1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог Мислења за проект

Дискусија во форумот 'Старт-ап сцена' започната од coNNectMKD, 17 Јануари 2020.

  1. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    326
    256
    13 Март 2017
    Машко
    Периодов со пријател ни се врти една идеја која ја дискутираме константно али кога седиме 2ца и се убедуваме дека е топ, нема ќар :) Блиските исто се нерелевантни зошто сите ти викаат пробај бе што има везе..

    Сакам од форумов да добијат фидбек, што вие мислите за идејата, дали има шанси во Македонија такво нешто да се изгура:

    Во кратки црти, планот е да се направи платформа за луѓе што нудат некаква услуга (занает) на која клиенти ќе можат да ги контактираат директно и да ги резервираат со неколку клика од дома од пц или од мобилен. Значи да го дигитализираме принципот на наоѓање стручно лице.. Тука спаѓаат пример електричари, сервисери, автомеханичари, бравари, столати ѕидари итн. итн.

    Најдовме убав темплејт каде ќе има опции, не само од страна на корисничката панела, туку и за бизнис моделот (мајсторот) ќе го наречам, каде се гради како засебен профил, како социјална мрежа ајде ке кажам, каде може да постира јавно како на newsfeed на ФБ, галерија да си објавува, промоции, понуди, услуги итн.
    Пример скриншотови: https://i.ibb.co/qCVYjdm/Screenshot-2.jpg ; https://i.ibb.co/XXr9YHC/business-1.jpg

    Покрај ова, клиентот ќе може директно да го контактира „мајсторот“ и/или да го резервира.

    Поентата е да иде платформата на принцип на фиксна провизија од пример 30/50/100 ден. по клиент по резервација и/или по процент од цената на самата услуга (пример 3%/5%/7%).
    Тука има уште една работа која е супер, а тоа е целата сума автоматски ќе си се процесира, делот што треба да биде за платформата, ќе иде кон нас, останатиот дел кон business owner-от.
    Ова се ќе биде достапно до „мајсторот“ каде ќе може да си ги процесира и менаџира сам нарачките, да си додава нови производи, пакети, промоции, да комуницира со клиентите или пак да ги одбие.
    -Пример скриншот од панелата: https://i.ibb.co/vvK8p8L/business-shop-page-dashboard.jpg

    Втор начин е да функционира на пакет купончиња, каде ќе се плаќа 50/100 ден. на самата платформа автоматски при резервација на „мајсторот“ а останатиот дел од сумата да си го плати директно кај него.

    Дополнително, би додавале и по некоја компанија каде ќе има одредена месечна провизија и ќе стои вака: Скриншот: https://i.ibb.co/wK10gdM/busines-verify.jpg
    Ова би можело да се додаде и на одредени регистрирани бизнис модели (мајстори) за одреден (мал) месечен надоместок.

    У кратки црти, мање више тоа. Јас еве кога би размислил, без разлика што јас го правам, мислам дека е убава идеја, и дека полека и ние идеме накај комплетна дигитализација и навикнување на тој свет, но кај нас (без никого да навредам) голем дел од луѓето во овие категории се неуки за вакви работи. Ме плаши дека и колку и да им се свиѓа како идеа, можеби ќе им биде комплицирано па добар дел и да се откажат...

    Што мислите вие? Вреди да се почне да се уложува, да се пробува пазаров или? Ако би почнувале, се би било бесплатно како тест период од неколку месеци па колку-толку ќе може да се види како се тоа би изглеало..
     
    На RoninMK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NanoCell

    NanoCell
    Gaining Experience

    346
    417
    10 oктомври 2011
    Машко
    Не е лоша идејата, поради недостигот на стручни лица во последно време. Исто така ќе овозможи начин за своевидна реклама, па дури и рангирање според задоволност на клиентите на способните мајстори.
    Неколку потенцијални проблеми:
    • Цената на услугата:
      • Не можете точно да дефинирате цена за да наплатите процент, зошто проблемот не може да се утврди без проверка. Ако процентот го земате од заработката на мајсторот, тој ќе има мотивација да наплати одреден дел од услугата во кеш, а вие да добиете процент за најефтината услуга достапна од него
      • Мајсторите најчесто немаат строго утврден ценовник и често знаат да наплатат услуги според своја слободна проценка
    • Незадоволните корисници на услугата на мајсторот, доста често ќе се обратат до вашиот сервис, зошто тие услугата ја купиле преку вашата платформа, дали имате смислено начин за заштита од истото без притоа да биде оштетен клиентот, но и мајсторот?
    Just my 2 cents ...
     
