1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Милионер (игра) во Делфи

Дискусија во форумот 'Delphi // Kylix // Object Pascal' започната од Noumenon, 19 Декември 2010.

  1. Noumenon

    Noumenon
    Gaining Experience

    117
    67
    14 ноември 2009
    Машко
    ретко се уклучувам на форумов, речиси никогаш, ама случајно налетав и ајде се решив да споделам една игрица - Кој сака да биде милионер, што ја иам праено пред година-и-пол, две за проектна задача за матура..

    играва можда има некои глупи багови или недостатоци како: нема максимизација, не прашува за конечен одговор, а и имав некои проблеми со формите.. ама доста труд вложив тогаш за играта, дури и логото сам го правев, а ја имам пратено само на мал број луѓе..

    прашањата се дел составени од мене, дел од други, дел ги „позајмив“ од флеш игрицата што е на А1 и сл, ама не е поентата во прашањата.
    после толку долго време се решив да ја споделам играва и со „непознати“.. се надевам ќе ви се допадне :)

    Видео од играта:
    http://www.youtube.com/watch?v=1Bd98HKrx7U

    Линк за спуштање:
    https://docs.google.com/leaf?id=0B8q1Z1ymj0HtMGVhMDVlZTctMTcxOS00ZThkLWExZjktMmQ0YmY1M2MyY2Q0&hl=en
     
    2 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  2. Dimz

    Dimz
    Intern

    46
    1
    9 Јануари 2011
    Супер е, само треба тие багови што ги знаеш да ги поправиш. Само напред
     
  3. goce ilievi

    goce ilievi
    Intern

    633
    43
    2 Март 2010
    Не е лоша.Има багови,точно е тоа.
     
  4. Noumenon

    Noumenon
    Gaining Experience

    117
    67
    14 ноември 2009
    Машко
    Знам за баговите, ама како што спомнав погоре пред година и пол-две е ја праев играва и ме мрзи да се навраќам на истото и да пронаоѓам и да ги поправам баговите.

    Мило ми е ако ви се допаѓа играта :)
     
  5. goce ilievi

    goce ilievi
    Intern

    633
    43
    2 Март 2010
    Имаш ли некој друг проект на кој работиш или пак некој кој е веќе завршен.
     
  6. Noumenon

    Noumenon
    Gaining Experience

    117
    67
    14 ноември 2009
    Машко
    Па немам некои сериозни проекти правено, или поточно довршено. Се сомневам дека и милионерот ќе го завршев да не се бев веќе нафатено да го правам, инаку ќе го правев до пола и ќе ме мрзеше да го довршам.

    Последно што правев е игрица во JavaScript, обична со бродче што треба да гаѓа подморници доле, ама поради тоа што беше проект кој професорот не ограничи да го правиме со некоја си глупава готова библиотека gamelib целосно функционално работи само во IE, а и таму после некое време почнува да сецка, како да е игра со којзнае какви побарувања. Можеби и ја не се потрудив многу за тоа, но тоа е..
    Имав предтоа план да направам Snake, играва да функционира со боење на ќелии на html табела и JavaScript, значи само еден html фајл без дополнителни фајлови и ја направив играта, требаше уште стази и некои ситници да се довршат ама после ни кажа професорот морало со gamelib..

    Имав во средно еден проект за флип-флопови нешто, со исцртување дијаграми и сл. Работам и на нешто што би требало да биде софтвер за една игра во обложувалница, ама со уште 2ца, а тие малце забушаваат и не знам до кај ќе стигнеме :)

    Иначе имав направено програмче што краде зачувани лозинки од Мозила, пред тоа да краде лозинки од интернет конекции, ама чисто ради проба, не ми беа пуштени во промет :)

    Најново, ентузијастички потфат на неколкумина поединци ни е да направиме 3D игра. Некој работи на графика, некој на стории и не знам што. Не сум запознаен многу со сторијата сеуште, мислам дека некои веќе работат на моделите, јас би бил во тимот за кодирање. Можеби е преголем залак, но ќе се обидеме :)
     

Сподели

Вчитување...