1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Mеханички тастатури

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од xenon, 19 Јануари 2014.

  1. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,736
    2,553
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Со плави свичови, ама повеќе од сигурно е дека не се Cherry MX.
     
    На Martin Arsov му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    632
    661
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Најдобра понуда за парите би рекол дека е Тор 300 од генесис, 2000ден од анхоч ткл верзија, 2400 обична, ја возам плавите свичеви подолго време и до сега имам 4 луѓе префрлено на нејзе од мембрански тастатури.. мана и е што беклајтот е само зелен, али за тие пари толку.. Има и со црвени свичеви али ич не ми прават мерак, барем за торов.
    Мислам дека се Кали свичевите, ама не сум сигурен дали имам така прочитано.
     
    На AlexanderMK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. VerGer

    VerGer
    Gaining Experience

    511
    497
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    извади едно капаче на самите switch ови има ознака од производител, од меморија мислам дека се Кали на Тор
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    632
    661
    7 Февруари 2013
    Машко
    Студент, Информатика
    Outemu swiches користи, еве видео што најдов сега за споредба со чери
     
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    После долго барање и пробување на се и сешто јас се решив да си направам тастатура, Redox (REduced ergoDOX).
    [​IMG]

    Авторот на дизјанот е MattDB, сакал и успеал да направи нешто малку помало од ergoDOX тастатурата. Има и ревизија со РСВ ама јас ќе идам со рачно ожичување. Некако користење на PCB не ми изгледаше доволно хард кор. :p


    Сега уште не сум се одлучил кои свичеви да ги користам. Сакам тактилни да бидат, ама и да не бидат многу гласни - така да на жалост отпаѓаат плавите. Сега гледам што опции имам а фолбек варијанта ми се кафеавите, веројатно Гатерон. Се мислам евентуално и за белите тактилни од Чери, само што не ги држат продавниците со ок цени (а буџетот не е неограничен).
    Ајде дајте некои предлози за тактилни свичеви, евентуално и од каде да се купат.

    Сакам и осветлување, ќе додавам ледови во свичовите, па ќе треба да одберам и беклит keycaps, итн.


    Пошто погоре се зборуваше за „дишење на главата“, ова ваљда е добар пример за тоа. :D
     
    На Zippo, The-spiki, StalkeR и уште 5 други им се допаѓа ова.
  6. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    867
    1,276
    13 Јануари 2014
    Машко
    После две години со плави свичеви (Gateron/Cherry), ми се смачи од галамата и на иста дилема сум ко тебе, тактилно ама без клик.

    Засега фаворит ми се Zealios V2, или 62 или 67 грама. Не се баш ефтини ($1/парче, плус shipping од ZealPC), ама мене планот ми е за 40%, така да не ми требаат многу. Ги гледав и Holy Panda ама се далеку од достапни.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    Дап, Zealios ги фалат за тактилност , баш ги читам деновиве (да не ги има во некоја тастатура што се продава овде?). Ама скапи бе, а кај е и можна (изгледна) царина/данок. Ова ваљда би требало само 5% ддв да влече, ама иди без шпедитер расправај се со царник кој имал лош ден (а во последно време изгледа сите денови им се лоши). Кога ќе видат декларација од 100+ долари собрано се заедно, одма им светнуваат очињата.

    За тие пари за еден Zealios 5-6 свичеви од Гатерон ќе набавам. Калих бокс свичевите не се многу поскапи, ама прво мора со смд ледови да се малтретирам, а второ тактилноста (burnt orange свичовите) не била ич нагласена. Така да веројатно ќе морам да одам со кафеави Гатерон, барем со обични ледови ќе завршам работа, и ќе останат повеќе пари да се вложат во подобри keycaps.
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    867
    1,276
    13 Јануари 2014
    Машко
    Мислам дека не одат во ниедна тастатура како stock опција, уште помалку кај нас. Само за custom можеш да ги купиш.

