• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Рецензија MikroTik Routerboard hEX RB750Gr3

  • Ја почнал/а темата
  • #1

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,649
6,642
www.mikrotikmacedonia.net
Пред неколку дена имав можност да се дружам во ова мало ѕверче, со високи перформанси. Се работи за релативно малечок уред во димензии. Спакуван со мала рециклирана кутија со димензии 15x10cm во самото пакување, (стандардно за Микротик уредите), освен мало упатство за користење, самиот рутер и адаптер за напојување нема ништо друго. :)

Во 2015-та година Микротик го претстави својот втор модел попознат како RB750Gr2 кој што се разликува од овој модел , како во процесирачка моќ, така и во количеството на рам меморирија. ДА видиме, кои се разликите од двата модели:

Модел RB750Gr2 RB750Gr3

Процесор: MIPS 74Kc V5.0 720Mhz Single Core MIPS 1004Kc V2.15 880Mhz Dual Core

Архитектура: MIPSBE MMIPS

RAM: 64 MB 256MB DDR3

NAND: 16MB 16MB

Како што можеме да видиме, најдоглемата разлика е во процесорот, кој што во поновиот модел е Dual Core Mediatek MT7621A, како и во количестовото на рам меморијата која што е зголемена неколку пати.

1. Отпакување и први впечатоци


Производот дојде во мала рециклирана картонска кутија, која што е стандардна за сите микротик производи. Веднаш по отварањето на кутијата, се наоѓа самиот рутер кој што е доста помал отколку што очекував. На горната страна од рутерот се наоѓаат индикаторите за самите порти (иако подобро би било да се до самите порти), брендот Routerboard, кој што е втиснат во самото пластично куќиште, како и отворите за вентилација.





во самото пакување истотака е вклучен и адаптерот за напојување, кој што е стандарден адаптер од 0.38 ампери. Самата потрошувачка на уредот при максимална искористеност според микротик не надминува 5W , што го прави одличен домашен рутер.

На предната страна од рутерот се видливи 5-те гигабитни LAN порти, првата порта со можност за POE DC In, 8-30V, како и четирите LAN порти, овојпат без можност за POE-OUT, но за уред од оваа категорија е прифатливо. За да го напојувате уредот преку POE потребно е да имате купено и соодветен POE адаптер од Микротик.





На предната страна истотака се видливи приклучокот за напојување, ресет копчето, индикатор за состојбата на рутерот (во сина боја) и USR индикатор. Истотака, во овој модел , видлив е и слотот за MicroSD картичка, чија што примарна намена е за The Dude мрежната аплиакција од Микротик, со која што се креира убава визуелна слика на сите корисници кои што се закачени на рутерот.



Во тестот искористив мемориска од 16ГБ, која што системот ја препозна и ја форматирав во fat32 формат. Истата , освен за The Dude, може да се користи и за бекап сториџ, фајл сториџ, proxy сториџ, но не и за трафик сториџ, што го гледам како една од недостатоците на овој уред. Би било добро да може да се зачувуваат и трафик сториџ форми на истиот. Се надевам дека во некоја од новите верзии на софтверот ке биде возоможно и ова. :D

Доколку користите The Dude, или Proxy Log , користете висококвалитетна SD картичка, бидејки на истата може да се запишуваат многу податоци, правејки ја истата со помал животек век. Mikrotik на својот сајт, има напишано кои се картиците кои што се препорачуваат, и со која големина се тестирани.

Од десната страна, видлива е една USB 2.0 порта, која што ја има истата намена како и слотот за SD картицата, како и копче "Mode" кое што засега е непознато зошто случи. Мислам дека намената на истото е резервирана за RouterOS 7.0.



На долната страна од рутерот освен двете отвори за поставување на ѕид, нема ништо посебно. Долната страна е исразено перфорирана, со цел добра вентилација на процесорот и отстранување на топлиот воздух надвор од уредот. Истиот нема никакво активено ладење, туку само пасивно со алуминиумски ладилник.



Хардвер

Стандардно за секој микротик уред, се користат делови од познати и реномирани производители. Како што имам напишано и погоре, во оовој уред е искористен MT7621A MIPS1004Kc (1004KEc) чипсет, од Mediatek. истиот се одличува со работен такт од 880 мегахерци, две јадра со можност за hyperthreading до 4 потока. Овој чип нема можност за WiFi модул.

На самата плоча е присутен 16 битен контролер, со можност за користење на DDR2 или DDR3 меморија со максимален капацитет од 256MB системска меморија. Во овој модел е користена DDR3 SDRAM меморија со капацитет од 256MB. Точниот модел на чипот е Nanya NT5CC128M16IP-DI (DDR3-1600). Според името станува збор за висококвалитетна рам меморија, позната по тоа што се користи и во речиси сите други модели од Микротик.

Кај LAN портите е искористен 5 портен Mediatek свич . Иако овој чипсет поддржува доста други модули, инженерите од микротик одлучиле да не ги вклучат со цел да не ја зголемат цената на финалиот прозивод.

Вградениот NAND Flash е со капаците од 16MB од познатата марка Winbond 25Q128FVSG. Станува нејасно зошто Микротик интегрира чипови со само 16 мегабајти флеш, кога истиот не кошта значително повеќе на финалниот производ, доколку се користи 64MB на пример. Ова го гледам како една од недостатоците на овој уред. За некого 16 МБ се доволно, но не за сите. :mad:

За жал MetaRouter опцијата е недостапна на флеш со оваа големина. Карактеристично за овој чипсет е што ладењето е доста добро изведено, т.е при 50% искористеност на процесорот, уредот е само благо загреан, но ништо страшно.

3. Тестирање на брзина

резервирано ;D

4. Заклучок

Иако овој уред во својот ценовен ранг е околу 50 долари, истиот е доста способен да поднесе голем трафик без никакви проблеми. Ова се моите заклучоци во врска со овој уред:

Предности:

- Моќен Процесор
- Гигабитни LAN порти
- Одлично изведено ладење
- 256MB RAM меморија
- Поддршка за USB2.0 порта
- microSD слот за картичка (првенствено за The Dude)
- Одличен сооднос цена/перформанси во тој ценовен ранг

Недостатоци:

- Само 16MB NAND Flash меморија
- Недостасува POE-OUT на 5-тата порта
- Недостаток на Wireless чип ?

Рецензијата првично ја објавив на сајтот www.mikrotikmacedonia.com На истиот ке ја дополнам рецензијата со извршени тестови на истиот.
 

HardCorec

Unbeatable
4 ноември 2013
3,340
4,768
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 4790
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 240 & 480gb
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x4gb 1600mhz
Video card
Radeon RX570 4gb gddr5
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
Одлично друже.
Ги чекам тестовите :) (btw уредов е замена за RB750GL)
 

dimsa

Gaining Experience
9 јануари 2015
246
272
Најинтересниот акспект на овој рутер е тоа што подржува хардверска енкрипција.
https://i.mt.lv/routerboard/files/hEX-161103103915.pdf
Дури и пола да е од декларираната од Микротик пак е чудо.
Добар use case е ако имате одалечени локации поврзани со IPsec тунел со ова уредче и опциите на ROS може да се направи супер сетап.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

DrMTR

Guru
27 март 2014
6,649
6,642
www.mikrotikmacedonia.net
Тестирањето за брзината ке полека малце. Проблемот е што немам друг компјутер со гигабитна порта, како би можел да направам реален тест.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,571
Мислења
820,901
Членови
28,236
Најнов член
Bubce30
На врв Дно