    На JasSum и coNNectMKD им се допаѓа ова.
  3. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    339
    423
    20 Јуни 2012
    Машко
    Идејава ти е добра. Oва го кажувам бидејќи и самиот веќе работам на истото :)
    Апликацијата ја развивам ( со уште двајца девелопера ) па се надевам дека ќе биде готова пролетва. Многу е битно, ако веќе се одлучиш да ја развиваш да имаш буџет и за маркетинг.
    Исто така веќе и постои слична апликација ( мојЧоек | Комшиски бизнис ) па можеш од тука да земеш и некоја идеа.
     
    Последна промена: 17 Јануари 2020
    mviktors, RoninMK и на coNNectMKD им се допаѓа ова.
  4. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    712
    1,045
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Бидејќи сме во МК, морам да прашам, што ги спречува потенцијалните клиенти, откако ке го пронајдат, да го контактираат мајсторот за дирекно да си се договорат, без да платат 3 5 7% или фиксна сума? сличното се случува и на Букинг и ЕирБНБ. Remove the middleman >>>> profit
     
    На apo808 и Zippo им се допаѓа ова.
  5. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,763
    3,214
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Апсолутно ништо не ги спречува за жал.
     
  6. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    339
    423
    20 Јуни 2012
    Машко
    Има различни начини од кои што може да се заработува а тука секако спаѓаат реклами, банери, медијаторство помеѓу мајсторите и корисниците на услугата во случај на спор / недоразбирање, гаранција од креаторите на веб апликацијата за одредни поединци / компании кои ги даваат услугите за што секако корисниците ќе платат повеќе.... има доста начини од кои што може да се заработи.
     
  7. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,661
    1,086
    28 ноември 2015
    Машко
    Ништо не ги спречува, но тие сервиси нудат платформа да се рекламираш каде што ти не би се замарал со системот за плаќање, бркање на муштерии и во случај нешто лошо да се деси аирбнб стои позади тоа. Вака кога е директно ти ги превземаш ризите погоре пишани.
     
  8. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    495
    437
    26 Јуни 2012
    Машко
    Oва како Upwork за blue collar jobs , ај лајк ит. Идејава ја поддржувам и се надевам ќе оди во production.
    Е сега на истото стојам и јас, околу делот за дигитализација и модернизација. Многумина од мајсторите, секако без навреда, ама се навистина IT illiterate.
    Повеќето (што ги познавам) професионалци и добри мајстори се во години и чисто се сомневам дека некој од нив би седнал да прави профил на вебстрана и оттаму да ги продава своите услуги. Не е дека нема и помлади ама ете, јас барем такво искуство имам што сите што сум ги викнал електричари, водоводџии, ѕидари и молери сите биле постари. А работата ја завршиле одлично и без замерки!

    Да не звучи песимистички и македонче синдром постов, сепак би дал сугестија да пробаш со идејата. Само размисли го и маркетинг/exposure делот како најдобро да стигнеш до нив-мајсторите.

    P.S Мојот водоводџија дури нема ни мобилен, мора на фиксен да му вртам 2-3 пати додека го начекам дома за да го викнам да дојде :D.
     
  9. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    845
    538
    20 Декември 2015
    Машко
    Да има така на Booking лично го правам тоа со мои луѓе години уназад што идат.

    Али во случајов ако те фати букинг пенал плаќаш или целосно си тргнат од нивната платформа. Тој што ќе го контактира мајсторот не плаќа екстра а тие 50 денари на мајсторот нема да го збогатат.

    Рејтинг ќе се има, али личен контакт и надворешен контакт надвор од платформата не треба да се дозволи, се да иде преку апликацијата. А после кога ќе си се најдат тоа дали middleman ќе го тргнат нивно е, ама рачунај reviewto ќе му е битно на услужителот. По тоа ќе крева и цена.

    Предобар проект што кај нас нема да успее барем засега.(мое мислење)

    Пример мајстори било кој вид, не користат картички, а и да користат на секоја трансакција има провизија, не се води како вработен или фирма, а прима средства. Тогаш и тој и апликацијата-owner влегуваат во лоши води.

