• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Мислења за Quart телевизор

Pane-G

On your way to fame
9 мај 2012
1,575
884
Земи Грундинг, посигурни се од Quart а и цената им е тука негде. Полоши телевизори од Quart се само Neo.
Не,туку обратно НЕО сега се подобрува ,а Кварт никако да се подобри останува исто ниво .
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,814
15,010
Немам намера да изигравам трудно пиле но се додека има вакви марки и купувачи на истите, големите играчи како Sony, LG, Samsung, Panasonic само ќе набиваат цени и еднаш годишно скришно ќе се состануваат во Швајцарија за да ги договараат цените. Истовремено трупајќи капитал!

Немојте да мислите дека но нејм брендовите ќе им ја намалат продажбата односно профитот. Можеби е можна флуктација на период од 3-4 години во полза на анонимнава братија но тоа само допринесува овие да се гојат уште повеќе.
Чаре е внимателно и студициозно планирање пред да се купува! Треба да се купува познат бренд со функции кои ги користиме/те

  1. Снимање е од ЕПТЕН голема корист ако имате мало дете кое по цел ден би да гледа Златно Славејче и Петко 5+
  2. Youtube е маст хев (види точка бр. еден)
  3. DLNA - исто така но овој пат да се стави нагласок на подржаните формати од страна на телевизорот (за да не мора да се врши транскодирање)
  4. Проширливост со периферија (тастатура на пр.) која е од друг производител а не, како Sony на пр., да ви продаваат Wi-Fi стикче за 4000 денари или тастатура за 50 евра.
  5. Wi-Fi. Не ready туку вградено
  6. Остатокот од буџетот да оди во инвестирање во типот на позадинско осветлување и начинот на затемнување на екранот, процесирањето на сликата и, иако на последно место, приоритетно е (бар за мене) брзо мени FTW! Ништо не иритира како мени кое е споро или лагира. За не-ергономско да не правиме муабет!
 
prolivot

Gaining Experience
28 декември 2014
327
385

Скоро се што наброја и сосема безпотребно и може да биде заменето со други подобри уреди. Секогаш главна работа е квалитет на слика, се друго е мех.
 
Dinamit

Gaining Experience
25 мај 2013
384
456
Еми оти не зеде и за дома Quart?

@останатите
Quart, Vivax, Neo...\
Се ова се марки за богаташи. Останатите LG, Sony, Samsung...

Друже напоменав и погоре.Не велам дека Quart од 10000денари е подобар од 8 серија на Самсунг која чини 100000 денари
И нормално цената кажува.
Но дека дека Quart е подобар избор од стариве со катодна цевка Сони,панасоник итн натаму дефинитивно е.
Има усб,дигитален приемник,смарт т.е интернети,хдми итн,а со доплата на располаѓање е и фулл т.е ултра хд опција со 3д верзии

Ете тоа е добро кај овие телевизори,што некој за значително помалку пари може да ги има на дофат сите нови технологии.

Тоа кај самсунг и кај големите бреднови чини многу пари.Нормално дека брендовите се подобри,но дека Quart,Vivax,Grundig,Neo и сл.се ѓубре апсолутно не се.
И за нив има 2 години гаранција и за Самсунг има 2 години.
После 2 години може се да се случи,но како што кажав и претходно нема никој поставено внатре волшебен часовник па да каже колку време ќе работи
 
gligor

Gaining Experience
5 март 2008
225
151
Многу често споредуваме баби и жаби.
Ако споредуваме по цена, за 17 000 имаш
QUART 40" LPS401
или
SAMSUNG UE32H5030AWXXH

Quart ---- Samsung
....40"---- ---32"
Smart--------- не
Browser------- нема
YouTube------нема
Facebook-----нема
PVR------------не

Ако споредуваме по можности, за да го добиеш истото кај ниската класа на Самсунг треба 26-27 000, во високата мнооогу повеќе.

И ако сакаш да имаш се на 40", а немаш 27 000 или повеќе, нормално ќе си купиш Quart, и незнам што тука е нејасно. Quart, Neo, Vivax, Grunding, Thompson, TLC, Hitachi, Schneider, ST гледаат илјадници и илјадници фамилии во Македонија и 90% од нив се задоволни од тоа што имаат.

