• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

МИ6 регрутира агенти преку Facebook

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Британските разузнавачки служби почнале да го користат интернет сајтот Facebook во потрага по потенцијални агенти - соопштува денес Британското министерство за надворешни работи.
Британската разузнавачка служба МИ6 веќе неколку дена објавува огласи на Facebook во рамките на кампањата за регрутирање на нови агенти.

"Кампањата за регрутирање на нови агенти на тајната разузнавачка служба продолжува со цел пронаоѓање на група на таленти кои го претставуваат денешното Британско опшество" - објаснува портпаролот на Форин офисот.

Во продолжение портпаролот вели дека "се користат повеќе канали како би се прикажале професионалните можности во организацијата". "Facebook e еден од последните примери" - вели портпаролот.

МИ6 уште во Април 2006 започна со отворена регрутација на нови агенти, со користење на промотивни кампањи главно преку радиата и весниците.

Службата регрутира агенти и преку својот веб сајт, на кој кандидатите можат директно да пополнат формулар.

Извор: Sun
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,518
Мислења
822,422
Членови
28,049
Најнов член
Mandej
На врв Дно