- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Microsoft ќе лансира нова кампања во обид да ги натера потрошувачите и компаниите повторно да ја разгледаат Вистата.
Колку ќе биде успешен обидот останува да се види, но Steve Ballmer -Microsoft CEO(Chief Executive Officer) јасно им порачал на сите вработени минатата недела дека од главните приоритети на компанијата, успехот на Windows е најважен:
" Во наредните неколку недели" - вели Ballmer во дописот до вработените - " Microsoft ќе започне кампања насочена кон било какви сомнежи и двоумења што ги имаат потрошувачите за Windows Vista"."the success of Windows is our No. 1 job."
Овие напори доаѓаат на половината од тригодишниот животен циклус на Windows Vista, после која е најавен новиот оперативен систем наречен Windows 7 кој се најавува за крајот на 2009 или почетокот на 2010 година.
"Нема сомневање дека во текот на претходните месеци Вистата е подобрена" - вели Michael Cherry кој е истражувач во Microsoft. "Веќе има повеќе достапни device драјвери и Вистата е посигурна (more reliable). Единствено нешто што не се подобри е тоа што не е побрза. Сеуште има огромни побарувања за ресурси."
Вистата работи подобро на новите компјутери со побрзи процесори и поголема меморија отколку на старите РС-а. Дури и на новите РС-а, Вистата може да биде поспора на старт за разлика од Windows XP. Многу од потрошувачите не сакаа да ги потрошат нивните пари на нови компјутери и нов софтвер кој им е потребен за работа на Виста.
Извор: Xinhuanet