Ако сакаш се и имаш пари, како што кажа @Dinamit ќе си купиш серија 8.

А ако некој мисле дека SAMSUNG UE32H5030AWXXH за истите пари е врв на технологија и квалитет, нека проба нека го купе од UK, DE, FR продавница!
И тој модел на samsung е шкарт исто колку и quart-ot на Амц, сколпен од некој пијан Русин со отисоци од прсти од внатрешноста на екранот за пазарот во Македонија или Романија
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,632
5,234
Но дека дека Quart е подобар избор од стариве со катодна цевка Сони,панасоник итн натаму дефинитивно е.
Кога читам овакви коментари, сваќам дека некому едноставно му било одземено нешто во детството и нормалниот развој.
Целта на дигиталната технологија и развојот на панелите и телевизијата во поново време е да се достигне квалитетот кој беше се додека не прекинаа со производство на црт-то.

Само високо квалитетните панели имаат реална слика како старите добри тринитрон цевки. Небитно.

Има усб,дигитален приемник,смарт т.е интернети,хдми итн,а со доплата на располаѓање е и фулл т.е ултра хд опција со 3д верзии

Ова е апсолутно точно, но можеш во секое време стариот и добар ЦРТ да го претвориш во смарт ТВ со само 5500 денари.
Да, нема да имаш 50 инча но ке имаш сигурно подобра слика одколку кај Quart от, па макар бил и 4К :)
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,124
3,590
А не мислиш дека лцд го достигна нивото на катодните цевки? Затоа што оние што можат да си дозволат кварт или нео, сигурно немале тринитрон од 2-3000дм. А и да имале, по толку години работа сликата е далеку од онаа што била кога бил нов и сегашниве најчкарт панели веќе имаат подобра слика од нив. ХД, усб плеер и интернет се гратис.
 
Aowek

Gaining Experience
14 април 2012
690
376
Сите продукти на Quart (се чита Чкарт) се за избегнување. Сеуште не сум сретнал нивни производ (таблет, ЦРТ тв, ЛЦД, монитор...) кој функционира, а не па да биде прифатлив.
ЛЦд мониторов 19 инча од 2006 кај мене не се дава работи :D само 1 дефект до сеа неонки некој мењав внатре хаахах чекам да црнке па нов да си зеам
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,632
5,234
А не мислиш дека лцд го достигна нивото на катодните цевки? Затоа што оние што можат да си дозволат кварт или нео, сигурно немале тринитрон од 2-3000дм. А и да имале, по толку години работа сликата е далеку од онаа што била кога бил нов и сегашниве најчкарт панели веќе имаат подобра слика од нив. ХД, усб плеер и интернет се гратис.

Точно, но претходната констатација нема никаква врска со тоа што е напишано.
Затоа што освен во резолуцијата, ЛЦД во моментов неможе ни да се доближи до реалниот приказ на спектарот на бои како кај црт-то.
Спореди кое сакаш ЛЦД покрај некој ЦРТ, ке ја воочиш разликата, поготово на кабловска телевизија.
Не зборувам за Фул Хд канали, него едноставно обична телевизија. Кај нас и нема ХД освен прва македонска и сител, а и тие се знак прашање колку хд.
Блиску до реалниот приказ беше плазмата, но и неа ја прекинаа да ја произведуваат.
Огромна предност кај ЛЦД-то во однос на класичен ЦРТ е димензијата и тоа што не зрачи .
Мојот ЦРТ Филипс е од 93-та и се уште има 100% стакло слика. Да, има изгубено од квалитетот, но верувај дека тотален лаик да префрлиш од тој телевизор на лцд како кварт, нео, мео итн итн ке биде крајно незадоволен.
И првата забелешка ке биде: Зошто лицата на луѓево се како да се од цртан филм? Зошто боите толку дречат?
Намали ми светло, многу свети, навечер не можам да го гледам. (90% од луѓе кои немаат апсолутно никаква појма од техника и единствено го смениле телевизорот зошто им бил новиот поголем, а и ефтин го продавале, односно пензионери, постари луѓе, луѓе кои гледаат турски серии каде во гро план се фаците на луѓето).
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,814
15,010
Цената на добрите телевизори никогаш не се смени. Добрите секогаш беа 1000+ марки
Сега е исто. Без мин. 500-600 евра нема добар телевизор

