1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Mini Karlsonator евтини звучни кутии за самоградба, во комбинација со евтин засилувач TDA7297

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Lokvan, 6 ноември 2016.

  1. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,739
    3,827
    12 Јануари 2016
    Машко
    На предлог од @omegaRED решив да отворам тема за DIY изведба на активни звучници. Идејата дојде во дискусија за комплет евтини звучници за домашно кино.
    Условите беа едноставни: систем со 4 или повеќе звучници за што помалку пари, а со квалитет споредлив или подобар од комерцијално достапните звучници „за домашно кино“ до 100тина евра.

    По кратко истражување изборот падна на „Mini Karlsonator“ дизајнот опишан на diyaudio.com
    http://www.diyaudio.com/forums/full-range/239338-mini-karlsonator-0-53x-dual-tc9fds.html

    Една од причините на изборот е тоа што дизајнот евидентно е компатибилен со мноштво full range драјвери, а големината на кутиите може да скалира. Инаку се работи за стар дизајн на звучни кутии, комбинација од хорна и бас рефлекс. Многу интересен дизјан за учење на изградба на звучни кутии заради малата сложеност и ред други работи (како отпорност на големи последици заради мали грешки).

    Интересно е што за изработка може да се користат најразлични материјали (подоцна повеќе за тоа), почнувајќи од квалитетна шпер плоча (на пример од балтичка бреза), па преку иверка и медијапан, foamcore board (нашата цел), па до најобичен тврд картон. Квалитетот на звукот, се разбира ќе варира од квалитетот на материјалот.

    Еве илустрации и фотографии, а подолу се вклучени и планови за кутиите со score-and-fold техника која е интересна овде заради потребата од што поевтина изведба.


    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    upload_2016-11-6_17-55-33.png

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG] [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     

    Прикачени датотеки:

    На Boldozer, igor_xxxx, gokica и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,739
    3,827
    12 Јануари 2016
    Машко
    За електрониката, можни се многу опции во зависност од потребите и желбите. Но затоа што целта на овој проект е да се помине што поевтино и затоа што за ниска цена не можеме да очеуваме аудиофилски квалитет, еве едно најевтино можно појачало (A/B) во кит:
    https://www.aliexpress.com/item/Fre...-2-0-dual-audio-encoding-15w/32719699921.html
    (во иднина кога линкот нема да постои, на http://aliexpress.com пребарајте со TDA7297 и сортирајте по цена и со бесплатна поштарина како услови)

    Појачалото реално е некаде окулу 10вати, без воочливи изобличувања. Во мојот случај солидно добро вози пар релативно неосетливи 6 омски sound transducer драјвери (употребени во друг проект).
    За цената се работи за солидно појачало, реално за еден долар реално не можете ни сендвич да јадете. :)
    Ќе треба и некое мало парче алуминиумски хитсинк, на пример нешто од расипано напојување, или било каков хитсинк што ќе се најде при рака. Јас лично не приметив дека нешто посебно грее.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Boldozer, igor_xxxx, Oktar и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,739
    3,827
    12 Јануари 2016
    Машко
    Идеален материјал за изградбата на кутиите би бил foamcore board.
    https://en.wikipedia.org/wiki/Foamcore
    Дајте идеи од каде би можел да се најде кај нас, колку би чинел по квадратен метар. Наводно foam board најчесто се користи како подлога на принтови од фотографии и графики. Можеби во принт студијата го има?

    [​IMG]


    Во недостиг на foam board, кутиите може да се направат и од тврд картон. Се разбира, тоа повеќе би бил доказ за концептот и не треба да се очекува којзнае каков звук од картонски кутии. :)

    Плановите вклучени во првиот пост (во PDF формат) предвидуваат техника на прекршување и превиткување, што заедно со лесниот за манипулација материјал foam board - го прави овој проект забавен и лесен за експериментирање.

    Од друга страна, може да се употреби и квалитетен материјал, на пример некоја добра шпер плоча или медијапан (ако баш мора), и да се добијат многу поквалитетни звучни кутии.
    Изборот е на изведувачот.


