFkibtS
, а за Gigabyte гледам попозитвни коментари иако многу ефтино делува со пластичните делови.

Има coil whine но не би требало да го слушаш кога куќиште е затворено, @The_Witch_Hunter тој можи да ти кажи од прва рака како што е со ASUS tuf.
Индивидуално е тоа од карта до карта и комбинација со напојување, али у принцип болдираното^
 

thrw

On your way to fame
3 декември 2021
655
522
Референтниот модел нема забележлив Електромагнетски акустичен звук ама не се продаваат во просторите на Македонија. Моделите на партнерите за жал имаат.
Ако звукот се обидуваш да го скриеш со други звуци или го изолираш со затварање на куќиштето не значи дека нема да го слушаш ако увото ти тренирано да го слушаш тоа.

Во ниту еден случај не купувај таков ентузијастички процесор без водно ладење, само може да помине кај „5950x“ со многу наводници ама кај сите други ќе се намалува фреквенцијата да се чува процесорот од презагревање. 13-та и 7000-та генерација на процесори не вредат да се купат доколку не се потпираш на водно ладење да го чува бар до 90 степени што стана веќе новото „нормално“.
 

Rikimaru

Даскал
26 март 2016
3.242
5.258
Битола
4090ката нема проблеми со кабелот, туку со глупавоста на луѓето, бидејќи тие продолжителни кабли што адаптираат ATX 2.0 уклучок се гломазни, па децава мислеа дека може да се уклучи како било.

Секако custom кабел ќе си порачаш (задолжително) за да ја тргниш таа грозотија од 3-4 уклучоци и да функционира подобро и секако ATX 3.0 напојување ако веќе немаш никакво. Освен еден член никој не го спомна тоа, а е многу важна компонента.

Јас прво би одбрал напојување и куќиште да ја собира 4090ката, а повеќето mid/full tower ја собираат.

Инаку за сите use cases што ги спомна би избегнал AMD, бидејќи workbench задачи како видео и фото едитирање и 3д итн тераат екстремно лошо на АМД. Сиве овие компании го оптимизирааат нивниот софтвер да работи на CUDA јадра.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.702
Мислења
984.240
Членови
35.900
Најнов член
Gj0rgiew
На врв Дно