    Ако соработува со фирми тогаш е малце полесно ама со занаетчија поединец тешко е. Customer Service, одлуки кој е крив кој не е, успат и бизнисот ќе има рејтинг ќе има незадоволен народ, за се бара влакно и се безпари.
     
    Последна промена: 17 Јануари 2020
  10. Bravo

    Bravo
    Gaining Experience

    207
    317
    12 Декември 2015
    Машко
    Имај предвид дека општо земено мајстори е тешко да најдеш, бидејќи со градежнава офанзива и со работа во Германија, многумина си заминаа. Дополнително, секој што нешто правел, градел, поправал и слично, знае дека расправање со мајстори е огромна заебанција.

    Плус, таа категорија на квалификувани мајстори, најчесто не се бафтаат многу со нови технологии, ниту пак ги интересираат придобивките од тоа.

    Е сега, како ти ќе ги натераш мајсторите, кои се генерално своеглави, и многу често знаат да закаснат или да ти презакажат за друг ден или недела, да ги почитуваат правилата на платформата која сакаш да ја започнеш?
    Ќе им шифташ тезги у нивни правец преку нет ама тоа нема да ги направи попрофесионални во тоа што го работат. Размисли убаво околу ова.

    Испратено од VTR-L09 преку IT.mk форум апликација
     
  11. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    845
    538
    20 Декември 2015
    Машко
    Ќе си има купецот booking на термин дата, тоа продавачот ако не го достави, јади пенал. Али за да функционира вака треба многу бомбони лапање пари трошење.
     
  12. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    326
    256
    13 Март 2017
    Машко
    Фала на сите, а за ова погоре мојчоек што е како апликација, не сум го знаел и ми изгледа многу добро скоцкано.. Ама некако како да не функционира, од март ништо немаат објавено.
    Што се однесува до плаќањето, у право сте сите и јас сум свесен за тие работи, но неможеш да го тргнеш тој факт никако. Едино да биде за секој што ќе се регистрира, небитно дали корнсник/клиент дали мајстор, да се вметне картичка па ако веќе стигне до резервирање автоматско да се повлекува само одредена сума (пример како што кажав 30/50/100 ден.). Или да биде со ревјуа, па да иде на принцип прво резервација и провизија, па после да има опција за контакт (мада ова не е изводливо, зошто самиот профил ќе може да става контакт телефон, емаил и слично, а автоматски тоа се јавни работи).
     
  13. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,661
    1,086
    28 ноември 2015
    Машко
    Кај нас нема систем за плаќање како Пејпал, зашто вакви сервиси земаат % од секој ги и така прават пари.
    Без добар маркетинг план не почнувај,зашто денес најбитен е маркетинг па дизајн. Реклама5 стана релевантен ради тоа што нудеше бесплатни огласи додека не се разви и сега наплаќа за верифицирани корисници што е глупост од бизнис перспектива.
     
  14. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    604
    620
    15 Септември 2012
    Машко
    Не си навлекувај беља на врат.
    Мајсторите се дрчни, само да земат работа и аванс (за материјал), а кога ќе ја сработат - за тоа столи ги бојко. Инвеститорот (нарачател или како сте го крстиле - тој што ги дава парите) нека си ја лупа главата. Ќе трчаат во денот на две-три локации, колку да се појават, а работа нема да завршат.
    Подобро барајте некој друг профил кој има поголема одговорност. Ако најдете таков профил на човек во Македонија, јавете ми, сакам и јас да научам нешто на форумов
     
  15. Bravo

    Bravo
    Gaining Experience

    207
    317
    12 Декември 2015
    Машко
    Тоа ми беше и мене поентата. Колку сум го јадел стапот од мајстори, тоа е чудо. Колку сакаш биди фин, плати поштено, носи храна, толерирај и што ти не, мајсторот увек ама увек ќе си тера ко него што му одговара. Ќе те завлечкува, нема да прифаќа корекции, ќе те убедува дека тоа е максимално што е можно да се заврши од работата или ќе се обидува да те украде на материјали и работна рака. Ова ми е од искуство со над 10 различни мајстори. И сите се исти, ко у еден калап да се правени. Чест на исклучоци, ама тие се ретки.



    Испратено од VTR-L09 преку IT.mk форум апликација
     
    На StefAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,590
    3,589
    12 Јануари 2016
    Машко
    Баш заради наведените проблеми ваква платформа има шанси за успех. Верувам дека повеќето од нас сме сме спремни да платиме повеќе за добар мајстор кој си стои на зборот и соодветно си ја одработува работата.

