• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Mi treba pomos!!!

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

MOPKOB

Intern
13 јануари 2008
66
1
Attention, *ime i prezime! Some dangerous trojan horses detected in your system! Microsoft Windows XP files corrupted.
This may lead to the destruction of important files in C:\WINDOWS. Download protection software now!

Click OK to download the antispyware. (Recomended)

[OK] [CANCEL]

Ova mi se pojavuva koga koristam BACK ili FORWARD, bez razlika dali na Mozila, IE ili niz hard!!!
So se veli muabetot, ima pomos ili FORMAT!!!????
 

Revan

Gaining Experience
25 мај 2008
660
310
Не го симнувај програмот што ти го препорачува, Spyware си закачил ништо страшно.

Глеј најди си некој Anti-Spyware, пробај Ad-Aware или Spy-Sweeper, SpyBot Search&Destroy, би требало да го остраниш.
 

Ket Bejb

Intern
17 јуни 2008
96
1
Инсталирај си антивирус прво и удри му еден scan на PCто... према поракава изглеа немаш инсталирано... :p
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

MOPKOB

Intern
13 јануари 2008
66
1
Imam imam, i so drugo ne probaF, ama neso ne saka da mi pomogne. Imam NOD32, spyware doctor, a odvreme na vreme i ona so e besplatno antispyware od yahoo go pustam. Znaci nekoj ima sretnato vakva poraka ili .......!?
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
хмммз.. Значи, во главно се работи за мулти малициозни програми.. Мулти, затоа што обично не се работи само за тројан, туку: trojan; spyware ; adware ect ect..
Обично проблемот настанува по спуштање на некој rogue anti-Spyware"" ( ex. spyaxe ).
Инаку, лично во главно имам успеано делумно да го отстранам проблемов, но во некои случаи, штетата беше толку голема што не ми вредеше да го спасувам компјутеров, т.е едноставно формат..

Начинот на кој што успеав е следниов

1. На прво место исклучи се од start up ( start --> run --> msconfig --> startup ). Ова ќе ти овозможи барем да успееш да инсталираш anti-virus/spyware. ( мене лично не ме оставаше да инсталирам.. т.е секој уклучен wizard на сред инсталација, беше прекинат.

2. Скенирај со anti-virus
- Како и секогаш, лична моја препорака е BitDefender ( гарантирам дека делумно ќе ти заврши работа. ) - download тука.

3. Скенирај со anti-spyware
Мој предлог е да скенираш со следниве 2:
- Spybot - Search & Destroy - download тука.
- Ad-Aware 2008 - download http://dw.com.com/redir?edId=3&site...457.html?spi=99e7cde2f6a0fe4b8dc6b97ba6ce8cce.
4. Скенирај со HijackThis, и логот пастирај го на форумов. - download http://dw.com.com/redir?edId=3&site...312.html?spi=c42a951d7371527787e191ff8ae4d34d.

Ако после ова не успееш да го отстраниш проблемот, следува формат.

Со среќа.
 

Revan

Gaining Experience
25 мај 2008
660
310
Имаш ли нешто важни податоци на компјутерот ?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

MOPKOB

Intern
13 јануари 2008
66
1
Ne bas. Tie dokumenti so mi bea povazni gi zakaciF na mail. Eve sea probuvam so spybot, pa ke vi pisam so ke se sluci.
Pozzz
 
M

Mr.Alien

Гостин
Каков црни формат, какви бакрачи. Што се научиле само на формат? Знам дека е наједноставно решение, но дајте малку акција, малку натпреварувачки дух...кај ви е инстинктот за преживување? Зарем немате инспирација проблемот да го совладате со борба гради в гради? Вие одма напалм бомба (читај - формат).
Сто пати постирав едно те исто, можеби сум досаден, ама пак ќе го наведам истото.
Вади го хардот од машина, стави на друга како slave или преку УСБ со посебен адаптер или екстерно куќиште и скенирај од таму. Или преку мрежа, ама ако пријателчето со кој би се умрежил е доволно вешт да избегне и он да не "попие" вирусче или слично.
Откако ќе ја најдете напаста, види на интернет што ѓурултии прави во регистрите. Врати ги старите поставки на регистрите, и избриши ги оние стрингови кои напаста ги креира. Ако не знаеш кои се стандардните поставки, немај гајле - на сајтот каде ќе ги најдеш овие информации гарант има од која на која вредност е сменето.
Сестра ми "ќари" некои вирусчиња и еден rootkit кога беше на пат во Чиле. Лаптопот и беше жива епидемија кога го донесе. Се очистив, но остана rootkiот кој правеше заебанции. Се населил во TEMP (C:/Doc.and Sett./User/Local Set./TEMP), од таму си бркаше работа. Заебанцијата беше во тоа што не можеше да се вклучи Show hidden files and folder - си се заштитил батката!
Ги ископирав во Notepad моите регистри кои се однесуваат на приказ на скриени фолдери и фајлови, го снимив како .reg.
После тоа, кај него го стартував, дозволив измена, се покажа опцијата за приказ на невидливи работи, влегов во TEMP и ги згазив четирите фајлови - бељаџии. Просто и едноставно!
Затоа, фаќај се за работа, а форматирање нека ти биде последна, не дај боже опција.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

