1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Mеханички тастатури

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од xenon, 19 Јануари 2014.

  1. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    549
    410
    26 Март 2016
    Користам HyperX периферија моментално со оригинал чери црвени (барав портокалеви ама немаше). Сум користел фуш брендови од типот на Genesis, A4, MS. Си мислев дека ќе платам помалку a ќе добијам квалитетна механичка. Сите се расипувале за брзо, се губел филингот, пропаѓале свичевите, се олабавувале копчињата летале итн итн. HyperX не се најефтина периферија во споредба со нив ама во споредба со овие легитимните брендови се едни од најефтините. Скроз сум задоволен од тастатурата и изработката и филингот на црвените чери. Во животот првпат чери користам свичеви и ја осеќам разликата.

    Eдит: Барав КАФЕАВИ (ја заборавив ебаната боја) -- Тактилни ама тивки значи како сините ама без да кликаат многу. Црвените се линеарни.
     

    Прикачени датотеки:

    Последна промена: 19 Јануари 2020
    На Goran995 и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  2. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,603
    1,836
    25 Март 2013
    Машко
    Што модел ти е тастатурата и маусот?

    edit- И од кај ги купи?
     
  3. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    549
    410
    26 Март 2016
    Alloy FPS Mechanical Gaming Keyboard | HyperX
    Pulsefire Core RGB Gaming Mouse | Hyperx

    Првично барав wireless технологија за периферија бидејќи едно напредната е доста во последниве години до точка и професионалци да ги користат и второ: не сум професионалец така што не сум засегнат од такви проблеми. Ама не најдов кај нас (она што сакав) и зедов вакви. Ги зедов од Сетек мислам (ми ги купуваше другар не се сеќавам од каде ги зеде).
     
    На TATA_MATA и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  4. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,814
    3,979
    1 Септември 2011
    Машко
  5. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    549
    410
    26 Март 2016
    Истата ја имав скроз. Сега ќе ти сликам каде се наоѓа.

    Едит: Мислев дека е истата ама друг модел била. Без разлика, таа што ја имам исто е Bloody каде што само црвените дугмиња се механички а другото лоша изработка. Еве ја над Genesis-от ТКЛ механичката исто така. Тоа измеѓу е мембрана срање.
     

    Прикачени датотеки:

    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,162
    1,791
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ни оваа не е механичка. Има 8 линеарни механички копчиња околу WASD cluster-от, ама се друго е мембрана. Пак ќе ти речам, Natec Thor 300 ја имаш за 2,000 денари во TKL варијанта или 2,500 денари во full size варијанта, двете со избор на црвени (линеарни) или сини (clicky) свичеви.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,814
    3,979
    1 Септември 2011
    Машко
    Механичка е тска?ок е?
     
  8. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,814
    3,979
    1 Септември 2011
    Машко
    Ова Anhoch PC Market Online - Keyboard Natec Genesis Gaming Thor 300 TKL Mechanical Red Switch White Backlight
     
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    549
    410
    26 Март 2016
    Еве ја другарче Thor 300 на сликата кај мене под Bloody. Канта невидена кај мене се покажа. Откажа backspace и space бар не фаќаат. кецот двојката и а с д дугмиња на секое ми летаа кога играв дота се излижаа копчињата. Не го учете да ја прави македонската т.е. сиромавиот плаќа два пати. Нека купи еднаш поскапо ама квалитетно. Фрлив три механички во рок од година дена од тие „поефтините“.
     
    Sukhoi, TATA_MATA, 1s3ct0wN и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,162
    1,791
    13 Јануари 2014
    Машко
    Таа ти е без numpad варијанта, да.

    Искрено јас не сум ја користел, знам дека ја купуваа по форумов, и дека првичните импресии беа обично супер. Што е до мене, или Hyper X или CoolerMaster некоја варијанта има пристојни а за разумни цени, ама првичниот буџет му беше околу 1,300 денари, а добра механичка е бар 4,500. Инаку знам и јас што е добро, само пробав да не отстапам премногу од буџетот.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    549
    410
    26 Март 2016
    Епа нека земи буџет опција, можеби ќе му се исплати ризикот и нема да настрада како мене. Или можи да присобери некој денар да знае дека зема вистинска роба.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1s3ct0wN

    1s3ct0wN
    Gaining Experience

    154
    91
    18 Септември 2013
    Зошто се препорачува тастатура што не сте ја имале или користеле, бидеќи е во ценовен ранк?

    Делам мислење со Рилимару не е добра Натец, за тие пари оди на ред дагон од Галерија.

    Испратено од HRY-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,042
    629
    8 Август 2017
    Машко
    Препорака за добра Гетерон Блек тестатура што може да се набави овде со прифатлива цена?
     
  14. Trtka

    Trtka
    Intern

    56
    45
    11 Април 2018
    Тхорот е едно 2000 пати подобар од ред гагонот ...
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    787
    861
    7 Февруари 2013
    Машко
    Програмер
    Моја околина друштво гејмерско имаме околу 6 7 Thor 300, ниту една немала мана. Врв почетна тастатура.

    Испратено од SM-N960F преку IT.mk форум апликација
     
    DaVoRkNe, TATA_MATA и на Trtka им се допаѓа ова.
  16. boksata

    boksata
    Gaining Experience

    135
    124
    27 Декември 2017
    Машко
    И јас ја имам Thor 300, и кај мене се е во ред и не би ја препорачал.
     