LCD-ињата кои се опасно блиску или исти со приказот на CRT коштаат 2000+ евра.

btw
Се додека се гледа релативно „мирна“ содржина сите LCD-иња се исти (под претпоставка да користат ист тип на матрица)
Фрката настанува кога човек има потреба да гледа спорт или многу динамична содржина. Во тие моменти Quart и останатата евтина братија прикажуваат мрљи и мачканици.
 
Dinamit

Gaining Experience
25 мај 2013
384
456
Кога читам овакви коментари, сваќам дека некому едноставно му било одземено нешто во детството и нормалниот развој.
Целта на дигиталната технологија и развојот на панелите и телевизијата во поново време е да се достигне квалитетот кој беше се додека не прекинаа со производство на црт-то.

Само високо квалитетните панели имаат реална слика како старите добри тринитрон цевки. Небитно.

Ова е апсолутно точно, но можеш во секое време стариот и добар ЦРТ да го претвориш во смарт ТВ со само 5500 денари.
Да, нема да имаш 50 инча но ке имаш сигурно подобра слика одколку кај Quart от, па макар бил и 4К :)
Sale во ред е за сликата,но денес телевизор на кој немам усб или хдми приклучок и ми е тежок 30 кг ми е ненормална работа.Замисли некој да ти дојде дома и да види дека уште имаш од големите телевизори или по баба ми,како што си ги нарекува со од тие со грпка):)Многу е невкусно нели.
 
Dinamit

Gaining Experience
25 мај 2013
384
456
Цената на добрите телевизори никогаш не се смени. Добрите секогаш беа 1000+ марки
Сега е исто. Без мин. 500-600 евра нема добар телевизор

LCD-ињата кои се опасно блиску или исти со приказот на CRT коштаат 2000+ евра.

btw
Се додека се гледа релативно „мирна“ содржина сите LCD-иња се исти (под претпоставка да користат ист тип на матрица)
Фрката настанува кога човек има потреба да гледа спорт или многу динамична содржина. Во тие моменти Quart и останатата евтина братија прикажуваат мрљи и мачканици.
Да не испадне дека го бранам Quart,но во викендица кога ќе пуштам сателитска,на Скај или здф фудбал,сликата е перфектно добра.

Дома немам сателитска и имам Самсунг и панасоник телевизор.Ни двата немаат ниту приближно добра слика како Quartot во викендица.
Незнам дали е до сателитската но такви работи што ти ги велиш за мрљи и мачканици јас ги немам кај Quart,туку напротив ги имам дома кај панасоникот и тоа со ИПС панел:confused:

Џабе е Флегма,каков сакаш телевизор имај,ако од близу ти пуштат мутава резолуција и сигнал џабе ти е.
јасно е дека само дримбоксот му е мајка.Друго ништо не помага.
Деновиве планирав да ставам пак сателитска дома.Едновреме имав ама ја извадив,но деновиве планирам пак да ставам.

Туку да даде некој предлог на каков дримбокс да се оди.Не сум во тек одамна.Во викендица имам дм800,но верувам дека сега има понови и подобри модели.
 
gligor

Gaining Experience
5 март 2008
225
151
Туку да даде некој предлог на каков дримбокс да се оди.Не сум во тек одамна.Во викендица имам дм800,но верувам дека сега има понови и подобри модели.
Ако си за DreamBox, 500HD clone ferrari sim, оригиналот е многу скап, а и добар клон е подобар од оригиналот. Ако сакаш нешто помоќно гледај нешто од Vu, ама и поскапо.
Јас би ти пропорачал Cloud iBox 2 +, моментално го користам него, многу многу подобар од 800-та што ја имаш, според мое лично мислење подобар и од DB500HD, а доста поефтин, кај нас можеш да го најдеш нов за 110-120 евра, во кина доста поефтино
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,632
5,234
Замисли некој да ти дојде дома и да види дека уште имаш од големите телевизори или по баба ми,како што си ги нарекува со од тие со грпка):)Многу е невкусно нели.