MOPKOB

Intern
13 јануари 2008
66
1
Spybot - ne brka rabota. Najde i popravi 75, ama ova so trebase ne go najde t.e. uste se pojavuva na back i forward i sega i na site linkovi sto gi startuvam.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

MOPKOB

Intern
13 јануари 2008
66
1
Neznam zosto, ama odednas nodot pocna da pojavuva " c:\windows\apsagy.dll - Win32/Adware.IeDefender.NFH application " i avtomatski pocna da skenira. E sega bara restart. Ke go restartiram pa ke vidime sto ke bide.
 

Ket Bejb

Intern
17 јуни 2008
96
1
Каков црни формат, какви бакрачи. Што се научиле само на формат? Знам дека е наједноставно решение, но дајте малку акција, малку натпреварувачки дух...кај ви е инстинктот за преживување? Зарем немате инспирација проблемот да го совладате со борба гради в гради? Вие одма напалм бомба (читај - формат).
Сто пати постирав едно те исто, можеби сум досаден, ама пак ќе го наведам истото.
Вади го хардот од машина, стави на друга како slave или преку УСБ со посебен адаптер или екстерно куќиште и скенирај од таму. Или преку мрежа, ама ако пријателчето со кој би се умрежил е доволно вешт да избегне и он да не "попие" вирусче или слично.
Откако ќе ја најдете напаста, види на интернет што ѓурултии прави во регистрите. Врати ги старите поставки на регистрите, и избриши ги оние стрингови кои напаста ги креира. Ако не знаеш кои се стандардните поставки, немај гајле - на сајтот каде ќе ги најдеш овие информации гарант има од која на која вредност е сменето.
Сестра ми "ќари" некои вирусчиња и еден rootkit кога беше на пат во Чиле. Лаптопот и беше жива епидемија кога го донесе. Се очистив, но остана rootkiот кој правеше заебанции. Се населил во TEMP (C:/Doc.and Sett./User/Local Set./TEMP), од таму си бркаше работа. Заебанцијата беше во тоа што не можеше да се вклучи Show hidden files and folder - си се заштитил батката!
Ги ископирав во Notepad моите регистри кои се однесуваат на приказ на скриени фолдери и фајлови, го снимив како .reg.
После тоа, кај него го стартував, дозволив измена, се покажа опцијата за приказ на невидливи работи, влегов во TEMP и ги згазив четирите фајлови - бељаџии. Просто и едноставно!
Затоа, фаќај се за работа, а форматирање нека ти биде последна, не дај боже опција.
Ехехеееее не сме сите толку паметни како тебе :p ја као прво пола од овие термини што ги спомнуваш не ги ни разбирам (иако тоа студирам!!) али сеедно, не може секој да биде стручњак за се. Јас сум обичен смртник за овие работи; антивирусот си врши работа место мене за чистење, а брат ми понекад става "напалм бомба" и толку :) просто и едноставно хехе
 

Revan

Gaining Experience
25 мај 2008
660
310
Чим сите важни фајлови ти се на безбедно, направи формат џабе ќе се мачиш да закрпуваш, а можно и некој килогер плус да ти се закачил, тоа е најлош вид на Malware цела приватност ти ја нарушува.

Така да ако немаш, најди си Windows Xp Sp3 инсталциски диск, инсталирај сите програми што ти требаат, плус обавезно NoScript додатокот за Firefox, откако све ќе инсталираш и средиш, направи и D: партиција и таму My Documents стави си го, во случај вирус пак да фатиш, сите важни фајлови безбедни ќе ти бидат, и најважното сетирај Limited User Account, одреди привилегии и оттогаш логирај се на LUA-от, кога ќе треба да инсталираш нешто само логирај се како Администратор, и ај после да ги видам вирусите да чепкаат нешто во LUA !

@Mr.Alien, точно последна опција би требало да биде форматот, ама тоа во случај ако се има ептен многу важни фајлови, постапката што ја објасни е малку посложена, формат и нова инсталација е саат време работа, 20 минути ако имаш Unattended CD.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Не се работи за тоа дали е некој паметен или не (btw, благодарам за комплимантот :baknezh:), туку кој колку се интересирал да научи.
Вирусите ми беа интересна тема уште од самиот старт, но детално им се посветив некаде чинам 2001, кога го окркав WIN98 CIH - Chernobil (за ова мислам постирав во една слична тема). Одтогаш па наваму здравје - никогаш повеќе хаварии (освен околу Нова Година, но не по моја вина, но тоа сега не е тема).
А еве, сега и тебе ќе ти досаѓам малку - со самата елиминација на виросаниот фајл не значи дека проблемот е решен. Пак ќе речам, мораат да се проверат и регистрите!
Инаку, има куп книги во кои се детално објаснети регистрите на WIndows XP - како во електронска форма, така и ва стандардна форма. Не е лошо да се има при рака, верувајте.
 
