1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Меморабилија: Која ви е/била прва конзола? Која омилена? Игра?

Дискусија во форумот 'Конзоли' започната од toshex, 15 Април 2018.

  1. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    Ајде малце да се прошетаме по меморабилија лејн. Сите сме имале прва конзола - која е вашата? Какви сеќавања имате од тоа? Која ви е омилена од сите конзоли кои сте ги имале? Кои се конзоли сте ги имале? Која ви е омилена игра? На која конзола? Што конзоли играте у моментов? Итн. итн. итн. Темата е за вашите конзоли!

    --------------------------------------------------------------------------------

    Еве јас: Прва конзола на која играв беше Атари 2600 кај некои пријатели на моите дома. Играв фрогер. Втора јапонски Famicom (црвено белата со рачките шо се ставаат на страна) кај пријатели на гости. Играв марио неќев да си идам дома. Бев копиљ од валјда 6-7-8 години. Потоа кандисаа моите да ми купат и мене, репродукција некоја. Тие брзо се расипуваа и сите ко мали трејдавме дискети од пазар купени... Се играше контра, марио, тенкови, ... duck hunt :)

    Коа излегоа играчници со PS1 играв и на тоа. Се оставаа пари, џепарац. Краш, Марвел вс. Капком, бабл бабл...

    Следно у PC ера пукав емулатори за дури на постари години да решам дека тоа шо никогаш не сум имал гембој а многу сакав мора да го поправам сам, и едно нешто водеше кон друго и сеа иам повеќе нинтендо уреди.

    Моментална најкористена конзола ми е 3DS. У иднина валјда ќе пробам и PS1 а можда и PS2... Switch немам планирам да зиам коа ќе излезе нова верзија (изменета) кога и да е тоа пошо има доста работи шо мислам дека може и ќе ги подобрат.
     
    На draganamon, Draynor, TylerMkD и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,186
    3,257
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Копија на нинтендо , играње супер марио , тенкови . Потоа од мој другар на рати земав пс2 и сите се собиравме кај мене дома за да делкаме Need for speed , Crash по цели денови. П.с И сега се радувам на ПСП 3004 али немам мемориска да му ја седнам , нека даде некој 1гб мемориска барем :(
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  3. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    Да да! Мислам собирање по дома беше работата шо не правеше најсреќни кај конзолите.
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,186
    3,257
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Ништо поубаво немаше да го плеснеш некој по уши оти не те бранел на тенковите на тоа нинтендо копиите.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,278
    11,376
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Pong (не знам дали беше оригинал Атари или клон), некаде околу 1982. Кај роднини. На телевизор ЕИ Ниш, нормално. :hay:

    [​IMG]
     
    На Draynor, yasho, bLaCk AnArChY и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    Ау тоа е хардкор! Нели имаше понг со рачки на кабел некоја?
     
  7. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,278
    11,376
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Со потенциометри беше, ваква, и мислам дека потенциометрите се одвојуваа и секој играч си го земаше својот.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  8. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    Е да, на тоа мислев.
     
  9. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,093
    4,356
    4 ноември 2013
    Машко
    g_-_-x-_-_-_x20170803190000_0.jpg Intel TV Sport 4010
    Сеуште функционално нинтендо, произведено во 1978, кога го купивме летав од среќа.
    Ке направам фотки утре бидејќи не сум дома.

    It was the follower of the Super Tele-Sport 3006 but with 4 extra games. It offers the same games then it's successor the Intel TV-Sport 5010 although the housing (of a very common hongkong clone) of the 4010 is completely different. (1978)
    [​IMG]
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  10. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    Ц Ц Ц Ц ЦЦ Ц Ц Ц !!!! Неверојатно! Ептен зачувано!
     
  11. krema

    krema
    Professor

    9,265
    8,996
    24 Јуни 2009
    Машко
    Комплет Atari 2600 (почеток на 80`)
    Сеуште функционален, пали-вози :D


    [​IMG]
     
    На shifty, Draynor, yasho и уште 5 други им се допаѓа ова.
  12. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    826
    1,756
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Цццццццц, кои среќни деца сте биле со вакви конзоли :(
    Јас како мал имав Nintendo Donkey Kong 2, со две екранчиња, тоа ми беше најскапата конзола :(
    [​IMG]

    Пред тоа со децата на улица во песокта (не дека и потоа на улица не окапавме, ми здосаде за брзо мајмунот :) ).
    Сиромаштија :)

    П.С. Се извинувам што сум офтопик со гемчево (пошто немав конзола), ама многу теми во последно ми се претераа од Тоше, да не знае чоек каде попрво да искоментира :)
     
    filipkir, Draynor, borcep и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    Извини шо ти се претераа :) Сакав да врзам некоја дискусија пошо сите се жалат само огласи имало на форумот. Иначе гемчето ако го чуваш се доста колектабилни денешно време. Исчисти го и чувај го у запечатена ќеса.
     
    На Draynor и HardCorec им се допаѓа ова.
  14. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    826
    1,756
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Тикви со расол го чувам, или сум го подгазнал со некој стол, или сум го дал поклон на некое дете... скоро и да не чувам играчки, подарувани се наоколу.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  15. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    Стварно штета, пошо ретко ги има доста се вредни. А има волци на реклама 5 ги откупуваат за џабе.
     
