1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Mede8er 1000X3D

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од ivsss, 17 Април 2014.

  1. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    Комплет рецензија немам време (а ни желба, ми поминаа деновите на ИТ новинарство и пишување долги текстови) да направам за плеерот. Но пошто се појави интерес а верувам дека ќе се развие и добра дискусија, ја отварам темата за Mede8er 1000X3D, јас го имам црниот модел.

    На кратко, станува збор за мултимедијален плеер кој во себе може да има тврд диск, одлични менија, мрежни опции, можност за директно симнување на торенти, можност за пуштање на 3Д филмови, ISO фајлови итн.

    Немав многу време да го прочепкам детално вчера, само ставив WD Green 3TB диск во него, закачив екстерен диск на кој од претходно ми стојат филмови и пробав да пуштам се што имаше на него. Ги пушти сите MKV, 3D, ISO фајлови што ги имав, а некои од нив претходно ми правеа проблеми со директно пуштање на телевизорот (Panasonic Plasma). Изгледав и еден филм, и ќе кажам за разлика од директно пуштање филм со диск закачен на телевизор дека има разлика. Во ниту еден момент немаше сецкање на видеото, фликер или некои други несакани ефекти кои се појавуваа без плеерот.

    Она што моментално се мислам е дали да го надградам фирмверот на последната верзија 3 или да го оставам на фабричката 1.2. Фабричката ги пушта целите Blu-Ray ISO фајлови комплет со менија (а имам преку 50 такви филмови), додека новата верзија на фирмверот поради лиценци и чуда ги имаат тргнато тие опции и ISO фајловите ги пушта во Light варијанта односно го пушта само филмот. Новата верзија сигурно има многу подобрувања и нови опции но Blu-Ray менијата мене ми се многу битни. Ќе разгледам деновиве и ќе одлучам.

    Ако има некој друг сопственик на Mede8er да развиеме дискусија.

    Поздрав,
    Ивс.
     

    Прикачени датотеки:

    На aleksuperior, igor_xxxx, Boldozer и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. dramallama

    dramallama
    Gaining Experience

    366
    259
    24 Јануари 2013
    Машко
    Што е најблиску до ова кај нас што се продава?
     
  3. enterprise

    enterprise
    Gaining Experience

    53
    55
    25 Септември 2013
    Машко
    Philips HD Media Player HMP5000, има свашта у него само не може диск да се стави, али има е-сата порта...
     
  4. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    Dune HD плеерите можат да се најдат кај нас, незнам само кои модели точно ги држат на лагер во Аудио Центар.

    Поздрав,
    Ивс.
     
    На dramallama му/ѝ се допаѓа ова.
  5. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    554
    364
    2 Март 2010
    Машко
    Од каде и колку пари? Ја од поодамна ги меркам по нетот, ми се свиѓаат ептен на дизајн!
     
  6. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    @shooter, Јас го купив од archus.si, ми го донесоа од таму а претходно беше доставен до хотел во Љубљана, направив поврат на ДДВ (tax free) итн. Имаат опција да ти го достава и до МК, само распрашај се за царина/данок кај нас.

    Искуства после 1 недела користење, пушта се живо и диво од фајлови симнати од Интернет, без никакви проблеми и сецкања. Сеуште не го надградив на новиот 3.0+ фирмвер. Успеав да ги направам менијата на колекциите да изгледаат одлично, има софтвер на ПЦ кој го прави тоа автоматски за тебе, само малку е незгодна инсталацијата на истиот. Слики како тоа изгледа направено со ( Y2M (YAMJ TO MEDE8ER) ) во прилог.

    Дисковите кои се закачени и тој што е внатре во плеер-от се гледаат директно во мрежа, па може лесно да се прават пишувања и бришења.

    За сега сум задоволен и го добив баш тоа што ми требаше, одличен мултимедијален плеер. Следно за подесување ми е симнување на торенти директно на него за да не префрлам фајлови на сите страни (од по 30-40 ГБ и не е така брзо).

    Поздрав,
    Ивс.
     
    На dramallama и smole им се допаѓа ова.
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    3,268
    3,788
    18 Април 2007
    Mede8er sweeeeeeeeeeeet

    Со душа го чекам ривјуто, колку (не)оширно и да е :)

    Особено ме интересира интерфејсот и тоа кога покажува слики и ривјуа од IMDB
     
  8. ivsss

    ivsss
    V.I.P

    325
    623
    16 Февруари 2012
    Машко
    Во претходната порака заборавив да ги прикачам сликите...

    YAMJ, софтвер за компјутер, му покажуваш патеки од фолдерите каде да скенира и собира податоци/слики за филмовите. После тоа сам ги поставува содржините во адекватните фолдери на филмовите на Mede8er-от. Изгледа и функционира одлично.

    Има многу голема и активна заедница на форумот на плеер-ите (www.mede8erforum.com), помош, совети, надградби, финти се достапни за секого, а секој проблем се обидуваат да го решат уште во следната надградба на фирмверот.

    Поздрав,
    Ивс.
     

    Прикачени датотеки:

Сподели

Вчитување...