    Пак ќе речам, за full size тастатура, па макар и Redox, се скапи. Ем количината е голема, ем ќе јадеш царина голема на нив. Јас ги меркав главно затоа што ќе ми требаат 50-60 парчиња, па ќе поминам ефтино.

    Види Gateron кафеави, ако има некој со Anne Pro пример можеш да ги пробаш. Мене ми се допаднаа, мазни и убав, нагласен bump.

    Исто така, ако сакаш да се замараш малку повеќе, направи ја со holtites, па цела тастатура ќе ти е hot swappable. Ако ти се смачи од кафеавите, купуваш нови и ги менуваш за 15 минути. Е сеа, како би одело тоа со handwiring не знам.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    „holtites“... секој ден учиме нешто ново. :)
    Еве кој го интересира што е ова, да не се мачи да пребарува.

    Не друже, ова ќе ги усложни работите доволно за да ми биде поедноставно да направам нова тастатура ако (кога) ќе се решам да одам на други свичеви. Плус контактите не ми е сигурно дека ќе бидат како што треба, овака првично гледано. Освен тоа, ако добро разбирам зафатов со holtites мора да се прави на PCB предвиден за вакви зафати. Ако не мора специјален РСВ тогаш е поедноставна модификацијата... Освен што јас планирам да не користам никаков РСВ туку свичовите да ги лемам со point to point техника директно до контролерот. Би требало да се предвидат holtites во маунтинг плочата од тастатурата, ваљда е можно ама комлицирано и не ми се седнува да учам моделирање само за да направам модел за ова (не дека такво знаење не се наоѓа, туку извесно е обемно учење и бара многу време).


    Интересно е што кажуваш дека кафеавите Гатерон си ги доживеал со нагласен bump. Како би ја споредил тактилноста во однос на плавите свичеви од Чери?

    Повеќето мислења што ги наоѓам на гикхак/дескторити/редит викаат дека додека бампот на кафеавите Гатерон е малку понагласен во однос на кафеавите на Чери, сепак тактилноста не била многу приметлива. Наводно се разбира, секој го доживува тоа различно.
    Инаку мазноста на стискањето ја фалат. За парите Гатерон би требало да се бест бај... Проблемот е што „дишењето на главата“ одамна не признава параметри како пари/перформанси. ;)
     
  10. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    867
    1,276
    13 Јануари 2014
    Машко
    Затоа и ми беше муабетот дека со handwiring ќе имаш проблеми. Нема потреба од специјален PCB, ама треба да имаш PCB како дел од тастатурата, holtites се лемат на местата предвидени за лемење на свичот. Без PCB се губи поентата зошто нема каде да ги ставиш. По некоја логика, би требало да ги лемиш point to point до контролерот, што не знам дали е воопшто изводливо. Ако си дефинитивно решен за handwiring, батали ги.


    Муабетот за Gateron е дека се помазни од Cherry. Out of the box, ќе се сложам, ама од моето искуство Cherry стануваат помазни со тек на време. Користев Cherry плави, па сменав на Gateron плави, па после неколку месеци се вратив на Cherry и ми се видоа помазни.

    Имаше околу година дена од кога последно користев Cherry плави до Gateron кафеави, така да не би можел да направам споредба за жал. А споредено Gateron кафеави со плави, нијанса помалку изразен бамп, и многу потивки поради недостатокот на клик.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    Тоа е тоа, фала на инпут. :)

    Некој ако има инфо за економично сорсање на други тактилни свичови (посебно Zealios), би бил благодарен.
     
    Последна промена: 7 Јуни 2019
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  12. 1s3ct0wN

    1s3ct0wN
    Intern

    45
    11
    18 Септември 2013
    Мислење за овие Kalith blue switches, дали некој ги користел и какво е вашето искуство со истите?
     
  13. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,465
    1,525
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Дали е некој расположен за размена на тастатури на одреден период на пример?

