• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Менаџирање на My Computer

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Веројатно Ви се случило, во некој интернет клуб, да приклучите USB мемориски стик на компјутер, а притоа истиот да не биде препознаен. Навистина незгодна ситуација. Но, ние имаме совет како да го премостите ова.

Во поголемиот број интернет клубови, компјутерите се персонализирани до високо ниво. Исклучени им се повеќе default функции. На таквите компјутери, освен сурфање на интернет или играње игри, речиси не може да се работи ништо. Ова е добра тактика за одржување на компјутерските системи во еден интернет клуб. Вие направете вака. Со десниот тастер на маусот кликнете на иконата My Computer на desktop. Но, многу е веројатно дека и My Computer иконата ја нема на desktop-от. За таа цел, на празна позадина, кликнете со десен клик на маусот. Од менито одберете Properties. Потребно е да го селектирате табот Desktop, а таму клинете на копчето Customize Desktop. Ќе се отвори нов дијалог прозорец, насловен како Desktop Items. Овде, поставете го активен табот General. Во делот Desktop icons, штиклирајте ја иконата My Computer и одете на OK. Веќе забележувате дека ја има дотичната икона на вашиот desktop.

Во продолжение одиме со менаџирање на компјутерот. Можеби ова малку Ве збуни, но ќе видите дека ништо не е комплицирано.

Пред малку рековме дека со десен клик треба да кликнете на иконата My Computer. Ајде да го направиме тоа. Од менито кое се отвори пред Вас, одберете Manage. Новиот прозорец се вика Computer Managemet. Овде ќе се задржиме подолго време. Како прво, претендирам да Ви објаснaм како да го пронајдете USB меморискиот уред. Но, пред тоа, малку за околината на новиот прозорец. Поделен е на два дела. Лево се наоѓаат алатките и опциите за менаџирање на компјутерот, односно оперативниот систем. Десно, се прикажуваат содржините на некоја опција, доколку истата пред името има знак плус. Приказот на содржините може да го дознаете на два начина. Ако ја селектирате опцијата, тие ќе се прикажат во десниот дел. Но, ако го кликнете плусот пред името на опцијата, содржините ќе се отворат подредени во колона. Уште може да разгрануваме. Сега кликнете на некоја содржина од која било опција. Во десниот дел, се прикажуват фајловите кои ја сочинуваат опцијата. Кога сме веќе кај разгранувањето, главно опциите се поделени во три master категории. Тоа се System Tools, Storage и Services and Applications.

Ние ќе се преселиме во втората категорија насловена како Storage. Овде се сместени диск медиумите. Во нив спаѓаат медиумот за читање на CD или DVD, потоа хард дискот и конечно USB меморискиот уред. Секој од овие медиуми е сместен во посебна категорија. Вие селектирајте ја категоријата Disk Management. Десно имате графички приказ на содржината. Во Disk 0 се сместени партициите на хард дискот, а Disk 1 е USB меморискиот стик. Кликнете на него со десен клик и од менито одберете Change Drive Letter and Paths. Потоа, кликнете на копчето Add и штиклирајте ја опцијата Assign the following drive letter. Може да одберете и буква под која ќе биде препознаен меморискиот стик. Откако отидовте на OK, повторно кликнете со десен клик на медиумот и одберете Open. Не му давајте важност на прозорчето што ќе се појави. Едноставно, кликнете OK. И повторно, десен клик, па Open, за конечно да се појави содржината на меморискиот уред. Сега, тој е активен и слободно може да копирате од или во него.

Иако е активен USB меморискиот стик, сепак тој не се појавува во My Computer, во делот Devices with Removable Storage. Како и да е, целта беше да пристапиме до меморискиот стик. Добро сторено.



Data Recovery Водич


Annoying проблем, но за жал поради квалитетот на Хард дисковите кои што ги носат нашите македонски компании често се случува откажување на истите а со тоа и губење на вашите важни податоци.

Многу пати, откажувањата се од логичка природа, односно сценариото "од чиста мира" во тек на работа или на наредниот рестарт вашите партиции ги нема. Не постојат. Често се јавува и проблемот со генерирање на bad block на некој фундаментален сектор на хард дискот кој што ќе резултира со мистериозно исчезнување на вашите партиции.