M

Mr.Alien

Гостин
@revan
Ок ти е резонот, но во тој случај допираме друга тема - колку е штетно често форамтирање на хард дискот? Ако тоа се прави после секоја (ајде, после ПОТЕШКА зараза), се скратува векот на хардот.
Јас "обичам" потежок начин. Можда е суета, ама...јбг :)).
Второ....многумина чуваат битни работи на C:.
А тек колку народ има на кои хардот им е со една партиција :LOL:!!
 

Ket Bejb

Intern
17 јуни 2008
96
1
Tnx, Mr.Alien. Само да појаснам, не ми беше намерата да те навредам и мило ми е што тоа си го сфатил како комплимент. Зборот беше дека ти ова го објасни како нешто кое секојдневно се работи на PC :) тоа беше целата работа. И јас би сакала мн повеќе да знам некои работи, али цел живот се тркам со времето и пак тоа ме победува и мн работи не стигнувам да ги сторам :)

Како и да, let's go back to the topic.
 
M

Mr.Alien

Гостин
:D
Во ниеден момент не сватив како навреда, немај гајле. Имам доволно години за да можам правилно да разберам кој што мисли и сака да каже:bravo:.
А за времето....оф мори мајко, и јас кубурам...ај некој нека отвори тема како се наоѓа време, pls? :LOL:

Ајме сега назад на тема.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #18

MOPKOB

Intern
13 јануари 2008
66
1
==c:\windows\apsagy.dll - Win32/Adware.IeDefender.NFH application==
==c:/system volume/information_restore(****)/a0346824.dll/win32/adware.ledefender.NFH- application deleted
Ova go najde i go izbrisa NOD-ot, megutoa po skeniranjeto so "spybotsd152".
Si vikam deka e resen problemot, poso PC raboti kako so treba!!!
 

Revan

Gaining Experience
25 мај 2008
660
310
@revan
Јас "обичам" потежок начин. Можда е суета, ама...јбг :)).
Не е суета, по интересно ти е изгледа сам да ги тепаш. :)

Некој сака почесто формат да прави, ама колку е тоа добро за хардот, самиот кажа дека е дискусија за друга тема, јас лично претпочитам еднаш годишно да правам формат, без разлика дали сум закачил некој Malware, досега само едно лошо искуство сум имал со штеточини, ама тоа беше одамна уште кога користев IE6, тогаш, сакав-неќев морав формат да направам.

како се наоѓа Време, pls?
Многу едноставно бе, пет денари е во секоја трафика ! :)

@МОРКОВ, обавезно регистрите провери си ги, уште еднаш скенирај со друг анти-вирус, зошто Nod-от слаб е на наоѓање килогери.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

MOPKOB

Intern
13 јануари 2008
66
1
A po povtornoto skeniranje povtorno najde ama ne go izbrisa slednovo === File C:\System Volume Information\_restore{55688831-966C-4B33-922E-9A6769C40DB4}\RP576\A0345400.exe is infected with application Win32/Adware.IeDefender.NFF. The file can be deleted. It is strongly recommended that you back up any crucial data before you proceed. ===
 
  • Ја почнал/а темата
  • #23

MOPKOB

Intern
13 јануари 2008
66
1
Tooo MAjstore! Kompjuterot e cist ko solza i raboti besprekorno!!!
Znaci sega se e OK. Ama izgleda seta rabota ja svrsi Spybot, pa nodot i na kraj so go iskluciF system restore!!!!!!!
Vi blagodaram na site so mi pomognaFte!!!
PozdaF od MOPKOB
 
M

Mr.Alien

Гостин
Уууупсссс.....само да се надоврзам.
Чист да, како солза не. Ако некогаш повторно активираш System Restore, свесно или по автоматизам (инсталирајќи некој софтвер кој дава опција за креирање Restore Point), пак имаш шанси да имаш проблеми, бидејќи од Windows ME па наваму, сите вируси имаат незгоден табиет да се врзуваат за System Restore секцијата.
Знали, уште еднаш ќе те упатам на линкот во претходниот пост, со назнака UPDATE, и следи ги инструкциите како целосно да го отстраниш за да можеш и Sys. Rest. да го користиш....ако ти е потребен и ако ти значи.
Јас лично System Restore не есапам воопшто, го гасам на почеток инсталација.
И, колку да си сигурен, искенирај го системот уште еднаш, во SAFE MODE, колку да бидеш сигурен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,502
Мислења
822,038
Членови
28,044
Најнов член
codeo
На врв Дно