• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Микрософт Визија 2008 1-2 Октомври

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Miksa2007

Intern
15 октомври 2007
112
1
Веќе шеста година по ред, Microsoft ВИЗИЈА е најголемата технолошка конференција што се одржува во Република Македонија, која традиционално ги обединува ИТ професионалците, програмерите и менаџерите на едно место. По бројот на учесници и на предавања - од својот почеток па до денес - фокусот на конференцијата се менува соодветно со условите на пазарот и со најновите трендови во технологијата.

Со големиот број на стручни предавања и присуството на еминентни домашни и странски предавачи, конференцијата ќе биде можност на едно место да се слушнат експерти од ИТ бизнисот, посетителите да се запознаат со најновите производи и долгорочни стратегии на Microsoft, како и да разменат мислења и експертиза.

Секоја година, конференцијата созрева, содржината, фокусот и форматот се прилагодува соодветно на Вашите потреби и барања. Има стабилна и водечка улога во локалното ИТ опкружување, било да се работи за технички прашања или за областите на секојдневното деловно работење.

Оваа година големо значење им даваме на новите технологии, со посебен осврт на успешните имплементации на истите на локално ниво. Тие се одлика на иновативноста на компанијата, нејзината определба за посигурна и поефикасна средина за работа, но и за единствено функционално опкружување за корисниците на Мајкрософт технологии.

И оваа година ВИЗИЈА останува како најважното место во Македонија за размена на технички/технолошки информации, место на кое ќе можат да се разменуваат деловни идеи, конкретно знаење и јасни иновации, релевантни за сите учесници – деловни и ИТ ориентирани.

Оваа година Microsoft ВИЗИЈА ќе се одржи во Скопје, на 1 и 2 октомври, во хотел Александар Палас.

Извор: http://www.microsoft.com.mk/vizija/
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

Miksa2007

Intern
15 октомври 2007
112
1
Па не е лошо официјално од ИТ форумов да има претставници. Самиот форум може да се издигне на повисоко ниво, имајќи предвид дека оваа манифестација покрај ИТ саемот е една од најмасовните во Македонија, а исто тука има и посетители од надвор.

Може да се направи неверојатна маркетинг реклама со тоа што може во договор со Микрософт МК или самостојно да речеме секој посетител што е член на ИТ форумов и е таму присутен да носи убаво дизајниран беч за тие 2 дена. И овие форумџии исто може да поделат уште 100 такви бечови на оние кои би сакале да имаат и еве ти најмалку 50 топ корисници.

Нејќам да солам памет, него само како добра идеја според мене.

ПС: Додека чекаме ЕУ да не прими, да сработиме толку многу што и ЕУ да посака да биде во наше друштво. Зарем не можеме?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Miksa2007

Intern
15 октомври 2007
112
1
Во приватна режија ретко кој иде, обично на сите фирма им плаќа или од факултет се наоѓаат бидејќи им дава Микрософт на ИТ факултетиве (барем за ФЕИТ знам) неколку влезници.

Инаку, за секои три (3) пријавени учесници, следи една (1) гратис влезница. Така да и на овој начин може да се добие гратис влезница. Истотака, ако имаш познат од некоја од фирмите кои ќе вршат презентација/предавање бидејќи и тие добиваат гратиси.

А цената е толку да.

Иначе верувам дека ќе има сигурно неколку членови на ИТ форумов кои би оделе преку фирма најверојатно.Мада и самиот ИТ форум/портал може во договор со Микрософт да речеме за 3 членови со најголема репутација да обезбеди влезници или на друг начин.
 
M

Mr.Alien

Гостин
@Sephiroth
А бе оно....имам една VISTA дома, ми се мотка безвезе ....ако ти треба.....:D.
 

vordan

Intern
7 јуни 2008
87
14
Да, имам веќе една Виста, ми треба уште една за медиа центарот а не ми се даваат пари. А бета Win7 кој нејќе?
Имам една лиценца за Виста залепена на лаптопов одоздола - веќе едвај се држи. Користена 6 минути - додека не инсталирав Убунту.
Успат, си слушнал за Mythbuntu? Бесплатен е.

Бета Win7 - не знам кој се` друг нејќе, ама јас - сигурно не.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,557
Мислења
823,242
Членови
28,062
Најнов член
Nacev
На врв Дно