• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Туторијал Менување кулер на напојување - видео (Gigabyte Hercules)

Рејтинг

  • Видеото ми помогна

    Гласови: 3 60.0%
  • Видеото не ми помогна

    Гласови: 2 40.0%

  • Вкупно гласале
    5
  • Ја почнал/а темата
  • #1

NenadBMW

Intern
7 октомври 2009
88
33
Таму
www.instagram.com
Вчера прашував како да си го избришам профилот ама штом неможе идам во обратен правец еве одлучив да го споделам видеово. Не сум бил нешто активен на форумов ама еве кога сум член да споделам како заменив вентилатор на напојување.

Не е нешто комплициран процес ама ако има некој што сака да проба еве... не премногу детално видео (се надевам спаѓа во туторијал ако не модераторите може да го стават постов во соодветна категорија )

Пред околу пола година купив напојување, вентилаторот беше прилично гласен па решив и да го заменам со друг потивок и најбитно од све има плаво лед светло ;) процесот одлучив да го снимам па еве видео туторијал ако некој сака да проба или има проблем.

На истиот начин може и да го исчистите напојувањето, јас го дувам со правосмукалка (цревото на другата страна го ставам)


Внимание!
Допирањето на компонентите во напојувањето без соодветна заштитна опрема и искуство може да предизвика електричен шок и оштета на напојувањето/компонентите! Внимавајте како работите каде пипкате и што случајно или не може да допрете со штрафцигерот (фазомер е препорачливо)


*Поставувањето на вентилаторот да дува во обратен правец или со мал airflow (воздушно струење?) од она како е дизајнирано куќиштето може да предизвика преголемо загревање и ПОЖАР!
*Пред почнување со работа извадете го кабелот од струја и притиснете го power копчето на куќиштето (како кога го вклучувате компјутерот) за да се испразнат кондензаторите во напојувањето!
*Ова вклучува и поништување на гаранцијата ако веќе ја имате.
*Вентилаторот на вашето напојување може да има сосема поинаков приклучок, не очекувајте се да биде како на видеото.
*Внимавајте да не направите краток спој со пиновите на molex каблите, (да можно е се има десено и тоа)
*Имајте во предвид дека со оваа постапка е можно е и целиот компјутер да го оштетите ако направите грешка!

Вашите постапки на ваша одговорност!
Ајде доста warnings супер изгледа моето куќиште со плаво светло за само 200ден, го користам компјутерот секој ден веќе 7месеци и не сум имал никаков проблем до сега дури и на 100% load (3D render, video render правам од време на време гејминг исто така)

Моето напојување е Gigabyte Hercules Pro 380, моделот на новиот кулер е Deep Cool LED

Линкот до видеото е подолу, пробав да биде што пократко али може и на х2 speed да го гледате

View: https://www.youtube.com/watch?v=BNTfbCABLyE
Погледнете го атачментот 55567
 
Последна промена:

Necromancer

Unstoppable
24 февруари 2012
3,395
3,950
Скопје
Педантна промена, ми се допаѓа. Сток Интел кулерот не ти пречи ако бараш тишина?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

NenadBMW

Intern
7 октомври 2009
88
33
Таму
www.instagram.com
Педантна промена, ми се допаѓа. Сток Интел кулерот не ти пречи ако бараш тишина?
Уствари многу е тивок, цело време мислев дека бучавата е од него и го задржив за момент немаше промена во бучавата па го задржав вентилаторот на напојувањето да не речам ништо ама речиси ништо не се слушаше. Топ си е на 1300рпм си стои
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,729
Мислења
831,474
Членови
28,721
Најнов член
AIRTC
На врв Дно