1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Mini Notebook, Netbook ili Notebook

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од spektrumZX, 5 Декември 2008.

  1. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Има ли некоја разлика во името и конфигурациите: Netbook, Notebook, Mini Notebook?
    Има ли избор на повеќе процесори или само Intel Atom 270?
    Што би избрале Solid State Drive или Hard Drive?
    Дали Wireless G (802.11g) можеме да го употребуваме на било која Wireless мрежа, таква мрежна е на скоро сите модели што ги видов?

    Која е вашата критика за овој дел на хардвер?

    Благодарам,
     
  2. newpain01

    newpain01
    Intern

    248
    0
    24 Јануари 2008
    wireles можеш да го употребуваш на секоја a,b и g мрежа, на n неможе.
    јас што гледав за мене, сите беа со атом 1.6 процесор и со хард. солид стејт е многу поскап и како што приметив од понудите, тие со солид стејт имаат значително помалку меморија. сега меѓу хард и солид-незнам, види што ќе кажат другите, знам дека солидот е многу побрз. ја вакво нетбукче би земал само доколку патувам многу, за нет, името кажува:)) вака за дома никако:p незнам како работи. има на тјуб клипови каде им имаат ставано виста и работи ок. види што ќе кажат другите членови:) btw имаш асус 1000 со 6 ќелијска батерија што држи многу повеќе за разлика од другите со 3 ќелијска.
     
  3. BSOD

    BSOD
    Intern

    709
    46
    5 Јуни 2008
    Има разлика....netbook, како што кажува името, е Internet centric дизајн: сурфање, месенџер, youtube itn(меѓутоа може релативно комотно и office i VS.NET). Овие се ефтини машини со послаби перформанси од класични notebook. Претежно сите го имаат atom 1.6ghz, а постари асуси имаат underclocked intel celeron 900mhz и Intel 945GSE+ICH7M chipset so 1giga 667mhz DDR2 меморија 10 инча LCD. Ima nekoi so VIA pроцесор,графичка и чипсет ама ептем е слаб тој процесор.

    Тие што се со атом и со 6ќелии литиумски се супер лесни, мобилни и траат околу 4-5 сати на батерија(атомот е ултра економичен)

    Треба да одлучиш за што ти треба. Ако ти треба за 'road warrior' тип на корисник, нон стоп на пат, тогаш нетбоок е супер. Ако ти треба за дома, за видеа, за игри итн тогаш земi laptop/notebook

    Asus 1000H, MSI wind U100 се најпопуларни

    MSI wind
    http://www.centrecom.com.au/catalog/product_info.php?cPath=100_56_131&
    products_id=34881

    Asus 1000 vs wind

    http://www.laptopmag.com/review/laptops/eeepc-wind-faceoff.aspx
     
  4. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Благодарам на советите прво.
    Изборот го привршувам и се концентрирав на моите потреби но и тоа што мислам дека е најдобро во моментот, ама затоа и поставив тема, за да слушнам и други мислења.
    Основни работи: екран 8,9“, процесор Атом, 1ГБ рам, се одлучив на Solid State Drive но тоа што до сега успеав да најдам разликите во брзина и заштеда на енергија не се толку големи, негде до 10% највеќе. Е сега нели време е да се проба нешто ново, а самата намена на овој компјутер кажува дека сосема се доволни 8ГБ простор на хард.
    Еве до каде стигнав:

    Asus Eee PC 901 Netbook
    • Internal memory: 12 GB solid state disk
    • RAM: 1 GB DDR2
    • Processor: 1.6 GHz Intel Atom
    • Operating system: Windows XP Home
    • LCD: 8.9 inches, 1024 x 600 pixels
    • Networking: Tri-mode Wi-Fi (802.11b/g/n), 10/100 Fast Ethernet
    • Webcamera: Yes, 1.3 megapixels
    • Battery: 6 cells, up to 6 hours
    HP Mini 1000 XP series

    - Windows XP Home
    - Intel(R) Atom(TM) Processor N270 (1.60GHz)
    - 8.9" diagonal WSVGA LED BrightView Widescreen Display (1024 x 600)
    - 1GB DDR2 System Memory (1 Dimm)!! - For Integrated WWAN products
    - Intel(R) Graphics Media Accelerator 950
    - 16GB (Solid State Drive Flash Module)
    - HP Mini Webcam with HP Imprint Finish (Swirl) - For 8.9" Display
    - Wireless-G Card with Bluetooth, 10/100 Fast Ethernet
    - 3 Cell Lithium Polymer Battery

    Останатите додатоци се скоро еднакви и немаат влијание во изборот.
     
