• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Микроконтролери

Miksa2007

Intern
15 октомври 2007
112
1
Има и други фирми кои се бават со таа работа, програмирање микроконтролери од типот PLC (Programmable Logic Controllers) a и ониe PIC

Oбично тоа е делот на индустриска автоматика, автоматика на производство. Иначе во сите поголеми индустриски капацитети, како Пивара Скопје, Макстил, Цементара, Алкалоид, Топлификација и уште добар дел на мали производствени капацитети го усовременуваат својот производствен процес токму врз база на Микроконтролери и тоа ПЛЦ конкретно.

Имплементацијата на такви решенија обично ја прават домашни или странски фирми, со обука на кадар за одржување кои не ретко преминуваат во развој на истите решенија постепено.

"Проблемот" генерално со ваков тип решенија е дека тие се скапи, барем беа скапи. Опремата сега има пониска цена( зборам иначе само за квалитетна опрема Сименс или така нешто бидејќи во призводство не се игра со било што) но бара прилично време на подготовка на проект решението и програмибилниот дел на самите ПЛЦ и софтверот за нивно управување, обука за вработените....

Во самите компании кои имаат такви решенија има и обучени вработени кои се грижат за нивно одржување, па некаде дури и за нивен развој (додатни функции на самите контролери, додатно опрема итн..)

Домашни фирми има повеќе од кои во прв момент ми текнува на Сискон, НикСистеми...

Така да мислам дека ако те интересира ова поле и ако си квалитетен сигурно дека има и домашен и странски пазар, но најпресудно во овие решенија е квалитетот и добрите референци позади тебе, а не толку цената :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

ztip

Intern
15 декември 2007
26
0
Skopje
homecontroller.no-ip.biz
microcontrolleri

E ubavo sto spomnavte Fonko da ne e nesto zaedno so SEAF ama nesto ne mi se jasni imase mekoj oglas za programeri za Atmel-ovi microcontrolleri od SEAF prativ nesto CV i otkoga ne odgovorija so nisto pak im pisav i odgovorot bese: "nikogas ne sme barale programeri" a oglasot bese vo Dnevnik,
Ke vidam sto se slucuva.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

ztip

Intern
15 декември 2007
26
0
Skopje
homecontroller.no-ip.biz
Imam raboteno bajagi so Atmel AVR sega nesto si igram so ARM isto od Atmel, na pocetokot rabotev nesto i so Microchip nekoi PIC-ovi ama se prefrliv na Atmel mi se vidoa pointeresni,

By the way pozdravi go Tose

Pozdrav,
 

Riki

Intern
19 јануари 2008
2
0
Дечки, нешто ќе ви кажам. Ниеден од овие фирми што ги набројавте не користи микроконтролерска логика дизајнирана од некој домашен дизајнер, туку тоа се готови електронски плочи откупени, или пак по нарачка од некој странски дизајнер. Никој едноставно овде не се замара со креирање на тотално нов електронски склоп. Воглавно се оди по принцип склапање на делови, т.е. купи го на делови и само склопи го, и стај му го името на твојата фирма. А инаку бројот на луѓе што стварно знаат нешто во врска со микроконтролери(не мислам PLC) на ниво на целава држава е екстремно мал. Јас сум од Тетово, и со сигурност можам да кажам дека нема повише од 5 души (вклучувајќи ме и мене) што стварно знаат нешто практично да направат со микроконтролер.
 

RFox

Intern
13 септември 2008
380
31
Види Riki прво да ти посакам едно добредојде на форумот.
Друга работа јас учам во ел.техничко училиште и сигурен сум дека има повеќе од 5 души кои ја познаваат техниката и тоа е еден дел од материјалот кој се изучува. Е сега мојот класен знае и најверојатно пробал да прави некои нови изуми и склопови со помош на микроконтролери меѓутоа видел дека во државава нема многу да просперира со тоа што ќе го создаде, а за да го прикаже истото тоа ќе има уште поголем проблем со пари и со акање натака навака па затоа со неговите два факултета завршени надвор од државава видел дека нема тука многу да му вршат работа се додека не отиде на запад каде што неговото школо ќе се цени меѓутоа доцна му текнало и сега и веќе касно за жал!
Значи со силна поддршка од јаки луѓе можеби и ќе успееш а тие пет души вклучувајки те и тебе сигурно го немаат тоа што досега не створиле нешто ново!
 

Riki

Intern
19 јануари 2008
2
0
Бате јас зборев за Тетово стриктно дека има 5 души, и верувај ми стварно има 5 души. А ако ти учиш средно техничко школо, ја сум на факултет електротехнички, и верувај ми знам, а инаку, опремата и не е толку скапа, т.е не е воопшто скапа во споредба колку чини еден готов производ, или пак да платиш некој друг да ти дизајнира една голема машина. Во мојов живот имам направено повише работи со микроконтролер, од кои сите работеле, и верувај ми, чинеле многу помалку да ги направам, одошто да купам готов производ што ја извршувал истата функција на електронските склопови што сум ги правел. А за твојот професор... незнам. Човек со два факултета завршено, и да дојде да предава во средно школо... тоа малце ми е сомнително. И фала за добредојдето.
 

RFox

Intern
13 септември 2008
380
31
Незнам многу за човекот иако ми е класен раководител све се дешава, па би те поканил во Електроника групата да ни помогаш да ти помагаме бидејки и ти како и другите се разбираш во таа насока!
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,557
Мислења
823,256
Членови
28,062
Најнов член
Nacev
На врв Дно