1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Мислења за Quart телевизор

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од Fieto, 28 Декември 2014.

  1. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,172
    20 Април 2007
    Машко
    Ај да пробам да ти објаснам.
    Прво сите прават грешка што на телевизорот пробуваат да ги гледаат содржините од УСБ стик преку неговиот интегриран плеер. Тоа е лошо.
    Интегрираните плеери користат одредени кодеци, интегрираните плеери користат процесор вграден во телевизорот, а знак прашање каков е тој. Најчесто е многу слаб и нема можност да направи добра обработка на сликата, па и затоа приказот е очаен.
    Кај поскапите модели, односно повисоката класа, овие процесори се помоќни, некој од нив се и квад кор процесори и имаат можност да прикажат колку толку посолидна слика.
    Доколку истиот материјал се презентира преку медиа плеер, кај кој што првенствено и основно е добро процесирање на материјалот и проследување до телевизорот, приказот на готовиот сигнал ке биде едноставен (исто како оној пуштен од компјутер преку хдми) па приказот ке биде одличен.
    Затоа и сликата презентирана преку лаптоп или медиа плеер, секогаш ке биде подобра од онаа презентирана преку усб од самиот телевизор.
     
    На gligor и goranzoran им се допаѓа ова.
  2. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,258
    2,759
    21 Јануари 2011
    Машко
    Затоа мене сликава на квартов ми била ко суза, без мачканици и остали тракатанци зашо не иде директно преку тв, туку преку блуреј плејер врзан со hdmi му пуштам блуреј филм од 40 гиги. :)
    Инаку видеоно што флегма го постирал од јутуб е со ужасен квалитет кога го гледам на мониторов, таков ерес ја не пуштам ни за проба на мојот кварт, мојот кварт заслужува само блуреј и ништо помалку :offended:
    Мистеријата е решена :suprised:
     
    Последна промена: 11 Февруари 2015
  3. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,318
    2,567
    19 Јули 2013
    Јасен ми е тој дел, меѓутоа не е тоа темата на недоразбрањето. Никаде не се спомна дека репродукцијата од усб дава размачкана слика, туку дека екраните на овие телевизори даваат замачкана слика.

    За да избегнеме понатамошни недоразбирања, јас зборев за сликата од телевизија независно дали се добива од антена или тв оператор (кабелски, ип, сателитски) и конкретно за тие ефекти на замачканост, духови и не знам што. Со оглед дека спорт се спомнуваше претпоставив дека и другите тоа го имаат на ум, некако не ми идеше спорт од усб да се гледа.
     
  4. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,172
    20 Април 2007
    Машко
    Во принцип не е проблем до панелот, односно е, ама има и други фактори.
    И да, многу е битен влезниот сигнал односно квалитетот. Дали е дигитален, дали е аналоген. Каков сигнал пушта кабловскиот оператор итн итн. И башка процесорот во самиот телевизор има огромна улога. Дали има сила да ја испроцесира целата информација, или пак ако нема, сликата при брзи движења ке биде прикажана како коцки итн итн...
     
  5. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,318
    2,567
    19 Јули 2013
    Ако процесорот нема сила, постојано ќе има дефекти на сликата. Коцките те пикселизацијата односно губење на макроблоковите најчесто е заради малиот битрејт на видеото, може да е заради грешка во преносот на сигналот доколку се работи за тв или грешка на кодерот кој нема да стави I фрејм на промена на кадар што е ретко случај.
    Промена на кадар дури и во вести носи многу повеќе информации отколку брзи движења во спорт или што и да е. Многу повеќе информации за обработка има и во кадар од пуста песочна плажа и море, ако навидум ништо не се случува.
    Немам сега многу време да направам и поставам слика од векторите на движење што ги анализира кодерот, каде и графички ќе се прикаже тоа, ама сигурно некој некаде поставил па може и да се прогугла.
     
  6. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,172
    20 Април 2007
    Машко
    А бе убаво збориш, ама во пракса не е баш така. Кога има многу информации, истите не можат да се обработат и се коцка сликата. Не само на фудбал туку на било што се приметува тоа. И на песок и на вода и на вести...Исто така зависи и од тоа колку е компресирано видеото, сигналот итн итн
     
  7. Govinda

    Govinda
    Баниран/a

    75
    32
    6 Јуни 2014
    Машко
    Jas bi spomnal na Hitachito doma nesum prometil kocki pri dvizenja na kadrite, ama primetuvam zamalglenost za koja so pretpostavuvam dekla ima vrska so responce time koj e 10 ms na vaj model. Vikat deka na nogu marki koristat trikovi , ja merat brzina od siva do bela i nazad, i taka ja stavat taa brojka da bide pomala od 10. Bi sakal da slusnam od vas nekoe strucno mislenje u vezi vaj responce time kako funkcionira ustvari u praksa kaj razlicnite TV modeli.
     
  8. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,318
    2,567
    19 Јули 2013
    Значи сепак на крај се сведува на квалитетот на сигналот те на компресијата, а не на екранот.
    @Govinda, еве тука тема каде разглабавме околу времето на одѕив.
     
    На goranzoran му/ѝ се допаѓа ова.
  9. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    3,258
    2,759
    21 Јануари 2011
    Машко
    Добриот сигнал ќе даде добра слика која ќе биде и повеќе од задоволителна за повеќето луѓе. Не очекувајте добар сигнал од нашиве телевизии, од јутуб и сличните на нив.
     
    На gligor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Katencebt

    Katencebt
    Intern

    1
    1
    3 Декември 2016
    Decki zdravo edno mislenje taka nabrzinski za televizor FUEGO 43 fg 3405 smart nesto 400mhz 2xhdmi usb saksm da go zemam pa bi vi bila blagodarna ako kazete nekor zborce dve
     
    На Lajce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,516
    14 Мај 2008
    Машко
    Мислење набрзински? Па еве: "Сиромавиот плаќа два пати".
     
    На Mar tiN му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...