  5. BSOD

    BSOD
    Intern

    709
    46
    5 Јуни 2008
    двата нетбука се подобри од SpektrumZX :))

    Ама сериозно, 8.9инча е сепак премал LCD(и тастатура) за мене. Плус и нервира со horizontal scrolling нон стоп. Тоа е лично мислење - има луѓе коишто за ништо не би го сменале EEE 901

    Jас му се токмам на MSI wind:

    MSI WIND NETBOOK U100 BLACK ATOM 1.6GHz, 1GB, 120GB, 10" WSVGA, WC, 802.11N, XP HOME (U100-290AU)
    PROCESSOR: Intel Atom N270 1.6GHz, 533MHz FSB, 512Kb cache
    CHIPSET: Intel 945GSE+ICH7M
    MEMORY: 1GB DDR2 667Mhz
    HDD: 120GB SATA hard drive
    DISPLAY: 10 LCD Panel (1024 x 600)
    POWER: 6-cell Li-ion battery
    AUDIO: SoundBlaster compat, 2x internal speakers
    GRAPHICS: Intel GMA 950 graphics
    COMMS: Built-in 10/100 LAN, Built-in 802.11b/g/n WLAN Card, Bluetooth
    PORTS: 3 USB 2.0, 1 VGA, 1 Mic-in Port, 1 Headphone Output
    MEDIA: 4-in-1 card reader (SD/MMC/MS/MS Pro)
    WEBCAM: 1.3 MP webcam
    OS: Windows XP Home
    DIMENSIONS & WEIGHT: 260 x 180 x 19-31.5 mm, from 1.2 kg
     
  6. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Малку ме збуни сега.:zbunet3: Нели со иста резолуција од 1024-600 нашиот поглед кон светот треба да биде ист само што јас за сето тоа малку повеќе ќе се мачам, моите очи всушност, отколку ти на 10“ екран?
    Моделот на Асус од погоре можам да го земам за околу 360$, ми изгледа како добра цена.
     
  7. BSOD

    BSOD
    Intern

    709
    46
    5 Јуни 2008
    уппсс извини се префрлив на еее 701:

    The ASUS Eee PC 1000H's expanded keyboard and stature complement the expanded 10-inch 1024 x 600-pixel display, which is extremely roomy and provides enough screen real estate to view any Web site—no need to scroll horizontally as you would on the original 800x400 7-inch Eee PC.

    http://www.laptopmag.com/review/laptops/eeepc-wind-faceoff.aspx?pid=3

    сепак, мислам дека ќе е заморно за очитe.
     
  8. Garfield

    Garfield
    Intern

    277
    4
    9 Декември 2007
    Јас си купив баш деновиве ASUS eee pc 904HD (Celeron M 353 900MHz downclocked, 2GB RAM DDR2 667, 80GB HDD 5400, 8.9' монитор со LED осветлување, Gnu/Linux OS) 16880ден. За тие пари ќе врши работа барем не ќе мора да го тегнам со мене секогаш 15.4' лаптоп, но треба да му преинсталирам прво оперативен систем затоа што веќе инсталираниот е доста ограничен. Колку што го имам користено сум задоволен а и квалитетот на изработка е на високо ниво. Кога разгледував пред да купам го гледав и MSI Wind U90X но премногу малку му трае батеријата 1:40, а на овој што го имам сега над 4 часа.

    http://www.eeepc.it/en/recensione-eee-pc-904hd-prestazioni-e-benchmark/
    http://www.eeepc.it/en/recensione-eeepc-904hd-prime-foto-e-pareri/

    А кога би имал доволно средства сигурно мој избор би бил Acer One:bravo:.

    А кога станува збор за процесорите најдобар е Via Isaiah, па Атом итн, во оваа категорија.http://laptopcom.blogspot.com/2008/04/first-benchmark-atom-cpu-vs-via-isaiah.html
     
  9. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,237
    514
    3 Април 2008
    Dell mini е супер исто, го има еден пријател
     
  10. BSOD

    BSOD
    Intern

    709
    46
    5 Јуни 2008
    пробај го ubuntu remix дизајниран/наменет за ultra portables:

    http://www.canonical.com/projects/ubuntu/nbr

    [​IMG]

    или пак http://www.ubuntu-eee.com/

    Тоа не е доволно:) требат уште многу други тестови.
     