    Јас имам Asus Echelon (Cherry MX Black), би сакал да испробам малку некоја со Blue/Brown/White свичови.

    [​IMG]
     
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    Изгледа никој немаме овде со лично искуство со плавите Калих.
    Од тоа што имам читано, погласни се од плавите Cherry MX малку понеприметливи по тактилност, и малку „шушкави“ и со повеќе вибрации во кликот. Релативно е ова, пошто различни луѓе различни работи сакаат и различно ги доживуваат разните свичеви. Многу зависи и од изведбата на тастатурата, дали има метален бекплате или само PCB, итн.
    Генерално поголемиот дел од луѓето, од класичните плави свичеви (клики+тактилни од олд скул вид) - најмногу ги фалат Cherry MX... На крај најдобро самиот да ги пробаш Калих свичевите, посебно ако немаш изградени мислење каков сакаш да биде твојот идеален свич. Има различни мислења и пишувања на geekhack, deskthority и на reddit, погледај.
     
  15. VerGer

    VerGer
    Gaining Experience

    511
    497
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    имаш опција да земеш примероци (и по сајтовине специјализирани за ова и на али) пред да се врзеш за цел сет .. поготово ако правиш custom

    edit смешав ваљда брзина на кого одговарам :) мислев тебе по тоа пред некој ден што пиша за custom ваљда ..
     
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    @VerGer со еден тастер не можеш да осетиш како што треба. Ама семпл е подобро отколку ништо. :)
    Инаку имам две тастатури со плави Cherry MX, клонови на Cherry MX како плавите Калих дефинитивно не ме интересираат. Нови дизајни ме интересираат (и постари како Алпс), и деновиве читав и видов дека подоста работи се десиле во последниве две-три години. Има еден куп нови свичови, а јас за проектов веројатно ќе одберам некој од бокс свичовите на Калих (целосно различен дизајн).

    @fuzzjaw aко не си ги разгледувал box royal, ти препорачувам ги погледнеш. Моментално нема потактилен свич од нив а да не е и клики свич (иако наводно и овие развивале некој мал клик после користење). Но нема да одам со нив пошто не ми се допаѓа што бампот им е толку „напред“ во кривата на стискање. Така наместо box royal, се мислам меѓу box jade и box pink кои се... Клики свичови. Да, ипак со клики ќе се иде. :p

    Јade се прилично тактилни свичови, лесни и прилично гласни, додека box pink се помалку гласни ама потешки и (на жалост) помалку тактилни. Постојат и box navy кои се многу тешки и исклучително тактилни, и гласни МНОГУ ГЛАСНИ.
    Последна излезена ствар се box noble yellow кои биле нешто меѓу box jade и box pink. Има и цел куп други свичови, како box white ама така треба до утре да пишувам.

    А тек капачињата... Толку избор има, тешко е човек да се одлучи. Но денес почнав со нарачки, електроника (контролери), и ледови/диоди. Ќе се одвлече ова повеќе месеци.
     
    NecrotoX, fuzzjaw, Zippo и на уште 1 им се допаѓа ова.
  17. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    867
    1,276
    13 Јануари 2014
    Машко
    Ги гледав и Box Royal, ама дилемата ми е меѓу 62 и 67 грама bottom out force, овие се на 70. Башка со Kailh Box имаше проблеми со толеранциите на пластиката, па еден куп луѓе завршија со пукнатини во капачињата. Имаше retooling после тоа, ама сепак, некако не ми е за ризикување. 99% сум решен за Zealio.

