1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Ми треба совет како да направам бекап на фолдер во Program Files на Synology NAS

Дискусија во форумот 'Софтвер за останати видови на ИТ уреди' започната од skullmonkey, 20 Мај 2020.

  1. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,157
    3,299
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Имам ситуација каде што треба да правам бекап на фајлови кои се наоѓаат во C:\Program Files на Synology NAS 218+.
    Проблемот е што Cloud Station не дозволува да се селектира Program Files и негови потфолдери како сорс, а преку Active Backup Server не сакам да правам имиџ на цел драјв.

    Му текнува ли на некој интегрален начин без да треба да користам middleman програма да ги копира фајловите од Program Files во друг фолдер па после со нов таск да ги бекапира со Cloud Station?

    Фала.
     
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,461
    11,730
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    1. Да го шернеш Program Files па да видиш дали синолоџито ќе го прими името на шерот.
    2. Истото со некои symbolic links, не знам точно кои, мислам со /D .
     
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,496
    1,817
    5 oктомври 2007
    Машко
    Не се мачи нема шанси со дефолт Синолоџи апликациите. Сите системски фолдери им се блеклистед од Cloud Station, Synology Drive и слични. Јас на крај завршив на два начина. Или со Windows Backup, a подобро за мене со SyncToy 2.1. Топ си работи и е фри. Или било кој друг бекап програм кој уствари ќе бекапира на шеард фолдер на Синолоџито.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  4. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,157
    3,299
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Ми треба автоматски а SyncToy мислам дека нема распоред да ставиш само да прави.
    Ќе проверам сега. Фала.
     
  5. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,496
    1,817
    5 oктомври 2007
    Машко
    Има има. Види у хелпот е објаснето. На 10-ка има мал проблем со авоматското закажување но има и воркараунд
    Schedule Sync in SyncToy 2.1 Windows 10
     
  6. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,260
    2,493
    19 Јули 2013
    Чисто информативно, што е тоа во Program Files на кое треба да се прави бекап?
     
  7. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,157
    3,299
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Бекапот на бекапот на MySQL на програм за финансиска евиденција. Полесно ми е да најдам воркараунд него да им објаснувам да го пребацуваат бекапот на друга локација.
     
  8. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,260
    2,493
    19 Јули 2013
    Кој талент подесил бекап во Program files...
     
  9. null_ptr

    null_ptr
    On your way to fame

    586
    550
    20 ноември 2013
    Машко
    Bvckup го препорачав и претходно, се плаќа - но работи брзо и како што треба, селектираш 2 фолдера, интервал и други опции

    upload_2020-5-21_11-52-1.png
     
  10. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,496
    1,817
    5 oктомври 2007
    Машко
    Нема потреба од платени варијанти за обични бекап работи, кога има бесплатни.
     
  11. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,157
    3,299
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Се сложувам. Веќе имам добра бекап алатка, мене ми треба просто префрлање на фајлови од еден фолдер на друг.
    Фала ви, ќе пробам со она горе што е на @Metuzalem па ако не иде така одам со SyncToy.
     
  12. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,157
    3,299
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Вака го решив:
    1. Направив .bat фајл со команда: xcopy /s "C:\Program Files\Microsoft SQL Server\MSSQL11.ZSQL\MSSQL\Backup" "D:\CloudStationSource"
    2. Направив распоред да се стартува секој ден во одредено време преку Task Scheduler од Windows-от
    3. На крај со CloudStatiion од Synology го врзав D:\CloudStationSource со NAS-от.

    Огронем пропуст на Синолоџи кој се провлекувал со години и сеуште не го менуваат.
     
  13. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,693
    11,006
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не е пропуст, намерно е и логично е. Преголем број на фајлови со многу чести промени има таму кои би влијаеле на перформансите на синкот со силогијата, а реално, во виндовс не се бекапираат апликации со копирање на фајлови.
     
    marv, moongose и на Avid им се допаѓа ова.
  14. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,157
    3,299
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Не се сложувам. Секој девелопер си има своја логика, без разлика дали е добра или лоша. И сега Синолоџи ќе прави педагошка мерка? Ретка глупост. Ретка! Остај на клиентот да одреди дали е тоа добро или не. Еве у мојот случај ми треба. На форумот глеам бесконечни топици на темава од збеснати корианици.
    Тоа што го продаваат као “ептен лесно можете да праите што сакате” излага не баш... И да е подефолт изгасено, напраи начин, комолексен нека биде, сма коа на некој ку треба да може да го постигне.

    Пак ќе кажам, огромно разочарување ми е ова. До сега сум немал некој не решлив проблем, но ова е аматеризам.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  15. smole

    smole
    Unstoppable

    3,196
    3,717
    18 Април 2007
    Synology ги продава + моделите како за SOHO корисници а нема document management system, макар да треба и да се купи.
     
  16. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,260
    2,493
    19 Јули 2013
    По правило во Program Files има само програмски податоци. На тоа нема зошто да се прави бекап. За измени во тој фолдер потребна е администраторска привилегија. Обичен корисник нема пристап за измени.
    А се што апликациите или корисниците менуваат, се чува во AppData или некаде во корисничкиот профил. Тоа е така од уште од ХР, а од виста и седмица е уште построго. Заради безбедносни и практични причини.

    Е сега не знам зошто се Synology толку ригорозни да забрануваат бекап на системски работи, сигурно имаат причина.

    Но се согласувам дека треба корисникот да има таква можност. Нека биде оневозможена фабрички, но да има начин да се активира по потреба.
     
  17. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,496
    1,817
    5 oктомври 2007
    Машко
    Работат едно чудо DMSи на синолоџи. Што нејтив што како докер имиџ. PaperOffice, OneFolder, LigicalDoc (ima free community verzija) itn. И Odoo и OpenERPисто мислам имаат документ модул.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  18. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,157
    3,299
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Повторно кажувам, уред од 50000 денари (без дискови), да не може да направи бекап на фолдер кој е на одредена локација, која сака нека е, е НЕ-ПРОС-ТИ-ВО.
     
    На marv му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,496
    1,817
    5 oктомври 2007
    Машко
    Е да де. И како рече им го бараат нонстоп, они се вадат на како тоа не требало така да се прави. Нека е мој избор колку и да е глуп. Ај ProgramFiles биле програми (па што) а исто неправи и на ProgramData фолдерот, каде стојат јузер сетинзи. И на ова гарант имаат глуп одговор.
    Е сега од друга страна може и држи, пошто и Клауд стејшн и новото Драјв стејшн, не се бекап класични апликации. Они се фајл синхронизациски апликации за "нормални" јузер фајлови. Истото не го дозволуваат ни онедрајв ни дропбокс да речам. Ама па да имаше избор барем.


    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
    Последна промена: 23 Мај 2020
    На skullmonkey му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...