Но место за паника нема, се додека вашиот хард диск е детектибилен односно оперативниот систем или Bios-от можат да го видат, веројатноста да ги вратите вашите податоци е голема, скоро 90%.

Предлагам неколку апликации кои што успешно можат да се справат со ваквите проблеми и тоа по хронолошки редослед по кој што треба да ги проверувате и користите.

Што да правам доколку партициите ми ги снема, а дискот е детектибилен?


Step 1

1. Partition Table Doctor

* Секогаш пред да одите во продлабочување на проблемите и нивните решениa, почнувајте од скалилото Easy to Hardest. Инсталирајте го овој програм, и проверете ја вашата логичка состојба на дискот. Често пати, Табелите на партициите знаат да се "збунат" ова е вашиот џокер. Проверете прво дали за тоа станува збор. На овој начин, податоците ќе ги добиете на еден клик, без никаква интервенција. Ако ова не успее одиме на чекор 2.

Step 2

2. Runtime GetData Back (NTFS/FAT)

* Доколку првиот програм не ви помогна, спремни сте за чекор 2. Проверете го вашиот HDD со овој пакет, истиот има можност за креирање и пронаоѓање RAW Data, така што истиот не обрнува многу внимание на логичката структура. Тој ќе бара, MFT entries, а тоа значи дека доколку на дискот постои датотека, тој сигурно ќе ја најде по име и презиме и нормално ќе овозможи нејзин Recovery. Програмот доаѓа во двете варијанти, вие ќе ја употребите онаа која што кореспондира на вашиот Фајл систем, оној што сакате да го вратите. Доколку ни ова не ви успее, сеуште има надеж, одиме на чекор 3.

Step 3

3. HDD Regenerator

* Постојат BAD Blocks од два типа, физички и лошо магнетизирана површина на Plate-от на дискот. Често пати кога е генериран бад блок, тој е од овој вториот тип. Доколку не успеавте да стигнете до вашите податоци со првите два чекора, ова е вашата последна станица пред да го испратите дискот во професионална установа за Data Recovery. Оставете го овој софтвер да проба да ги демагнетизира бед блоковите доколку е можно, и по завршувањето вратете се на првите два чекора. Доколку и ова не успее, тогаш е време да се збогувате со вашите податоци, нормално уште има спас но тоа веќе ќе треба да го направи професионалец и би чинело најмалку 400 Евра+ во зависност од капацитетот на податоците што треба да се вратат.


Ова е во кратки црти, како треба да се одвива еден Attempt за софтверски Disaster Data Recovery. Тоа е долг процес кој што ќе ви одземе многу време, но доколку податоците ви се важни, тогаш времето и не е толку битно.


Како да вратам избришани податоци - фолдери по грешка?

Доколку станува збор за Recover на избришани датотеки на исправен диск, значи тука сценариото е некој по грешка или вие самите сте избришале одредени фолдери или датотеки кои не требало, тогаш најдоброто решение е:

4. R-Studio

Одличен пакет, се справува со Хард дискови и во мрежна околина.
A Must! Ја препорачувам на сите Систем Администратори.

* Внимавајте да не да гo инсталирате некој од овие програми на дискот односно партицијата од кoja што сакате да ги враќате загубените или избришани податоци.


Mission Critical

Според ова лесно може да се заклучи дека датотеките кои што се избришани на класичен начин, лесно се враќаат. Имајте го ова на ум кога одите со вашиот USB Stick на некое место каде што копирате датотека па потоа ја бришете и си одите со мирна свест, знаејќи дека таа е безбедно избришана. Не е!
Се додека не се употреби специјален софтвер за таа намена односно Wipe Info бришењето, вашата доверлива датотека може да ја добие и оној каде што сте ја ископирале привремено!!!

* Совет

Доколку се случи некое од наведениве сценарија со вашиот хард диск и успешно ги вратите податоците, ви препорачувам што поскоро e.g. веднаш да го замените дискот врз кој што сте интервенирале. Никогаш не може да бидете доволно сигурни дека наредниот пат нема да биде кобен.


p.s: трудот не е мој но бидејќи незнам на кого е.. ќе пишам
извор: од интернет :LOL: i pozd do toj sto go napisal.. vredi da se znae ova :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,570
Мислења
820,729
Членови
28,229
Најнов член
redstone
На врв Дно