    Инаку за капачињата, моментално дома имам во Cherry, SA и DSA профили, фаворит ми се DSA. Cherry некако ми се чудни, а SA многу се клатат и даваат ефтино чувство кога пишуваш. Сите се кинезарија, ама ако правам custom build веројатно ќе се почастам со некој убав сет.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    Zealio се одлични свичови, и за 40% формат на тастатура цената и не игра толку голема улога. Мене лично ми се допаѓа на клик-бар дизајнот на бокс свичовите, оценките и зборувањата за тактилноста и филингот се пофални. Проблемите со големината на стемовите наводно се решиле, така барем кажа Chyrosran22 во последните видеа, односно барем NovelKeys така тврдат за свичовите кои тие ги продаваат - а продаваат купишта на DIY заедницата и генерално нема многу поплаки за последните серии. Со свичовите од постара продукција, за капачињата наводно проблем имале тие со ABS пластика, додека PBT е помалку крута пластика и као немало проблеми.

    Сеуште не е се јасно ниту сигурно, но пошто ионака немам скапи капачиња можам да си дозволам ризикувам со некои релативно евтини PBT капачиња. Подобри можам подоцна да земам, кога ќе се расчистат работите (дали новите бокс свичови се безбедни, односно имаат стемови со стандардна величина).

    За свичови изгледа ќе одам со box pink не само пошто според карактеристиките се најблиску до тоа што мислам дека сакам, туку и затоа што се нов дизајн и ново производство, и кај нив не би требало да го има проблемот - ако навистина го решиле проблемот со стемовите на тастерите. Уште една причина да нарачам од NovelKeys, иако им е поскап шипингот (од kbdfans) и иако пратката ќе доаѓа од САД со USPS па прилично веројатно е дека на царина ќе наплатат давачки (ако имам среќа само данок).

    Кbdfans пошто се кинески Кинези да имаа box pink попрво од нив ќе нарачав, ама немаат, засега само NovelKeys ги држат (и нокои мали количини кај други амерички продавници). Тоа и сеуште не сум 100% решен за изборот на свич. Ми се допаѓаат и box jade, проблем се муабетите за „лагот“ при враќањето од актуација (клик) наводно пошто федерот е преслаб за подебелите клик бар-ови кои ги има во box jade (и navy). Има уште за истражување, прво да нарачам капачиња пошто тие секако ќе патуваат долго. :)
     
    На fuzzjaw му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SpiritBond

    SpiritBond
    Gaining Experience

    230
    476
    21 Август 2015
    Машко
    Програмирање
    Знае некој кај може да се нарача маст за подмачкување на свичовите? Повеќето од местата се или sold out или не носат до мк. Во план ми е да зеам box blacks..
     
  20. gamon

    gamon
    Gaining Experience

    341
    321
    15 Септември 2014
    bekrija
  21. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    867
    1,276
    13 Јануари 2014
    Машко
    Никако WD40. Ontopic, еве убаво упатство со опции, ваљда нешто од ова се наоѓа кај нас, на пример Finish Line. А инаку обично се користи Krytox.

    Ripster Keyboard Science: Guide to Lubes

    Sent from my SM-G975F using Tapatalk
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  22. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,281
    2,557
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    WD40 не е лубрикант, и не треба да се употребува за такви цели. Може да збрка работа и е подобро него ништо во непрецизна и не толку битна механика, ама средство за подмачкување е друга категорија.

    Не се препорачува ни за ланец/касета за точак (ама боље него ич) а камоли за тастатура.

    Sent from my SM-N960F using Tapatalk
     
    На -={K-O-R-U-N}=- му/ѝ се допаѓа ова.
  23. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,465
    1,525
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
  24. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,281
    3,111
    12 Јануари 2016
    Машко
    @bicikle не набавуваше ти литиумска маст (автомобилска)?
     
  25. gamon

    gamon
    Gaining Experience

    341
    321
    15 Септември 2014
    bekrija
    1 контакт и 1 федер не е нуклеарна физика, подмачкана тѕастатура со вд40 работи 6 год
     
Слични теми
  1. AMD_fan
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    2,442
  2. ipowerboy93
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    2,295
  3. JunkieMKD
    Одговори:
    22
    Прегледи:
    2,426
  4. Banjifiko
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,446
  5. gOJDO
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    760
Вчитување...

Сподели

Вчитување...