Fiasco
Gaining Experience
Софтверскиот гигант Microsoft сега посегнува кон ѕвездите со неговата нова програма WorldWide Telescope (WWT).
Софтверската апликација предизвика големо внимание на астролошката јавност во февруари кога производителот ја најави на една конференција за печатот.
WWT им овозможува на корисниците на комјутери да пребаруваат информации низ небото како да гледаат презентации - (тури) и да дознаат повеќе информации за небесните тела преку истражувањата на професионалните набљудувачи. Tоа е само почетокот на можностите на софтверот.
Производот е промовиран во “бета“ верзија и, иако не е комплетно готов, врз него се прават многу модификации и подобрувања и може да се користи. WWT изгледа дека ќе остане во “бета“ верзија бидејќи ќе остане бесплатен за користење.
Првиот чекор е да се спушти и инсталира WWT преку WorldWideTelescope.org. Како што ќе почнете да го користите, ќе ја забележите опцијата “Communities“ преку која можете да учествувате во клубови или да создавате свои клубови на астрономи.
Што значи да се биде во “заедница“ (клуб)? Што тоа ќе ви донесе на вас?


За сега, ќе можете да добиете четири вида на услуги:
1.Презентации – (тури)можете да направите подвижна колекција на слики и видеа кој ќе ги склопите во една презентација . Иако сеуште нема официјален прирачник за оваа опција, таа не е многу тешка за учење.
2.Колекции на слики – преку WWT ќе можете да направите своја галерија на слики од небесни тела и пропратни појави.
3.Слични артикли – кога сте поврзан во заедница, повремено на некои вести или слики ќе забележите “S&T“ икона на долниот дел на екранот. Со кликање на оваа икона ќе преминете на друга страна каде има додатни информации или колумни за темата која предходно сте ја гледале.
4.Соѕвездија – освен сетот на слики од соѕвездијата кои доаќаат со самиот софтвер, вие ќе можете да инсталирате свои слики од соѕвездија.
Софтверот на Microsoft е во вид на виртуена обсерваторија, која се фокусира на блиските и далечните вселенски пространства.
Ако сте астроном, припадник на некој астрономски клуб или само обичен љубител на вселената, слободно спуштете го програмот и проучувајте.
from: идивиди