1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мислење околу конфигурација и помош/предлози

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од hemicharot, 15 Јануари 2019.

  1. hemicharot

    hemicharot
    Intern

    64
    24
    29 ноември 2017
    Здраво! Вака сега, малку backstory пред да поставувам прашања. Имам компјутер кој што ќе полни 10 години во септември, и јас досега немав срце за да го донирам/продадам/тргнам настрана, дека го имам прилично долго време, но сега, дека е јубилеј :) најверојатно ќе купам нова конфигурација. Најдов се што ми треба (мислам дека), но не знам како да проверам дали се компатабилни меѓусебно. Компјутеров ќе го користам за гејминг ама не ми е важно fps : 120, визуелен квалитет да биде ултра итн итн...
    Игри кои би сакал да можам да ги играм барем на medium :
    • Rise of the Tomb Raider
    • Mirror's Edge Catalyst
    • Shadow of the Tomb Raider
    • We Happy Few
    • Just Cause 3
    • Universe Sandbox 2 (иако не е баш игра)
    • Subnautica
    Препораки се добредојдени!
    Поздрав!

    п.с. Планирам да ја градам сам конфигурацијава, но немам никогаш ништо слично правено. Дали би било паметно да ги однесам деловите кај некоја фирма која би можела да ги состави, или сам, следејки го упатството за секој дел да го составам? Ако го однесам, така се губи искуството што може да се стекне, а ако го составувам сам ризикувам да направам грешка и да изгубам потенцијално матична процесор и графичка (можеби преувеличувам, не знам)
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Па нарачај се од Нексио на пример они ќе ти ја склопат. Ако немаш искуство немој да билдаш сам машина.
    На крај краева спреми пивце нешто мезе сиренце, маслинче ја ќе ти го склопам :oh::oh:

    Иначе не чини конфигурацијава. Зошто 7-ма генерација Интел? Земи i3-8ма генерација, 4 јадрен е, ќе ти треба тоа за игрите. Другото е океј.
     
    На Трајче Дрварчето и hemicharot им се допаѓа ова.
  3. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    834
    2,143
    12 oктомври 2014
    Машко
    Најубаво пиши колку ти е максимален буџет и ќе најдеме нешто кое би било најдобро за парите.
    Ако си за половни делови @gOJDO во задње време ги поеба сет и анхоч заедно, колку квалитетен хардвер продаде на форумов :D
     
    Трајче Дрварчето, Grimriper, gOJDO и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro
    Guru

    6,164
    8,494
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ја имаш купено?
     
  5. PeGi998

    PeGi998
    Gaining Experience

    50
    65
    3 oктомври 2018
    Машко
    Пиши си буџет и сигурен сум дека подобро ќе можат да помогнат членовите на форумот. Јас пишав буџет за пц за другар па @gOJDO ми понуди одлични делови за тој буџет и секако направивме супер пц. @tomi нуди одлично напојување за 3000 денари па би го земал одма во споредба со твоето да сум на твое место. Сепак е твоја одлука. Инаку што се однесува до склопувањето ако имаш време да гледаш неколку клипови и да прочиташ упатства верувај е многу лесно. Супер е кога сам ќе си го склопиш и уклучиш и едноставно знаеш дека ти си се помачил. Јас после доста плашење научив па сега за една година имам склопено околу дваесет на пријатели и ќарено неколку кафани :) Мислам дека се исплати.

    Испратено од MI 8 преку IT.mk форум апликација
     
  6. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    781
    495
    20 Декември 2015
    Машко
    @Astro - ГУРМАНЛИЈА "Confirmed"

    :crazy::D
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  7. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,381
    875
    28 ноември 2015
    Машко
    Јас продавам слична конфигурација за поефтини пари. Ако си за читни овде.
    Gaming budget config
     
  8. hemicharot

    hemicharot
    Intern

    64
    24
    29 ноември 2017
    Тhe Pirate Bay - The galaxy's most resilient BitTorrent site
    :)

    Баш заради ова сакав да пробам сам да составам (од кејф, но и за искуство), а видеа имам доста гледано, и кај сите е исто - личи лесно, ја составува за 20мин, и се си работи перфектно. И да, знам од прилика на што да внимавам (не го гради на тепих, пази како го ставаш процесорот, носи antistatic wristband итн итн), али пак звучи малку застрашувачко.

