• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Microsoft Office добива онлајн верзија

  • Ја почнал/а темата
  • #1

maximilian

Gaining Experience
26 март 2008
1,064
74
Microsoft објави дека нивниот популарен Office пакет (Word, Excel, PowerPoint и тн...) наскоро ќе добие своја онлајн варијанта.

Со ова, компанијата планира да им конкурира на добро функционалните веб апликации на Google Docs (екс-Writely) и Zoho, кои веќе стекнаа огромен број на корисници.

Интернет верзијата на овој уредувачки пакет на Microsoft е наречена едноставно Office Web, а треба да се појави следната година симултано со објавувањето на новата верзија на Office 14.

Веб верзијата ќе се состои од поедноставени верзии на Word, PowerPoint, Excel и OneNote, а нејзиното користење (според очекувањата) нема да биде бесплатно или без типичното маркетиншко малтретирање.

Во Microsoft се размислува за два типа на плаќање за користење на услугите на Office Web - првиот е базиран на годишна претплата за користење, а вториот модел би требало да вклучува негово бесплатно користење преку гледање на еден куп реклами.

Извор: http://kajgana.com/statija_3741.html
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Супер,MS Office и на веб,сигурно многу луѓе ќе ја користат :) Ај бил гејт нека се смилува и нека даде и за тоа триал верзија :LOL:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,500
Мислења
821,933
Членови
28,044
Најнов член
codeo
На врв Дно