Зошто да е невкусно нешто што функционира беспрекорно да го фрлам заради тоа што некој ке дојде кај мене и ке види дека гледам на ЦРТ?
Искрено ме за---- за тоа :)
 
Dinamit

Gaining Experience
25 мај 2013
384
456
Ако си за DreamBox, 500HD clone ferrari sim, оригиналот е многу скап, а и добар клон е подобар од оригиналот. Ако сакаш нешто помоќно гледај нешто од Vu, ама и поскапо.
Јас би ти пропорачал Cloud iBox 2 +, моментално го користам него, многу многу подобар од 800-та што ја имаш, според мое лично мислење подобар и од DB500HD, а доста поефтин, кај нас можеш да го најдеш нов за 110-120 евра, во кина доста поефтино

Да дм800 што го имам одамна е веќе слаб модел.

Веројатно ќе се оди на нешто помеѓу ibox 2 или дримбокс 500хд

Бидејќи дома немам ништо од опрема ќе се оди на комплет да поминам до 350-400 евра со се шеринг за 1 година.

Не ми се битни јачини и такви работи.Битно е да не губам на квалитет од сликата,па доколку и поевтин дримбокс има иста слика би одел и на поевтин.
Ќе се распрашам штом најдам слободно време деновиве,но ете може и да предложите тука
 
damil

On your way to fame
2 јануари 2015
877
994
Јас би избегнувал и Hitachi пред година дена земав 32инчи и после две носења во сервис решија да го средат проблемот со бледата слика.
Па што квалитет е телевизорот ако за година пак цркне, а нема више гаранција.
До сега никогаш не сум имал проблем со сони, лг или самсунг.
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,124
3,590
Точно, но претходната констатација нема никаква врска со тоа што е напишано.
Затоа што освен во резолуцијата, ЛЦД во моментов неможе ни да се доближи до реалниот приказ на спектарот на бои како кај црт-то.
Спореди кое сакаш ЛЦД покрај некој ЦРТ, ке ја воочиш разликата, поготово на кабловска телевизија.
Не зборувам за Фул Хд канали, него едноставно обична телевизија. Кај нас и нема ХД освен прва македонска и сител, а и тие се знак прашање колку хд.
Блиску до реалниот приказ беше плазмата, но и неа ја прекинаа да ја произведуваат.
Огромна предност кај ЛЦД-то во однос на класичен ЦРТ е димензијата и тоа што не зрачи .
Мојот ЦРТ Филипс е од 93-та и се уште има 100% стакло слика. Да, има изгубено од квалитетот, но верувај дека тотален лаик да префрлиш од тој телевизор на лцд како кварт, нео, мео итн итн ке биде крајно незадоволен.
И првата забелешка ке биде: Зошто лицата на луѓево се како да се од цртан филм? Зошто боите толку дречат?
Намали ми светло, многу свети, навечер не можам да го гледам. (90% од луѓе кои немаат апсолутно никаква појма од техника и единствено го смениле телевизорот зошто им бил новиот поголем, а и ефтин го продавале, односно пензионери, постари луѓе, луѓе кои гледаат турски серии каде во гро план се фаците на луѓето).
Цената на добрите телевизори никогаш не се смени. Добрите секогаш беа 1000+ марки
Сега е исто. Без мин. 500-600 евра нема добар телевизор

LCD-ињата кои се опасно блиску или исти со приказот на CRT коштаат 2000+ евра.

