Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Mi Notebook

Дали мислите дека Mi може да направи:


  • Вкупно гласале
    20
  • Анкетата е затворена .

the_maker

Guru
14 август 2014
3.867
6.011
UNIVERSE
www.miui.mk
Како што кажува насловот, еве стигнавме и до моментот кога ќе пишуваме понешто и за Mi лаптопите :)

Само кратко инфо, повеќе до и на 27-ми месецов, но генерално овие се моделите:

Mi Notebook Pro со Intel I7 процесор + GTX970M
Pro верзијата доаѓа со Intel Core i7-6700HQ процесор и NVIDIA GTX970M 4GB GDDR5 графичка карта, со 512GB SSD хард диск инсталиран. Покрај се, ќе има и неверојатни 16GB DDR4 RAM. Но комбинацијата на i7-6700HQ со 4GB DDR5 NVIDIA GTX970M треба да овозможи огромни перформаси за било која апликација и модерна игра. Сеуште нема точни информации со кои големини на екрани ќе се продава, но остануваат два помеѓу 11’’ / 13’’ / 15’’ /.

Оваа Pro верзија на домашниот пазар во Кина ќе се продава промотивно околу 1000 USD. Цената тука би била ќе се знае кога ќе излезе.

Xiaomi_Notebook_2-1.jpg
Xiaomi_Notebook_6.jpg
Xiaomi_Notebook_5.jpg
Xiaomi_Notebook_7.jpg
Xiaomi_Notebook_8-1.jpg
Xiaomi_Notebook_price2.jpg
 

the_maker

Guru
14 август 2014
3.867
6.011
UNIVERSE
www.miui.mk
Mi Notebook Standard со Intel i5 процесор

Стандардната верзија ќе биде малку послаба од Pro-то со Intel Core i5-6200U процесор со интегрирана Intel HD520 графичка карта. Исто така ќе има и 256GB SSD хард диск, како и стандардно 8GB DDR4 RAM. Супер штедливиот процесор би требало да трае до 8 ч со секојдневно нормално користење.

Цена за домашниот пазар се очекува да биде 500 USD.

Xiaomi_Notebook_1.jpg
Xiaomi_Notebook_1-2.jpg
Xiaomi_Notebook_1-3.jpg
Xiaomi_Notebook_1-4.jpg
 

DrMTR

Guru
27 март 2014
7.394
7.600
mikrotikmacedonia.online
i7 конфигурацијата е одлична, High End процесор, 512 SSD, 16DDR4 ram... мх мх. тастатурата ке биде осветлена така ? алуминиум е целиот така ? што има оф експанзиони приклучоци ?
 

bokiscout

Unstoppable
17 март 2011
1.721
2.016
Скопје
1. Со кој оперативен систем ке доаѓаат?
- Имам читано дека планираат Linux дистрибуција.

2. Колкава е тежината на секој од моделите?
 

the_maker

Guru
14 август 2014
3.867
6.011
UNIVERSE
www.miui.mk
Mi има стратешко партнерство со Microsoft, ќе оди со 64bit Win 10 сигурно..
Резолуција незнам точно, но може да изненадат. Они на Ми Пад 1 му ставија 2К така да може и ова без проблем, машините вртат све..
И за тежината незнам исто, но сигурно ќе биде лесен пошто е од АЛ.

Како што ќе добијам инфо, така ќе постирам тука..
 

Harrabed

Practice makes perfect
22 април 2013
1.370
1.542
Со таков процеор и графичка и уште ако биде full aluminum и тестатура backlit ух ух ух и згорем на тоа цена 1000ка уфффф....
 

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.846
5.759
Апла копија на ASUS N серија. Тоа е добро, убава серија е тоа.

Екранот мора да е IPS. А мене ме чуди што они рекоа дека нема да одат со најнов хај енд, туку со една генерација постар хардвер за да задржат ептен ниски цени. Серија 6000 не е постар хардвер, а и 1000рче е сумљива цена зошто веќе ASUSot е естаблиран како класа. А овој ќе е новајлија. Овој за 500 многу ветува ако е IPS, ако не е не го есапам дека постои воопшто.

За разлика од мобилниве кои се затворени системи и каде Ми можеа да доминираат лесно со само неколку генерации тука борбите се КАДЕ-КАДЕ поголеми кај лаптопите. Модуларноста е круцијална, додатоците се круцијални. М.2 и неприкосновени брзини веќе се стандард, дали ќе има? Нема да има? Еден слот за спор диск или оптички? 256гб + 1Тб веќе е стандард за било кој пристоен корисник. Сеето ова го нуди N552 и G552 по истата цена со врвен IPS и оптички драјв за вкупно 3 диска.

Верувам дека можат да направат фантастичен уред. А на нив е дали ќе го направат. Ќе видиме кога ќе излезе и кога ќе го раштрафат по јутјуб, а до тогаш само од надвор може да кажеме дека изгледа сосема океј, друго ништо.
 

STEFF

Unstoppable
4 јули 2013
1.387
2.162
Скопје
Овој со и5 од 500 долари има да растури со продажба па дури и кај нас ако се донесе. 8 часа батерија го гледаш само кај некој ултрабук од 50-60к.
Овој гејмерскиов ќе биде малце во тесен простор пошто има голема конкуренција во цена/перформанси од тој ранг со асус, дел и сл.

И драго ми е што шаоми се издига па и создава конкуренција во светов на технологијата.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.288
Мислења
977.866
Членови
35.578
Најнов член
Milena Milkova
На врв Дно