• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Microsoft на прво место во светот по вложувања во наука и истражувања

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Aмериканскиот софтверски гигант Мајкрософт е компанијата која во изминатите години вложила 5,6 милијарди евра во науката и истражувањата, што претставуваат намјногу пари за вакви цели, објави Европската комисија.

Меѓу првите десет компании се најдоа и три фирми од ЕУ. Според наодите на европската Влада, според темпото на раст на инвестициите на поединечните фирми за истражувања и развој од ЕУ прв пат за последните пет години ги претекнаа САД. Додека во САД овие вложувања растеа со стапка од 8,6 отсто, во ЕУ таа изнесуваше 8,8 проценти.

Американските фирми, сепак, се наоѓаат на врвот на оваа листа. Зад Мајкрософт се смести производителот на автомобили Џенерал моторс, по која следи фармацевската индустрија Фајзер. Уште две американски фирми се наоѓаат меѓу првите десет, и тоа по уште еден гигант од фармацевската и автомобилската индустрија - Џонсон и Џонсон и Форд.

Најголем инвеститор во науката и истражувањата меѓу земјите од ЕУ е финскиот производител на комуникациски апарати Нокиа, која се наоѓа на петтото место. Зад неа се наоѓаат двата германски производители на автомобили Фолсваген на деветтото и Дајмлер на десетото место.

Најголемите вложувања во последните години се насочени кон енергетскиот сектор.

- Инвестициите во наука и истражувања во ЕУ најмногу ги зголемуваат енергетските компании, кои на тој начин настојуваат да ја зголемат ефикасноста и искористеноста на ограничените извори, објасни европскиот комесар за наука и истражувања Јанез Поточник.

Извор: Вечер
 

Supervisor

Intern
15 октомври 2008
82
19
Браво за Мајкрософт, сите што плукаат по Bill Gates можат само вода да му носат.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,630
Мислења
822,062
Членови
28,276
Најнов член
GirlFromMars22
На врв Дно