1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

MediaTek најавува прв octa-core процесор

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од RagingDemon, 27 Јули 2013.

  1. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,243
    24 Март 2009
    Машко
    Иако терминот octa-core се спомнува веќе година дена во мобилната индустрија, сепак сеуште не сме виделе прав octa-core процесор. Првиот "octa-core" процесор беше претставен од страна на Самсунг, но тој всушност не претставуваше прав осумјадрен процесор туку два процесори ARM Cortex-A15 и ARM Cortex-A7 на ист SOC кои не можат да работат симултано, туку во даден временски период можат да бидат активни само четири јадра.
    Вториот "octa-core" процесор неодамна го претстави Моторола, но и тој не е прав осумјадрен процесор туку е составен од две јадра за апликации, четири јадра за GPU, едно јадро за контекстуално процесирање и едно јадро за процесирање на природен говор.
    Освен вистински осумјадрен процесор MediaTek најави и големи перформанси за истиот.
    Останува да видиме дали MediaTek ќе го одржи ветувањето и како истиот ќе се справи со конкуренцијата, втората генерација на Exynos 5 Octa од Самсунг кој најавува 20% поголеми CPU и двапати поголеми GPU перформанси од неговиот претходник.

    [​IMG]
     
    Borsa, Boldozer и на dejan_str им се допаѓа ова.
  2. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
    МедиаТек има навистина квалитетни процесори,незнам зошто толку поретко се користат за разлика од snapdragon особено кај мидренџ и хај енд смартфоните.
    Неможам да најдам каков тип на РАМ коритат МедиаТек побрзите CPUa како MT6588,MT6592,MT6589T и тн
     
  3. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,006
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Џабе им е на оваа архитектура и 16 јадра, интелови 2 јадра партали ги прават овакви 4 :)
    Земи го како пример леново k900 со дуал @ 2 Ghz....во антуту 25 хиљади скор :D
     
  4. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
    Ми мириса на иден сопственик на Lenovo K900 :D
     
    На doctorwho123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,006
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Единствен downside е тоа што нема Windows phone 8.
     
  6. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
    Што со запнал по WIN8 ?андроид е далеку по френдли сега за сега
     
  7. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,006
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Пошо убедливо е најдобар (за мене) WP. :)
     
  8. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
    АЈ да не ја тупам темава ама уште ова да те прашам.Ок си кажа најдобар за "Тебе" и тука нема дискусија.Јас секогаш поштовам различни вкусови но сакам да те прашам што е тоа што тебе повеќе те привлекува кај WiN8 него кај Android?Не сум запознаен како функционира WIN8 на смартфон и баш би сакал да знам.Единсвено што можам да кажам од прв поглед е дека интерфејсот на WiN8 е полош од тој на андроид(според мој вкус)Андроид веќе има еден куп апликации што го прави поинтересен за мене,исто се најавени уште 2-3 000 нови до крајот на 2016 година(ако не се лажам,незнам кај го прочитав тоа) Рутирањето е голем плус кај андроид исто,најдобрите марки на смартфони користат андроид(Samsung,HTC,Sony)
    А сепак немам искуство со WIN8 за да кажам нешто позитивно освен тоа што на прв поглед го увидов,а тоа е интерфејсот и е негативно според мене па ке те замолам доколку знаеш подетално да ги објаснеш позитивностите на WIN8 во споредба со андроид
    Ти благодарам
     
  9. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,006
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Интерфејсот многу повеќе ми се допаѓа на WP отколку андроид и iOS.
     
  10. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,477
    8 Април 2011
    Машко
    Само тоа?јас мислев нешто етузијастички ке кажиш како по обичај :D
     
  11. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,006
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Па, не поседувам смартгоун, само искуство од такви кога ќе наидам, си играв до сега со Samsung S2 и S3 , значи немам никакви поплаки за андроид супер си функционира, си играв и со iOS , имав убаво искуство со iphone 4, а вчера за првпат имав прилика да си поиграм со WP на Nokia lumia 800 и искуството ми беше најпријатно, го сакам Metro интерфејсот многу, ептен ми е кул. Има многу убави финеси идетали кои овие два не ги имаат...
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. AMD_fan
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    842
  2. filipkir
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,394
Вчитување...

Сподели

Вчитување...