• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Менување на ЦЦД сензор кај Никон П-90

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Abakus

Intern
18 јули 2019
2
1
Ми треба помош (мислења, совети, искуства) околу поправката на Никон П-90 дигитален фотоапарат. Знам дека е постар модел и надминат во можностите кои ги нуди, но се заинатив да го оживеам, нормално со однапред ограничен буџет.
Апаратот при паѓање имаше скршен дисплеј кој го заменив со нарачка на нов дисплеј преку али експрес. Но, со тоа проблемот не се реши до крај. Констатирав дека блендата не работи како што треба. Не можам да направам слика во услови на поголемо осветлување (денска осветленост, плажа, затворена просторија во близина на прозори и сл.). Апаратот е отворен и расклопен е објективот за да се види дали има механички проблеми. Се беше во ред. Блендата си функционираше механички, а матичната плоча, на прв поглед изгледаше ОК. Не приметив напукнувања и механички оштетувања. Ми остана да се сомневам на ЦЦД сензорот, кој би требало електронски да ја управува блендата. Најдов понуда на оригинален ЦЦД сензор, но пред да го нарачам би сакал да прашам некој искусен, дали со замената на ЦЦД сензорот (вадење на стариот и приклучување на новиот ЦЦД сензор) е потребно некое дополнително сетирање? Дали сите ЦЦД сензори се фабрички подесени и е потребно само нивна замена?
Ви благодарам на сугестиите.
 

Oktar

Epic
23 октомври 2012
3,941
12,052
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX1080
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
Бидејки веќе и самиот знаеш дека не вреди да се поправа апаратот, ама си запнал, само би те упатил кај момаков. Многу коректен момак, има разбирање и може да ја изврши замената и се околу тоа... само ме плаши дека ке те откачи и ке ти рече дека едноставно не вреди, делот и поправката ке чинат повеќе одколку да го купиш истиот апарат на старо. Во секој случај можеш да го исконтактираши и ако ништо друго можеби ке ти даде одговори на твоите прашања па после сам да си тераш.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Abakus

Intern
18 јули 2019
2
1
Благодарам Oktar, ќе му пишам на Александар, за да го слушнам неговото мислење.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,598
Мислења
821,492
Членови
28,251
Најнов член
Tomaz
На врв Дно