  16. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    826
    1,756
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Многу материјалистички размислувања :)
    Мене ми е драго што сум ги подарил.
     
    На igor_xxxx, Psycore, Draynor и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,081
    8,382
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Прва конзола шо сум ја имал
    [​IMG]

    Втора:
    [​IMG]

    Трета и последна:
    [​IMG]

    Со стариот мој игравме тенкови, безброј партии. Мајка ми играше пекмен. Јас соло играв Контра и Мики Маус. После се појави 386-ката со Settler 2 и веќе конзоливе отидоа у шифоњер.
     
    icemaher, Propeller, Draynor и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    јбг јас сум ти Мадона :))

    најбоље од се шо цела фамилија сте биле разиграни.
     
  19. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,060
    3,383
    7 ноември 2014
    Машко
    Прва игра која ја памтам е оригиналната Prince of Persia, која ја играв веројатно некаде 94-та или 95-та година на црно-бел лаптоп. Не ми текнува точниот модел, но бидејќи татко ми е програмер, имав чест да носи „поегзотични“ уреди на тест.

    [​IMG]

    Играта беше претешка за мене, имаше многу концепти и механики кои не ги разбирав, а особено ми беше проблематично што имаше реален тајмер (60 минути ако не се лажам) во кои мора да ја спасиш принцезата. Дополнителен проблем беше што на црно-бел екран не се гледаше бојата на напитоците - црвениот те лечи, а зелениот те убива на лице место. :)

    Од муабет со татко ми, негова прва конзола била ZX Spectrum, која ја купил од Лондон „на времето“. Уште ја барам конзолава по дома за да ја дадам на @toshex или @Lazarko ...мислам ми спомна дека на неа инсталирале некоја верзија на Pacman и тоа било забава за цело друштво. Последен пат кога ја видов конзолата пред 3-4 години беше нечепната, значи буквално како сега од фабрика да излегла. Ваков квалитет во денешно време тешко!

    [​IMG]
     
    Draynor, ekonomist, Pane24 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    Лелелелел! Принс оф персија ја памтам и јас на 486 со дак тејлс ја играв :D Дак тејлс ми е се уште една од омилените игрици од тоа време. Принс оф персија и мене ми беше тешка хахаха.

    А за конзолата не знам шо да кажам. Лиги ми потекоа! Ме потсети со виножитото на епл, многу у мода биле виножито ознаки тогаш хаха. Епл научив деновиве дека игрите за епл (кога ги имало) низ годините се друг формат отколку оние за други компјутери, ко шо биле различни за атари и комодоре до душа - е сеа ама најјако е дури барав звучници научив дека има и ЕПЛ винтиџ звучници со виножитни јаболчиња на нив хахаха. Закон ствари.
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  21. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    947
    382
    17 Јуни 2008
    Моја прва конзола беше

    [​IMG]

    Тогаш не бев свесен дека имам толку добра конзола, мислев онака обична, сега ми е јасно дека била топ :)
    На конзолава најмногу се играше Super Mario и фамилијарно се тепаа патки со
    [​IMG]
    Кај еден братучед за прв пат играв на Playstation 1 и бев воодушевен, а во играчница често се играше PES на Playstation 2. Пред седум-осум години на старо си земав PS2, ама речиси и да го немам играно, се надевам дека овие два-три месеци ќе имам време да го испробам повторно.

    На PC, омилени игри ми беа (имав некоја DOS машина кратко време пред да ми купат Pentium 2 + на 386-ката на братучед ми):

    NBA Playoffs
    [​IMG]

    Golden Axe
    [​IMG]

    Titus The Fox
    [​IMG]

    И мене ми беше интересна Prince of Percia, и ако ме служи добро помнењето и јас имав проблеми со времето :)
     
    На Propeller и Draynor им се допаѓа ова.
  22. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,109
    4,174
    18 Септември 2013
    Машко
    Тоа е Фамиком нинтендото шо го зборам од првиот пост. А патки ќе тепам деновиве и ќе правам видео баш за ова:

    20180415_221837.jpg
     
  23. architect

    architect
    Unstoppable

    1,919
    2,269
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Nintendo NES со 3 игри и на жал со само 1 џоистик кој подоцна од трескање се поеба и отиде во неповрат чудово ... на крај го дадов на некој од роднините :(
    [​IMG]



     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  24. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,420
    12,578
    2 Август 2012
    Машко
    Се одвојуваа. Претечата на џојстикот

    @krema
    Фали се ти! Само фали се.
    Ко ќе најдеш госпожа ќе ја пермалинкам до твојот пост да види со кого има работа :)
     
    Draynor, Metuzalem, krema и на уште 1 им се допаѓа ова.
  25. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,171
    3,515
    26 oктомври 2012
    Машко
    Оние црните копии на нинтендо или Sega... којзнае што беа, од пазарче по 800 денари што беа xD
    Прва игра Супер Марио, се разбира. :)
    Се сеќавам ме лажеа моите, после некои 1 саат максимум играње, дека адаптерот од конзолата се загреал и дека мора да прекинам да играм, за да се олади... А уствари сакаа да гледаат вести, па да го ослободам телевизорот LOL.
     
    На filipkir, Dave1, StOrMK и уште 4 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...