    Условот беше проектот да биде што поевтин со буџет максимум до 100 евра, но овој проект можеби може да се изведе и за помала сума од тоа. Или за многу поголема сума, во зависност од потребите и можностите.
    Два пара вакви звучници, со две TDA7297 појачала (од по еден долар секое), прават 4.0 активен звучен систем кој би требало да звучи приметливо подобро од малите 4.0 или 5.1 кинески звучници.



    Толку увод од мене.
    Па повелете, кој е заинтересиран и не го мрзи да се занимава со вакви направи-сам работи. :)
     
    На Boldozer, igor_xxxx, Oktar и уште 5 други им се допаѓа ова.
  4. krema

    krema
    Professor

    10,706
    10,274
    24 Јуни 2009
    Машко
    TDA7297 бара симетрично напојување:
    +12v GND -12v

    Колку би коштало трафото!?
     
  5. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,573
    4,004
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Јас порано се бафтав со вакви работи... Пред све хобито со електроника е скапа работа. Зошто ? Затоа што цената на деловите е малце повисочка , звучници , трафоа и т.н . Кога ке излезе математикава на све тоа за појачалцево од 10 вати севкупно би дошло околу 500-600 денари и плус нервите и трпението . За тие пари ке купам некое си компјутерско појачало со вградени звучки и кутијата изработена и гаранција 1 година :) .
     
  6. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,739
    3,827
    12 Јануари 2016
    Машко
    @Pane24 мислиш на компјутерски звучници со вградено појачало? :)
    Овде целта е што поголема добивка во цена/перформанси, без никаков обзир на вложениот труд. Трудот во случајов се смета како забава, и едукација.


    @krema јас тоа TDA7297 го бапнав директно на РС напојување, поврзав 12волти на (+12) и земја на ознаката (-). Немав дури ни пристоен женски molex конектор, туку канибалзирав еден од стара плочка од праисториски (неисправен) хард диск. :p
    Појачалцево не експлодира во огин и пламен, туку пристојно си работеше. ;)

    Инаку за тоа истата ознака -12в се чудевме со еден искусен колега (кого го замолив да ми ги проконтролира конструкцијата и лемењето). Мислам дека тоа -12в во описот на Али е грешка на Кинезот (а текстот си го копираат едни од други).
    Ако погледаш внимателно во даташитот за TDA7297, ќе видиш дека никаде не се спомнува побарување од „симетрично напојување“? За напојување е само наведено дека максимално до 20волти може да се користи.
    http://html.alldatasheet.com/html-pdf/25110/STMICROELECTRONICS/TDA7297/1621/1/TDA7297.html

    Како и да е, јас појачалово го врзав директно на молекс од РС напојување, и потврдувам дека работи така.



    Инаку еве друг предлог за поозбилни изведби, или за поголеми драјвери и/или понеосетливи драјвери, еве поквалитетно иако не многу поскапо појачало (US $9.36):
    http://www.aliexpress.com/item/TPA3...-12V-24V-Dual-Channel-Stereo/32669104710.html
    @Arabian
    [​IMG]
    Ова доаѓа во облик на готова плочка, и на жалост нема да имате можност да се забавувате сами да ги лемите компонентите. ;)
     
    Arabian, Oktar и на krema им се допаѓа ова.
  7. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,573
    4,004
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Да на то мислев. Инаку и јас имам направено излези и тоа далеку покомплицирани од овоа односно на 125w плочката е наменета за еден звучник . Мораше да правам 2 такви исти . А напојувањето е 60волти симетрично . 14875388_202551080172613_671542735_n.jpg
     
    На Arabian и Lokvan им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. goki1990
    Одговори:
    22
    Прегледи:
    2,325
  2. Tawe
    Одговори:
    38
    Прегледи:
    2,252
  3. STEALTH
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    721
  4. BlueBaron
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    4,015
Вчитување...

Сподели

Вчитување...