    Искрено фала за понудата но, и ова важи за сите што ми понудиле во порака или пак на темава, барам да купам компјутер од сигурен извор, т.е. компанија со релативно добра репутација (Анхоч, Сетек, Нептун? итн). Главно дека ако купам од компанија, добивам целосна, сертифицирана гаранција. (знам дека некои и тоа го нудат, но сепак)
     
  9. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,381
    875
    28 ноември 2015
    Машко
    Во тој случај таа платформа што ја купуваш е мртва. Подобро земи си или рајзен 3 или и3 8ма генерација, зашто на ново тие делови коштаат повеќе него да земеш на старо.
     
  10. PeGi998

    PeGi998
    Gaining Experience

    50
    65
    3 oктомври 2018
    Машко
    Тие работи што ги наброја воопшто не треба да те плашат. Можеш на јутуб да отвориш клип од Jayztwocents каде што ги прави сите работи што луѓето викаат дека не треба да се прават а пцто работи одлично. За деловите никако и3 7100. Стара генерација, а рајзен 3 2200г е подобар и 50€ поефтин. Би ти препорачал рајзен 3 2400г заедно со некој побрз рам па и 16гб мислам дека можеш да земеш. Сега за сега ќе завршиш работа, а покасно само некоја графичка и готово.

    Испратено од MI 8 преку IT.mk форум апликација
     
  11. hemicharot

    hemicharot
    Intern

    64
    24
    29 ноември 2017
    Баш и најпрво се фатив за АМД процесор, но на страната на матичната вика дека поддржува само интел процесори. :(

    Ако ќе си работи топ компјутерот и ако вградената графика во процесорот (некој жити мене нека ме поправи незнам дали така се вика) е доволна за барем да се уклучат тие игри погоре, тогаш океј е се!
     
  12. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    1,381
    875
    28 ноември 2015
    Машко
    Рајзен 3 1200
    Мси б450 матична
    8гб рам
    Графичка од форум и напојување. Добар компромис
     
  13. PeGi998

    PeGi998
    Gaining Experience

    50
    65
    3 oктомври 2018
    Машко
    Еве еден предлог од мене што би требало да направиш сега за сега. Сите игри што ги наброја можеш да ги играш но сигурно ќе треба да намалуваш резолуција и графика. Screenshot (30).png Доаѓаш до иста цена каква што имаше и ти на почетокот но добиваш подобар процесор, 16гб рам и иако шаркоон не се некој респектабилен бренд за напојување јас го користам истово со 1060 6гб долго време, а компјутерот ми е уклучен 24/7 и досега немало никаков проблем. Не знам дали анхоч даваат попуст ако се купиш од кај нив само знам дека ти нудат склопување на пцто но имаш тазе тема што направиле вработените кај нив па можеби подобро ти е сам да го склопиш. Инаку никако да купуваш 1050 2гб затоа што за 2000 денари повеќе со 1050ти 4гб имаш многу подобри перформанси. Секако собери повеќе мислења и разгледај повеќе компании,а не само анхоч.
     
    На hemicharot му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hemicharot

    hemicharot
    Intern

    64
    24
    29 ноември 2017
    океј после 6-7 месеци, се навраќам на темава, и со малку повеќе истражување си најдов нешто што мислам дека би ми работело океј.
    Screenshot_1.png

    Е, сега - ме интересира дали вреди за парите и дали треба нешто да се измени?
    Поздрав кон сите :)
     
  15. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,054
    12,575
    23 Јануари 2008
    Манга
    ти фалат делчиња за да се склопи. Инаку не вреди за парите.
     
  16. Hyperboy9914

    Hyperboy9914
    Intern

    15
    15
    21 Февруари 2018
    Машко
    Сметам дека ова вреди многу повеќе и ќе те трае многу подолго од конфигурацијата со Intel-от, сите делови освен напојувањето се од Нексио, додека пак напојувањето е од Setec, на тебе останува сега дали ќе сакаш да направиш компромис и да купиш половна 570/80 кои моментално можеш да ги најдеш по добра цена, и секако да си одбереш некое куќиште.
    Моменталната целокупна цена на овие делови е 25 360 ден.
    Со што кога би купувал половна графичка и некое куќиште, според мене целата конфигурација не би требало да биде повеќе од 33-4 илјади денари.
    За тие 6-7 илјади што ќе доплатиш повеќе од конфигурацијата што ја прикачи горе а и на таа и фалат делови за да се склопи, добиваш многу повеќе.

    PC.PNG
     
    На hemicharot му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,054
    12,575
    23 Јануари 2008
    Манга

Сподели

Вчитување...