- Ја почнал/а темата
- #1
[email protected]
Intern
- 17 февруари 2008
- 193
- 2
Microsoft Research и University of Washington соопштија дека успеале да развијат нова технологија, која би можела да биде и до четири пати поефикасна во поглед на позадинското осветлување и можност за прикажување перфектна црна боја. Во исто време, технологијта за производство на дисплеи би била поеконмична, а идејата се базира на додавање на пар огледала на телескопските пиксели.
Научниците тврдат дека денешните технологии не овозможуваат целосно блокирање на светлото, што резултира со лош квалитет на сликата, особено на црна позадина. Новата технологија би овозможила далеку поголем контраст и подобро ниво на осветлување. Според научниците, LCD-ата емитуваат само 5 до 10% од позадинското осветлување, бидејќи полазираторот блокира повеќе од 50% од светлото, секој филтер за боја има можност да пренесе се на се 30% од остатокот на светлото, а другите дополнителни слоеви придонесуваат за дополнително расипување на квалитетот на сликата. Телескопските пиксели би можеле да го решат овој проблем.
Овие пиксели се опремени со пар спротивни огледала, кои комплетно можат да ја задржат светлината и да прикажат перфектно црна боја. Со помош на напојување, огледалата можат да ја менуваат својата форма од рамни до приближно параболични, свртувајќи го светлосниот зрак во другото огледало кое ќе го испраќа зракот во пикселот. Вака пикселот ќе стане видлив. Според научниците, ваквата технологија може да пренесе 36% позадинско осветлување, наместо денешните 9% во просек. Со оваа технологија би можело да се намали одзивот и до 1,5ms.
Загрижувачки е фактот што во денешните HD дисплеи имат околу 2 милиони пиксели, а наредните дисплеии би можеле да имаат и повеќе од 8 милиони пиксели (quad HD) или дури 12 милиони пиксели. Вградувањето по две огледала на секој пиксел би можело да биде многу комплицирано и скапо. Како и да е, научниците велат дека не само што овие дисплеи ќе поддржуваат повисоки резолуции, туку би се произведувале од многу поевтини материјали, а сепак би останале компатибилни со денешниот производствен процес.
За сега нема подетални информации за имплементирање на новата технологија, ниту пак колку би чинеле овие дисплеи.
извор:http://www.tehnologija.com.mk/