Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
За почеток сподели за кој смарт ТВ се работи бидејќи софтверот на смарт телевизори варира од телевизор до телевизор.
Пример ако се работи за ANDROID телевизор со најнов антдроид веројатно можеш некако да го изведеш со 5-6 пропратни апликации за средување на проблеми ко во овој туторијал:
Ама пак ќе зависи од телевизор до телевизор и ќе биде прашалник дали ќе работи за позиви.
За повеќе помош подобро би било да споделиш и што се обидуваш да изведеш, така ќе може членовите подобро да ти помогнат околу целото сценарио а не само проблемот за дали можеш да инсталираш Teams на телевизор - пошо и да инсталираш треба да работи до некаде.
На андроид боксот веројатно може да се инсталира ако не е некоја многу стара верзија на Андроид, телевизорот е Самсунг со Тизен ОС и нема Микрософт Теамс за него. На телевизорот евентуално да cast-ираш слика од мобилен уред.
За погорните опции треба да пробаш во пракса колку ќе е мазно корисничкото искуство ...
toshex тоа што ми го предложи го направив го инсталирав на боксот.Сега немам глас на тв, а има слика.Имам две прашања,дали можам да користам слушалки или или друг звучник.Ако може каде да ги приклучам на ТВ или на боксот??
Мислењето е автоматски споено:
Или пак треба да се попушти гласот од друго место...
Тимсот ќе се инсталира, но прашање е колку ќе можеш да го користиш за состаноци, со оглед дека боксовите немаат камера и микрофон. Ќе треба да најдеш некоја веб камера што уредот ќе ја препознае како таква и ќе функционира во тимсот.
Слушалки можеш да приклучиш и на боксот доколку има излез за слушалки и на телевизорот каде е многу поверојатно да има излез. Но ако немаш звук на телевизорот, нема да имаш ни на слушалките.