• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Microsoft ќе објавува Vista SP2 пред Windows 7

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Тимот на Windows го подготвува вториот service pack (SP2) за Vista и Windows Server 2008, и се планира двете SP2-јки да бидат испорачани пред најавувањето на Windows 7.

Целта на Microsoft е да ги испорача двете SP2-јки пред најавувањето на Windows 7 за да се намали конфузијата меѓу корисниците на Vista и Windows Server 2008 за тоа дали да ги прифатат овие оперативни системи или пак да го чекаат Windows 7.
Наводно, веќе се готови првите бета верзии на SP2 и пуштени се на тестирање во потесен круг на партнери на Microsoft.

Што се однесува до развојот на Windows 7, првата бета 1 верзија е најавена за средината на Декември, а што се однесува до терминот за кога би требало да биде готов Windows 7, се споменува втората половина на 2009 година.

Со оглед на тајмингот, се прашуваме дали Microsoft ќе претстави некоја од новините кои се вградуваат во Windows 7 vпреку Vista SP2? И дали има воопшто некои закрпите кои се надеваме дека Microsoft ќе ги испорача како дел од Vista/Win Server 2008 SP2?


Извор: ZDNet
 

Supervisor

Intern
15 октомври 2008
82
19
Со оглед на тоа што се појавуваат дупки, закрпи мора да се прават. И додека да искочи финалната верзија на Windows 7 ќе поминат можеби и 2 години, според тоа не е воопшто чудно.
 

gorgigangsta

Intern
8 октомври 2008
20
0
Паметна инвестиција а од Windows Vista не бев многу воодушевен, па да видиме што ќе донесе и вториот
 

ac1d

Intern
24 септември 2008
410
14
VISTA e SHIT spored mene XP e mn bojle osven so VISTA e graficki dosta poubav :/ Inace me interesira mn kakov ke bide Windows 7 :) a za ova so sp2 e za da gi koregiraat dupkite vo sp1 i se razbira za da im ovozmozat podobar operativen na onie koj go koristat VISTA :)
 

Supervisor

Intern
15 октомври 2008
82
19
VISTA e SHIT spored mene XP e mn bojle osven so VISTA e graficki dosta poubav :/ Inace me interesira mn kakov ke bide Windows 7 :) a za ova so sp2 e za da gi koregiraat dupkite vo sp1 i se razbira za da im ovozmozat podobar operativen na onie koj go koristat VISTA :)
Па побарај на нет има слики. Интерфејсот е ист како на Vista бидејќи тоа беше преминот и сега во 7та работат повеќе на усовршување на самото јадро, безбедност и слично.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,517
Мислења
822,419
Членови
28,049
Најнов член
Mandej
На врв Дно