  11. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Кај мене победи Асус, заради цената што ја имаше во моментот и подобрата батерија. Го порачав Asus Eee PC 901, кога ќе го добијам ќе гледам да напишам некој збор за да ви ги презентирам моите впечатоци.
     
  12. BSOD

    BSOD
    Intern

    709
    46
    5 Јуни 2008
    Со што оперативен е? XP home или линукс
     
  13. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Asus Eee PC 901 Netbook
    • Internal memory: 12 GB solid state disk
    • RAM: 1 GB DDR2
    • Processor: 1.6 GHz Intel Atom
    • Operating system: Windows XP Home
    • LCD: 8.9 inches, 1024 x 600 pixels
    • Networking: Tri-mode Wi-Fi (802.11b/g/n), 10/100 Fast Ethernet
    • Webcamera: Yes, 1.3 megapixels
    • Battery: 6 cells, up to 6 hours
     
  14. BSOD

    BSOD
    Intern

    709
    46
    5 Јуни 2008
    Упс...сум го промашил во читањето. Ќе експериментираш со линукс дистрибуции?
     
  15. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Искрено незнам дали ќе експериментирам, зависно од времето како ќе ми дозволи, а и реално опкружен сум само со Microsoft и немам големи шанси за бегање.
    Во секој случај ќе дадам инфо за продуктот, се надевам набрзо.
     
  16. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Eee 901

    Како што реков ќе напишам некој ред кога ќе го имам во моите раце.
    Првичен доим: одлично.

    Изглед и дизајн познат веќе за Асус и нема потреба да се збори премногу.

    Внатре има два физички одделени SSD диска, едниот 4GB другиот 8GB. Првиот(помалиот) е побрз од вториот(поголемиот). И двата дадоа исти резултати кога правев имиџ во Ghost бутирано со BartPE, со тоа што имиџот го правев на екстерен хард на усб порт. Трансферот беше 8MB/s. Во Windows при трансфер на ист фајл од ист извор првиот имаше 17,5MB/s, а вториот 9.5MB/s. Овие бројки се само да ви ја покажат разликата, самата брзина зависи и од други фактори.

    Батерија.
    Првото тестирање го направив со веќе направени подесувања, не го малтретирав премногу туку најобично, месенџер и една отворена страна на интернет, а за конекција ја користев wireless мрежната. Сетирања за процесорот беа ставени на автоматско. Успеав да извлечам околу 6 часа.
    Второто беше исто со wireless конекција но сега еден DiVX филм се вртеше цело време, поинтезивен интернет, месенџер и процесор покачен до 1.8. Во тоа време и повеќе рестартирања и инсталирање на некои мали програмчиња. Активно време 4,5 часа.
    Да напомнам дека нема никаква разлика дали работите приклучени на струја или само на батерија, нема намалување на осветлување на екранот.
    Интересно ми се виде опцијата да можете да го исклучите мониторот, има копче со кое хардверски го исклучувате само мониторот, такви копчиња има уште три од кои две се програмираат и можеш да си поставиш shortcut до било кој програм или опција, а последното е за менување на резолуција.

    Процесор Intel Atom 1.6
    Самиот Асус има додадено програм за overclock и underclock. Се разбира има авто мод и рачно подесување на најниско (1.2GHz), средно(1.6GHz) и највисоко(1.7GHz).
    Со друг софтвер може малку повеќе да се оди во експериментирањата и нормално подесувања според моментални потреби, па така најниско беше 1.0GHz, а највисоко викаат дека 2.0 но јас не успеав и останав на 1.8, мислам дека 2.0 може за моделите 1001 каде изгледа има друга матична, ама не сум сигурен. Има разлика во брзина и има разлика во заштеда на енергија но тоа не е во сооднос на бројките. Сакам да кажам дека доколку направите underclock ќе успеете да извлечете дополнителни до 20 минути од батерија, па вие процените.
    Асус во својот програм има само подесување на процесорот, а во другиот софтвер имаме дополнително да го контролираме ладењето и осветлувањето на екранот.
    Температурите се движеа според CoreTemp од 58 до 72, а според софтверот кој го користев за подесување на процесорот за 5 или повеќе степени подолу, незнам навистина кој е точниот и што всушност мерат точно.
    Асусовиот софтвер доколку му дозволите автоматско сетирање сосема солидно си ја извршува задачава во контролирање на потрошувачката. Така да убаво е да имате додатна опција за понекогаш да ви се најде при рака но сепак Асус добро се погрижил да не се многу оптоварувате и да си посветите на уживањето.
    Како додаток го има и автоматското програмче за update на биосот со автоматско конектирање до Асусовиот сајт каде ја проверува последнава верзија и потоа го репрограмира биосот со најнова верзија.
    Се потрудив да го измерам времето за кое Windows XP се подига целосно, а и се исклучува. Подигањето во просек трае 40 секунди, а исклучувањето 20. Има мали разлики со overclock и underclock но сепак незначителни, мене не ми се битни. Како заштита имам додадено само Аваст антивирус.