    На 1s3ct0wN и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  17. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,706
    1,171
    16 Јуни 2010
    Машко
    Добро како можете да користите TKL тастатури не ми е јасно, зошто не уживате у конфортот на нормална тастатура. Не сваќам што е поентата искрено, на десктоп компјутер да имам тастатура што по димензии е како на лаптоп па и помала.
    @DaVoRkNe пред било која тастатура да купуваш, гледај да ја пробаш зашто не е исто тоа што гледаш на интернет и у живо, ова од лично искуство ти го кажувам. И ако користеш цел живот full size тастатура, мали се шансите да TKL ке ти одговара, нема врска дали е механичка или не е.
    Не штеди на тастатурата, цело време после ке те нервира ако не ти е по кеф, така да паметно си одлучил да почекаш понатаму :)
     
    Вајкинг, Krk198 и на DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  18. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,814
    3,979
    1 Септември 2011
    Машко
    Фала на советот,но дефинитивно ке земам full size,нема шанси да земам TKL тастатура.Решив додека не соберам пари за асална тастатура,испод 60 евра не зимам,немам намера да купувам ефитина тастатура,па да менувам на секој 2-3 месеца,додека не дојдам до асална и убава тастатура.
     
    Flapjack, 1s3ct0wN и на Sukhoi им се допаѓа ова.
  19. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,603
    1,836
    25 Март 2013
    Машко
    Жути свичови, лила свичови, плави свичови со црн корен, О-прстени, подмачкување, пи*ке, материне...

    На крај ќе земам една од 500 денари па и да не ми се допаѓа ќе си купам друга.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,706
    1,171
    16 Јуни 2010
    Машко
    Да не ме лошо сватиш немам ништо против Thor 300 моделот, нити било која тастатура, ја немам користено па да зборам конкретно за таа. Ама за TKL form factor мислам се најлошо, али секој си има свои преференци.
     
    На Вајкинг и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  21. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,814
    3,979
    1 Септември 2011
    Машко
    Таман работа,не сум те сватил ич погрешно,баш океј совет ми даде,затоа реков фала на советот.И јас незнам и не сум користел механичка никогаш тастатура,затоа и побарав тука совет,што е добро да кажат а што не,да не купам во иднина нешто крш.Затоа кога ке зимам механичка,ке гледам да е нешто квалитетно.
     
  22. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,162
    1,791
    13 Јануари 2014
    Машко
    Лично користам и помала од TKL (60%), а со намера сум да земам UT47 за шетање лево десно. Една предност пред full size, па и пред TKL тастатурите е што маусот ми е многу поблиску до деснава рака кога куцам. Друго, кога играм (една рака на WASD, другата на маус), рацете се многу поблиску една до друга и е многу поудобна позицијата.

    Јас се стремам кон минимализам, затоа и се префрлив на 60%, која што ги нема копчињата што не ги користам. Ниту numpad, ниту стрелки, ниту F1-F12 ми се потребни, така да намалив за да не ми стојат за џабе. И на лаптопот сум со TKL варијанта без numpad, и ни во еден момент не ми фалела поголема.

    Од друга страна, ако било кој мисли дека макар и еднаш во денот ќе му затребаат стрелки или numpad, не препорачувам мала тастатура, бар не за десктоп користење.
     
    Lokvan, DaVoRkNe и на Sukhoi им се допаѓа ова.
  23. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    341
    453
    3 Јануари 2019
    Машко
    И Redragon Kumara не би требало да е лоша, зборам од budget варијатнтите. Ги има во Галерија, би требало да се добри за цените.

    Logitech иако се добри, за нив немаш резервни свичови доколку ти се скрши некој или нешто слично. Јас ја користам G413 и сум задоволен (али тоа и ми е прва механичка тастатура па сигурно има луѓе што се разбираат боље од мене).
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,706
    1,171
    16 Јуни 2010
    Машко
    Искрено минимализмот не ми е важен, стремам се да ми е практично и комфорно, а Corsair досега се покажа супер, плус wrist rest (тоа подлогата под тастатура) ептен добро ми дојде, така да Corsair K68 и слични на неа можам да ги препорачам за сите луѓе поготово оние што се мрзливи зашто Cherry MX RED одма регистрираат команда не мора до крај да се притисне копчето.
    Негативно е што под копчињата има нешто слично на мембрана за водоотпорност, па копчиња кога ударат до крај нема исто чуство како кај обична тастатура без мембрана. Мене не ми смета, ама на некој што има сменето многу тастатури, приметно ке му е. Друго негативно е што е скапа, и освен на распродажба не се исплати да се купи (ова зборам за USA). Тоа можам да кажам за мојата.
     
    На fuzzjaw и DaVoRkNe им се допаѓа ова.
  25. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,162
    1,791
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ова е веќе прашање на вкус, јас не сакам да имам ништо што не го користам континуирано. Пример, на тастатурава што ја имам, Caps Lock е скриен во Fn слој на Tab копчето, и на негово место има Ctrl. Не се сеќавам некогаш да сум уклучил Caps Lock, а Ctrl користам многу често и убаво е што ми е поблиску. Медиа контроли и дополнителни макроа ми се или на shortcut со AutoHotKey, или на маусот.

    Во секој случај, full size тастатура би требало да е прв избор за некој што нема пробано помала, зошто не губи ништо. Ја спомнав и TKL како опција зошто е 20% поефтина од другата, а гледам дека буџетот е битен. Свичот е индивидуална работа веќе, и би рекол дека е најпаметно да се проба. Тебе ти легнал црвениот, јас преферирам тактилност за да сум сигурен дека сум притиснал. И Нептун и Анхоч и Сетек имаат изложени модели па може да се проба, а и во Галерија (барем Razer) тастатурите имаат прозорец во пакувањето за да се проба свичот, едно шетање е во прашање.
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. AMD_fan
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    2,502
  2. ipowerboy93
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    2,389
  3. Banjifiko
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,587
  4. coNNectMKD
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,001
  5. The_EvilLord
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    232
Вчитување...

Сподели

Вчитување...