btw
Се додека се гледа релативно „мирна“ содржина сите LCD-иња се исти (под претпоставка да користат ист тип на матрица)
Фрката настанува кога човек има потреба да гледа спорт или многу динамична содржина. Во тие моменти Quart и останатата евтина братија прикажуваат мрљи и мачканици.
Важеше ова на почетокот кога се појавија лцд и плазмите во широка потрошувачка. Се уште имам од тоа време еден лцд од LG, 4:3 екран, со ужасна слика која што не ја гледаш или ја гледаш со инверзни бои само ако малку ја мрднеш главата настрана, а со цена два пати поголема од тогаш најскапиот тринитрон на сони.
Живеев во таа заблуда дека мојот тв со катодна цевка дава подобра слика на телевизија од лцд, а само плазмата е „тука некаде“ се додека пред некој месец не ставив еден лцд до него и ги пуштив на иста македонска телевизија. Ги гледав двата едно добри пет секунди и после тоа го изгасив катодниот, го отштекав струја и го испратив во вечните ловишта. Толку од супериорноста на сликата. А лцд-то е ЛГ од 14000.
А тие мрљи и мачканици се надевам дека некогаш на некој тв ќе ги забележам.
 
filipsam

Intern
14 јануари 2015
7
1
Еве ви од сајтот на Quart
STYLE. TECHNOLOGY. DESIGN. PRICE.
QUART Electronics delivers products specially LCD TV’s and audio/video products to satisfy a numerous of customer requirements, from home entertainment to business needs, making us one of regional leading providers of LCD TV solutions in the Macedonia, Serbia and region . Employing world-class technology and Microsoft and cost-effective standards-based processes, we strive to be a competitive brand known for quality products, services, and people.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,814
15,010
А тие мрљи и мачканици се надевам дека некогаш на некој тв ќе ги забележам.

Кога ќе почне да се мачи да проџвака сцена со супер брзи покрети кои, за беља, ти се паднале баш на твојот омилен филм ќе забележиш. Сецкања, духови, недефинираност, нешто не ти е како што треба ама не знаеш да си објасниш...ете тоа е тој енџин со кој во гради се маваат Sony, Samsung..
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,124
3,590
Кога ќе почне да се мачи да проџвака сцена со супер брзи покрети кои, за беља, ти се паднале баш на твојот омилен филм ќе забележиш. Сецкања, духови, недефинираност, нешто не ти е како што треба ама не знаеш да си објасниш...ете тоа е тој енџин со кој во гради се маваат Sony, Samsung..
Не можам да го видам, не дека не знам да си го објаснам. Зошто мислиш дека било која сцена е проблематична за прикажување на екранот?
Дали има поголем стрес за екранот од црно/бело? Дали кога има рез на црно, на било кој екран останала претходната сцена?
Митови се сите овие работи за мачкање при брзи покрети. И да ги има, тоа е поради недоволен бит рејт во видеото за запис на овие моменти, а тоа ќе се види и на најевтиниот и на најскапиот екран. И како тоа истиот екран може без проблем да прикаже слика од компјутер на 60 херца, без сецкање и духови, а не може да се справи со тв слика од 25?
 
goranzoran

Unstoppable
21 јануари 2011
3,316
2,775
скопје
На мојов кварт секогаш му пуштам 1080p, никогаш немало сецкања, духови, недефинираност, мачкања и слично.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,814
15,010
Симнете го овој клип во 1080p, репродуцирајте го и јавете резултати. Особено кога се движи камерата обратно од топчињата
 
vane44

Баниран/a
26 ноември 2010
1,417
778
Гевгелија
Симнете го овој клип во 1080p, репродуцирајте го и јавете резултати. Особено кога се движи камерата обратно од топчињата
сум го гледал без број пати и изгледа фантастично на мојот LG во fullHD без никакво замаглување или сецкање на сликата и плус од усб го гледам стално, медиа плеерот што го имам кога го купив ТВ-то немам 2 пати го пуштено
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,124
3,590
Не забележав ништо од споменатите дефекти. Можеби треба некој на кварт да го изгледа видеово, па да јави, ама чисто се сомневам дека ќе забележи нешто. Единствено во неколку кадри со голем број топчиња тие во позадината се матни, меѓутоа тоа е поради големата компресија на видеото на јутјуб. Истото се гледа и кога видеото е на пауза.
А горните прашања остануваат неодговорени.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,061
Мислења
871,023
Членови
30,391
Најнов член
Erkan
На врв Дно