AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139



Mediaset, медиумската империја основана од Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, објави во Средата (вчера) дека бара најмалку 500 милиони евра (779 милиони) како оштета од YouTube - сервисот на Google Inc, заради наводна злоупотреба на видеа произведени од Mediaset.
Во судски процес кој се одржа во Граѓанскиот суд во Рим, од Mediaset потврдиле дека на YouTube идентификувале најмалку 4,643 видео клипови кои биле во сопственост на Mediaset, и кои биле достапни од 10 Јуни и откако биле посавени "без потребните авторски права".
Наводните видео клипови биле со траење од 325 часа емитувана програма од трите телевизиски канали на Mediaset.
Исто така наведуваат дека оштетата од 500 милиони евра е само почетна пресметка и не е земена во обзир штетата од неможноста да се продадат рекламни услуги преку видео материјалот.
Од YouTube изјавуваат дека компанијата продолжува со својата политика на одстранување на видео клипови со кои се нарушуваат авторски права откако ќе бидат пријавени од носителот на авторските права и дека нема потреба од вакви правни и казнени мерки.
Извор: Associated Press