    Придобивки од системот на оценки и рецензии:
    - клиентот добива пристап до добри мајстори кои имаат мотивација да не лажат
    - мајсторот добива платформа каде ќе може да дојде до клиенти кои се спремни да платат повеќе
    - мајсторите од типот „трчи/лажи“ добиваат мотивација да практикуваат чесност, ако тоа повеќе исплати од лажењето
    - има и нечесни клиенти, така да и мајсторот е заштитен


    Совет до ОП: Не замислувај дека има шанси за успех ништо помалку 2-3 години целосно бесплатен сервис. Сеедно колку се мали парите кои се бараат, менталитетот е таков. Рачунај на проектот како инвестиција, додека не стане апсолутно масовно посетувана - платформата ќе треба да ја финансираш од џеб.
     
    Draynor, K3nPa4i и на coNNectMKD им се допаѓа ова.
  17. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    40
    66
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Имаше една слична ваква апликација како што ја опишуваш, само во моментов не можам да ја најдам, а ја видов тука на форумов.

    Супер е идеата само што како што кажаа повеќето погоре, многу е тешко да успее сајтов во пракса, а инаку теоретски е одлична идеа.

    Единствено нешто што можеш да пробаш е да дигнеш еден "Доаѓа наскоро" сајт и да ставиш форма да се пријават луѓе, да почнеш да го промовираш и да видиш после некој период колку луѓе ќе ти се пријават од двата типа на корисници.

    Додека трае тоа, да направиш една листа со најважни функционалности и да склопиш еден MVP со тоа што ќе го имаш главното решение.

    За инвестиција, освен време и пари за изработка, се друго може да ти биде минимална инвестииција (за домеин) со бесплатни опции за инфраструктура и слично.

    Пробај, види како ќе оди, почни прво со маркетинг па после тоа со развој за да може да прекинеш доколку видиш дека слаб е одзивот на идеата.
     
  18. Nikola G

    Nikola G
    Gaining Experience

    66
    72
    18 Септември 2017
    Машко
    Еве една платформа.
    Незнам како не сте ја приметиле до сега. 4Connect.eu

    Јас гледав некои филмови и нонстоп ми се појавуваше како видео реклама.

    Според мене ова можеби би функционирало добро на времето кога имаше мајстори. Сега кога еден плочкар неможе да се најде ова е хаос.

    Можеби би успеало тоа што сте го замислиле да имате оценки за мајсторите.
    Пример бил заканил или не завршил добро ставете му ознака лош мајстор со црвено и бројот негов.

    Оние кои што средиле убаво и клиентите биле задоволни ставете им ознака врвен мајстор (но телефон не пишувајте кај врвен мајстор, туку само кај лош мајстор)
    Препораката за врвен мајстор да оди преку вас и нормално клиентот да си плати.
    Е сега ако некој несака да плати тогаш слободно може да му се јави на мајсторот со "лоша оценка" и да ризикува со него.

    Ова е изводливо ама треба рекламирање и многу договарања со мајстори. На почетокот
     
    На coNNectMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    604
    620
    15 Септември 2012
    Машко
    Бидете реални и не го палите човекот да троши време и ресурси во невозможна работа:
    * ниту има добри мајстори во МК
    * ниту некој сака да плати повеќе од „просечна“ цена - ќе плати, ама кога ќе ја дознае цената ќе јаде фекалии на цел глас
    * ниту мајстор ќе научиш на чесност, поминало времето кога требало нешто да научи
    * кога ќе се сетам колку многу мајстори ме „превеслале“ имам голема желба да бидам „нечесен“ клиент

    @coNNectMKD ако имаш мнооогу вишок време, вишок пари и желба нешто да направиш, пробај да се надградиш себе си и да го продадеш наученото за реална вредност.

    P.S. Знаете колку е долг патот до мајстор? Калфа, чирак, па да полагаш за мајстор.... А таков испит во МК не е организиран од сфрј
     
  20. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,397
    3,729
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    У македонија владее сеуште синдромот препорака од уста на уста , од пријател на пријателот дека некој мајстор е добар и квалитетно работе.
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    222
    475
    24 Април 2007
    Женско
    Без озбилен market research може само да наѓаме дали има или нема и кој колку е спремен да плати и за што...
     

Сподели

Вчитување...