    Додаток
    Со него доаѓа едно ДВД од Асус на кое се наоѓаат најпотребните работи, а тука е и имиџот за репарирање односно за да го преинсталираш целиот компјутер како што го имаш добиено. Е сега за преинсталирање ќе ви бидне потребно екстерен ДВД Ром што се разбира е дополнителен трошок. Јас тоа ќе го правам од екстерниот хард или на УСБ мемориски стик каде ќе го копирам ДВД-то.
    Во самата исталација на нетбукот доаѓа Windows XP Home SP3, Microsoft Works, Star Office 8, Adobe Reader 8, Skype 3.6, Live Messenger, Live Mail, InterVideo WinDVD.
    Освен тоа добивате и 20GB простор на Асус сервери, на YoStore.

    Толку од мене, прашувајте ако имате нешто, сакам да напомнам дека ова не е реклама за Асус, немам интерес да го рекламирам туку само се потрудив да ги кажам најбитните детали и се надевам дека тоа ќе им помогне на сите што планираат да си земат некој нетбук за да полесно си направат избор.
     

    Прикачени датотеки:

    • Eee901.JPG
      Eee901.JPG
      Големина:
      13.1 KB
      Прегледи:
      25
  17. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    416
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    Создравје да си го користиш, супер избор.
    Моментално на пазарот најдобри модели се Асус 901, 1000, 1000H, Самсунг NC10.
    МСИ не ми се свиѓа бидејки некако глупо е дизајниран.
    Има почкарт звучници, исто така и почкарт тачпад има. а од доздола мора да ја вадиш целата маска ако сакаш да додадеш рам или хард, и со 6 келијска батерија што е моделот, ако го мрднеш екранот наназад целиот лаптоп ке се навали бидејки предниот дел е многу лесен.:ua:


    А од каде го зема Асусов? Кај нас само некои глупи модели носат.

    Од Асус ги има само со Целерон процесор, а не со Атом.
    Додека на МСИ сите модели кај нас се со 3 келијска батерија, додека моделот со 6 келијска го нема. :(
     
  18. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,237
    514
    3 Април 2008
    Новиот HP Mini 2140 е одличен ... само не знам дали ќе го има кај нас.
     
  19. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    416
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    За одличен, ке биде одличен но ке биде осетно поскап о другите а и да го донесат кај нас сигурно к ебиде моделот со 3 келијска батерија. That sucks. :)
     
  20. spektrumZX

    spektrumZX
    Intern

    199
    16
    31 oктомври 2008
    Изгледа дека имав среќа, ми го донесоа купен од tigerdirect, а и цената ја фатив во моментот имаше промоција на тие модели, сега е поскап за 100$.
    Единствено што досега забележав како мала замерка е еден чуден звук што доаѓа од долниот дел, и се јавува само кога работи приклучен на адаптер за струја, а кога работи со батерија го нема. Инаку поради солид стате хардот и одлична регулација на процесорот и загревањето, нетбукот е скоро нечуен кога работи на батерија.
    Баш пред малку сетирав еден Acer AspireOne изгледа убаво, но touchpad-от му е катастрофа, левиот и десниот клик се поставени од страна, а не напред пред самиот touchpad како што вообичаено се поставуваат.
    Фаворитите во овој дел за мене остануваат: HP и Asus.
     
  21. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    416
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    Јас самсунгот би го ставил пред HP бидејки доаѓа стандардно со 6 келијска батерија, и според ривјуата на интернет неговата батерија најмногу трае од сите нетбукови. :)
     
  22. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    416
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    Дали некој го пробал овој Асус 1000HD баш ме интересира колку му трае батеријата?
     
Слични теми
  1. zajko
    Одговори:
    19
    Прегледи:
    1,746
  2. dimitars
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    1,467
Вчитување...

Сподели

Вчитување...